Водата конечно е прогласена за безбедна, но кризата во Гостивар не завршува со отворањето на чешмите. Остануваат прашањата за тоа како фекално загадена вода со недели влегувала во системот, зошто институциите реагирале дури откако илјадници граѓани побарале медицинска помош и кој ќе ја понесе одговорноста. По повеќе од еден месец од избувнувањето на здравствената криза, Гостивар повторно има вода за пиење. Главниот кризен штаб на 14 август ...

Руски оперативци поврзани со воената разузнавачка служба ГРУ организирале тренинг камп во Србија каде што молдавски граѓани биле обучени да пробиваат полициски кордони, да предизвикуваат немири и да палат згради. Ова е дел од голема руска операција за мешање во политичкиот живот и изборите во Молдавија, открива истрагата на „Њујорк тајмс“. Според публикацијата, кампот работел во летото 2025 година во одморалиште комплекс во оддалечен дел од ...

Рекордно ниските нивоа на Дунав во близина на хрватскиот остров Вуковар предизвикаа необичен природен феномен: островот Вуковар е практично поврзан со српска територија на неколку места. Поради повлекувањето на водите и песочните наслаги, островот сега е достапен пеш, објавува српскиот весник „Блиц“. Островот Вуковар обично е одделен од српскиот брег со тесен Дунавски канал, кој исто така претставува природен дел од границата меѓу двете ...

Масовното преминување на десетици илјади мигранти од Мароко во шпанската енклава Сеута повторно ги отвори прашањата за безбедноста на Сеута и Мелиља и долгогодишните територијални претензии на Рабат. Границата беше пробиена за неколку часа, по што Шпанија ја ангажираше војската за поддршка на Цивилната гарда. Мароко официјално не ги признава Сеута и Мелиља како дел од Шпанија и во повеќе наврати ги нарекувал окупирани територии. Брзината и ...

Пред Македонија е претежно сончева и многу топла недела, со краткотрајно зголемување на нестабилноста во вторник, а потоа повторно постепен пораст на температурите. Најжешко се очекува да биде кон крајот на работната недела, кога во Скопје температурата може да достигне околу 38 степени. Во понеделник времето ќе биде сончево и топло во поголем дел од земјата. Во Скопје се очекуваат околу 37 степени, во Куманово до 35, додека во Охрид ...

Скандалозна изјава на израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир еден од најесктремните десничарски политичари во владејачката коалиција на Бенјамин Нетанјаху, ја потресе светската јавност. Тој јавно заговара убивање 30 до 40 луѓе во Газа секој ден и тоа го изјави во подкаст-разговор со Ром Браславски, поранешен заробеник во Газа. Двајцата разговараа за опоравувањето на Израел по нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година. ...

Најмалку 16 лица се убиени во напади со беспилотни летала и ракети во Русија и Украина, а најтешко погоден е саемот во Киев, додека рускиот главен град доживеа еден од најмасовните напади од почетокот на војната. Украина и Русија со месеци ги ескалираат меѓусебните напади, при што се повеќе цивили гинат, повеќе од четири години по почетокот на руската инвазија. Дипломатските напори за ставање крај на војната се во застој, а на фронтовската ...

Статуа на Дева Марија, за која се верува дека е највисоката во Европа, беше свечено откриена во едно мало село во Полска. Бетонската статуа, висока 55,6 метри, е околу 18 метри повисока од помалиот, иако позначаен, споменик на Христос Спасителот во Рио де Жанеиро. Сепак, таа е значително пониска од статуата на Дева Марија, висока 98 метри, подигната на Филипините. Религиозна скулптура во селото Конотопие беше осветена во саботата, со ...

Две лица се пронајдени мртви на островот Саламис, во близина на Атина, каде што денес речиси истовремено избувнаа два пожара и предизвикаа евакуација на стотици луѓе, соопштија противпожарните служби. „Две тела се пронајдени во близина на плажата Перистерија на југот од островот“, потврди член на спасувачките служби за агенцијата АФП. „Издадена е наредба за евакуација. Стотици туристи и постојани жители се погодени“, изјави претходно ...

Фудбалерите на Арсенал го освоија својот прв трофеј во новата сезона. „Топџиите“ убедливо го победија Манчестер Сити со 3:0 во ФА Комјунити Шилд. Само 23 секунди требаше да се чека за да се види првиот гол на стадионот „Принсипалити“ во Кардиф. Мајлс Луис-Скели одлично се справи со Рикардо Калафјори, измамувајќи ја одбраната на „Граѓаните“ со одлично додавање до Италијанецот, кој немаше потешкотии да го спречи сонародникот Џанлуиџи Донарума ...

Масовна тепачка се случила вчера попладне точно пред влезот на полициската станица во Кочани при што повредени биле неколку лица. Инцидентот за кој кружеа видеа по социјалните мрежи го потврди и МВР. „Вчера (15.08.2026) во 19:15 часот, полициски службеници од Полициската станица Кочани ги привеле Ж.В.(22), Ј.В.(19) и М.В.(47), сите од Кочани, како и И.А.(46) од село Баница, струмичко. Лицата биле приведени затоа што по претходна расправија ...

Пожар избувнал во хотелот „Бруклин” во приморскиот албански град Валона, во кој се повредени повеќе туристи. Од повредените, петмина се пренесени на лекување во Тирана, еден од нив е во критична состојба. Според Министерството за здравство, тројца од повредените се примени во Универзитетската клиничка болница „Мајка Тереза“. Еден од пациентите е во сериозна состојба, поради високиот процент на изгореници и бара континуирано медицинско ...

Израелската војска соопшти дека убила висок командант на единицата Бадр на либанското милитантно движење Хезболах, познат како Абу Хасан Ала, во воздушен напад во областа Деир ел-Захранија во јужен Либан, додека Хезболах соопшти дека ќе одговори на израелските напади „на соодветен начин“. Израелската војска соопшти дека Абу Хасан Ала е убиен во напад извршен како одговор на нападите со беспилотни летала на Хезболах врз израелските сили во ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека предвремените избори ќе бидат распишани многу брзо, „во следните 15, 20 или 25 дена“. Кампањата за парламентарните избори ќе трае во согласност со законот – најмалку 45, а најмногу 60 дена, нагласи српскиот претседател. Кампањата ќе биде „многу долга“, верува Вучиќ најавувајќи дека изборите ќе бидат распишани „многу, многу наскоро“. „Кампањата е предолга, претседателската кампања е обично ...

Денеска, во 12:04 часот, преку Единствениот број за итни повици 112 е примена пријава за повредено лице кое се наоѓало на непристапен терен над Мало Езеро, под антените на Пелистер, информираат од Центарот за управување со кризи. Лицето имало скршеници на двете потколеници и било во свесна состојба, но при движење имало и крварење. „Веднаш по приемот на пријавата, преку ПОРКОА РЦУК Битола беа известени сите надлежни служби, меѓу кои Итната ...

Иранската армија понуди награда од речиси 30.000 долари за секој американски војник кој ќе биде убиен или заробен, објави порталот „Аваш“, а пренесува агенцијата ДПА. Според извештајот, жените кои ќе заробат или убијат американски војници наводно би биле платени двојно повеќе. Наградата наводно ја понудил Амир Хатами, врховниот командант на иранската војска. Ова доаѓа во време на континуирани воени тензии меѓу САД и Иран. Во последните ...

Јавно објавени фотографии на кои се гледаат лица во костими за капење кои се качуваат по надворешниот ѕид на кулата на црквата „Св. Никола“ во Маврово предизвикаа реакција на социјалните мрежи. Авторот на објавата тврди дека станува збор за посетители кои пристигнуваат со комбиња и се качуваат директно на објектот на храмот, „облечени несоодветно за црковен и свет простор“, додека во текстот што ги придружува фотографиите се потенцира дека ...

Во текот на изминатото деноноќие, на целата територија на државата, полициските службеници лишиле од слобода 16 возачи поради безобѕирно управување со моторно возило, соопшти МВР. Од нив, 10 управувале возило под дејство на алкохол. Возачи од Тетово, Кочани, Кичево, Прилеп и Португалија биле запрени и при извршениот алкотест кај нив било констатирано присуство на алкохол. Возач од Турција, кај кого биле измерени 1,98 промили алкохол во ...

Украински беспилотни летала го нападнаа Московскиот регион, во она што гувернерот на регионот, Андреј Воробјов, го нарече еден од најголемите напади врз регионот. Според него, најмалку едно лице загинало. Воробјов на Телеграм изјави дека 83-годишен маж починал во Подолск и дека неколку лица се повредени. Според него, бил погоден магацинот на „Вајлдберис“, најголемиот руски онлајн трговец на мало. Штети беа предизвикани и на неколку други ...

Наместо фокус на подобро образование – ВМРО и министерката Весна Јаневска создадоа хаос во образованието, се отпуштаат наставници и се затвораат над 20 подрачни училишта ширум државата, порача Јованче Манасков од СДСМ. Според Манасков, ВМРО-ДПМНЕ ја партизирала секоја институција, па сега на ред дошле и директорите од училиштата. „Според информациите кои стигнаа до нас, двајца инспектори од Државниот просветен инспекторат, периодов ...

Предметен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапувајќи по кривична пријава поднесена од Министерството за внатрешни работи, донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице. Постои основано сомнение дека осомничениот сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. Имено, во периодот од февруари ...

Две постари жени починаа, а две бебиња се повредени во поплави и лизгање на земјиштето предизвикани од обилните дождови во рурална област во северозападна Шпанија, потврдија локалните власти. Жолто временско предупредување е во сила за седум региони поради прогнозата за бури и обилни дождови, објави Ројтерс . Регионалните служби за итни случаи на Кастиља и Леон соопштија дека жените биле на возраст меѓу 60 и 80 години. Несреќата се случила ...

Вооружени лица со огнено оружје биле откриени во строго заштитената зона на Националниот парк „Пелистер“, на над 2.000 метри надморска височина. Лицата биле забележани во текот на ноќна акција што ја спровеле ренџерите на Националниот парк во соработка со полицијата од СВР Битола. Акцијата се одвивала на исклучително тешко достапен терен. Од Националниот парк „Пелистер“ посочуваат дека зоната со строг режим на заштита често е мета на ...

По елиминацијата од Мастерсот во Синсинати Новак Ѓоковиќ изјави дека има здравствен проблем кој го мачи во последните неколку години. Ѓоковиќ загуби од Тијаго Агустин Тиранте во второто коло со резултат 2:1 (6:2, 4:6, 4:6), а за време на натпреварот повраќаше и видливо се мачеше да дише поради екстремната влажност. „Му честитам на мојот противник. Искрено, ова воопшто не беше пријатен натпревар за мене. Така се чувствував. Не е прв пат, ...

Децении по смртта на Никола Тесла, документите што американските власти ги собрале по неговата смрт продолжуваат да поттикнуваат приказни за тајните проекти на еден од најпознатите пронаоѓачи во историјата. Меѓу нив се белешки за неговиот прочуен „зрак на смртта“, стравувања дека неговите идеи би можеле да стигнат до странски сили, но и необично писмо во кое се споменуваат вонземјани и Венера. ФБИ денес јавно објавува три дела од досието за ...

Вечерва на програмата на „Охридско лето“ се закажани концерт на британскиот состав „Kiiōtō“, како и театарската претстава „Уна“, работена според мотиви од култниот роман на Момо Капор, во продукција на Театарот „Ѕвездара“ од Белград. Љубителите на музиката ќе имаат можност да го проследат настапот на „Kiiōtō“, музички проект зад кој стојат наградуваниот пијанист и композитор Рохан Хит и вокалистката Лу Роудс, позната и како членка на ...

Кога во 2023 година Џејсон Ардеј влезе во Кембриџ како најмладиот црн професор во историјата на универзитетот, неговата биографија звучеше како приказна создадена за насловните страници. Како дете бил дијагностициран со аутизам и развојни тешкотии, според сопственото сведоштво не зборувал до 11 години, а не знаел да чита и пишува до 18. Помалку од две децении подоцна станал професор на еден од најпрестижните универзитети во светот. Три години ...

Дванаесет лица загинаа, а најмалку десет се повредени откако полски автобус се преврте на автопат во источна Унгарија во текот на ноќта, објави унгарскиот премиер Петер Маѓар во објава на Фејсбук. Автобусот паднал во канал и се превртел рано утрово во близина на градот Мезокерештес, на автопатот М3. Полицијата соопшти дека возилото се движело кон градот Њиреѓихаза. Државната новинска агенција МТИ објави дека во него имало 57 патници и двајца ...

Центарот за управување со кризи инфомира дека утрово до 07:30 часот, регистрирани се вкупно 29 пожари на отворен простор. Од нив, активни се шест, под контрола е едена пожар, додека 22 пожари се изгаснати. Активни пожари има во Општина Студеничани: с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер (мешана шума). Општина Македонски Брод: м.в. Видуш, кај с. Драгов Дол и кај с. Локвица (ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки). Понатаму, во ...

Автомото сојузот на Македонија информира дека сообраќајот утрово на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце времето на чекање за излез од држата е околу 30 минути, а на ГП Богородица времето на чекање е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
75%
1026
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
76%
1026
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
2.06
63%
1028
weather icon

Софија

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
84%
1027
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
87%
1028
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 6ᴼ
0.51
86%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

15ᴼ / 13ᴼ
1.54
63%
1022
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
66%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
4.12
65%
1029
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
61%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Бакар

12.58

Родиум

295786.87

Алуминиум

3.07

Платина

49319.25

Иридиум

315077.32

Калај

46.54

Злато

130856.75

Цинк

3.76

Рутениум

61086.42

Кобалт

33.53

Сребро

1670.34

Паладиум

32279.35