Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
До нашата редакција пристигна видео на кое загрижени возачи укажуваат на начинот на кој службено возило транспортира отпад низ Скопје. Снимката отвора прашање дали отпадот е соодветно обезбеден и дали ваквиот начин на транспорт ги исполнува условите за безбедно движење низ градските улици. Според Законот за управување со отпадот, оние што собираат отпад се одговорни за неговото безбедно собирање и транспортирање до местото на предавање. ...
Единицата за насилен криминал-Одделение за насилен криминал при СВР Скопје во координација со ОЈО Скопје поднесе кривична пријава по итна постапка против В.А.(26), Д.А.(27) и С.С., тројцата од Скопје, информираат од МВР. Истите се уапсени поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „изнуда“ и „насилство“ по член 258 и член 386 од Кривичниот законик. „На 17.08.2026 околу 15:20 часот на подрачјето на општина Аеродром, поради ...
Цените на храната повторно ќе растат, а најголем скок се очекува кај житото, а особено кај пченицата. Според последните анализи на британската куќа „Оксфорд економикс“, глобалните цени на храната во 2026 година ќе пораснат за 11,8 проценти, а во 2027 година за дополнителни 4,8 проценти. Овој раст директно ќе се одрази врз цените на лебот, тестенините и сите преработки од жито. Екстремните топлотни бранови и сушата што ја зафатија Европа ги ...
Бензинските пумпи во Москва повторно ја ограничија продажбата на бензин поради недостиг на гориво по нападите со украински беспилотни летала врз рафинериите, но и поради зголемената сезонска побарувачка, според извештаите од теренот и податоците од добавувачите на гориво. Проблемите со снабдувањето со гориво започнаа во мај и до јули ги погодија повеќето руски региони. Бензинските пумпи во Москва накратко ги ублажија ограничувањата за ...
Ново прскање против комарце на територија на Град Скопје е закажано за следните денови Градот Скопје ги известува граѓаните дека авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против комарци, ќе се реализира на 20.08.2026 (четврток) и 21.08.2026 (петок) во раните утрински часови. Веднаш потоа, односно од недела 23.08 ќе започне и терестична дезинсекција и ќе трае до 26.08.2026 (среда), во период од 22.00 до 03.00 часот, наредниот ден ...
Фудбалската федерација на Македонија нема да даде поддршка за нов мандат на првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино. Одлуката на ФФМ доаѓа по состанокот на претседателите на членките на УЕФА со претседателот и Извршниот комитет на УЕФА. „Одлуката е донесена по внимателно разгледување на неодамнешните случувања и начинот на кој се води ФИФА, особено во делот на доброто управување, институционалниот интегритет и транспарентноста во односите со ...
Еврото продолжи да зајакнува во однос на американскиот долар и во средата се искачи на највисокото ниво во последните два месеци, додека инвеститорите ги преоценуваат очекувањата за каматните стапки во Европа и САД. Во текот на тргувањето едно евро достигна околу 1,16 долари. Најновите податоци покажуваат курс од околу 1,1606 долари за евро, додека доларскиот индекс ослабе за околу 0,3 проценти. Поддршка за еврото даваат очекувањата дека ...
Франција официјално го легализираше асистираното умирање, откако претседателот Емануел Макрон го потпиша и го прогласи законот што претходно беше усвоен во Парламентот и одобрен од Уставниот совет. Законот воведува право на медицинска помош при умирање под строго утврдени услови. Пациентот ќе може сам да ја земе смртоносната супстанција во присуство на здравствен работник, а доколку физички не е способен да го направи тоа, супстанцијата ќе ...
Четири лица починале од западнонилска треска во Македонија, а заклучно со 18 август се регистрирани вкупно 38 случаи, од кои 36 се потврдени и два се водат како веројатни, покажуваат најновите податоци на Институтот за јавно здравје. Од заболените, 37 се од скопскиот регион, а еден од Велес. Починатите се мажи на возраст од 62 до 83 години од Скопје, кои биле хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести. Кај тројца од нив биле ...
На Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип денеска почна првиот уписен рок за академската 2026/2027 година. На кандидатите им се достапни 47 акредитирани студиски програми на 12 факултети и три академии. За новата академска година се предвидени вкупно 3.341 слободно место, од кои 1.629 за редовни студенти, а останатите за вонредни студенти и за студирање со кофинансирање. До почетокот на уписите биле поднесени околу 1.000 електронски пријави. ...
Четири лица починале од западнонилска треска во Македонија, а заклучно со 18 август се регистрирани вкупно 38 случаи, од кои 36 се потврдени и два се водат како веројатни, покажуваат најновите податоци на Институтот за јавно здравје. Од заболените, 37 се од скопскиот регион, а еден од Велес. Починатите се мажи на возраст од 62 до 83 години од Скопје, кои биле хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести. Кај тројца од нив биле ...
Астон Вила официјално ги потврди трансферите на јапонскиот голман Зајон Сузуки од Парма и италијанскиот лев бек Матео Руџери од Атлетико Мадрид, продолжувајќи со сериозното засилување на тимот пред почетокот на новата сезона во Премиер лигата. Сузуки има 23 години и во изминатите две сезони запиша 59 настапи за Парма. За репрезентацијата на Јапонија има 22 настапи, а беше дел и од Светското првенство годинава. Неговото доаѓање дополнително ја ...
Македонија од четврток влегува во нов период на многу топло време, а температурите ќе растат до сабота. Според актуелните метеоролошки модели, најтопло ќе биде во Скопската Котлина, Повардарието и југоисточните делови, каде дневните максимуми ќе се приближат до 40 степени. Во Скопје во четврток се очекуваат околу 38 степени, а во петок температурата може да достигне 40 степени. Многу топло ќе остане и во текот на викендот, со максимални околу ...
Иран истражува опции за напад врз американски воени цели во Европа доколку американскиот претседател Доналд Трамп нареди нова ескалација против Исламската Република, објави „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на луѓе блиски до иранскиот режим. Според публикацијата, иранските сили ги проценуваат потенцијалните напади врз американските воени објекти во југоисточна Европа, вклучително и во Бугарија. Софија неодамна им дозволи на американските ...
СДСМ бара власта веднаш да ги објави официјалните анализи за квалитетот на водата во Гостивар и јавно да соопшти кој ги потпишал резултатите и која институција гарантира дека водата е безбедна за пиење. Членката на Извршниот одбор на СДСМ, Наташа Поповиќ, на прес-конференција изјави дека граѓаните и по пет недели немаат увид во официјалните документи за исправноста на водата. „Ако сè е во ред, тогаш прашањето е многу едноставно: зошто пет ...
Србија наскоро ќе има 40 борбени авиони, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ за време на посетата на Куршумлија. Според него, состојбата на српската воена авијација денес е „неспоредлива“ со онаа од пред 12-13 години, кога, според неговата проценка, Воздухопловните сили имале само еден борбен авион подготвен за борба. Вучиќ ја даде својата изјава за време на посетата на производствените погони на фабриката „Јумко“ во Куршумља, ...
Опозициската СДСМ обвини дека единствениот државен ПЕТ-скенер во земјава не работи повеќе од еден месец, поради што онколошките пациенти повторно се упатуваат на приватна дијагностика. Во партиско соопштение СДСМ тврди дека пациентите со малигни заболувања повторно се соочуваат со чекање и дополнителни трошоци, бидејќи ПЕТ-скенерот не е во функција. Според опозицијата, министерот за здравство Сашо Клековски објаснил дека апаратот не е ...
Чешка е подготвена да помогне во барањето решение за спорот меѓу Македонија и Бугарија, изјави чешкиот министер за надворешни работи Петар Мацинка по средбата со министерот Тимчо Муцунски во Охрид. Според него, прашањето веќе не е само билатерално, туку е дел од поширокиот европски процес. „Тоа веќе не е билатерално прашање меѓу Македонија и Бугарија, туку, врз основа на заклучоците на Европскиот совет од 2022 година, стана мултилатерално ...
Во Грција, две лица се уапсени за подметнување пожари во одделни инциденти во Трикала и Каристос. Во првиот случај, 46-годишен грчки државјанин е уапсен за пожар што избувнал во областа Генеси во Трикала на 17 август, објави ЕРТ. Истрагата покажа дека пожарот бил намерно предизвикан со употреба на отворен пламен. Во текот на понатамошната истрага, пронајдени се докази што го поврзуваат 46-годишникот со два други пожари што избувнале во ...
Полицијата приведе 59-годишен државјанин на Летонија, откако во автомобил што го управувал биле пронајдени десет мигранти од Египет, соопшти Министерството за внатрешни работи. Случајот бил откриен на 17 август околу 22 часот во гевгелиското село Богородица. Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Богородица го запреле Р.С. (59) од Летонија. При контролата на автомобил „фиат типо“ со скопски ...
Во Општина Аеродром има граѓани заболени од западнонилска треска, но досега не се утврдени жаришта со комарци на територијата на општината, изјави градоначалникот Дејан Митески. Според него, надлежните служби продолжуваат со мерките во координација со Институтот за јавно здравје, Центарот за јавно здравје и Град Скопје. „Жаришта нема утврдено, меѓутоа има заболени на територијата на Општина Аеродром и претпоставувам дека се поради контакт во ...
Полицијата приведе 59-годишен државјанин на Летонија, откако во автомобил што го управувал биле пронајдени десет мигранти од Египет, соопшти Министерството за внатрешни работи. Случајот бил откриен на 17 август околу 22 часот во гевгелиското село Богородица. Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Богородица го запреле Р.С. (59) од Летонија. При контролата на автомобил „фиат типо“ со скопски ...
Состојбата со пожарите во Србија останува сериозна, а Делиблатското песочиште продолжува да биде најпроблематичното подрачје. Според најновите официјални податоци од српското Министерство за внатрешни работи и владата, ситуацијата на другите клучни локации е делумно стабилизирана, но високите температури, сувата вегетација и силните ветрови создаваат ризик од повторно ширење на пожарот, јавуваат тамошните медиуми. Според податоците од ...
Србија би можела да оди на предвремени парламентарни избори веќе кон крајот на октомври, иако официјална одлука сè уште нема. Според информации на „Нова.рс“, таков термин се споменува во редовите на владејачката Српска напредна странка, додека претседателот Александар Вучиќ во последните месеци повеќепати ги посочува октомври и ноември како можен период за гласање. Дополнителни шпекулации предизвика изјавата на белградскиот градски менаџер ...
Опозицискиот СДСМ реагира на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски за јулската инфлација од 2,3 отсто, оценувајќи дека споредбата со 2022 година е „намерна и манипулативна“. Од партијата велат дека Мицкоски ја споредува актуелната инфлација со 2022 година, кога инфлацијата на трошоците на живот достигна 16 отсто, а индексот на цените на мало околу 14 отсто. Според СДСМ, 2022 година била период на исклучително тешка светска економска и ...
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против двајца турски државјани, Т.Д. (55) и З.Д. (54), поради сомнение дека сториле кривично дело „изнуда“. Според полицијата, во периодот од 2019 до 2026 година, пријавените со закани присилиле 66-годишен жител на Гостивар и неговиот 41-годишен син да им предадат изработено злато со вкупна тежина од 43 килограми и 800 грама. Од МВР наведуваат дека ...
Обичната количка за пазарење постепено се претвора во дигитален асистент. Супермаркетите во Европа и САД се почесто тестираат паметни колички со вештачка интелигенција, камери, сензори и екрани, кои можат автоматски да препознаат што става купувачот внатре, да ја пресметуваат сметката и да го забрзаат плаќањето. Новите системи користат компјутерски вид и различни сензори за да ги препознаат производите уште при нивното ставање во количката. ...
Меколи Калкин би можел повторно да ја игра улогата на Кевин Мекалистер во нов филм од култната франшиза „Сам дома“, 36 години по премиерата на оригиналниот филм. Проектот засега е во рана фаза и сè уште нема официјална потврда од Disney дека ќе биде реализиран. People претходно објави дека Калкин лично предложил идеја за нов филм, а извор близок до проектот тврди дека таа добила позитивни реакции во Disney и е блиску до добивање зелено ...
Синхроницитет е поим што го воведува Карл Густав Јунг за навидум случајни совпаѓања на настани кои немаат причинско-последична врска, но за човекот што ги доживува носат силно и лично значење. Миле БОШЊАКОВСКИ Минатата недела напишав колумна за моите размислувања во врска со Охридскиот рамковен договор. Во неа делумно пишував и за себе или каде бев, што правев и како ја доживеав 2001 година. Деновиве гледам дека дебатата за настаните од 2001 ...
Обичната количка за пазарење постепено се претвора во дигитален асистент. Супермаркетите во Европа и САД се почесто тестираат паметни колички со вештачка интелигенција, камери, сензори и екрани, кои можат автоматски да препознаат што става купувачот внатре, да ја пресметуваат сметката и да го забрзаат плаќањето. Новите системи користат компјутерски вид и различни сензори за да ги препознаат производите уште при нивното ставање во количката. ...