Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Францускиот Уставен совет оцени дека законот со кој се воведува право на медицинска помош при умирање е во согласност со Уставот. Одлуката ги отстранува последните уставни пречки за негово спроведување, но истовремено воведува важни појаснувања за лекарите, фармацевтите и приватните здравствени установи. Законот беше усвоен од францускиот Парламент на 15 јули, по долгогодишна и исклучително чувствителна политичка и општествена дебата за ...
Пожарот што го зафати Сивири на Халкидики остави зад себе илјадници хектари опожарено земјиште, оштетени куќи и јавни објекти. Иако огнената стихија е ставена под контрола, опасноста не е целосно помината поради најавените силни ветрови кои можат повторно да активираат жаришта. Огнот избувна на 13 август во областа Сивири, на првиот крак на Халкидики, и поради силниот ветер за кратко време почна брзо да се шири кон населените места. Грчките ...
Пишуваме на македонски, но сè почесто со латинични букви. Во пораки, коментари, пребарувања на интернет, па дури и во јавна комуникација, „zdravo“, „kade si“ и „shto pravish“ за многумина станаа секојдневие. Причините се различни. Некому латиницата му е побрза, друг никогаш не ја сменил фабрички поставената тастатура, трет е навикнат така да комуницира уште од времето на СМС-пораките. Но со паметните телефони денес кириличната тастатура е ...
Пожари повторно го зафатија јадранското крајбрежје, а високите температури, сувата вегетација и ветерот создаваат услови огнот брзо да се шири. Најсериозна е состојбата во делови од хрватското и црногорското крајбрежје, каде огнот се приближува и до населени места. Во Хрватска денеска внимание привлече пожарот кај Задар, кој според локалните информации бил локализиран, но на терен и натаму имало чад и жаришта. Во поширокиот далматински регион ...
Еден месец по труењето во Гостивар, наместо целосен јавен извештај и јасно утврдена одговорност, јавноста доби фотографија од претставници на институциите пред чешма со чаши вода. Случајот повторно ги отвора прашањата за спорните пумпи, контролата на водата и постапувањето на институциите во деновите кога граѓаните почнаа да се разболуваат. Според објавените информации, спорните пумпи биле поставени на 25 јуни, а две од нив сè уште работеле ...
Додека после еден месец Гостивар конечно довби вода за пиење, проблем со квалитетот со водата се јави во друга македонска општина/ Јавното комунално претрпијатие „Бошава“ од Демир Капија попладнево објави дека бодата во водоводот на Демир Капија не е безбедна за пиење а ниту за готвење и истата не смее да се конзумира. По добиените резултати од анализите на примероците земени во понеделник и вторник, од истото мерно место, добиени се ...
Уставниот совет на Франција, телото кое проверува дали законите се во согласност со Уставот, ја блокираше забраната за пристап до социјалните медиуми за лица под 15 години, велејќи дека законот не обезбедува доволни правни гаранции за да се потврди возраста на сите корисници и да се заштити слободата на изразување. Одлуката е удар за претседателот Емануел Макрон, кој силно се залагаше за забраната и сакаше таа да стапи на сила на почетокот на ...
Голема меѓународна полициска операција, спроведена е денеска координирано на територијата на повеќе држави, меѓу кои и Грција, Македонија и Косово, со која е сузбиена е криминална група осомничена за меѓународна трговија со наркотици. Во досегашниот тек на акцијата се уапсени неколку лица и запленети се околу 300 килограми марихуана. Од македонска страна во операцијата учествува Министерството за внатрешни работи преку Одделот за ...
По фијаското и елиминацијата од Хапоел Бер Шева во квалификациите во Лигата на шампиони Црвена Звезда ја информираше јавноста дека има нов тренер по оставката на досегашниот стратег Дејан Станковиќ. Нов тренер на Црвена Звезда ќе биде шпанскиот стручњак, Алберт Риера, човекот кој заврши извонредна работа на Балканот предводејќи го Целје, а кој со „црвено-белите“ ставил параф на двегодишен договор. – Нема предавање, пристигнува „тики-така“, – ...
Уште еден пациент почина од западнонилска треска во Скопје. Станува збор за 72-годишен маж кој бил хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести, а кај него била развиена и клиничка слика на менингитис. Ова е втор смртен случај поврзан со вирусот за една недела. На Инфективната клиника во моментов се лекуваат 24 пациенти, а неколкумина од нив се на механичка вентилација. Пред неколку дена почина и 83-годишен маж од Скопје, кој исто така ...
Бесим Красниќи од Кондово, брат на Агим Красниќи, повторно е во бегство откако не се вратил во затворот „Идризово“ по одобрениот 30-дневен прекин на издржувањето на затворската казна. Иако неговата локација е непозната, МВР засега го бара само со централна, а не и со меѓународна потерница. „По барање на надлежен суд за наведеното лице е распишана централна потерница“, соопштиле од МВР за „Слободен печат“. Красниќи бил пуштен од затвор заради ...
Уште еден пациент почина од западнонилска треска во Скопје. Станува збор за 72-годишен маж кој бил хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести, а кај него била развиена и клиничка слика на менингитис. Ова е втор смртен случај поврзан со вирусот за една недела. На Инфективната клиника во моментов се лекуваат 24 пациенти, а неколкумина од нив се на механичка вентилација. Пред неколку дена почина и 83-годишен маж од Скопје, кој исто така ...
По нестабилноста и локалните врнежи во петок, викендот носи значително постабилно време во Македонија. Во сабота, 15 август, ќе преовладува сончево до претежно сончево време, а во недела температурите ќе пораснат за уште неколку степени. Во сабота најтопло ќе биде во Скопје, Куманово, Велес, Кавадарци и Гевгелија, каде максималните температури ќе се движат околу 31-32 степени. Најсвежо ќе остане во западните и повисоките места, со околу 26 ...
Владата треба веднаш јавно да го објави целосниот извештај и анализите за водата во Гостивар, побара попладнево опозициската СДСМ. „Несериозно и неодговорно е, по сè што се случуваше во Гостивар, од граѓаните повторно да се бара да веруваат само на изјави. Особено затоа што власта постојано даваше различни информации а изјавите на владините функционери во изминатите пет недели беа различни и контрадикторни“ велат од СДСМ. СДСМ прашува и ...
Македонската асоцијација за управување со цврст отпад (MaSWA) од септември започнува нов циклус акредитирани професионални обуки наменети за стручно, теоретско и практично оспособување во областа на одржливото управување и постапување со отпад. Обуките обезбедуваат сеопфатна подготовка за полагање на стручниот испит за управување и постапување со отпад, согласно законските барања и предвидената програма. Програмата е креирана со цел ...
На 17-ти август 2026 година (понеделник), со почеток во 19.00 часот, во касарната ,,Илинден” во Скопје од страна на единица на артилерискиот баталјон на Армијата ќе се изврши почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од 6 артилериски орудија. Почесната стрелба како дел од протоколарните обврски на Армијата за одбележување на празници е во рамки на активностите кои се реализираат по повод одбележувањето на 18Август-Денот на ...
МВР информира дека вчера во 13:45 часот, полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје го уапсиле О.С.(37) од Скопје. Претходно, 62-годишен скопјанец пријавил дека најпрвин во неколку наврати го измамил за сума од над 7.000 евра за наводно посредување на царинска документација за внес на патничко возило од странска земја, по што почнал да го избегнува оштетениот. Откако увидел дека е измамен ги побарал парите што му ги ...
Необична сцена е забележана денеска во ВИП делот на Меѓународниот аеродром Скопје, каде владиниот авион бил влечен со трактор по аеродромската писта. Фотосторијата ја објави ТВ21, а на фотографиите се гледа како леталото, наместо самостојно да се движи, е прикачено на аеродромско возило кое го пренесува низ ВИП зоната. Засега нема официјална информација дали станува збор за редовно преместување на авионот, техничка интервенција или друга ...
Хрватската полиција пронајде мртво лице при пребарувањето на подрачјето опустошено од големиот пожар кај Омиш. Телото било пронајдено денеска околу 13:30 часот, соопшти сплитско-далматинската полиција. Засега не се објавени идентитетот на починатото лице и околностите на смртта. На местото ќе биде извршен увид под раководство на надлежен државен обвинител, со полициска асистенција. Поради последиците од пожарот медицинска помош добиле вкупно ...
Охридското Езеро годинава ќе биде порибено со околу 1,6 милиони единки охридска пастрмка, што е за приближно 500.000 повеќе во споредба со минатата година. Планот го најави заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Албрим Хоџа при посетата на Хидробиолошкиот завод во Охрид. При посетата, Хоџа заедно со претставници на Државниот инспекторат за земјоделство се запознал со процесот на вештачко размножување на охридската ...
Околу 2.000 помалку места ќе има годинава за упис на прва година на универзитетите во Македонија. Министерството за образование ги намалило квотите кај студиските програми за кои има поголем број невработени кадри, додека техничките и информатичките насоки речиси не се променети. Министерката за образование Весна Јаневска во интервју за МИА вели дека најголемо намалување има кај бизнис и јавната администрација, како и кај дел од програмите на ...
Киро Глигоров денес речиси без исклучок се споменува како првиот претседател на независна Македонија, човекот кој ја водеше државата низ осамостојувањето и меѓународното признавање, без да ја загрози безбедноста. Но односот на сите македонски партии кон него не беше идентичен и не беше постојан. Низ годините Глигоров беше и оспоруван, и навредуван, и политички присвојуван, а подоцна неговото име почна да се појавува на булевари, училишта, ...
Обвинителството ја запре истрагата против вработениот во Народната банка кој беше осомничен дека требало да помогне во сокривањето на пиштолот поврзан со убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежов. Причината е што по извршените проверки не биле обезбедени докази дека осомничениот го сторил кривичното дело за кое се водела постапката. Станува збор за лице со иницијали З.Д., кое во судската постапка го спомена Велибор Манев. Во завршниот збор ...
По речиси еден месец неизвесност, жителите на Гостивар повторно можат да ја користат водата од градскиот водовод за пиење и подготовка на храна. Одлуката ја соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, по седница на Главниот штаб за управување со кризи. „Од денеска водата во Гостивар е безбедна за пиење“, соопшти Ангелов на прес-конференција, по разгледувањето на најновите резултати и информации за квалитетот на ...
Лидерот на десничарската Реформ УК, Најџел Фараж, повторно е избран за пратеник во британскиот парламент на необичните дополнителни избори во Клактон, кои самиот ги предизвика откако во јули поднесе оставка. Главните британски партии одбија да учествуваат, а негов најсериозен противкандидат на крајот беше сатиричниот лик Count Binface. Фараж освои 22.239 гласа, односно 62,8 проценти, додека Count Binface, лик создаден од комичар, доби дури ...
На прв поглед изгледа како нешто што не би требало да постои на дното на океанот. Правилно распоредени жолтеникави блокови, разделени со речиси совршени агли, создаваат впечаток на поплочен пат кој води кон некаков одамна потонат град. Токму таква глетка затекнаа истражувачите на дното на Тихиот Океан, северно од Хаваите. Откритието го направи екипажот на истражувачкиот брод „Nautilus“ во 2022 година, при истражување на подводниот гребен ...
Македонскиот воздушен простор добива повисоко ниво на контрола и безбедност со пуштањето во целосна употреба на новиот АТМ систем во М-НАВ. Системот за управување со воздушниот сообраќај треба да овозможи поголема автоматизација, подобар капацитет и помало оперативно оптоварување за контролорите на летање. Новиот систем доаѓа во период кога бројот на летови над Македонија расте. Во првите шест месеци од 2026 година низ македонскиот воздушен ...
Обвинението против поранешниот вицепремиер Артан Груби повторно ги разгоре политичките пресметки меѓу ВРЕДИ и ДУИ. Од ВРЕДИ тврдат дека Груби е „црната кутија“ на партијата на Али Ахмети и дека она што евентуално ќе го каже во текот на судската постапка може да има последици и за други поранешни или актуелни функционери. Реакцијата доаѓа откако Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против Груби и уште седум лица за ...
Американскиот носач на авиони „Џорџ Вашингтон“ го напушти азиско-пацифичкиот регион и се движи кон Блискиот Исток, каде треба да го замени „Абрахам Линколн“. Ротацијата доаѓа во момент кога се множат извештаите за проблеми со снабдувањето и менталното здравје на екипажот на „Линколн“, кој помина повеќе од 260 дена непрекинато на море. „Џорџ Вашингтон“ минатата недела го напуштил виетнамскиот град Да Нанг, а потоа бил забележан како минува низ ...
Македонските аеродроми влегуваат во една од најсилните години досега. Во првите шест месеци од 2026 година низ аеродромите во Скопје и Охрид поминале повеќе од два милиони патници, што е раст од 32 проценти во споредба со истиот период лани, соопшти министерот за транспорт Александар Николоски. За споредба, во првата половина од 2025 година двата аеродрома опслужиле 1.529.451 патник. Ако се примени годинашниот раст од 32 проценти, бројката за ...