Премиерната изведба на претставата „Ла Макбет“ според Шекспир денеска и утре, 21 и 22 октомври, со почеток во 21 часот во кино Фросина во Младински културен центар (МКЦ) во Скопје. „Во современата адаптација на Шекспировиот ‘Макбет’, двојноста на човековата природа и процесот на распаѓање се соединуваат во лик кој ги отелотворува и Макбет и Лејди Макбет. Публиката станува дел од комплексниот конфликт помеѓу доброто и злото, што ја обележува оваа ...

Изложбата „Насликај го својот живот“ (Paint your life“) на чешкиит уметник Онджеј Мишек утре (22 октомври) ќе биде отворена во Галерија во Младинскиот културен центар (МКЦ). Мишек студирал графички дизајн на Академијата за ликовни уметности во Варшава, во класата на проф. Лех Мајевски. Покрај редовните судии по графика и графички дизајн, активно се посветил и на сликањето, каде бил доста присутен во атељето на проф. Адам Стика. Помеѓу 2009-2016 ...

Претставата „1984“ работена по романот на Џорџ Орвел во режија Игор Менџиски, а во продукција на Косовскиот национален театар од Приштина ја доби наградата за најдобра претстава на годинешното 18. издание на МТФ „Скупи Фестивал“. Одлуката ја соопшти жири-комисијата во состав на театарската критичарка Хандан Салта од Турција, актерката Дрита Каба Карага и Кети Дончевска Илиќ од Македонија. Специјалната награда „Луран Ахмети“ жирито ја додели за ...

Драмската секција при СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп, „Слободно театарче“ ја изведе претставата „Маѓепсан круг“ која го крева гласот против трговијата со деца за принудени детски бракови. Преставата е дел од иницијативата „Промени го мислењето остани надвор од маѓепсаниот круг“ кој ја спроведуваа локалниот медиум Радио Пела и влклучува радио драмата и театарската претстава насловени „Маѓепсан круг“ кои содржат четири приказни за борба против ...

Јавното претпријатие „Лајка“ вчера, 20 октомври, заедно со граѓаните, вдомувачите и сите негови поддржувачи го одбележа својот 4. роденден. Во овие години претпријатието по единствената докажана и хумана програма за намалување на бездомни кучиња по улиците заловило и истретирало 3700 кучиња од кои 850 се вдомиле. „Сиве овие години ЈП ‘Лајка’ активно работи и на едукација и на промовирање и подигање на јавната свест за одговорно сопствеништво на ...

Националната опера и балет известува дека билетите за балетската претстава „Дамата со камелии“ на 30 октомври се распродадени. Втората изведба ќе се случи на 2 ноември со почеток во 20 часот. Балетската претстава е работена по музиката на Џузепе Верди, а драматуршката подлога е земена од неговата популарна „Травијата“. Претставите ќе се изведат под диригентската палка на гостин од Ерменија, Едуард Амбарцумјан, кореографијата е на еден од ...

Речиси конечните резултати покажуваат дека проевропската претседателката Маја Санду победи во првиот круг од претседателските избори во Молдавија, но ќе оди во втор круг, додека референдумот за интеграција во ЕУ полека се сврте во корист на таборот „за“ рано утрово. Со преброени 99.5% од гласовите, 50.42% (747.675 гласови) од Молдавците гласаа „за“, постигнувајќи мала разлика во однос на оние кои гласаа против – 49.58% (735.174 гласови). Се чини ...

Албумот „The Sky’s Gone Out“ на „Bauhaus“, објавен во 1982 година, го отсликува уникатниот спој на пост-панк и готик рок звуци кои го направија бендот своевидна икона на своето време. „Bauhaus“, со својата предизвикувачка, мрачна атмосфера и експериментален пристап, создаде музика што го освојува слушателот со непредвидливоста и емоционалната интензивност. Албумот започнува со „Third Uncle“, кавер на Брајан Ино и нумера што ја отвара вратата кон ...

На последната фестивалска вечер во сала полна со бројни филмски работници, уметници, актери и режисери беа доделени наградите на 9. издание на Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“. Гран при доби филмот „Жена-убиец“ на грчката режисерка Ева Натена, која, како што велат од фестивалот, на оригинален начин го доловува родовото прашање, адаптирајќи за големото платно ремек-дело на светската литература со одлична режија. „Оваа награда ја ...

Четворица од вкупно 15 вработени во скопската ЗОО Скопје ќе бидат ставени под здравствен надзор, изјави директорката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), Марија Андоновска, откако беше потврден случај на птичји грип кај угината гуска во Зоолошката градина. Кај еден од вработените, кој пројавил симптоми на покачена температура и дијареја ќе биде извршено тестирање за присуство на птичји грип. „Здравствен надзор согласно протоколите не подразбира ...

ЗОО Скопје иако детектирало угинато животно на ден 14.10.2024 год, не постапила по законски процедури каде што се должни секој сомнеж на заразна болест задолжително да го пријават до надлежниот официјален ветеринар согласно Закон за ветеринарно здравство, прекршувајки ги законските обврски, самостојно доставиле примерок до Факултетот за ветеринарна медицина кој е примен на обработка на 15 октомври, соопштија денеска од Агенцијата за храна и ...

Рецензентски осврт за концептуалниот двоен албум „Daydream Nation“ на „Sonic Youth“, објавен на 18 октомври 1988 година, а реобјавен како двојно винил издание во јуни 2024. „Daydream Nation“, објавен на 18 октомври 1988 година, е еден од најзначајните албуми на „Sonic Youth“ и воедно, еден од највлијателните албуми на алтернативниот рок. Oвој текст по повод 36-годишнината, ќе го претстави и проанализира албумскиов проект кој продолжува да блеска ...

Планинарскиот дом во Папрадиште, кој две децении беше дом на планинари, љубители на природата, разни гости, активисти, место за одмор, за уметнички резиденции и колонии, за преспивање, дружење и солидарност – од ноември престанува да работи. За неговото затворање потврди планинарот, еко-активист и поранешен претседател на „Грин Пауер“, Игор Смилев. „(Тоа е) она старо, ограбено, заборавено, уништено и повеќе од четири децении напуштено (од сите) ...

Центар-Јадро го објави и третиот видео портрет посветен на Симона Јованоска, со која ја продолжуваат серијата видео портрети на современи македонски писатели. Симона Јованоска е родена во 1985 година, во Гостивар. Во родниот град завршила средно економско училиште, а потоа Економски факултет во Скопје, отсек маркетинг. Во 2015 година ја објавува дебитантската книга раскази „Ги најдов во длабокото“ во издание на „Или-Или“. Во 2019 година добива ...

Пред четири дена, односно во вторникот угинала гуската од скопската зоолошка градина, покажува документот од наодот на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, до кој дошла агенцијата Мета.мк. Ова значи дека периодот на инкубација на вирусот, кој трае од 3 до 5 дена е веќе поминат и неизвесно е дали и колку птици се заразиле во овој период, особено кога станува збор за гулаби, чавки и сл. Во овие четири дена, Зоолошката градина Скопје ...

Федерацијата Босна и Херцеговина има околу 2.000 диви депонии со комунален отпад кои зафаќаат околу 1 милион квадратни метри од површината на овој ентитет. Учеството на фармацевтскиот отпад е 20%, хемискиот отпад е 23% a инфективниот отпад e 55%. Босна и Херцеговина нема воспоставено законска рамка за циркуларна економија. Од моментот кога Босна и Херцеговина – заедно со Албанија, Црна Гора, Косово, Македонија и Србија – ја потпишаа ...

Скопската Зоолошка градина од денеска ќе биде затворена за посетители, а притоа предвидени се и други мерки за заштита, откако Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) информираше дека e утврден случај на птичји грип. „По угинување на една гуска лоцирана во езерцето во Зоолошка градина Скопје и поставен сомнеж за болеста Авијарна инфлуенца (Птичји грип), по лабораториско тестирање на угинатата птица, со лабораториски резултат од Факултетот за ...

Сторијата со која се открија злоупотреби со терапиите на онколошките пациенти – „Скандал Онкологија“ – објавена во „Фокус“ под авторство на Ирена Мулачка, е добитничка на првата Награда на Европската Унија за истражувачко новинарство 2024. Второто место припадна на Миомир Серафиновиќ и Снежана Лупевска Созен за сторијата „Семејно стебло Зајас, Соравиа, струја, дипломатија“ од емисијата КОД, ТВ Телма која открива фамилијарни врски и злоупотреби ...

Рецензентски осврт на албумот „Bleach“ на легендите на алтернативниот рок „Nirvana“-35 години од објавувањето на нивниот деби ЛП за издавачката куќа „Sub Pop Records“. „Bleach“, првиот студиски албум на „Nirvana“, беше објавен во 1989 година од независната издавачка куќа „Sub Pop“ и претставува значаен албум и реален почеток во кариерата на еден од највлијателните бендови на 90-тите години. Албумот ја претставува раната фаза на „Nirvana“, ...

Опремен со 10 гејмерски компјутери со соодветен софтвер, игри и периферни уреди, а истовремено обоен и со топли бои кои ќе зближуваат, вчера во рамките на ДХО „Даре Џамбаз“ беше отворен компјутерски центар за игри и интеграција за млади, како дел од партнерството меѓу УНХЦР, Агенцијата на ОН за бегалци и Црвениот крст на град Скопје. Како што објаснуваат иницијаторите, се работи за Гејминг центар за млади (Gaming hub) – ангажирачка едукативна ...

Волонтирањето е клучен аспект на граѓанскиот ангажман во Македонија. Сепак, новата анализа на Организацијата за дијалог и афирмација на средношколците (ОДАС) покажува дека само 34 од 200 млади (17 %) се целосно запознаени со законската регулатива околу волонтерството, a 11 % ja гледаат оваа регулатива дека ефективно го промовира и поддржува волонтирањето. Дополнително, само 13% се на ставот дека граѓанскиот сектор нуди доволно решенија и ...

„Дали сакате да го отклучите целиот потенцијал на камерата од вашиот мобилен?, прашуваат од Волонтерски центар Скопје (ВЦС), кои на 22 октомври (вторник) организираат интерактивна работилница со цел да ги зајакне знаењата и вештините за правење квалитетни фотографии преку паметните телефони. „Без разлика дали сте почетник или имате одредено искуство, оваа работилница е направена да биде достапна, забавна и корисна за сите“, соопштуваат од ВЦС. ...

Центар-Јадро објави портрет посветен на писателката Ивана Јовановска, со кој ја продолжува серијата на видео портрети „Современи македонски писатели“, која ја започна во 2020 година. Како автор на видеортретот на Јовановска, воедно и на целиот нов серијал, е младиот режисер Мартин Чичовски. Инаку, Ивана Јовановска (1998, Скопје) студира на Катедрата за општа и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје. Авторка е ...

Денеска, 18 октомври, за првпат во Македонија се одбележа Светскиот ден на поправки во просториите на идниот „Центар за поправки“ во Кисела Вода. На прес-конференцијата беа најавени повици за мајстори и граѓани со вештини за поправки и донација на оштетени играчки. „Ми претставува голема чест што Кисела Вода е првата општина која заедно со здружението Арно за првпат во Македонија, го одбележува Светскиот ден на поправки. Oва е само почеток на ...

Денеска се одржа петтиот регионален саем за наука „Науката и Јас“ во основното училиште „Владо Тасевски“ во Скопје во организација на „Македонија2025“ и „Џонсон Мети“. На настанот се претставија четири наставници-ментори со тимови од над 30 ученици, кои демонстрираа експерименти и проектни задачи од областа на природните науки (биологија, географија, хемија и физика) пред над 500-тина врсници од училиштето домаќин и училиштата во општината. ...

Во 2024 година се одбележуваат 55 години од издавањето на еден од најлегендарните албуми во историјата на музиката — „Abbey Road“ на „The Beatles“. Објавен на 26 септември 1969 година, овој албум претставуваше кулминација на нивната еволуција како музичари. Со својот уникатен спој на рок, поп, прогресивна музика и студиски експерименти, „Abbey Road“ стана трајно наследство и камен-темелник на современата музика. „Abbey Road“ – Врвот на ...

Министерството за образование и наука информира дека монтажните бараки на основното училиште „Крсте Мисирков“ во Гази Баба по 6 децении ќе бидат заменети со нов објект. „Инвестирањето во образованието е темел на секое современо и просперитетно општество. Нам како Влада тоа ни е сосема јасно и затоа оваа област е поставена меѓу високите приоритети во програмските определби“, рече Јаневска. Новиот училишен објект ќе има два спрата со 30 училници и ...

Отворањето на изложба на графики од Трајче Блажевски ќе се одржи вечерва, 18 октомври, со почеток во 19 и 30 часот во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица. Авторот ќе се претстави со триесетина уметнички дела – графики изработени во периодот 2017-2024 година. „Да се патува по 45-годишната творечка траекторија на д-р Трајче Блажевски претставува деликатна и многу сложена авантура. Неговата обемна био-библиографија на извесен начин, сама ...

Во чест на 90. роденден на македонскиот поет, раскажувач, романописец, книжевен и ликовен критичар, есеист, антологичар и преведувач Влада Урошевиќ, денеска, 18 октомври, со почеток во 19 часот во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ ќе се одржи „старовремска“ книжевна вечер. Под името „Вистинита но не многу веројатна историја за проф. Урошевиќ за факултетот покрај Вардар и за четирите студенти“, македонската книжевна и културна фела ќе му оддаде ...

Центар-Јадро го објави видео портрет посветен на писателот Стефан Алијевиќ, со кој ја продолжуваат серијата видео портрети „Современи македонски писатели“. Стефан Алијевиќ (1991, Гевгелија) дипломирал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на катедрите за Општа и компаративна книжевност и Англиски јазик и книжевност. Алијевиќ се појавил на книжевната сцена со творбите објавени на интернет-порталите „Окно“ и „Разноликост“. Во 2020 ...

weather icon

Скопје

18ᴼ / 18ᴼ
2.57
63%
1018
weather icon

Белград

22ᴼ / 20ᴼ
4.12
65%
1017
weather icon

Загреб

24ᴼ / 19ᴼ
1.03
68%
1019
weather icon

Софија

13ᴼ / 13ᴼ
2.06
88%
1018
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
2.96
67%
1015
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 18ᴼ
0.51
90%
1020
weather icon

Атина

24ᴼ / 22ᴼ
3.58
47%
1013
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.03
72%
1015
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
7.2
39%
1017
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 18ᴼ
1.54
64%
1014
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 19ᴼ
3.09
68%
1017
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 19ᴼ
1.54
64%
1014
Currency

61.53

Currency

52.5197

Currency

72.0829

Currency

34.2833

Currency

38.3069

Currency

65.7588

Currency

7.32673

Currency

0.6714

Currency

0.36257

Currency

0.52345

Currency

1.31598

Currency

0.61434

Алуминиум

2.58

Иридиум

142132.66

Кобалт

42.99

Никел

15030.00

Рутениум

21637.45

Калај

34.19

Сребро

1157.08

Злато

105266.98

Бакар

10.18

Паладиум

36394.65

Платина

43046.71

Родиум

176025.34

Цинк

2.75