Државите треба да размислат за регулирање на мобилните телефони и другите дигитални уреди на сличен начин како и тутунските производи за да се борат против растечкото негативно влијание на социјалните медиуми врз менталното здравје на младите, рече Наташа Ацопарди Мускат од Светската здравствена организација (СЗО). Според Мускат, има сè поголеми докази дека игрите и социјалните мрежи го поттикнуваат порастот на проблематично однесување кај ...

Повеќе од 450 учесници од осум земји ќе бидат дел од 12. издание на Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“ кој започнува вечерва во 19 часот во киното „Милениум“, со проекција на италијанскиот филм „Последниот пат кога бевме деца“ во режија на комичарот Клаудио Бизио. Фестивалот ќе се одвива на неколку локации, односно во Младинскиот културен центар, Кинотеката на Македонија и киното „Милениум“. Влезот е бесплатен, а настанот е отворен ...

Музичкиот фестивал „Андерфест“ ќе се одржи по шести пат на 1 ноември во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје. Публиката и овој пат ќе има можност да следи музиката од претежно алтернативната и рокенрол сцена од нашата држава. За овој „Андерфест“ организаторите најавуваат шест настапувачи, кои, како што велат, ќе ја размрдаат публиката во денсинг салата на МКЦ. „На ‘Андерфест 6’ ќе настапат: Миа Перевска, Стефан Петановски, ‘Basement ...

Стефан Митиќ Не треба да се претворат луѓето во вегетаријанци или вегани за да направат промена. Ако еден човек одземе 250 грама говедско месо од исхраната неделно – во просек, еден хамбургер – тоа би било еквивалентно на 10 милиони автомобили кои не возат една година! Изборот што го правиме на нашиот следен оброк ќе помогне да се одреди нашата иднина Kолку и да боли инфлацијата на храната, таа може да биде само ран предзнак за типот на ...

Десетици новинари, уредници, проверувачи на факти и комуниколози вчера се собраа во Приштина на годинешната конференција за медиумска писменост која Европската Унија ја организираше за вмрежување на фелата во Западен Балкан. Овојпат фокусот беше на конструктивни новинарски приказни, односно вести фокусирани на решенија место негативни стории засновани на конфликти. Исто така, на предизвикот со дигиталните медиуми кои истовремено отвараат нови ...

На 4 октомври со почеток во 20 часот во големата хала на Културно-едукативниот центар „Лабораториум“ ќе биде изведен завршниот перформанс од Резиденцијата за пост-драмски театар, предводена од режисерот Филип Петковски, насловен „Како да убиеш пет ликови во претстава“. Перформансот вклучува одбрани сцени од претставите „Ифигенија во Авлида“, „Електра“ и „Тројанки“ на Еврипид и, како што се вели во описот, нуди дефрагментација на наративот, ...

На 4 октомври, петок во 20:00 часот во кафе-книжарницата „Буква“ ќе се одржи промоција на книгата „Антологија на иднината“ во која се содржани авторски прозни и поетски дела од 23 млади автори. „Не можеш да купиш среќа со пари, но можеш да купиш книга, тоа е приближно исто. Книгата ќе може да ја купите на самиот настан, а цената по која ќе ја платите ќе ја изберете вие самите со завртување на т.н. тркало на литературата“, се вели во најавата за ...

Наградата „Драги“ за најдобар книжевен превод на македонски јазик ја доби Анастасија Ѓурчинова, за преводот од италијански јазик на делото „Интимен живот“ од авторот Николо Аманити во издание на „Антолог“. Комисијата за доделување на наградата во состав проф. д-р Зорица Николовска, претставник одбран од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје, Јана Михајловска, член од семејството на Драги Михајловски и Владимир Јанковски, претставник ...

Мировната мисија на ОН во Либан (УНИФИЛ) предупреди дека секоја израелска инвазија на либанска територија ќе биде кршење на суверенитетот на земјата и на резолуцијата 1701 на Советот за безбедност на ОН, пишува „Анадолу“. „Секое преминување во Либан е кршење на либанскиот суверенитет и територијален интегритет и кршење на резолуцијата 1701“, се вели во соопштението на УНИФИЛ. Израелската Армија претходно соопшти дека започнала „ограничени и ...

Во ситуација кога протекуваат сензитивни информации за воени дејствија на една од најголемите воени сили во светот и кога укажувачот (whistleblower) денот по судењето го менува својот род, што го задржува вниманието на пасивниот слушател? Кој факт е посилен и која информација побрзо се меморира кога некој првпат слуша за Челзи Менинг? „Ќе направиме нешто за војната, родот и слободата, ќе се вика: ‘Што би рекла Челзи?’“ е мултимедијално театарско ...

Лажна дневна паркинг карта во која е злоупотребено дизајнот и логото на ЈП Паркинзи на Општина Центар (ПОЦ) е пријавена денеска, соопштија од претпријатието. Преку нивната Фејсбук страница, тие соопштија дека на лажната карта стои QR код кој се скенира и кој води кон веб-страница која нема поврзаност со претпријатието, а каде се врши онлајн уплата и е со цел преку измама да се повлечат парични средства. „Ги замолуваме граѓаните да бидат ...

Во сабота (5 октомври) ќе се одржи јубилејното 20. издание на „Бела ноќ“ во Скопје. Настанот ќе се одржи на повеќе локации, а организаторите посочија дека граѓаните ќе имаат можност да уживаат во театарски спектакл на отворено, музички настани, изложби, проекции, работилници и други културно-уметнички перформанси. Во прилог погледнете ја целата програма: ЈУ Универзална сала Младински културен центар ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци” НУ ...

Скопје на 3ти и 4ти октомври, повторно ќе биде домаќин на најголемиот собир на професионалци и ентузијасти за вештачка интелигенција во Југоисточна Европа – „AI Tech Summit“. „Над 700-ина учесници од цел регион ќе имаат можност одблизу да слушнат експерти и иноватори од светските гиганти како Microsoft, NVIDIA, Google, UBS, Ericsson, Amazon и KPMG, но исто така и да ги разменат своите искуства. AI Tech Summit повторно ќе ги насочи погледите кон ...

Интернационалната мрежа на млади правници ЕЛСА ги повикува бруцошите да станат членови, со што, како што велат ќе добијат многу придобивки. „Тимот на ЕЛСА ви посакува среќен и успешен почеток на новата академска година. Нека оваа година биде уште повеќе полна со знаења, нови можности и професионални предизвици. Не пропуштајте ја промотивната понуда за членство во ЕЛСА Северна Македонија, чија цена изнесува само 300 денари. Истата ќе важи во ...

Треба медиумско ангажирање и описменување на младите луѓе, за да порасне и нивниот граѓански и политички ангажман. Ова особено е важно ако се знае дека учеството на младите во јавниот живот е ниско, па активирање во ова поле значи и почеста проверка на вистинитоста на информациите и поголема доверба во сопствените потенцијали да ги препознаат дезинформациите. Истовремено, загрижува тоа што скоро четвртина од младите се наоѓаат во критичните ...

Поради влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до македонските граѓани да ги одложат патувањата кон Израел, Иран и Либан, додека државјаните кои се наоѓаат на територијата на овие држави да ги следат упатствата на локалните власти и движењето да го сведат на минимум. Оттаму потсетија дека на СОС дежурните телефони на Министерството +389 75 273 732 и +389 75 268 736, како ...

По повод одбележувањето на 50-годишнината од своето постоење, Францускиот институт во Скопје, во тесна соработка со манифестацијата „Бела ноќ“, информира дека ќе се изведе претстава на отворено со улично дефиле – „Сонот на Ербер“, во изведба на француската театарска трупа „Кидам“ (La Compagnie des Quidams), која има од 100 до 150 настапи годишно низ целиот свет. Настанот ќе се одржи в сабота 5 октомври 2024 година, со почеток во 20:00 часот со ...

Новата поетска книга на поетот Митко Гогов, „Бок на ба(к)терии“ ќе биде промовирана вечерва (1 октомври, вторник) во Културно информативниот центар во Скопје во почеток во 19:19 часот. Книгата ќе ја промовираат Зоран Анчевски и Бранко Цветкоски. Книгата е во издание на „Макавеј“. Митко Гогов пишува поезија, кратки раскази, есеистика и публицистика. Пишува и хаику, сенриу, ренга кои ги објавува повремено во микроблогосферата twitter. Неговото ...

Тимот „SingleTons“ составен од млади иноватори создаде интерактивна платформа на која се прикажани податоците за основните училишта низ државата со што победи на првиот ДатаТон организиран од Здружението ЗМАИ. Предизвикот беше да се раскажат приказни за младите и образованието, користејќи големи бази на податоци објавени од институциите. По три дена напорна работа, редовно менторирање и тренинзи поврзани со користењето на податоци, обработка, ...

„Да се биде мал јазик без огромна писмена традиција може да се гледа и како предност. Едноставно, ние го немаме товарот на вековните јазични и книжевни традиции; ние го немаме товарот на споредувањето, ние го немаме товарот дека толку многу е напишано и измислено, што нема простор за ново. Всушност, ние сме тие што ја имаме слободата да измислиме. Ние сме тие што живо го створаме јазикот, ние сме тие што ги градиме основите на културата, ние сме ...

Македонија одвојува само 0,38% од БДП за научно- истражувачка дејност, поради што се наоѓаме на “опашката“ во регионот според парите за инвестирање и развој на овој сегмент кој е основа за развој на економијата, здравството, бизнисот, пишува Порталб.мк Академската година почнува со зголемен број на студенти а завршува со намален број на дипломци. Македонија „заостанува“ во однос на земјите од регионот според парите што ги инвестира во ...

Музичко-сценскиот и танцов перформанс „Безвременски прикаски“ ќе се одржи утре (2 октомври) во 21:30 часот во киното Фросина во Младинскиот културен центар во Скопје. Станува збор за претстава во која четворица актери преку танцови форми и техники оживуваат седум раскази на познатиот писател Франц Кафка. Режисерка е Ирена Лозинска, а во претставата играат Исидор Јованоски, Ана Левајковиќ Бошков, Хакан Даци и Нела Павловска. Енес Беговски е автор ...

Илјадници студенти денес за првпат зачекорија по академските патеки со што официјално започна новата академска 2024/25 година. По тој повод на платото на општествениот кампус, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во соработка со Универзитетското студентско собрание (УСС УКИМ) организираа свеченост за добредојде на првиот академски час. Настанот беше отворен со интонација на државната, свечената химна на УКИМ и студентската химна „Гаудеамус“ во ...

Македонија одвојува само 0,38% од БДП за научно- истражувачка дејност, поради што се наоѓаме на “опашката“ во регионот според парите за инвестирање и развој на овој сегмент кој е основа за развој на економијата, здравството, бизнисот, пишува Порталб.мк Академската година почнува со зголемен број на студенти а завршува со намален број на дипломци. Македонија „заостанува“ во однос на земјите од регионот според парите што ги инвестира во ...

Објавени се конкурсите за доделување на стипендии за средношколци за учебната 2024-2025 година, а крајниот рок за аплицирање е 15 октомври 2024 година, соопшти Министерството за образование и наука (МОН). Се работи за вкупно 9 различни категории на стипендии, а условите за стекнување на правото на користење, како и потребните документи се наведени во секој од конкурсите. Сите детали за стипендиите се достапни на следниов ЛИНК, а дополнителни ...

Пишува: Весна Попоска Не може секоја колатерална штета да се оправда со „легитимна воена цел“, особено ако остава слики на терор кои долго ќе се паметат и ќе останат врежани во историјата на човештвото. Некои граници, едноставно, не смеат да бидат преминати. Крвавите конфликти на Блискиот исток, за жал, не се новост, туку долгорочна и комплексна историја. Сепак, има неколку клучни настани кои ја исцртуваат линијата на конфликтот до денес: ...

Израел утрово изврши инвазија на Либан, која израелските одбранбени сили (ИДФ) ја нарекоа „ограничена копнена операција“ во јужен Либан, чија цел е Хезболах, пренесува Данас. По најавата на Израел дека започнува „ограничен упад“ во јужен Либан, портпаролот на израелската војска Авичај Адрае утринава издаде соопштение, во кое им порача на Либанците да не патуваат со возила од север до регионот јужно од реката Литани „од лични безбедносни ...

Под мотото „Културата како јавно добро“, во изминативе неколку денови се одржуваше третото издание на „Маалски фестивал“, со низа настани што ја вклучија локалната заедница во уметност, музика, работилници, акции, прошетки низ маало… Исто така, беше претставен и нов мурал на објектот на организаторот Центар-Јадро, кој одбележа петгодишнина од своето постоење како хибриден центар што функционира по принципот цивилно-јавно партерство, а ...

Грејната сезона започнува на 15 октомври и завршува на 15 април 2025 година, најави денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и управување со комунален отпад (РКЕ). Но, доколку прогнозираната средна надворешна температура за следниот ден е еднаква или помала од 12ºС, тогаш грејната сезона може најрано да започне од 1 октомври и да заврши најдоцна до 30 април. Согласно Правилата за снабдување со топлинска енергија и Тарифниот ...

Распишани се конкурсите за државните награди „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ и „Мето Јовановски“ за 2024 година. Конкурсите траат од 1 до 31 октомври. Со државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ се оддава признание за остварувања во областа на публицистиката и новинарството, а им се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани. „Државната награда се врачува во Собранието на РСМ на 21 декември, ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
3.09
28%
1008
weather icon

Белград

26ᴼ / 25ᴼ
1.03
39%
1009
weather icon

Загреб

25ᴼ / 25ᴼ
1.54
38%
1008
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
3.6
35%
1010
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
2.46
42%
1010
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 22ᴼ
4.12
54%
1010
weather icon

Атина

23ᴼ / 20ᴼ
3.09
53%
1010
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
3.6
46%
1010
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
4.63
53%
1009
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 25ᴼ
3.6
35%
1010
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 23ᴼ
2.57
45%
1009
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
6.17
28%
1011
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5439

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63344

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1046.13

Злато

106834.23

Бакар

9.45

Паладиум

30350.30

Платина

30882.55

Родиум

173614.03

Цинк

2.52