Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Oстанува неизвесно само која победа ќе ја славиме. Дали таа што и по три и пол децении не ја оправдавме независноста и не ги остваривме најголемите државни интереси, или пак таа што успесите ги прогласивме за велепредавства Ерол РИЗАОВ Граѓаните на Македонија ќе платат милиони за најголемата прослава на независноста. Помпезно ќе се одбележува 35 годишнината од самостојноста на државата. Ќе гостуваат светски sвезди, веќе е најавен голем ...
Додека Собранието се подготвува на 10 јуни да расправа за Предлог-законот за игри на среќа, кој според проценките може да доведе до затворање на голем дел од легалната индустрија и губење на повеќе од 10.000 работни места, искуствата од регионот покажуваат дека забраните и рестрикциите ретко го решаваат проблемот. Напротив, тие често отвораат простор за развој на нелегални мрежи и криминални структури. Последниот пример доаѓа од Албанија. Во ...
Државниот градежен инспекторат има само четири инспектори за територијата на целата држава, бројка што го отвора прашањето дали Македонија воопшто има функционален систем за контрола на градењето, урбанизмот и ризиците што произлегуваат од големите градежни зафати. На проблемот укажа Наташа Мирошниченко Велјановска од Државниот градежен инспекторат, која во гостување на „Топ тема“ предупреди дека институцијата се соочува со сериозен кадровски ...
Банкарските провизии повторно ја отворија старата дилема во македонскиот финансиски систем: дали платниот промет е обична комерцијална услуга за која банките сами ја диктираат цената, или услуга од јавен интерес без која граѓаните и компаниите не можат нормално да функционираат. Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, порача дека граѓаните треба да добијат поевтини платежни услуги, откако дел од банките најавија зголемување на ...
Винчанската култура останува една од најголемите археолошки загатки на Европа: развиена праисториска заедница со густо организирани населби, занаетчиство, трговија, рана металургија и култура на живеење што не се вклопува во поедноставената претстава за неолитскиот човек. Речиси еден век по првите големи истражувања, научниците сè уште не можат целосно да одговорат на две прашања – каде се погребувале Винчанците и зошто нивната култура ...
Дојави за бомби во училишта во Белград утрово предизвикаа евакуација на ученици и вработени во повеќе образовни објекти, откако на електронските адреси на училиштата пристигнале пораки за наводно поставени експлозивни направи. Според првичните информации, заканите биле испратени по електронска пошта и опфатиле училишта во повеќе белградски општини и приградски населби. Безбедносните протоколи веднаш биле активирани, а наставата во засегнатите ...
Министерството за заштита на животната средина на Република Србија објави официјално известување за проектот за модернизација и изградба на двоколесна брза железница на Коридорот 10 низ Северна Македонија. Известувањето е доставено во согласност со меѓународната конвенција ESPOO за проценка на влијанието врз животната средина во прекуграничен контекст, со оглед на тоа што работите започнуваат на самата граница на двете земји, на преминот ...
Патниците што летово влегуваат во Хрватска треба повнимателно да го подготват багажот, бидејќи од 1 јуни 2026 година почна целосната примена на новите европски царински правила за стока што по патен и железнички транспорт влегува во царинското подрачје на Европската Унија преку Хрватска. Новите обврски главно се однесуваат на превозниците и на стоката што се внесува во ЕУ, но за обичните патници остануваат важни ограничувањата за личен багаж, ...
Помина речиси еден месец откако градоначалникот на Карпош, Сотир Лукровски, практично исчезна од јавноста. Нема прес-конференции, нема јавни настапи, нема обраќања до граѓаните, а општината функционира преку овластен заменик. Официјалното објаснување е дека Лукровски е на боледување поради здравствени причини. Тоа го потврдија и од Општината и премиерот Христијан Мицкоски. Но, колку и да е легитимно секој функционер да има право на приватност ...
Украина изведе далекусежни напади врз цели во Санкт Петербург и Ленинградската област токму на денот кога во Русија започна Петербуршкиот меѓународен економски форум, настан што Кремљ со години го користи како главна бизнис-платформа и кој често се нарекува „руски Давос“. Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека украинските сили погодиле нафтен терминал во Санкт Петербург, оддалечен околу 1.100 километри од украинската граница. ...
Коментарот на Иванка Трамп дека албанскиот остров Сазан е „приватен остров“ што таа и нејзиниот сопруг Џаред Кушнер „случајно го откриле“ дополнително ја разгори јавната расправа во Албанија за големиот туристички проект на јадранското крајбрежје. Во Тирана втор ден продолжија протестите против планот за изградба на луксузен туристички комплекс поврзан со Кушнер. Демонстрантите и еколошките организации предупредуваат дека проектот може да го ...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп предложи нов пакет царини за увоз од 60 земји и економии, меѓу кои е и Европската Унија, со образложение дека трговските партнери не презеле доволно мерки за спречување увоз на стоки произведени со принудна работа. Предлогот доаѓа од Канцеларијата на американскиот трговски претставник и е дел од истрага според член 301 од американското трговско законодавство. Според најавените мерки, ...
СДСМ реагираше по објавите за отворање предмет за поранешниот директор на Царинската управа, Стефан Богоев, оценувајќи дека случајот се отвора во ист ден кога претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, од Скопје повтори дека уставните измени остануваат неопходен чекор за формално отворање на преговорите со Европската Унија. Од опозициската партија тврдат дека тајмингот на случајот отвора сомнежи за политичка позадина и за обид за ...
Околу дел од стадионите на кои ќе се игра Светското првенство во фудбал во 2026 година веќе се тестираат роботски кучиња што треба да им помогнат на безбедносните служби во надзорот на периметрите, проверката на сомнителни предмети и брзото откривање ризични ситуации. Станува збор за четириножни роботи од типот Spot на Boston Dynamics, опремени со 360-степенски камери, термални и акустични сензори, како и системи за препознавање аномалии. ...
Шенки Маслани, попознат како Шенки Версаче, стана познат во регионот како Албанец од Македонија кој е толку опседнат со брендот „Версаче“ што потрошил богатство за сè во неговата куќа да биде обележано со овој познат италијански моден бренд. Тој е многу активен на TikTok, каде што луѓето низ целиот регион го следат неговиот екстравагантен и ексцентричен начин на живот. Шенки има и кафуле, кое е исто така целосно во стилот „Версаче“, а ...
Наставниците, едукаторите и сите заинтересирани за иднината на образованието се поканети на практична презентација посветена на употребата на вештачката интелигенција во наставата, со фокус на безбедна и етичка примена, локални јазици и конкретни алатки што можат да помогнат во секојдневната работа со учениците. Презентацијата, „ВИ писменост за наставници: локални јазици, етичка употреба и практична поддршка во наставата“, ќе се одржи на 5 ...
Нова анкета на „Пулс“ покажува дека политичкиот пејзаж во Грција станал пофлуиден по формалното влегување на Алексис Ципрас и Марија Каристијану на предизборната сцена, пренесува грчки Катимерини. Анкетата за „Скај“ покажа дека Нова демократија сè уште води со 25,5% од намерата за гласање, одржувајќи двоцифрена предност пред партијата на Ципрас, Грчкиот левичарски сојуз (ЕЛАС), од 13,5%. Сепак, владејачката партија останува далеку од прагот ...
Околу дел од стадионите на кои ќе се игра Светското првенство во фудбал во 2026 година веќе се тестираат роботски кучиња што треба да им помогнат на безбедносните служби во надзорот на периметрите, проверката на сомнителни предмети и брзото откривање ризични ситуации. Станува збор за четириножни роботи од типот Spot на Boston Dynamics, опремени со 360-степенски камери, термални и акустични сензори, како и системи за препознавање аномалии. ...
Албанското специјално обвинителство за борба против корупцијата (СПАК) денес потврди дека отворило истрага за проект за крајбрежен одморалиште поврзан со зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер. СПАК потврди дека отворило истрага за контроверзните промени во статусот на заштитеното подрачје и сопственоста на земјиштето во 2024 година, но не откри дополнителни детали, објавува Политико. Кушнер, специјалниот пратеник на ...
На прв поглед, објаснувањето на Кремљ изгледа јасно. Москва тврди дека нападите биле одговор на наводниот украински напад врз студентски дом во окупираниот регион Луганск, во кој руските власти велат дека загинале десетици млади луѓе. Киев негира дека нападнал цивилна цел и инсистира дека погодил воени објекти. Но, аналитичарите гледаат посложена слика зад оваа верзија. Прашањето што сè повеќе се поставува не е што се случило во Старобилск, ...
Маж се забарикадирал во стан во населбата Хехстен во Дортмунд, Германија, во вторник вечерта. Според весникот БИЛД, станува збор за 51-годишен државјанин на Србија кој наводно зел две деца како заложници, а претходно ранил полицаец со истрел. Полицаецот носел заштитен елек, па затоа претрпел само полесни повреди. Српскиот државјанин претходно извршил напад во ресторан, мавтајќи со палка, заканувајќи се на гостите и прскајќи ги со бибер спреј. ...
СДСМ реагираше по прес-конференцијата на премиерот Христијан Мицкоски и претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, оценувајќи дека од Брисел повторно стигнала јасна порака: уставните измени се единствениот начин Македонија формално да ги отвори пристапните преговори со Европската Унија. Од партијата велат дека пораката на Кошта е уште еден доказ за она што, според нив, СДСМ го повторува со месеци. Во реакцијата се наведува дека повеќе ...
Македонија денеска ќе има претежно сончево време со мала до умерена облачност, но стабилниот дел од денот нема да трае долго. Според најавите на УХМР, во попладневните часови на одделни места се очекува локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и можност за изолирана појава на град. Температурите ќе останат релативно високи за овој период од годината. Утринските ќе се движат од 9 до 16 степени, а дневните од 25 до 32 степени. ...
Според извори на ДПА, очекуваното враќање на Серена Вилијамс во тенисот ќе биде во Германија подоцна овој месец. Весникот „Билд“ исто така објави дека освојувачката на 23 гренд слем титули планира да игра на турнирот на трева од 15 до 21 јуни во Берлин. 44-годишната Вилијамс последен пат играше во Берлин во 2008 година, кога турнирот сè уште се играше на земјена подлога. Вилијамс досега не го потврди своето враќање, но се верува дека ќе се ...
ОФФест вечерва започнува во Скопје со јубилејното 25. издание, кое од 3 до 6 јуни ја носи светската музика на домашна сцена, отворајќи ја програмата во Националната опера и балет со два африкански настапи: Guitari Baro во 20 часот и јужноафриканската група BCUC во 22 часот. Фестивалот, кој низ годините изгради препознатлив идентитет преку светска музика, различни култури и силни концертни искуства, оваа година го отвора јубилејот со вечер што ...
Скандал со месни производи може да добие уште поголеми размери, откако Светлана Колариќ од Агенцијата за храна и ветеринарство во гостување на Телма ТВ изјави дека првичните резултати од анализите за сувомеснатите производи се позагрижувачки од веќе утврдените неправилности кај дел од млечните производи. Анализите на АХВ, според објавените информации, покажале дека дел од операторите со храна ги доведуваат во заблуда потрошувачите, продавајќи ...
СДСМ реагираше по прес-конференцијата на премиерот Христијан Мицкоски и претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, оценувајќи дека од Брисел повторно стигнала јасна порака: уставните измени се единствениот начин Македонија формално да ги отвори пристапните преговори со Европската Унија. Од партијата велат дека пораката на Кошта е уште еден доказ за она што, според нив, СДСМ го повторува со месеци. Во реакцијата се наведува дека повеќе ...
Скандал со месни производи може да добие уште поголеми размери, откако Светлана Колариќ од Агенцијата за храна и ветеринарство во гостување на Телма ТВ изјави дека првичните резултати од анализите за сувомеснатите производи се позагрижувачки од веќе утврдените неправилности кај дел од млечните производи. Анализите на АХВ, според објавените информации, покажале дека дел од операторите со храна ги доведуваат во заблуда потрошувачите, продавајќи ...
Семејството на Орбан, според анализата на унгарскиот економски портал G7 што ја пренесоа регионални и унгарски медиуми, заработило повеќе од 64 милиони евра само по основ на дивиденди во периодот додека Виктор Орбан беше на власт, отворајќи нова чувствителна тема за богатството, политичката моќ и бизнис-империите околу неговото семејство. Во анализата се наведува дека таткото на Орбан, Ѓезе Орбан, во изминатите 16 години примил повеќе од 31 ...
Мицкоски за Бугарија изјави дека источниот сосед се соочува со внатрешни проблеми по изборниот процес, но дека Македонија, како добар сосед, е подготвена да помогне ако тоа биде потребно, говорејќи вчера на настан за отворање нов училишен базен во Општина Карпош. Премиерот Христијан Мицкоски рече дека е свесен за внатрешните предизвици со кои, според него, се соочува Бугарија. Тој посочи на постизборни реструктуирања, на процеси во кои, како ...