СДСМ денеска поднесе кривична пријава против министерот за здравство Сашо Клековски и тројца директори на здравствени институции, обвинувајќи ги за пропусти и ненавремено постапување во кризата со загадената вода во Гостивар. Пријавата, како што соопшти членот на Извршниот одбор на СДСМ Јон Фрчкоски, се однесува и на директорката на Институтот за јавно здравје Марија Андоновска, директорот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат Кирил ...

Возачите од полноќ конечно ќе почувствуваат позначително олеснување на бензинските пумпи. Регулаторната комисија за енергетика донесе нова одлука со која дизелот поевтинува за осум денари за литар, а двата бензини за по четири денари. Со новата пресметка, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по најмногу 87 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 по 89 денари. ЕУРОДИЗЕЛот, кој досега чинеше 99,50 денари, паѓа на 91,50 денари за литар. Поевтинува и екстра ...

Разликите меѓу американската и европската политика кон Западен Балкан стануваат сè повидливи. Вашингтон сè почесто настапува преку директни политички договори, енергетски проекти и инвестиции, додека Брисел и натаму ја врзува финансиската и политичката поддршка со реформи, владеење на правото и исполнување на критериумите за членство. Токму оваа промена е во фокусот на анализата на германски DW за прелевањето на несогласувањата меѓу САД и ...

Деветгодишно дете управува електричен тротинет и излегува на крстосница со регионалниот пат Скопје-Тетово. Следува судир со автомобил и тешки повреди. Само десетина дена претходно, двајца 15-годишници со електрични тротинети учествуваат во сообраќајка во Скопје, едниот завршува со тешки телесни повреди. Во двата случаи има еден важен детал: во Македонија веќе било забрането лица под 18 години да управуваат електричен тротинет во сообраќајот. ...

Пеколните августовски температури не ги спречија колоните на македонските гранични премини. Додека жештината во земјава се приближува до 40 степени, патниците кои денеска влегуваат преку Табановце чекаат повеќе од еден час, а зголемена фреквенција има и на Пелинце и Богородица. Најтешко е на северната граница. Според последните податоци на АМСМ, на Табановце за влез во Македонија се чека повеќе од еден час, додека возачите кои ја напуштаат ...

Најмалку 12 лица загинаа, а 39 се повредени во украински напад со дронови врз рускиот град Нижнекамск во Татарстан, повеќе од 1.000 километри од украинската граница. Во исто време, пет лица загинаа во руски артилериски напад врз населено место во Харковската област во Украина. Регионалните власти во Татарстан соопштија дека украинските дронови погодиле цели во Нижнекамск, еден од најважните руски центри за преработка на нафта и петрохемиска ...

Шумските пожари повторно се разгореа во југозападна Франција, каде екстремната жештина и силните ветрови повторно ја влошија ситуацијата по неколку дена привидно смирување. Властите се подготвуваат за нови евакуации доколку огнот продолжи да се приближува кон населените места во поширокиот регион на Бордо. Едно од новите жаришта е регистрирано во Сен-Жан-д’Илак, западно од Бордо. Противпожарните служби таму ангажираа дополнителни сили не само ...

Еден од најпознатите метеорски дождови во годината влегува во својот максимум. Персеидите ќе бидат најактивни во ноќта меѓу 12 и 13 август, а годинава условите за набљудување ќе бидат особено поволни бидејќи максимумот се совпаѓа со младата Месечина. Според Меѓународната метеорска организација, Персеидите се активни од 17 јули до 24 август, а главниот максимум во 2026 година се очекува на 13 август меѓу 02 и 04 часот по универзално време. За ...

Постојат работи со кои може да се експериментира. Сценографија. Светло. Музика. Видео. Костими. Режија. Може сонцето да биде сино, зелено, да пулсира, да експлодира на екранот или да се претвори во галаксија. Но кога на сцена се претставува државното знаме на Македонија, тогаш завршува уметничката фантазија и почнува државниот протокол. Знамето не е реквизит. Не е лого на фестивал. Не е визуелна асоцијација што дизајнерот може да ја доработи ...

Високите температури во Македонија продолжуваат и втора недела, а Институтот за јавно здравје предупредува дека најголем ризик имаат повозрасните лица, хронично болните и луѓето кои редовно користат терапија. Според ИЈЗ, лицата над 65 години потешко се приспособуваат на продолжена изложеност на жештина, а одредени лекови дополнително можат да влијаат врз начинот на кој организмот ја регулира температурата. Терапијата, сепак, не треба да се ...

Сообраќајот на патниот правец Гостивар – Стража утрово е значително отежнат по сообраќајна несреќа во која, според првичните информации, учествувале четири возила. Меѓу нив има и товарен камион натоварен со дрва. Несреќата се случила по Гостивар, во правец кон Стража, во близина на првиот каменолом. По судирот на делницата се формирале долги колони, а возилата кон Маврово на места стојат или се движат со значително намалена брзина. Засега ...

Високите температури во Македонија продолжуваат и втора недела, а Институтот за јавно здравје предупредува дека најголем ризик имаат повозрасните лица, хронично болните и луѓето кои редовно користат терапија. Според ИЈЗ, лицата над 65 години потешко се приспособуваат на продолжена изложеност на жештина, а одредени лекови дополнително можат да влијаат врз начинот на кој организмот ја регулира температурата. Терапијата, сепак, не треба да се ...

Русија ја отфрла можноста војната во Украина да биде запрена со едноставно замрзнување на сегашната линија на фронтот и инсистира евентуален договор да ги опфати политичките, безбедносните и територијалните барања што Москва ги поставува уште од почетокот на мировните разговори. Заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Михаил Галузин, во интервју за државната агенција ТАСС изјави дека Москва не е заинтересирана само за прекин на ...

Цените на нафтата остануваат под силно влијание на кризата околу Ормутскиот Теснец, додека пазарите се обидуваат да проценат дали Вашингтон и Техеран можат да стигнат до договор што ќе овозможи повторно нормализирање на поморскиот сообраќај. На почетокот на тргувањето во понеделникот Брент поскапе за повеќе од еден процент и достигна 84,42 долари за барел, а американската WTI нафта се искачи на 78,83 долари. Подоцна добивките беа избришани, ...

Цените на нафтата остануваат под силно влијание на кризата околу Ормутскиот Теснец, додека пазарите се обидуваат да проценат дали Вашингтон и Техеран можат да стигнат до договор што ќе овозможи повторно нормализирање на поморскиот сообраќај. На почетокот на тргувањето во понеделникот Брент поскапе за повеќе од еден процент и достигна 84,42 долари за барел, а американската WTI нафта се искачи на 78,83 долари. Подоцна добивките беа избришани, ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ повторно излезе со драматично предупредување за глобалната безбедност, оценувајќи дека светот се приближува кон „многу, многу поголема војна“ и дека не очекува брз крај на конфликтот меѓу Русија и Украина. Изјавата ја даде во подкастот „MD MEETS“ на извршниот директор на „Аксел Шпрингер“, Матијас Депфнер, непосредно по првата официјална посета на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Белград. ...

Денеска се навршуваат 25 години од загинувањето на осумтемина припадници на резервниот состав на Армијата кај месноста Љуботенски Бачила, еден од најтешките настани во конфликтот во 2001 година. На 10 август 2001 година, воено товарно возило на Армијата на патот кон Љуботенски Бачила налетало на поставена мина. Животите ги загубија Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе ...

Американски борбени авиони Ф-16 пресретнаа две цивилни летала кои влегле во привремено забранетиот воздушен простор над Бедминстер во Њу Џерси, додека американскиот претседател Доналд Трамп престојувал во својот голф-клуб и следел турнир. Северноамериканската команда за воздушно-космичка одбрана, НОРАД, соопшти дека двата авиона од општата авијација биле безбедно пресретнати и изведени надвор од ограничената зона. Засега нема информации дека ...

Најмалку седум лица загинаа, а 30 се повредени во нов напад на Хутите врз јеменскиот пристанишен град Мока на Црвеното Море, соопшти јеменската војска. Меѓу загинатите се четворица припадници на вооружените сили и тројца цивили. Нападот бил изведен со балистички ракети и беспилотни летала, а погодени биле и цивилна инфраструктура и станбени делови на градот. Јеменската противвоздушна одбрана соопшти дека пресретнала и соборила 11 дронови ...

Јавното претпријатие за државни патишта ќе земе нов кредит од 40 милиони евра од домашни банки, со државна гаранција. Со ова, за нешто повеќе од два месеци Владата одобри три задолжувања на претпријатието во вкупна вредност од околу 356 милиони евра. Новото задолжување е кај Комерцијална банка и Халк банка преку синдициран кредит во износ од 2,46 милијарди денари. За разлика од претходните два кредита, овојпат во одлуката не е наведен ...

На музичко-сценскиот спектакл „Силно светнал ден“ во Охрид, организиран по повод 35 години од независноста на Македонија, вниманието го привлече необичен пропуст во сценографијата – на дел од визуелите беше прикажано сонце со повеќе зраци од оние на официјалното државно знаме. Официјалното македонско знаме има жолто сонце со осум зраци кои се шират кон рабовите на црвената основа. На визуелниот елемент прикажан на стадионот „Билјанини ...

Во следните две децении климатската промена во Македонија нема да значи само уште неколку денови со 40 степени. Моделите покажуваат подолги топлотни бранови, повеќе жешки ноќи, помалку летен дожд и подолги сушни периоди, но истовремено и поголем ризик од поројни врнежи. Последиците ќе се почувствуваат во цената на храната, сметките за струја, земјоделството, работната продуктивност, здравството и снабдувањето со вода. Западна Европа штотуку ...

Состојбата на 28-годишниот скопјанец кој со тешка повреда на ’рбетниот мозок беше пренесен од Турција во Македонија се подобрува. Пациентот е свесен, контактибилен, дише самостојно и е надвор од животна опасност, информира директорот на ТОАРИЛУЦ, д-р Игор Мерџановски. Од денеска момчето почнало нормално да се храни, а физиотерапевтите веќе започнале да работат со него во единицата за интензивно лекување. „Виталните параметри се стабилни. Од ...

Во среда, 12 август 2026 година, Месечината ќе помине пред Сонцето и ќе предизвика едно од најатрактивните астрономски случувања годинава – целосно сончево затемнување. Но за македонските набљудувачи има една важна напомена: Македонија нема да биде во појасот на целосноста. Од нашата земја затемнувањето ќе се гледа само делумно, додека за целосната фаза ќе треба да се биде во многу тесниот појас што минува низ делови од Гренланд, Исланд и ...

Москва известува за промена во реториката на Софија во врска со Русија и кризата околу Украина откако владата предводена од Румен Радев дојде на власт. Според руското Министерство за надворешни работи, ставот на Бугарија станал „повоздржан“ и добил „рационални елементи“. Ова го изјави Јуриј Пилипсон, директор на Вториот европски оддел на руското Министерство за надворешни работи, во интервју за ТАСС објавено на 9 август. „Откако новата влада ...

Новата глобална анализа за 2026 година донесе големо изненадување на самиот врв на листата: Естонија е официјално прогласена за најдобра земја во светот за преселување и живеење. Според најновиот индекс на компанијата „Румави“, оваа балтичка држава однесе победа во конкуренција од дури 192 земји и територии. Клучните адути на Естонија беа нејзината супериорна дигитална и банкарска инфраструктура, извонредните можности за развој на бизнис, ...

Украинското знаме, кое стоеше на фасадата на зграда во центарот на Приштина од почетокот на војната во таа земја, денес беше отстрането, а градоначалникот Перпарим Рама рече дека кога Косово не се почитува, Приштина одговара на ист начин. Отстранувањето на украинското знаме од центарот на Приштина следеше еден ден по посетата на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, на Србија, каде што рече дека ставот на Киев за непризнавање на ...

Федералната влада на Канада објави дека ќе ѝ помогне на нејзината покраина Британска Колумбија, која беше опустошена од огромни пожари, принудувајќи илјадници да се евакуираат со обезбедување засолниште и сместување за жителите. Шумскиот пожар во Балд Рејнџ ја принуди Британска Колумбија да прогласи вонредна состојба во покраината и да евакуира околу 18.000 луѓе. До саботата навечер, пожарот се прошири на повеќе од 10.300 хектари, а ...

Британската тајна разузнавачка служба MI6 е најдобро оценетата европска служба за надворешно разузнавање, покажува необично истражување на францускиот „L’Express“, спроведено меѓу професионалци од разузнавачкиот свет. Резултатот е интересен не само поради првото место на Британците, туку и поради огромната разлика меѓу MI6 и второпласираната француска DGSE. Во истражувањето учествувале 60 сегашни и поранешни разузнавачки лица од повеќе ...

Бројот на пожарите на отворен простор во Македонија во текот на денот се менуваше од час во час. По утринските 25 регистрирани пожари, попладне бројката падна на 18, а до 18 часот остануваат три активни пожари, еден е под контрола, додека 14 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи. Со тоа, вечерниот извештај покажува поинаква слика од онаа наутро, кога ЦУК информираше дека од 25 пожари два се активни, еден е под контрола, а 22 ...

weather icon

Скопје

2ᴼ / 2ᴼ
1.54
81%
1027
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
1.03
72%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 0ᴼ
2.06
56%
1028
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.26
92%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
63%
1026
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1023
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
59%
1031
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
1.34
72%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Родиум

295786.87

Калај

46.54

Злато

130856.75

Рутениум

61086.42

Платина

49319.25

Паладиум

32279.35

Кобалт

33.53

Цинк

3.76

Иридиум

315077.32

Бакар

12.58

Сребро

1670.34

Алуминиум

3.07