По нестабилноста и локалните врнежи во петок, викендот носи значително постабилно време во Македонија. Во сабота, 15 август, ќе преовладува сончево до претежно сончево време, а во недела температурите ќе пораснат за уште неколку степени. Во сабота најтопло ќе биде во Скопје, Куманово, Велес, Кавадарци и Гевгелија, каде максималните температури ќе се движат околу 31-32 степени. Најсвежо ќе остане во западните и повисоките места, со околу 26 ...

По нестабилното време и локалните врнежи во петок, викендот во Македонија ќе донесе значително постабилни временски услови, со повеќе сонце и постепено зголемување на температурите. Во сабота, 15 август, најтопло ќе биде во Скопје, Куманово, Велес, Кавадарци и Гевгелија, каде дневните температури ќе достигнуваат околу 31 до 32 степени. Посвежо ќе биде во западните и повисоките места. Во Струга и Ресен се очекуваат околу 26 степени, а во Охрид ...

Времето денеска (петок) ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Според метеоролошката прогноза во југоисточните и југозападните делови од земјава попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и наместа услови за краткотрајно невреме со силен ветер и појава на град. Во гостиварскиот регион нѐ се очекува нестабилност, а максималната дневна температура ќе достигне 31 степен. ...

Сезонските изгледи на Европскиот центар за Среднорочна прогноза (ECMWF модел) укажуваат на тоа дека есента 2026 во најголем дел од Европа ќе биде значително потопла од просекот (дури и за 2 до 3 степени потопла од повеќе годишниот просек), пишува Славчо Попоски, додавајќи дека врнежите во голем дел од Европа е бидат значително над просекот, а тоа значи дека голем дел од Европа во текот на есента би можел да се соочи со големи временски ...