
Скопје
19ᴼ /
19ᴼ



Израелските напади продолжија низ појасот Газа, а според Министерството за здравство, утрово се убиени 23 Палестинци, пренесува Ал Џазира Балканс. Цел на израелската авијација бил бегалскиот камп Нусејрат во централниот дел на Газа. Мета на израелски беспилотни летала беше и бегалскиот камп Буреиџ. Била погодена цивилна зграда, при што загинале шест членови од исто семејство. Од почетокот на израелскиот геноцид во Газа, речиси 42.000 Палестинци ...
И после неполн месец од почетокот на школската година, некои деца со атипичен развој се’ уште немаат добиено образовен асистент. Сега и вториот оглас се пролонгираше, што значи дека десетици ученици се’ уште се исклучени од образовниот процес и остануваат дома, бидејќи дел од основните школи немаат капацитет паралелно да спроведуваат едукација и инклузија. Родители што се обратија до Радио МОФ се жалат дека нивни деца не се примаат во ...
Граѓанската организација „Младите можат“, во рамки на кампањата „Твоја приказна, наша поддршка“, објави повик преку кој ги повикува сите средни училишта да аплицираат и да станат дел од програмата за подобро ментално здравје. Таа вклучува целогодишен процес на активности со учениците, како и обуки за наставниот кадар, стручните служби и раководството, при тоа опфаќајќи теми како булинг, ефективна комуникација, меѓуврсничко насилство, ...
Со свечена церемонија за доделување медали вчера во Охрид беше заокружено 31. издание на Балканската олимпијада по информатика (БОИ), во организација на Здружението на информатичари на Македонија (ЗИМ). Добитник на највисокиот златен медал и освоено прво место е Даниел Којнов од Бугарија, додека златни медали освоија и Милош Милутиновиќ од Србија и Борис Михов и Андреј Стефанов од Бугарија. На овогодинешната Балканска олимпијада по информатика, ...
Од денеска па се до 30 септември во Крушево ќе се одржи 22. Меѓународна младинска конференција насловена „Европски вредности за иднината на земјите во Југоисточна Европа“ во организација на Младински Сојуз. На конференцијата ќе присуствуваат повеќе од 100 активни млади лидери од Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Грција, Косово, Црна Гора, Италија, Романија, Србија, Словенија, Германија и Франција. „Овој настан се ...
Долгометражниот документарен филм „Време на бетон“ во режија на Игор Иванов ќе има интернационална премиера во рамките на 13. Фестивал за филм и архитектура во Прага. Проекцијата е закажана за 29 септември, со почеток од 14:30 часот во Националната галерија во Прага, соопшти „Скопје филм студио“. По проекцијата е најавено предавање од кураторите на изложбата „Ниедно чувствo не е конечно: Колекција на солидарноста во Скопје”, реализирана во ...
Следниот месец Албанија ќе го отвори првиот кластер во пристапните преговори со Европската Унија (ЕУ), јавува Радио Слободна Европа (РСЕ). Оваа одлука сега резултира со неформално одвојување на Албанија од Македонија, бидејќи Бугарија сè уште не ѝ дозволува напредок во пристапните преговори со ЕУ. Амбасадорите на земјите-членки на ЕУ се договорија на следната меѓувладина конференција, на 15 октомври, Албанија да отвори пет поглавја од првиот ...
Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш, во своето обраќање на состанокот на Советот за безбедност на Обединетите нации изјави дека светот не може да си дозволи Либан да стане уште една Газа, пишува „Анадолу“. „Народот на Либан, како и народот на Израел и луѓето во светот, не можат да си дозволат Либан да стане уште една Газа“, рече Гутереш. Тој повика на итен прекин на непријателствата и ги повика сите страни да преземат ...
Запознајте го Алшар – првиот хуманоиден робот ди-џеј во Македонија. Алшар кој претставува спој на вештачката интелигенција и мехатрониката, неодамна го имаше првиот настап во клубот Ребел во Охрид. Хуманоидниот робот ди-џеј беше промовиран на Денот на независнота на Македонија, каде домашна и странска публика имаше можност да го просведочи перформаност. Покрај Ребел, тој бил промовиран и на смотрата за електронска музика во Битола, а веќе има ...
По иницијатива на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) за злоупотреба на службена положба Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје отпочна постапка против поранешниот организациски директор на Клиниката за токсикологија. „Основното јавно обвинителство Скопје, по поднесената иницијатива од страна на ДКСК за кривично гонење, ја прифати иницијативата, оформи предмет и отпочна постапка по обвинителен предлог против организацискиот ...
Министерот за надворешни работи на Либан, Абдула Бу Хабиб, објави дека бројот на внатрешно раселените лица се приближува до половина милион поради тековните израелски напади, што укажува на значително зголемување на кризата со раселувањето во земјата, пишува „Анадолу“. „Бројот на внатрешно раселени лица во Либан се зголемил за речиси 500.000 поради израелската воена офанзива“, истакна Бу Хабиб на настан организиран од Фондацијата Карнеги на ...
Кинематограферот Бруно Делбонел вчера (24 септември) одржа мастер-чет во склоп на 45 издание на ИФФК „Браќа Манаки“. „Кога го снимавме филмот „Амели“, во тоа време не мислев дека правам нешто посебно, немав такво чувство. Не ме водеше мисла ‘Е сега ќе направам нешто извонредно’. Но, сепак бев среќен во тоа време кога го снимивме филмот“, истакна Делбонел во преполната сала на киното Манаки во Битола. Делбонел, на почетокот од мастер-чатот за ...
Во петок и сабота на 27 и 28 септември на плоштадот Коцка и во домот на култура „Димитар Влахов“ во Автокоманда ќе се одржи третиот по ред фестивал за урбана и алтернативна култура „Гази Баба Хип хоп фест“. Како и во изминатите години, концептот на фестивалот е славење на сите форми на оваа култура, поради што освен рап концерт во програмата се вклучени и две работилници со Кацар и Tonyo San, промоција на интернационалното академско списание ...
Голема меѓународна студија за однесувањето на децата на училишна возраст покажа дека во просек 11% од испитаниците ги користеле социјалните мрежи на проблематичен начин во 2022 година, а 7% во 2018 година, пренесува Ал Џазира Балканс. Истражувањето сугерира дека од пандемијата има нагло зголемување на она што го нарекува „проблематично“ користење на социјалните медиуми кај младите. Истражувачите од европскиот огранок на Светската здравствена ...
Промоцијата на стихозбирката „Модра мрежа“ од Марина Икономова Шокева, издание на ПНВ Публикации, ќе се одржи в петок, 27 септември, од 19:30 часот во кафе-книжарницата „Буква“. „’Модра мрежа’ е интроспекција на душевните доживувања пренесени преку два спротивставени поетски јазика, натурална наспрема урбана поезија, метафорите наспрема директните поетски слики од секојдневното живеење“, истакнува Снежана Стојчевска која е промотор на книгата. ...
Вчера започна 14. меѓународна школа „AI IN ACTION: Companies Co-creating the Future“ на Економскиот факултет при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје која до 27 септември ќе обединува 40 студенти и повеќе од 10 компании. „Во овој период младите, поддржани од професори и експерти, работат на решенија на реални проблеми со кои се соочуваат компаниите користејќи вештачка интелигенција“, се вели со соопштението. Учесниците низ работилници во ...
Загадувањето со сулфур диоксид, прашина и азотни оксиди од термоелектраните на јаглен на Западниот Балкан продолжило и во 2023 година, покажува најновиот извештај „Усогласи или затвори“ од објавен од Bankwatch. Во 2023 година, шест години откако правилата за контрола на загадувањето влегоа во сила преку Спогодбата за Енергетската заедница, загадувањето со сулфур диоксид од термоелектричните централи што користат јаглен, во Босна и Херцеговина, ...
Платформата Телеграм соопшти дека ќе ги споделува ИП-адресите и телефонските броеви на корисниците на властите доколку имаат валидни правни барања, што означува голем пресврт на политиката за компанијата, јавува Евроњуз. Одлуката на компанијата, која со години одбиваше да ја контролира платформата, доаѓа откако нејзиниот извршен директор и ко-основач Павел Дуров беше уапсен во Франција во август поради неуспех да управува со екстремистичка ...
Вечерва (25 септември), со почеток во 20 часот во културниот центар „Лабораториум“, Тихомир Јанчовски, ќе одржи поетски концерт со читање на неговата последна збирка поезија „Граматика на љубовта“. Како што информираат организаторите, на сцената заедно со Јанчовски ќе настапат Иво Солдатовиќ и Андреа Мирчевска, кои со своите музички перформанси ќе го збогатат амбиентот на вечерта. Книгата на Јанчовски може да се купи како влезница на настанот. ...
За 73 производи денеска стапи на сила одлуката за ограничување на бруто профитната маржа до 10%, во трговијата на мало и големо, со што се очекува намалување на основните прехранбени производи. Министерот за економија Бесар Дурмиши претходно истакна дека на листата на основни прехранбени производи, во т.н. есенска кошница се вклучени 73 производи кои се најзастапени во потрошувачката кошница на граѓаните. Во листата на производи спаѓаат: -ориз ...
85% од жените во светот веќе се соочиле со некаква форма на дигитално насилство, а 13,3% тоа го искусиле до својата 15-та година. За разлика од домот, работата и улицата, дигиталниот простор нуди неограничена можност и полесен пристап за сторителите на насилство. Сексуалното насилство преку слики/видеа или аудио содржини е директна последица на брзиот технолошки развој, а ситуацијата се усложнува со појавата на вештачката интелигенција со која ...
Апликациите за Чивнинг стипендиите за студирање во Обединетото Кралство се отворени од 6 август до 5 ноември 2024 година, информираат од Британската амбасада во земјава. Чивнинг стипендиите се доделуваат на лица од секаков профил кои можат да покажат дека ја имаат посветеноста и вештините кои се потребни за да станат идни лидери. Апликантите мора да имаат реална и остварлива идеја со која ќе создадат позитивна промена во својата земја и мора да ...
Дворот на Младински културен центар (МКЦ) во Скопје вчера нешто пред 18 часот започна да се полни со деца, млади и стари луѓе дојдени да го прослават Меѓународниот ден на знаковен јазик. Пет говорници – членови на глувата заедница ги споделија своите инспиративни приказни со публиката, пренесоа дека сакаат да бидат слушнати и разбрани – за што им е потребен толкувач, како и поголема афирмација на македонскиот знаковен јазик. „Тука сме да ...
Оваа сабота (28 септември) во кафе-книжарниците „Илика“ и „Буква“ ќе се случи новиот градски фестивал на „Култура Бета“, наречен „Ре-култура“. Фестивалот е донаторски, е посветен од заедницата за заедницата и има за цел собирање средства за организирање настани и објавување на самостојни изданија на „Култура Бета“. Во рамки на програмата на „Ре-култура“ ќе се одржат неколку настани каде што ќе се претстават повеќе млади уметници и културни ...
Младински културен центар, подоцна од вообичаеното, на 11 октомври од 19 часот го најавува 14. издание на фестивалот за нова музика „Здраво млади“. „11 Октомври – Денот на народното востание, МКЦ Скопје, ЗДРАВО МЛАДИ востание!“, стои во најавата на МКЦ. Од таму најавуваат дека влезот ќе биде слободен, а присутните ќе можат да проследат настапи на 17 различни, возбудливи, експлозивни артисти од 6 држави. „Програмата е реализирана со специјалната ...
Под силно обезбедување и целосна забрана за влез на секој што нема студентски индекс, вчера се одржаа избори за членови на Студентскиот парламент на Филозофскиот факултет во Нови Сад, пренесува агенцијата Мета.мк. Студенти од српската неформална група СТАВ вчера утрината биле нападнати пред зградата на Ректоратот на Новосадскиот универзитет, јави дописникот на Нова.рс од местото на настанот. Тие биле нападнати од мажи во црно кои наводно го ...
Филмот може да служи како дидактичко помагало во формалната настава во основното и средното образование, а освен тоа има потенцијал да прерасне и во наставен предмет – сметаат филмолози и стручни лица кои веќе неколку години ја промовираат оваа новина во јавноста. Но, додека се чека на дискусиите меѓу различни засегнати страни за да се случи тоа, веќе се случуваат работилници и предавања во кои млади се запознаваат со филмот преку дискусија и ...
„Да беа нашите барања порано исполнети, животните сега ќе беа заштитени, граѓаните далеку позаштитени отсега и здравствено и безбедносно и ќе се превенираа страшни финансиски загуби на општините. Енормни се оштетите за каснување. Тие приказни дел се лажирани, дел не се, но можеле да бидат спречени кога би ги вложиле овие средства во превенција на проблемот. Односно, во добра легислатива која ќе контролира и превенира фрлање на нови и нови кучиња ...
Во Старата скопска чаршија во клубот „Ла Кања“ во саботата вечер (21 септември) се случи „Децата на крајот на светот“, настан под закрила на колективот „Гола Планина“. Младите здружени сили од новиот македонски бран на присутните им понудија свежа музика, како дел од напорите на „голопланинци“ и другарите да ја збогатат независната сцена со нови културни содржини. А, и плус да „падне“ дружба. View this post on Instagram A post shared by Шаше ...
Оркестарот на Македонската филхармонија ќе одржи концерт на сцената на „Кнежев двор“ во Дубровник, Хрватска на 26 септември. Како солистка на овој концерт ќе настапи хрватската виолинистка Џана Кариман, концертмајстор на Дубровничкиот симфониски оркестар, а диригент е маестро Бојан Цанев. На програмата се „Медитеранска суита“ од балетот „Дубровачка легенда“ од Љубомир Бранѓолица, концертот за виолина и оркестар во А-дур од В.А. Моцарт и ...