Универзитетската професорка Маја Бојаџиевска, писателот Милован Стефановски, сликарот Мирослав Масин и актерот Рефет Абази се добитници на државата награда „Св. Климент Охридски“, одлучи Одборот за доделување, соопшти Министерството за култура. Во областа на воспитанието и образованието, наградата ѝ се доделува на: проф. д-р Маја Бојаџиевска, универзитетски професор Во областа на културата и уметноста, наградата им се доделува на: Милован ...

ПИН музичката конференција и шоукејс по 11. пат ќе се одржува од утре (28 ноември) до сабота (30 ноември) во Младинскиот културен центар во Скопје. Годинава ќе настапат над 50 артисти и музички состави од разни делови од светот кои свират најразлична музика – од колективот „Fulu Miziki“ чиј превод е „музика од ѓубре“ а кои својата музика ја претставуваат како еко-пријатлески-Афро-футуристички панк, преку хардкор метал, до јапонски нео-фолк на ...

Најзасегнати од недостигот на работната сила се услужните дејности и продажбата, вклучително сместувачките и угостителските капацитети, градежништвото и производствените дејности, каде што се воочува недостиг од ракувачи на машини. Во последните години се зголемува недостигот и во занимањата со високо ниво на вештини. Најголем недостиг на работна сила е забележан во скопскиот регион, додека помал недостиг има полошкиот и југозападниот регион на ...

Студентската изложба насловена „Збирка“ ќе биде отворена утре, 28 ноември, со почеток во 19 часот во галеријата на Факултетот за ликовни уметности (ФЛУ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје – објект Педагошка. На изложбата ќе бидат презентирани 24 дела од студенти на ФЛУ од катедрите за сликарство и трансмедиумски практики, скулптура и трансмедиумски практики, графика и трансмедиумски практики и ликовна педагогија. Делата што ...

Долниот дом на австралискиот парламент со големо мнозинство гласаше за значајна легислатива со која им се забранува на децата под 16 години да користат социјални мрежи, пренесува Ал Џазира Балканс. Предлог-законот усвоен од Претставничкиот дом денеска ги таргетира платформите на социјалните медиуми како што се ТикТок, Фејсбук, Инстаграм и Х, со казни до 50 милиони австралиски долари (31 милион евра) доколку не ја почитуваат забраната. Откако ...

Културен настан насловен „Лиминални простори-лиминални тела“ кој ги спојува танцот и филмот ќе се одржи на 30 ноември, сабота, со почеток во 20 часот на малата сцена во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид во организација на Здружението на уметници „Културен центар Медиа Артес“. „Настанот ќе започне со проекцијата на краткиот експериментален филм ‘Лима’ (13 минути), кој низ танцовиот медиум се обидува да им вдахне живот или да им даде ...

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола преку соработката со бизнис опкружувањето обезбедува можност за стипендии за студенти од семејства со ниски месечни приходи, а кои студираат на Електротехничкиот отсек при Техничкиот факултет-Битола. Процесот се реализира преку Центарот за кариера, алумни и доживотно учење, а во рамки на програмата се предвидуваат 10 стипендии. Право на аплицирање имаат: Студенти од електротехничките факултети кои во ...

Самостојната изложба на дигитални слики, „Effortless“ (Природно) на уметницата Јана Луловска ќе се отвори во четврток (28 ноември) во 19 часот во Кинотеката на Северна Македонија. Станува збор за, како што се вели во најавата, „дигитални слики кои постојат во еден простор во којшто флуидноста и течението не се само естетски квалитети, туку се најважни за самата природа на уметничкото дело“. „Во ‘Effortless’ Луловска употребува дигитални алатки ...

Северна Македонија постигна голем напредок во однос на политиката поврзана со намалување и елиминирање на насилството врз жените и девојчињата. Но, треба да се направи уште за да се обезбеди ефективна имплементација на овие политики, а и за промена на општественото однесување. Ова е заклучокот од дискусијата што беше организирана вчера на почетокот на годинешната заедничка кампања за 16-те дена активизам за елиминирање на насилството насочено ...

„Мировна акција“ го објави овогодишниот повик за петнаесеттиот по ред „Тренинг за соочување со минатото и изградба на мир“ кој ќе се одржи од 31 октомври до 10 ноември. Ова е програма на неформално образование која „Мировна акција“ ја нуди еднаш годишно и се одвива континуирано уште од 2011 година. Програмата е отворена за сите полнолетни граѓани/ки. „На тренингот нудиме програма која развива компетенции за ненасилна комуникација, работа во тим, ...

Осмиот Медиумски фестивал Скопје од утре до четврток (26 – 28 ноември) ќе се одржи во мултимедијалниот простор „Котур“, во организација на Платформата за истражувачко новинарство и анализи – ПИНА. Оваа година, фестивалот е посветен на основната градбена клетка на новинарството – локалното известување. Фестивалот ќе започне со дискусија на тема „Моќта на локалните гласови и новинарството на локално ниво“, каде што ќе се разгледаат предизвиците и ...

Древниот римски археолошки локалитет Помпеја во јужна Италија ќе го ограничи дневниот број на посетители на 20.000 како одговор на неговата растечка популарност, пренесува хрватски Индекс. Промената доаѓа по рекордната посетеност пред една недела, кога Помпеја ја посетија 36.000 посетители. Директорот на локалитетот Габриел Цухтригел изјави дека намалувањето на бројот е неопходно за безбедноста и зачувувањето на античкиот локалитет. ...

Унијата на македонски професионални асоцијации во креативните индустрии УМПАКИ Скопје во вторник (26 ноември) од 10 часот во едукативниот културен центар „Лабораториум“ го организира Четвртиот Меѓународен форум за креативни индустрии: Иновативноста и креативноста како капитал во креативната економија. „Форумот има за цел да ја истакне улогата на културата и креативноста како поттикнувачи на креативната економија, како и да ги анализира ...

Центарот за современи уметности (САС) направи нова урбана герила акција „Марсовци скенираат и се борат против корупцијата во Македонија“. „Вчера и утрово во соработка со сојузот на уметници, активисти и волонтерски антикорупционери од планетата Марс извршивме скенирање на нивоата на корупција во РСМ односно во неколку клучни институции. Нашите почитувани гости кои го вршеа мерењето беа вчудоневидени и загрижени како е можно воопшто да ...

Шест нови еколошки автобуси на компримиран природен гас доби Град Скопје, како донација на Европската Унија во рамки на проектот „ЕУ за чист воздух“. Проектот кој меѓудругото опфаќа и други активности цели кон намалување на штетните емисии на градот, како дел од континуираните напори за справување со загадувањето на воздухот и заштита на животната средина. Активноста која се реализира денеска е дел од проект вреден 10 милиони евра, а ќе помогне ...

Македонскиот институт за медиуми (МИМ) објави видео во кое млади одговараат на прашањата што значи да се биде инфлуенсер и какви инфлуенсери би биле они, по што слушаат каква одговорност имаат инфлуенсерите. „Денес дефинитивно е ИН да си инфлуенсер! Има инфлуенсери кои ги следат онолку луѓе колку што беше бројот на гледачи на најпопуларните ТВ емисии пред 15-тина години. Токму затоа, инфлуенсерите станаа значаен дел од новите медиуми односно ...

Димитар Атанасовски, редовен студент во трета година на Педагошки факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, на тајно гласање на конститутивната седница на Универзитетското студентско собрание е избран за негов претседател. „Атанасовски по изборот, покрај огромната благодарност што ја упати до сите членови на УСС, изјави дека чувствува задоволство да соработува со ситe студенти од УКЛО и подготвеност да се вклучи во активности ...

Македонскиот филм “М“, во режија на Вардан Тозија, а во продукција на Фокус Покус, ја освои главната награда за најдобар филм на интернационалниот фестивал на жанровски филм Light Till Dark во Оребро, Шведска. „Овој филм носи нова перспектива на еден познат жанр. Филм со силни актерски изведби и сензитивна режија. Тоа е прекрасен филм, подеднакво визуелно и тематски. Филм кој не’ остава со надеж, но и скршено срце“, беше образложението на ...

Здружението „Икуалити“ на 22 ноември го спроведе и Четвртиот менторски форум за млади лидери од Општина Куманово, во рамки на проектот „Зен 2.0 Караван – Млади лидери на заедниците”. На форумот учествуваа млади на возраст од 16 до 24 години, ученици и студенти од општинските средни и државни високо-образовни институции. „Младите лица – учесници од различна припадност и пол проследија три обуки: за јавно себепрезентирање, се здобија со корисни ...

Данијела Зорчец Целта на општеството е да создадеме услови во кои сите, без оглед на физичките ограничувања, ќе можат да живеат достојно и продуктивно. Нарушениот вид може да влијае врз когнитивниот, емоционалниот, невролошкиот и физичкиот развој на детето, а оштетувањата на слухот може да имаат ефекти врз здравјето, независноста, благосостојбата, квалитетот на животот и секојдневното функционирање, како и врз секојдневната комуникација. ...

Центарот за современи уметности (САС) направи нова урбана герила акција „Марсовци скенираат и се борат против корупцијата во Македонија“. „Вчера и утрово во соработка со сојузот на уметници, активисти и волонтерски антикорупционери од планетата Марс извршивме скенирање на нивоата на корупција во РСМ односно во неколку клучни институции. Нашите почитувани гости кои го вршеа мерењето беа вчудоневидени и загрижени како е можно воопшто да ...

„Гоу Грин“ (Go Green) во склоп на Фондацијата Ана Линд во четврток, 28 ноември, од 18 часот оргаганизира свирка на регe составот „Conquering Lion“, кој ќе се одржи во Младинскиот центар „Матично“ во скопската општина Центар. „За сите фанови, стари и млади, поканата е отворена“, стои во најавата за настанот. Се работи за уникатен настан во рамките на Денот на медитеранот. Овој ден заеднички се прославува низ повеќе земји, а „Conquering Lion“ ќе ...

ЕУ има нова Директива за квалитетот на амбиентниот воздух која ја донесе пред месец дена. Во неа ги менува граничните вредности за загадувачките супстанции и доаѓа некаде на пола пат до вредностите зададени од СЗО, соопшти еко-организациата „О2 Иницијатива“. Од таму велат дека до 11 декември 2026 година земјите на ЕУ треба да ги достигнат досегашните зададени вредности, истите кои ги имаме и ние. Сегашни стандарди во МК, визуелизација „О2 ...

Во рамки на кампањата „Денови на донирање“ што ја спроведува здружението „Конект“, викендов во културно-едукативниот центар „Лабораториум“ се одржа најголемиот настан на иницијативата #СподелиАвторка на менторската мрежа Стела. Покрај донирање книги се учеше за женската историја преку играње „Бунтовнички игри“, беше поставена стрип-изложбата „Од уметност до родова еднаквост“, се случуваше размена на облека и „Гоу Грин“ учеа како да се садат ...

Во просториите на Аудиокултура, денес, 25 ноември (понеделник) во 19.30 часот ќе биде промовирана книгата „Прес енд плеј“ (Press & Play) на Ненад Георгиевски. Книгата ја претставува македонската музичка сцена преку серија рецензии и текстови напишани во период од 20 години, за странски публикации, како „All About Jazz“ и „Vintage Cafe“. „Книгата претставува збирка од авторски текстови кои даваат детален увид во креативните активности на ...

Најмалку едно лице загина и три други се повредени откако товарен авион рано утринава се урна во близина на аеродромот во Вилнус во Литванија, пишува „Би-Би-Си“. Боингот 737 упатен од Лајпциг и управуван од шпанската карго авиокомпанија „Свифтаир“ се сруши во близина на куќа додека бил пред слетување, соопштија локалните власти. Според досегашните податоци, авионот тргнал од центарот на ДХЛ од аеродромот во Лајпциг веднаш по 03:00 часот по ...

Во просториите на Аудиокултура, денес, 25 ноември (понеделник) во 19.30 часот ќе биде промовирана книгата „Прес енд плеј“ (Press & Play) на Ненад Георгиевски. Книгата ја претставува македонската музичка сцена преку серија рецензии и текстови напишани во период од 20 години, за странски публикации, како „All About Jazz“ и „Vintage Cafe“. „Книгата претставува збирка од авторски текстови кои даваат детален увид во креативните активности на ...

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) организираше средба со новинари и медиумски работници од регионалниот центар на ЗНМ од Струмица. На настанот присуствуваа новинари и сниматели од локални и регионални медиуми од Велес и Струмица, кои дадоа свој придонес во дискусиите за современите предизвици и етичките стандарди во новинарската професија во пресрет на изработка на новиот Етички кодекс. Драган Секуловски посочи дека од особена важност ...

По повод 10-годишниот јубилеј од порталот за македонска архитектува МАРХ, вчера (23 ноевмри) во просториите на „Јавна соба“ се одржија низа активности, со кои беа прославени минатото, сегашноста и иднината на архитектурата во Македонија. Според основачите, јубилејот имаше за цел да ја обедини архитектонската заедница во еднодневен настан кој е отворен за секој заинтересиран посетител. Филип Конески, за овој јубилеј изјави: „10 години МАРХ ...

Производството на електрична енергија од фотоволтаични централи во земјава пораснало за 287 отсто за само една година. Сепак, и покрај тоа земјава останува зависна од јагленот што се користи во двата најголеми енергетски капацитети. Според извештајот на Европската комисија за напредокот на Северна Македонија кон ЕУ, термоелектраните РЕК Битола и Осломеј продолжуваат да работат на јаглен од ограничени домашни ресурси и од увоз. Од друга страна, ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
6.69
38%
1010
weather icon

Белград

24ᴼ / 23ᴼ
4.63
37%
1013
weather icon

Загреб

24ᴼ / 23ᴼ
2.06
46%
1012
weather icon

Софија

25ᴼ / 23ᴼ
5.66
38%
1011
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
8.44
19%
1010
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 20ᴼ
1.03
75%
1013
weather icon

Атина

33ᴼ / 30ᴼ
7.72
42%
1007
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
3.6
39%
1011
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
2.06
25%
1010
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 24ᴼ
2.57
47%
1010
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 21ᴼ
7.72
40%
1013
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 27ᴼ
8.23
39%
1008
Currency

61.54

Currency

53.049

Currency

71.1618

Currency

34.0967

Currency

38.3759

Currency

66.1638

Currency

7.40106

Currency

0.66042

Currency

0.36117

Currency

0.53051

Currency

1.29588

Currency

0.60762