
Скопје
27ᴼ /
27ᴼ



Повеќе од 370 милиони девојчиња и жени, или секоја осма во светот, биле жртви на силување или сексуален напад пред да наполнат 18 години. Таа бројка расте на 650 милиони, или на секоја петта, кога во обзир ќе се земат и „неконтактните“ облици на сексуално насилство, како што е интернет или вербалното злоставување, процени Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ) во првото глобално истражување за овој проблем. Ова ја нагласува итната потреба ...
Аерозагадувањето во зимските денови најмногу е предизвикано од дрвата за огрев, додека во летно време најпроблематичен е сообраќајот, покажа истражување спроведено во пет градови: Струмица, Струга, Куманово, Кавадарци и Гостивар. При студијата изработена од лабораторијата Амбикон при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, истражувачите идентификувале шест главни фактори на загадувањето. „Тоа се: согорувањето на биомаса или дрва, минералната ...
Македонија е меѓу земјите со најлош јавен превоз во Европа, покажува новото истражување на „Еуроњус“. Според анализата, седум од десет луѓе во Европа се задоволни од јавниот превоз во нивниот град, но сепак постои голема разлика во нивоата на задоволство од јавниот превоз во европските градови. Во Македонија само 47 проценти од граѓаните се задоволни од јавниот градски превоз, а понезадоволни од нас се само во Албанија и Италија. Најголемо ...
Повеќе од 400.000 деца во Либан се раселени во изминатите три недели, изјави висок претставник на УНИЦЕФ, предупредувајќи на „изгубена генерација“ во малата земја која се соочува со повеќе кризи и сега е вовлечена во војна, пишува „Н1“. Борбите во Либан, кои се одвиваат веќе три недели, принудија 1,2 милиони луѓе да ги напуштат своите домови, а повеќето од нив побегнаа во Бејрут или северниот дел на земјата. Тед Чајбан, заменик-извршен директор ...
На конкурсот „Преку уметност до родова еднаквост“ на тема „Кое е твоето чудо?!“ организиран од Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) и Мрежата Стела, пристигнале значаен број стрипови кои се во трка за престижни награди. Изложбата на пристигнатите дела ќе се одржи на 18 октомври со почеток во 11 часот во Центар Јадро. Во рамки на изложбата ќе бидат прогласени победниците и ќе се доделат сертификати и дипломи на сите учесници. „Овој ...
Наградата што Скопскиот џез фестивал традиционално ја доделува за најдобар млад македонски џез музичар, отсега без придавката „млад“, годинава ја освои џез саксофонистот и едукатор Кирил Кузманов. „По дипломирањето и магистрирањето со највисоки оценки на престижниот Универзитет за музика и изведувачки уметности во Грац, Кузманов се враќа во Македонија, каде што е еден од најактивните актери на џез-сцената. Тој е член, а воедно и еден од ...
Синоќа на сцената на Албанскиот театар во Скопје беше отворено 18. издание на МТФ „Скупифестивал“. Како што информираат организаторите, на свеченото отворање присуствувале голем број љубители на уметноста и театарот, како и гости од земјава и странство. На свеченото отворање, директорот на „Скупифестивал“, Музбајдин Ќамили-Мучи, ја откри програмата на ова издание, и ѝ се заблагодари на публиката за континуираната подршка низ годините и на ...
Денека е 15 октомври. Роденден на Мирко Попов, еден од луѓето што учествуваше во воздигнувањето на електронската сцена, диџеј, продуцент, текстописец и постојан поддржувач на независната сцена, особено на млади и алтернативни музички откровенија. ПР консултантот на Попов, Ивана Тасев, соопштува дека тој во изминатите 30 години остави значително музичко творештво и простор за поддршка и промоција на работата на неколку генерации македонски ...
Вечерва почнува 9. издание на Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“. „Во Киното Фросина, во Младинскиот културен центар, во 20 часот е црвениот тепих, а во 20.30 почнува церемонијата на свеченото отворање и проекција на филмот „Јон Вардар против Галаксијата“ во режија на Гоце Цветановски, кој е во официјалната селекција за награда на Фестивалот“, информираат организаторите. Годинашен добитник на наградата за особен придонес во светската ...
Министерството за здравство од денеска почнува национална кампања под мотото „Октомвриски розов караван – превенцијата е најдобра заштита“. Како што информираат од Министерството, главната активност на кампањата е одржување на јавни трибини водени од панелисти, стручни лица и доктори во јавните здравствени установи низ целата земја, со цел подигнување на свесноста за значењето на превенцијата и раната дијагностика на ракот на дојка. Во рамки на ...
Универзитетското студентско собрание (УСС) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) информира дека денес остварило средба со министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, на која биле дискутирани неколку точки поврзани со подигнување на студентскиот стандард преку процесот на дигитализација во високото образование. „Целта е да ја ставиме дигитализацијата на студентските процеси во центарот на реформите што ќе придонесат кон ...
Повеќе од 50 познати домашни и странски тату артисти создаваа уметност на кожа на втората интернационална конвенција „Skopje Tattoo Show“ изминатиот викенд во Скопје евент центар. Се собраа голем број љубители на уметноста и тетовирањето и сведочеа на демонстрирањето на уникатни техники и стилови демонстрирани од светски признати тату уметници. „Од реалистични портрети до апстрактни дизајни, секој уметник имаше можност да го покаже својот ...
На 15 и 16 октомври на Машинскиот факултет при Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје, ќе се одржи Саем за пракса и вработување. Како што информираат организаторите на Саемот ќе чествуваат 20 компании а ќе се одржи и форум: „За развиена зелена економија потребни се зелени вештини“. Агендата е следна: 15.10.2024 година (вторник) Свечено отварање на Саемот: 12:00 часот Локација: холот на Машински фкаултет – Проф. д-р Златко Петровски, Декан на ...
Re: store, центарот за рестилизирање на стари модни парчиња, каде што се слави одржливоста, креативноста и индивидуалноста, повторно ќе се отвори на 16 октомври (среда) во Културно едукативниот центар „Лабораториум“. „Re: store ја започна својата приказна во скопското Дебар маало во 2012 година, со мисија да го дефинира концептот на продажба на употребена облека и да биде креативен простор за редизајнирање на дизајнерска облека, но и да понуди ...
Во периодот од 18 до 25 октомври ќе се одржува петнаесетотто издание на „ЕХО“, фестивал што е посветен на ширење на планинаската култура преку изложби, издавање книги, панел дискусии, детски и филмски работилници, но и предавања на многу различни теми. „Ехо Фестивал на планински филм 2024“ официјалното отворање ќе го има во Дом на АРМ, петок 18 октомври од 20 часот со проекција на филмот „Виорник од работ“, Игор Вртачник, Словенија, 2024, 107′, ...
Во Македонскиот народен театар (МНТ) на 17 октомври со почеток во 20:00 часот ќе се оддржи премиерата на претставата „Бели ноќи “ според делото на Ф.М.Достоевски, а во адаптација и режија на Звездана Ангеловска. Во оваа копродукција играат: Ана Јовановска и Дамјан Цветановски. Како сценограф се потпишува Мартин Манев, костимограф е Роза Трјческа-Ристовска, а музиката е на Марјан Неќак. Првата реприза е закажана на 18 октомври, а билетите се веќе ...
Вкупно 102.061 странски туристи ја посетиле Македонија во август, според извештајот на Државниот завод за статистика (ДЗС). Во меѓувреме, според податоците на ДЗС, регистрирани се и 114.811 домашни туристи. Најголемиот број од странските туристи се од Турција (50.227 туристи), по што следуваат туристите од Србија (9.898) и Романија (5.996 туристи). Бројот на ноќевањата во август пак, изнесувал 911.478, од кои 74.3% се од домашните туристи, а ...
Вечерва (14 октомври), со почеток од 20 часот во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје ќе биде отворена изложбата САМО (ДО) ВЕРБАТА на Христина Тарабунова, која ќе биде изложена до 18 октомври. На изложбата ќе бидат претставени 12 нови и симболички дела, каде што извор на инспирација e главното и генералното верување во себеси и своите способности. Како што информираат организаторите, делата се претставени во релјефен стил со акрил техника ...
Овој четврток (17 октомври) во скопската Европска куќа ќе се случи четвртото издание на младинското книжевно читање „Клинци“. Овојпат на „Клинци“ ќе читаат Марија Ангеловска, Марија Велинова, Сатја Александар Давитков и Марко Кочишки. „Некои ќе речат, а можеби и ќе викнат, гордо ќе кажат „Млади бездарници“. Инспирирани, испровоцирани, поттикнати од таквите мудри изреки, ги започнавме книжевните читања наречени „Клинци“. Секое издание ве ...
Дводневните врнежи од септември во неколку области на Сахарската област во југоисточниот дел на Мароко ги надминаа годишните просеци и предизвикаа поплави, соопштија официјални лица од метеоролошката агенција на земјата, јавува Н1. Селото Тагунит на околу 450 километри јужно од главниот град Рабат, забележа повеќе од 100 мм дожд за 24 часа. Сателитски снимки на НАСА покажуваат како езерото Ирики, кое е суво 50 години, се полни со вода. „Поминаа ...
Со „Парада на нации“, танц во кој учествуваа 5.000 танчери од различни земји вчера, во салата „Борис Трајковски“ во Скопје се отвори светското првенство во „хип-хоп“ и „стрит денс шоу“ – „IDO World Hip-Hop Championship & Street Dance Show 2024“. „Ова е посебен момент за Македонија, бидејќи го имаме задоволството да бидеме домаќини на еден од најпрестижните настани во светот на хип-хопот. Скопје, со својата богата историја и културна ...
На крајот на оваа седмица, прочитај го нашиот избор на топ вести од образование, култура, граѓанско општество, политика, животна средина… 1. Владата да го прекине молкот во врска со геноцидот во Газа, побараа граѓани на денешниот протест Македонија да ја признае Палестинската држава и да се приклучи кон меѓународните напори да се забрани дотурот на оружје на Израел. Ова во понеделникот (7 октомври) го побараа активисти и граѓани кои протестираа ...
Во понеделник (14 октомври) во 19 часот во просториите на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) синологот Игор Радев ќе одржи предавање на тема „Класичниот кинески поет како дејствувачко лице на историјата“. „Првиот именуван поет на европската култура е Хомер, слепиот бард, кој пее за војни, јунаци, градови и држави, но не учествува во нив: токму физичкиот хендикеп – слепоста, небаре служи како симбол за неговата одвоеност од историската ...
Оваа година е децениска за платформата ADE Green, настан кој ќе се одржи на 18 октомври во Felix Meritis во рамки на „Amsterdam Dance Event 2024“ (ADE) кој ќе се одржува од 16 до 20 октомври во Амстердам, Холандија. Платформата преку панел дискусии го става фокусот на клучните тематики кои се однесуваат на еколошките и социјални аспекти поврзани со музиката, а посебно ќе бидат опфатени теми како: управување со водите, известување за влијаниjата ...
Промоцијата на 34. број на списанието „Филозофска трибина“ ќе се одржи во среда (16 октомври) во 19 часот во Салон – Империјал 2 во Културно информативниот центар – Скопје. Во „Филозофска трибина 34“ се поместени шест авторски текстови (од: Мирко Ѓошевски, Трајче Стојанов, Марија Тодоровска, Александар Стаматов, Пантелеј Кондратјук и Бошко Караџов). Списанието содржи и два преводи на текстови (од Еуген Финк и Стивен Фридман, во превод на Трајче ...
Фестивалот на нова музика „Здраво млади“ по 14. пат го преполни Младинскиот културен центар со луѓе дојдени да се дружат и да слушаат различна, по малку и нова музика на некој од трите стејџови. „Здраво млади“ годинава се најави и одржа подоцна од вообичаеното, а МКЦ одамна не било толку полно и колоритно, што направи градот повторно да завибрира во алтернативна-младешка-бунтовна енергија. Програмата беше курирана од музичкиот колектив „Гола ...
На 16 октомври (среда) во 17 часот, во Нетавил ќе се одржат Чивнинг разговори со Асоцијата на Чивнинг стипендисти и претставници од Британската Амбасада. „Ова е идеална можност да дознаете сè за процесот на аплицирање и студирање во Обединетото Кралство, како и да се запознаете со членовите на Асоцијацијата на Чивнинг стипендисти кои ќе го споделат со вас нивното искуство и ќе одговорат на вашите прашања“, се вели во најавата. Повикот за ...
Од 14-18 октомври во Кинотеката на Македонија ќе се одржи „Недела на романски филм“, во чии рамки ќе бидат прикажани три играни и два документарни филмови. „Романската кинематографија доживеа вистински подем во последните две децении, со таканаречениот ‘нов романски бран’ како водечко движење кое внесе свежина и оригиналност на европската филмска сцена и филмови кои се карактеризираат со минималистички пристап, документарен стил, ...
Нестандардните и нелегалните депонии, еден од најголемите предизвици на земјава во обезбедувањето здрава животна средина, до 2033 година ќе бидат сведени само на случајни појави, предвидува новата нацрт-Националната стратегија за управување со отпад, пишува Мета.мк. Документот пропишува дека во следните пет години отпад треба да се подигнува од најмалку 97 отсто од домаќинствата во земјава, а степенот на собирање треба да се зголеми од сегашните ...
Вработените во основното и средното образование од октомври ќе земаат поголема плата за 5%, информираат денес од Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) и Владата, по одржаната средба на која беше постигнат договорот. „Дополнително за наредните години, заклучно со март 2028 година, платите во овие дејности ќе се зголемат кумулативно за околу 50%, односно март 2025 дополнителни 7%, март 2026 година од 7,5% до 10%, март 2027 година од ...