Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Голем пожар вчера попладне стигнал до прилепското село Чаниште во Мариово и зафатил повеќе од 20 куќи и плевни. Четворица жители побарале медицинска помош поради вдишување чад, а пожарникарите со часови се бореле огнот да не предизвика уште поголема штета. Пожарот бил пријавен околу 15 часот, откако Полициската станица за граничен надзор Старавина известила дека гори на околу 200 метри пред селото. Огнот најпрво зафатил сува трева и ...
„130 не е само број. Тоа се 130 наши приказни, 130 соништа, 130 срца кои ќе чукаат за едно знаме.“ Со оваа порака Македонскиот олимписки комитет ја најави македонската делегација за Медитеранските игри Таранто 2026, каде Македонија ќе има најмасовно присуство досега на ова големо мултиспортско натпреварување. Македонскиот тим брои околу 130 учесници и ќе настапи во 19 различни спортови. Дека станува збор за најбројната македонска делегација ...
Македонија во Софија испраќа дипломат кој зад себе има повеќе од две децении работа со меѓународна трговија, европска интеграција и економска дипломатија, но и едно искуство што малкумина македонски амбасадори го имаат – водење дипломатска мисија во момент кога во земјата започнува војна. Крум Ефремов ќе биде новиот македонски амбасадор во Бугарија. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска потврди дека ...
Еуфоријата околу вештачката интелигенција ги турна технолошките акции до вреднувања што потсетуваат на периодот непосредно пред пукањето на дот-ком балонот. Економисти од Европската централна банка предупредуваат дека корекција на пазарот е веројатна и дека евентуален пад на Волстрит нема да остане само американски проблем. Во анализа објавена на блогот на ЕЦБ, петмина економисти поставуваат директно прашање: дали сегашниот бум е рационален ...
Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго прерасна во најсмртоносната што земјата ја има регистрирано. Според најновите владини податоци, потврдени се 4.945 случаи и 2.325 починати, со што бројот на жртви веќе го надмина оној од големата епидемија во периодот 2018-2020 година. Само во последните 24 часа биле регистрирани уште 101 инфекција и 33 смртни случаи. Повеќе од 1.000 пациенти се опоравиле, додека околу 730 лица и натаму се ...
Додека премиерот Христијан Мицкоски се фали со економски резултати, граѓаните од денеска плаќаат значително поскапи бензин и дизел, реагираат од СДСМ по најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика. Од опозициската партија посочуваат дека бензините од денеска се поскапи за 4,5 денари за литар, а дизелот за 6,5 денари, оценувајќи дека новото поскапување директно го погодува животниот стандард. „Владата повторно не презеде ниту ...
СДСМ бара Јавното обвинителство да отвори истрага за експлозивната направа фрлена во домот на вработен во Министерството за внатрешни работи во Бардовци, а генералниот секретар на партијата Александар Саша Димитријевиќ денеска изнесе сомнежи дека зад нападот можеби стојат бизнис интереси, тендери и наводни провизии. Според Димитријевиќ, бомбата била фрлена на 16 август во домот на Милко Бошковски, за кого СДСМ тврди дека е вработен во МВР и ...
Ведрана Рудан почина денеска на 76 години. На нејзината официјална страница немаше патетика, големи зборови или пригодна реченица каква што обично се пишува кога некого веќе го нема. Имаше само нешто што звучеше токму како неа: „Ведрана замина во подрачје без сигнал.“ И можеби поинакво збогување не би и прилегало. Затоа што Ведрана Рудан цел живот бегаше од речениците што „треба“ да се кажат. Кога требаше да биде пристојна, пцуеше. Кога се ...
Требало да биде обично копање за базен, а завршило со откривање вистинско богатство. Жител на Невил-сир-Сон, во близина на Лион, во сопствениот двор пронашол пет златни прачки и голем број златници, внимателно спакувани во пластични кеси и закопани под земја. Човекот ја купил куќата само една година претходно и немал никаква претстава дека под дворот се крие злато. Кога при ископувањето се појавиле кесите, наместо да го задржи откритието во ...
Необична и за многумина непријатна слика денеска доаѓа од хрватското крајбрежје. Во морето во близина на Ровињ се забележани голем број медузи, а снимките и фотографиите објавени на социјалните мрежи покажуваат дека на одредени места ги има непосредно под површината и во близина на брегот. Според сведоштвата што ги пренесуваат локалните медиуми, на дел од локациите концентрацијата е толку голема што капачите тешко можат да влезат во вода без ...
Во Македонија во текот на јули се регистрирани 11 нови случаи во категоријата ХИВ/СИДА, покажува најновиот месечен билтен на Институтот за јавно здравје. Девет од новорегистрираните лица се мажи, а две се жени. Сите случаи се кај лица на возраст од 20 до 49 години. Официјалните податоци на ИЈЗ покажуваат дека заклучно со 30 јуни 2026 година, во Македонија од почетокот на евиденцијата во 1987 година биле регистрирани вкупно 765 лица со ...
Во Македонија во текот на јули се регистрирани 11 нови случаи во категоријата ХИВ/СИДА, покажува најновиот месечен билтен на Институтот за јавно здравје. Девет од новорегистрираните лица се мажи, а две се жени. Сите случаи се кај лица на возраст од 20 до 49 години. Официјалните податоци на ИЈЗ покажуваат дека заклучно со 30 јуни 2026 година, во Македонија од почетокот на евиденцијата во 1987 година биле регистрирани вкупно 765 лица со ...
Apple прави промени во својата инструкција за следење на апликациите за iPhone во европските земји по критиките од регулаторите за конкуренција и отпорот од рекламната индустрија, со што завршува истрагата на германската Федерална канцеларија за картели. Инструкцијата им овозможува на корисниците да ги спречат апликациите да ја собираат нивната активност низ други услуги за рекламни цели. Рекламната индустрија се спротивстави на тоа, додека ...
Војната со Иран трае речиси шест месеци, мировниот договор и натаму е далеку, привремениот договор од јуни практично пропадна, а Ормутскиот Теснец останува една од најголемите точки на спор. Во тој момент американскиот историчар и професор од Принстон, Џулијан Е. Зелизер, ја поставува споредбата со еден друг републикански претседател: Роналд Реган. Неговиот заклучок е директен – силната реторика сама по себе не е стратегија. Зелизер во ...
Етна повторно е активна. Највисокиот активен вулкан во Европа во понеделникот исфрлаше густ чад и вулканска пепел над Сицилија, а снимките од терен покажуваат нови еруптивни импулси и вител од прашина во близина на падините. Новата активност е продолжение на подолг еруптивен период кој веќе со денови создава проблеми во источна Сицилија. Поради пепелта, аеродромот во Катанија минатата недела беше затворен во повеќе наврати, а стотици летови ...
Јубилејната година на Фолтин продолжува да се движи низ градовите, низ музиката и низлуѓето со кои три децении ја споделуваат својата приказна. Изминатиов викенд Охрид беше една од станиците на Фолтин. Во KULT културен центар се одржа слушачка промоција на FOLTIN LIVE, двојниот винил со кој концертната енергија на Фолтин продолжува да живее и надвор од сцената. Албумот се слушаше на врвен звук обезбеден од инженерингот на „ТЕОХАРОВ”, во ...
Во извонедниот амбиент на Долни Сарај вчеравечер беше реализиран уште еден од низата успешни концерти од музичката програма на „Охридско лето“. Овојпат, главни актери беа младите музичари од регионот, обединети во Младинскиот оркестар на Западен Балкан. Вкупно 75 врвни инструменталисти-членови на оркестарот, под диригентската палка на маестро Десар Сулејмани, музицираа со фантастична мотивираност, ослободувајќи моќна творечка енергија која ...
Првиот електричен автомобил на италијанскиот производител на луксузни автомобили Ферари постави рекорд за највисока цена платена за нов автомобил на аукција, само неколку месеци откако беше претставен моделот, предизвикувајќи големи реакции. Ферари Лус, првиот електричен автомобил на компанијата, изработен по нарачка, е продаден за 40 милиони долари (34,5 милиони евра) на добротворна аукција организирана од RM Sotheby’s во САД, објави ...
Партијата за правда и развој (АКП), која владее со Турција четвртина век, ја одбележува својата 25-годишнина во време кога земјата е во уште еден период на политичка тензија и длабоки поделби меѓу владејачките и опозициските партии*. Основана на 14 август 2001 година, под водство на Реџеп Таип Ердоган, АКП стана доминантна политичка сила во Турција, победувајќи на парламентарните избори во ноември 2002 година и оттогаш останува во центарот на ...
Речиси цела Македонија денеска е во зона со висок ризик од пожари, покажува метеоролошкиот индекс на пожар. Центарот за управување со кризи предупредува дека актуелните временски услови создаваат сериозна опасност од избувнување и брзо ширење на пожари на отворено и шумски пожари со висок интензитет. На картата најголем дел од земјата е означен со портокалова боја. Исклучок се Шар Планина и подрачјата околу Охрид и Ресен, каде што ризикот е ...
„Уна“- интимна, поетична и визуелно впечатлива театарска приказна за борбата на индивидуалецот и љубовта Театарската претставата „Уна“ работена по текст на истоимениот роман на Момо Капор, во адаптација на Стеван Копривица, режија на Дејан Пројковски и во продукција на театарот „Звездара“ од Белград, вчеравечер беше вистински празник на драмскиот репертоар на 66. „Охридско лето“. Во време кога технологијата и социјалната пропаганда го ...
Хрватската писателка, новинарка и колумнистка Ведрана Рудан почина на 76-годишна возраст, по долга борба со рак. Веста ја потврдиле извори блиски до неа, а утрово на нејзиниот официјален профил беше објавена кратка порака: „Ведрана отиде на подрачје без сигнал“. Токму тие зборови Рудан претходно ги употреби кога зборуваше за сопствената смрт. Во едно од своите последни телевизиски гостувања рече дека сака луѓето кои ги сака нејзиното ...
Од денеска почнува првиот уписен рок на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Матурaнтите кои сакаат да станат бруцоши на најголемиот универзитет во земјава ќе можат да се пријавуваат денеска и утре, 18 и 19 август. За академската 2026/2027 година на 23 факултети се понудени вкупно 8.851 место. Од вкупниот број, 4.395 места се во државна квота, 3.621 се за редовни студенти со кофинансирање, а 835 се предвидени за вонредни студенти. ...
Обидот на Грција да ги врати врвните научници дома по финансиската криза не успеа поради пропаѓањето на клучната програма поддржана од ЕУ, известува Нектарија Стамули за Политико. Амбициозниот план за справување со „одливот на мозоци“ се претвори во фијаско, оставајќи ги академските тимови во неизвесност со години без официјална информација за откажувањето на проектот. Фокусот на гневот во научните кругови е програмата „Верувај во своите ...
Откако двајца осомничени се изјаснија за виновни и беа осудени на затворски казни, Обвинителството за организиран криминал на Северна Македонија објави дека истрагата за транспортот на пет тони марихуана во Србија е проширена на уште седум лица. Како што е наведено во соопштението, на 10 август, Основниот кривичен суд во Скопјe донесе две пресуди врз основа на предлогот за спогодба склучена од Обвинителството за организиран криминал со двајца ...
За да ја раскажеме Македонија, ни треба цела плејлиста. Четири минути не собираат држава, ниту 35 точки ја затвораат нејзината историја. Историјата нема Б-страна: не е важно кој победил, туку што останало. И повторно — има уште. Андреја СТОЈКОВСКИ Независноста ја стекнавме во 1991 година, но нејзината содржина ја создаваме секој ден оттогаш. Ова се уште 35 одредници во кои Македонија се бранела, се менувала, се подобрувала или се ...
Романија е домаќин на мултинационалната вежба на НАТО „EAGLE SPEARHEAD“, која моментално е во центарот на вниманието со Денот на посетители на високо ниво во тренинг центарот Гетица во близина на Чинцу, Брашовска област. Вежбата е организирана од Борбената група на НАТО Романија, а Франција е рамковна земја. Учествуваат околу 1.000 воени лица од седум сојузнички земји – Белгија, Франција, Италија, Луксембург, Португалија, Шпанија и Романија, ...
За прв пат по неколку недели, преоптоварените пожарникари на Грција можат да очекуваат одреден одмор на 17 август откако властите за цивилна заштита го зголемија нивото на ризик од пожари на трето, максимално ниво на скала од пет степени. Поголемиот дел од централна и јужна Грција, вклучувајќи го регионот на Атина, егејските острови, Крит и Тракија, се означени како зони на ризик од трета категорија, додека остатокот од земјата е прогласен за ...
Денот на Армијата оваа година отвора едно поинакво прашање: што значи да се брани држава во време кога првиот удар можеби нема да биде со ракета, туку со код? Кога на 18 Август се одбележува Денот на Армијата, сликата за војникот најчесто е препознатлива: униформа, оружје, оклопно возило, строј и знаме. Тоа е сликата на Армијата каква што ја знаеме. Но војната што ја менува безбедносната архитектура на Европа веќе не изгледа само така. Денес ...
Македонија обезбеди 500.000 дози вакцина против сипаници кај овците и козите како донација од Турција, но тоа не значи дека вакцинацијата може веднаш да почне, ниту дека таа сама по себе ќе ја запре епидемијата. Министерството за земјоделство и Агенцијата за храна и ветеринарство соопштија дека вакцините треба да пристигнат во следните денови, по што мора лабораториски да се испитаат нивната безбедност и чистота, а дури потоа ќе може да почне ...