Бројот на пожарите на отворен простор во Македонија во текот на денот се менуваше од час во час. По утринските 25 регистрирани пожари, попладне бројката падна на 18, а до 18 часот остануваат три активни пожари, еден е под контрола, додека 14 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи. Со тоа, вечерниот извештај покажува поинаква слика од онаа наутро, кога ЦУК информираше дека од 25 пожари два се активни, еден е под контрола, а 22 ...

Овој месец, руската февруарска агресија врз Украина ќе заврши четири и пол години залудна војна, додека американскиот напад врз Иран ќе го заврши шестиот месец од конфликтот, кој исто така е обележан со застој. Со оглед на тоа што обете интервенции првично требаше да имаат карактер на Блицкриг, може да се заклучи дека временските црвени линии за реализација на првичните намери на Москва и Вашингтон веќе се пречекорени и дека секој ден на ...

Кога ќе се каже дека државниот долг на Македонија е 9,4 милијарди евра, бројката звучи огромно, но истовремено и далечно. Девет милијарди евра се толку голема сума што за обичниот граѓанин тешко може да се претвори во реална претстава. Затоа вреди јавниот долг да се погледне од сосема друг агол: што значи тој за граѓанинот? Според официјалниот фискален бројач на Министерството за финансии, државниот долг на 30 април 2026 година изнесувал ...

На полицата во маркетот производот изгледа едноставно: име, слика, цена, рок на употреба и декларација. Но зад едно пакување сирење, месо, замрзнат зеленчук или преработена храна може да стои цел синџир од производител, преработувач, увозник, дистрибутер и трговец. Прашањето е колку од тој синџир навистина може да го види потрошувачот. Ова е особено важно за Македонија, каде значителен дел од храната на пазарот доаѓа од увоз. А кога ...

Вештачката интелигенција (ВИ) изгледа нематеријално. Отвораме ChatGPT, поставуваме прашање, добиваме одговор и за неколку секунди забораваме дека зад тој одговор стои огромна инфраструктура од сервери, процесори, мрежна опрема и системи за ладење. А сето тоа има една многу материјална потреба: електрична енергија. Токму затоа, додека Македонија ја најавува изградбата на Национален дата-центар и паралелно се обидува да привлече приватни ...

Опозицискиот СДСМ реагира на видеото што премиерот Христијан Мицкоски го објави по повод 35-годишнината од независноста на Македонија, оценувајќи дека неговата содржина ги прикажува токму, како што велат од партијата, најголемите државотворни достигнувања реализирани под владеење на СДСМ. „И што видовме? Видео што ја слави државотворната политика на СДСМ“, се наведува во партиското соопштение. Од СДСМ посочуваат дека во видеото е прикажан ...

Пентагон декласификуваше нова серија документи и слики поврзани со НЛО, или неидентификувани аномални феномени (UAP). Ова е петтото такво објавување на податоци за чудните објекти во последните месеци, објавува CBS News. Новите 41 датотеки, објавени на веб-страницата на Пентагон за НЛО, вклучуваат документи, фотографии и видеа. 🎥🚨 Newly declassified UFO files have dropped, and TMZ has an exclusive look at startling footage. ...

Кога ќе легне платата на сметката, најчесто го гледаме само последниот број. Нето-платата. Тоа е сумата со која располага работникот и од која треба да ги плати киријата или кредитот, храната, струјата, горивото, сметките, лековите, облеката, школувањето на децата и сè друго што го носи секојдневниот живот. Но зад тој број постои цела финансиска патека. Пред да стигне до работникот, од бруто-платата се издвојуваат задолжителни придонеси и ...

Полицијата на Истра, во Хрватска, заврши кривична истрага против 58-годишен швајцарски државјанин и 30-годишен руски државјанин под сомнение за сторено кривично дело експлоатација на деца за порнографија. Првиот случај се случил на 6 август околу 21:10 часот во туристички објект во Истра. Според полицијата, гостите пронашле 58-годишен Швајцарец како тајно снима голи деца со својот мобилен телефон. Мажот паднал додека се обидувал да избега и ...

Дваесет и осум години. Толку требаа за Јужна Кореја, технолошки гигант и симбол на модерниот свет, да воспостави дипломатски однос со Македонија. Со Северна Кореја, режимот на Ким, тоа се случи за две години (1993). Ова не е грешка, туку приказна за тоа како геополитиката, а не идеологијата, знае да им донесе апсурдни ситуации на малите држави. 1993: Скопје потпишуваше со сите По распадот на Југославија, младата македонска држава немаше ...

САД се на три месеци од среднорочните избори на 3 ноември, гласање кое би можело длабоко да ги преобликува последните две години од вториот мандат на претседателот Доналд Трамп и да одреди кој ќе го води Конгресот додека земјата се подготвува за претседателските избори во 2028 година. Средрочните избори се нарекуваат така бидејќи се одржуваат во средината на мандатот на претседателот. Сите 435 членови на Претставничкиот дом, 35 од 100-те ...

Оваа селекција на колективната меморија на граѓаните на Македонија е уште еден доказ дека владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ не може да се ослободи од сопствените фрустрации дека не била актер или дел од некои важни историски настани во 35 годишната историја на македонската независност. Зоран БОЈАРОВСКИ Со објава на промотивното видео на своите страници на социјалните мрежи, премиерот Христијан Мицкоски, го пополни пропагандниот дел од ...

Состојбата со пожарите на отворен простор во Македонија значително се промени во текот на денот. Според најновата информација на Центарот за управување со кризи, до 13 часот денеска се регистрирани девет пожари, од кои пет се активни, еден е под контрола, а три се изгаснати. Утринската слика беше поинаква. Во извештајот на ЦУК до 7:30 часот беа евидентирани вкупно 25 пожари, од кои два беа активни, еден под контрола, а дури 22 беа означени ...

Шест новинари ја напуштија Србија во последните две години поради сериозни загрижености за нивната безбедност и сега живеат во егзил. Најновиот случај е оној на воениот аналитичар и новинар Александар Радиќ, против кого е поднесена кривична пријава и властите прогласија потерница. Според новинарските организации, Радиќ е во егзил, додека според Врховното обвинителство во Белград, тој се крие. Против Радиќ е поднесена жалба во отсуство за ...

Доколку се прашувате, Итака е вистинска. Можете да ја посетите денес, да отпловите во нејзините заливи, да се искачите по стрмните ридови и да купите сите сувенири со тема од Одисеј што можеби ви се потребни. Еве еден поглед. Потешкото прашање, сепак, е дали модерна Итака, или Итаки како што сега се нарекува, како дел од Јонските острови во Грција – е истата Итака што Хомер ја имал на ум кога ја опишал татковината на Одисеј во „Одисеја“. ...

Предупредувањето на Горан Марковски, човек кој со години ја познава телевизиската архива на Македонската радио-телевизија, повторно го отвора едно од најважните, но речиси невидливи прашања за македонската културна меморија: што ќе остане од децениската телевизиска продукција на МРТ ако не биде навреме дигитализирана и системски заштитена? Марковски алармира за состојбата во архивата и за ризикот со кој се соочува огромниот фонд на ...

Охридскиот Регион неодамна доби уште една шанса. Не ослободителна пресуда, туку време. Време во кое државата и локалните власти треба да покажат дека предупредувањата на УНЕСКО не ги доживуваат како формалност, туку како последна сериозна можност да се запре процесот на деградација на едно од највредните природни и културни подрачја во Европа. Само што стигна оваа шанса, граѓанската иницијатива О2 предупреди дека дел од плажите во Охрид под ...

Додека многу професии се соочуваат со автоматизација и неизвесност, една професија во Германија бележи целосно спротивен тренд – побарувачката за овие експерти никогаш не била поголема, а заработката продолжува да расте. Станува збор за даночните советници, професија која, според податоците на германските институции, се наоѓа меѓу десетте професии со најголем недостиг на квалификувани работници. Недостасуваат илјадници експерти Германскиот ...

Македонското еколошко друштво одржа тридневна прекугранична обука за мониторинг на природата на планината Јабланица, каде што 22 учесници од Македонија и Албанија ги учеа методите за заштита на тресетиштата, птиците, тритоните и вилинските коњчиња. Активноста е дел од поширок проект за подобрување на управувањето со заштитените подрачја во шесте земји од Западен Балкан, со фокус на локациите опфатени во мрежите Емералд и Натура 2000. Обуката ...

Летувањето одамна не се мери само со цената на апартманот. За едно четиричлено македонско семејство вистинската сметка почнува уште кога ќе го стартува автомобилот. Гориво, патарини, паркинг, кафе, вода, лежалки, ручек, сладолед, можеби уште едно кафе попладне. Секоја ставка изгледа мала, но кога ќе се соберат сите, еден обичен ден на плажа може да чини колку што едно семејство некогаш планирало за цел викенд. Во 2026 година дилемата веќе не ...

СДСМ обвини дека Јавното обвинителство не постапува по нападот врз млади во Ново Село, иако, според опозициската партија, постојат јавни информации и сознанија за случајот, како и имиња на лица кои наводно учествувале во инцидентот. На прес-конференција, Кети Штерјова порача дека станува збор за кривично дело за кое надлежните институции треба да постапат по службена должност, без да чекаат формално поднесена кривична пријава. „Има сознание. ...

Речиси девет години по насилството во Собранието на 27 април 2017 година, еден од случаите на нападнати новинари добива нов, важен правен пресврт. Уставниот суд утврди дека неговата одлука со која беше констатирана повреда на слободата на јавно изразување на новинарката Наташа Стојановска не била извршена од Основниот граѓански суд Скопје. Но овојпат приказната не завршува со констатација дека нечие право било повредено. Уставниот суд го ...

Еден споменик што сè уште не е поставен веќе успеа да отвори стара балканска тема – кој има право да именува, симболизира и претставува делови од заедничкото историско и културно наследство. Иницијативата за подигнување на споменикот „Мајка Македонија“ во Нови Сад предизвика реакции од Грција и Бугарија, но и од македонската заедница во Србија, која категорично отфрла дека проектот има политичка или територијална порака. Во центарот на ...

Сертификацијата по GAP, IPM и органските стандарди не е бирократски товар и трошок, туку единствена можност за влез во лигата на професионални производители на храна. Македонија ги има сите предуслови за производство на квалитетен земјоделски производ, со прифаќање на европските стандарди или акредитација на сопствен македонски модел, домашниот земјоделски сектор конечно може да премине од квантитет кон висока додадена вредност. Јане ...

Окружното обвинителство во Пловдив ќе побара од судот најстрога превентивна мерка – „притвор“ – за петте тинејџери обвинети за бруталното убиство на 37-годишен маж во близина на Младинскиот рид во Пловдив. Според обвинителството, обвинетите – три момчиња и две девојчиња на возраст меѓу 14 и 17 години – учествувале во убиството, во кој 37-годишниот маж се здобил со тешки повреди, а подоцна починал во болница. Според истрагата, средбата била ...

На почетокот на XX век, кога Европа сè уште не знаела дека се приближува кон најголемите војни и револуции во својата модерна историја, еден јапонски офицер водел тајна војна илјадници километри далеку од својата земја. Неговото име било Акаши Мотоџиро. Јапонски воен офицер, дипломат и разузнавач, Акаши во годините пред и за време на Руско-јапонската војна бил испратен во Европа со задача која била многу поширока од класичното собирање ...

Македонија утрово се разбуди со сериозна пожарна слика. На територијата на државата до 07:30 часот се регистрирани вкупно 25 пожари на отворен простор, од кои два се сè уште активни, еден е ставен под контрола, а 22 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи. Активни се пожарите во Горно Лисиче, Општина Аеродром, и на излезот од Крива Паланка, каде што гори депонија. Под контрола е пожарот над селото Зелениково, каде што се ...

Опозицискиот СДСМ обвини дека Гостивар повеќе од четири недели се соочува со проблем со квалитетот на водата за пиење и побара од надлежните институции да ги објават официјалните стручни наоди за состојбата со водоснабдувањето. Од партијата велат дека повеќе од 4.700 граѓани побарале медицинска помош и дека во градот е прогласена епидемија на жолтица, додека јавноста, според нив, сè уште нема добиено целосна и потпишана стручна проценка за ...

Нека ти служи на чест премиере Мицкоски. Еден ден надежта ќе умре. Таа сѐ повеќе гасне како ја оддалечувате Македонија од ЕУ. Ако дотогаш и ова генерација не изумре и ако остане Македонија жива некој ќе ве праша за цената ако нешто ви значи тоа. Или пак, како и сега, верувате дека и тогаш лагата ќе биде посилна од вистината. Ерол РИЗАОВ Во некои држави пишувачите на говори на претседателите и на премиерите се познати во јавноста. Тоа се ...

Случајот со 19-годишната Станка Михајлова од Струмица отвори едно од најтешките прашања за македонското здравство: како породување со царски рез, медицинска интервенција која секојдневно се изведува во болниците, можело да заврши со тешки и трајни последици за една млада жена? Одговорот засега не го знае јавноста. И токму затоа најновата одлука на Министерството за здравство да вклучи медицински експерт од соседна држава во стручниот надзор е ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
87%
1027
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
81%
1027
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
1.54
72%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 0ᴼ
2.06
55%
1027
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.26
92%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
63%
1026
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1023
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 4ᴼ
5.14
60%
1030
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
0.89
72%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Алуминиум

3.07

Сребро

1670.34

Калај

46.54

Платина

49319.25

Бакар

12.58

Злато

130856.75

Родиум

295786.87

Иридиум

315077.32

Кобалт

33.53

Паладиум

32279.35

Рутениум

61086.42

Цинк

3.76