
Скопје
25ᴼ /
25ᴼ



На крајот на оваа седмица, прочитај го нашиот избор на топ вести од образование, култура, граѓанско општество, политика, животна средина… [Фото + Видео] „Излези Данела и кажи ни како да живееме без јавен превоз“ – порачаа граѓани на протест пред Град Скопје „Уа Данела“, „Оставка“, „Скопје бара превоз“ ечеше од насобраните граѓани кои маршираа по скопскиот блокиран булевар „Илинден“, за потоа да протестираат пред бараките на Град Скопје, со цел ...
„Black Myth: Wukong“ ја освои наградата за „Ултимативна игра на годината“ на 42-то издание на „Golden Joystick Awards“. Се претпоставуваше дека оваа игра ќе биде следната „Елден Ринг“ уште пред да излезе. Развивачот на играта, Фенг Џи од „Game Science“, своето обраќање кога ја прими наградата го заврши со фразата: „Играјте јако, одмарајте здраво“ (Play hard rest well), пренесува агенцијата Мета.мк. Фенг Џи најави и нови изненадувања во текот на ...
Четири од пет девојки и жени кои биле жртви на онлајн родово – базирано насилство не го пријавиле случајот во полиција. Главни причини за нивниот молк се неинформираноста за тоа каде и како можат да пријават вознемирување и следење на интернет, но и недовербата дека институциите ќе им помогнат. Овие наоди се дел од истражувањето спроведено во рамки на проектот „Сузбивање на сексуално и родово-базирано насилство во дигиталната сфера“, кој го ...
Да работите нешто речиси две децении и фактот дека на тоа треба да дојде крај не е мала работа но е убав повод да се оконча истрајноста. Малку од нас имаат слушнато за Pressure Radio кое веќе 23 години функционира како интернет радио на кое пуштаат различни стилови на хаус музика. На програмата на почетокот настапувале претежно диџеи од Британија, а подоцна соработката ја проширува и со интернационални диџеи. Едно од тие имиџа е и скопскиот хаус ...
Победниците за „The Game Awards 2024“ оваа година ќе бидат прогласени на 12 декември, а во трката за најдобра видео игра се „Astro Bot“, „Balatro“, „Black Myth: Wukong“, „Final Fantasy VII Rebirth“, „Metaphor: ReFantazio“ и „Elden Ring: Shadow of the Erdtree“. Последната игра на листата поттикна дебата меѓу играчите и фановите за тоа дали експанзија треба да влезе во категорија за игра на годината. Според критериумите на „The Game Awards“, ...
Делoви од Македонија во последното деноноќие беа зафатени со невреме проследено со силен ветер, што причини штети во неколку региони. Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 2.014 повика на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК во последното деноноќие, од коишто „реални“ повици биле 61,52%, а 38,48% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Регионалниот ЦУК Битола известува дека ...
По настапот на „Metal Discharge“ во Битола, составот „Trendkill“ ќе го промовираат својот албум „Половен Crossover“ и на домашен терен. Од „Trendkill“ посочуваат дека настанот ќе се случува вечер, 23 ноември, во „Станица 26“, а албумот е веќе достапен за слушање на сите платформи. „Oваа верна сабота, поддршка ќе дадат нашите долгогодишни другари во состав: ‘Последен Удар’ – OI! Од најтемните делови на Скопје, музика за кривични пријави, и еден ...
Студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје доби нова в.д. директорка, информираше за агенцијата Мета.мк Јане Кицев, претседател на Советот на станари во овој дом. За привремена директорка на „Пелагонија“ е поставена Адриана Даци, вработена во студентскиот дом. Кицев информираше дека веќе почнало решавањето на најитните предизвици со кои се соочуваа тамошните станари – немањето топла вода, квалитетот на храната и нефункционирањето на лифтовите. ...
АТО Центар за современа уметност и култура – Битола на 26 ноември, вторник, во 20 часот ја најавува документарната вербатим претстава „8%“, чија изведбата ќе се случува во Театар за деца и младинци – Скопје. „Претставата ‘8%?’ е работена според истражување и интервјуирање на лица од различни градови во државата кои биле изложени на дискриминација, семејно насилство и системски неправди. После неколку месеци истражувачка фаза во текот на 2023 ...
Албумот „Пар година за нас“ на „Екатарина Велика“ (EKV), објавен во 1989 година, претставува врвно достигнување на групата и еден од највлијателните албуми во историјата на југословенската музика. По 35 години, овој албум продолжува да биде емотивен, музички и поетски артефакт кој го обележува духот на своето време и ги рефлектира длабоките промени низ кои минуваше општеството. Со својата музичка зрелост и емотивна длабочина, „Пар година за нас“ ...
„Уа Данела“, „Оставка“, „Скопје бара превоз“ ечеше од насобраните граѓани кои денеска маршираа по скопскиот блокиран булевар „Илинден“, за потоа да протестираат пред бараките на Град Скопје, со цел да го искажат незадоволство со состојбите со автобускиот превоз во главниот град. На протестот инициран од градоначалникот на Општина Шуто Оризари, Кутро Дудуш се приклучија студенти, средношколци, граѓани од цело Скопје. Тие со себе носеа свирчиња, ...
Пресудата која Основниот Кривичен Суд во Скопје ја донесе против 13 лица за трговија со дете, полов напад и силување, и производство и дистрибуција на детска порнографија е огромно разочарување и несоодветно ја рефлектира тежината на извршените дела, реагираат денес од Платформата за родова еднаквост за вчерашната пресуда. „Овие дела не се само сериозно нарушување на правата на жртвата туку и директен напад врз основите на родовата еднаквост и ...
Сојузот на извидници на Македонија во соработка со компанијата „Триглав“ ја организира акцијата Боренка за пошумување на опожарената шумска површина кај Кокино. Акцијата во која ќе учествуваат 100 волонтери ќе се одржи в понеделник (25 ноември). „Целта на Боренка е преку волонтерски ангажман, вклучување на локалната заедница, спонзори и општествено одговорни компании, зазеленување на опустошените шумски области во земјава. Нашата мисија? ...
Сојузот на средношколци на Република Северна Македонија информира дека се приклучува на протестот против недостигот на јавен превоз во Скопје. Протестот ќе почне во 14:00 часот пред старата пошта во Скопје, по што учесниците ќе се упатат кон Град Скопје, каде што протестот ќе продолжи од 14:30 часот. „Овој сериозен проблем особено ги засега средношколците, правејќи го секојдневното патување до училиштата низ градот сè потешко. Како млади луѓе ...
Примената на форензиката при кривични дела врз дивиот свет е клучен сегмент за успешна разрешница од страна на полицијата и правосудните органи. Но, подеднакво важни се и брзото постапување и ефикасната меѓуинституционална соработка, бидејќи доказите во овие случаи се изложени на надворешни влијанија и може да станат неупотребливи, е еден од заклучоците на минатонеделната работилница организирана од Македонското еколошко друштво (МЕД) и ...
„Јавен превоз, не јавен хаос“ е мотото на протестот на Универзитетското студентско собрание (УСС) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ), кое за денеска повикаа на обединување на студентите. Протестот на студентите е предвидено да започне пред Стата Пошта во 14 часот, а потоа тие во 14:30 часот ќе се упатат кон Град Скопје, каде претходно на протест повика и градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш. Од УСС УКИМ велат дека по ...
На иницијатива на учениците од Гимназијата „Никола Карев“ денеска се одржа хуманитарен настан за Коста, еден од нивните миленици во училишниот двор, како и за сите други бездомни животни, со што „Карев“ стана првото „пет френдли“ училиште во Македонија. Куќички од дрво, машни, плетени шалчиња и капи, магнети, нараквици, коски, храна, хамери и паноа за вдомување на бездомните и слики од нивните миленици, беа само дел од изработките на учениците ...
АРНО, водечка организација за поддршка на социјалното претприемништво во регионот, го одбележа Светскиот ден на социјалното претприемништво и петгодишнината на програма RISE (Regional Incubator for Social Entrepreneurs) со настан во Центарот за социјални претпријатија во Скопје. На настанот учествуваа млади социјални претприемачи, дипломати, национални поддржувачи и регионални партнери. „Програмата RISE, заедно со своите десет партнери, 5 години ...
Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, поранешниот министер за одбрана Јоав Галант и лидерот на Хамас, Мухамед Диаб ал-Масри, за наводни воени злосторства и злосторства против човештвото, јавува Ројтерс. Овој потег доаѓа откако главниот обвинителот на МКС, Карим Кан, на 20 мај побара налози за апсење за наводни злосторства поврзани со нападите на Хамас на 7 октомври минатата година врз ...
Албанскиот премиер Еди Рама, изјави дека размислува за целосно забрана на Тик Ток и Снепчет по убиството на 14-годишен ученик од друг ученик во основно училиште во Тирана, пишува „Анадолу“. Во изјавата по состанокот на владата, Рама нагласи дека смртта на 14-годишното момче е трагедија која бара ефективен одговор и од државата и од општеството. Истакнувајќи дека некои земји го ограничуваат пристапот до социјалните мрежи за деца под 16 години, ...
Речиси 1.000 реакции бројат кампањите со кои, меѓудругото се бара унапредување на квалитетот на јавниот превоз во Скопје, зголемена транспарентност на Владата и одговорност на институциите за пожарите во летниот период, а кои моментално се активни на новата онлајн платформа „Реагирај“. На платформата изработена од Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС), заедно со партнерите од програмата „Граѓаните против корупцијата“ ...
Поради трагедијата на железничката станица во Нови Сад уапсени се 11 лица, соопшти Вишото јавно обвинителство во Нови Сад, јавува Н1. Вишото јавно обвинителство во Нови Сад соопшти дека по прибирањето и деталната анализа на целата потребна документација, извршените разговори со поголем број граѓани, а по извршеното вештачење за да се утврдат причините и околностите под кои таа паднала, по наредба на Вишото јавно обвинителство во Нови Сад, ...
Во Музејот на Македонија оваа сабота (23 ноември) ќе биде отворена самостојната изложба на фотогтрафии од авторката Јелена Белиќ. „Изложбата ‘Постоиш ли Алиса?’ на Јелена Белиќ претставува визуелна наратива на едно исклучително патување на портрети во простор каде фотографиите се движат од лик до лик, формирајќи единствена целина во црно бело. Секоја фотографија суптилно и директно комуницира со гледачот, за на крајот – односно, на почетокот – ...
Само пет дена откако компанијата Мета започна да ги тестира персонализираните фидови на Тредс, веќе ги пушти во употреба за сите корисници. Со персонализираните фидови, можете да следите одредени теми и профили на едно место, што го олеснува следењето на работите кои ви се важни, јавува „Верџ“. За да создадете персонализиран фид, треба да пребарате тема, потоа да кликнете на менито со три точки до лентата за пребарување и да ја изберете опцијата ...
Марко Гутиќ Мижимаков за кусиот уметнички филм „Лов на змејки“ е добитник на нaградата „Денес“, која годинава се доделува по осумнаесетти пат на млад визуелен уметник до 35 години во Македонија. Тој добива двомесечен престој во „Residency Unlimited“ во Њујорк во периодот август-септември 2025 година. За победникот одлучи жирито составено од Ксенија Нурил, историчарка на уметност и кураторка, Сања Анѓелковиќ, аудиовизуелна уметничка со седиште ...
Со перформансот „Сé што е важно“ од Грција и кабарето „Танцот на смртта“ од Украина, вечерва ќе биде затворено 49. издание на фестивалот Млад отворен театар – МОТ. Во Младински културен центар (МКЦ) во салата „25 мај“ од 19 часот е „Сè што е важно“ од Грција. Двајцата интерпретатори, но исто така и пријатели, соработници и уметнички партнери, навлегуваат во заедничката архива на сценските движења, танцови практики и белешки, кои иако црпат од ...
На средината на ноември 1979 година, култниот бенд „Joy Division“ го објави својот деби сингл „Transmission“, една од највлијателните песни на пост-панк ерата. Со овој сингл, бендот ги одреди контурите на звукот и атмосферата што ќе го обликуваат пост-панкот како музички и културен феномен, оставајќи трага што сè уште и тоа како се чувствува. Музиката „Transmission“ веднаш плени со својот минималистички, но емотивно набиен аранжман. Бас линијата ...
Промоцијата на стихозбирката „Едно и пол патување“ од современата албанска поетеса Мањола Наси ќе се одржи утре, петок (22 ноември) од 20:00 часот во галеријата на Младинскиот културен центар ‒ Скопје. Преводот од албански е на Моника Митрева, а изданието е објавено во едицијата „Гравири“ на ПНВ Публикации, со поддршка од Националниот центар за книга и читање, Албанија. Промотор на книгата е Јулијана Величковска. „’Едно и пол патување’ од ...
Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УСС УКИМ) упати отворено писмо до градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и Јавното сообраќајно претпријатие во кое поставува ултиматум за нормализирање на јавниот превоз во Скопје до крајот на денешниот ден (21 ноември). Во спротивно, ќе се приклучат на протестот најавен за петок (22 ноември). „По спроведената анкета на која одговорија над 3150 студенти, 84% ...
„Ако се отвори рудник, ќе немаме вода за пиење. Ние сме на едно трусно подрачје, кое, никој не ни гарантира дали ќе има земјотрес, дали ќе нема. Во планините има подземни води, а со секојдневно минирање, тие подземни води никој не може да гарантира дека нема да бидат загадени. Што ќе пиеме? Како да не се бориме, кога полињата ќе ни останат празни и тоа што ќе го има ќе биде канцерогено, ќе биде токсично. Што ќе јадеме, не само ние, цела ...