Имаш работи што постојано ги преместуваш, но никогаш не ги користиш? Облека која „моли” да ја носиш, но е заборавена и едноставно зафаќа простор? Распар чаши кои не виделе пијалок со години? Стари ЦД-а со музика која не е по твој вкус? Столче кое се крие во шпаизот? Време е да расчистиш!, велат од Здружението за креативна одржливост „Комбо“, кое во соработка со Јуроп Хаус утре (5, април) од 10 часот организираат Маалски буљак во својот двор. ...
Дворот на Здружението „Комбо“ во скопска Железара вчера беше место на заедничарење. Ем сонце, ем тезги со предмети и облека од втора рака, ем нови и стари пријателства и афирмација на заедницата. „’Маалски бувљак’ нè предизвика да ги реобмислиме нашите навики кон стари предмети: дали можат повторно да се користат, реставрираат и повторно да се користат, наместо веднаш да ги фрлиме и да ги замениме со нови. Присутните имаа можност да истражат и ...
Настанот, организиран во соработка со Europe House, привлече голем број граѓани кои дојдоа да разгледаат, разменат и купат предмети од „втора рака“ – од облека, книги и накит до антиквитети и уметнички дела. Покрај пазарувањето, атмосферата беше исполнета со разговори, пријателства и инспирација. Фокусот на бувљакот беше ставен на одржливи навики и размислување пред фрлање на „старото“. „Дали можеме да го реставрираме и користиме повторно?“ беше ...