„Мал Бадентер“ ќе биде процедурата по која во Собранието ќе се носи Предлог-законот за соодветна и правична застапеност, откако Комитетот за односи меѓу заедниците одлучи дека за законот ќе биде потребно мнозинство од присутните пратеници и мнозинство од присутните пратеници што припаѓаат на немнозинските заедници. Одлуката на Комитетот ја отвори политичката расправа околу тоа дали ваква процедура е доволна за закон што ја регулира правичната ...

Во правната јавност сѐ уште нема јасен одговор каде се содржани елементите на криминал во случајот „Мазут“. Професорот Гордан Калајџиев, во гостување во „Студио 10“ на Телевизија 24, посочи дека за случајот не биле презентирани докази во јавноста. Истовремено, според него, не се отвора прашањето за последиците што ги претрпеле осомничените во текот на истрагата. Од она што јавноста можеше да го види, не е јасно каде е криминалот и ...

Ерменија на 7 јуни гласа на парламентарни избори што ја надминаа домашната политика. Премиерот Никол Пашинјан бара нов мандат за мир со Азербејџан и за подлабоки врски со Западот, додека Москва го гледа гласањето како тест дали една од нејзините поранешни сигурни сојузнички дефинитивно се лизга надвор од руската орбита. OSCE/ODIHR веќе распореди набљудувачка мисија за изборниот ден. Влогот е поголем од бројот на пратеници во Ереван. Ројтерс ...

Едноставен тест на крв може да помогне во проценката на тоа колку долго би можела да живее една личност по навршување на 70 години, покажуваат нови научни истражувања кои привлекуваат големо внимание во медицинската заедница. Станува збор за анализа на одредени молекули во крвта, кои се поврзуваат со биолошкото стареење и функционалната состојба на организмот. Истражувачите наведуваат дека овие биомаркери можат да дадат појасна слика за ...

Во Македонија во моментов над 650 пациенти се на листа на чекање за вградување вештачки колк, што укажува на значително оптоварување на здравствениот систем и долги рокови на чекање за оваа хируршка интервенција. Станува збор за пациенти кај кои поради дегенеративни промени, артритис или повреди е неопходна замена на колкот со вештачка протеза, интервенција која најчесто се применува за намалување на болката и подобрување на подвижноста. ...

Министерството за надворешни работи на Србија упати повик за итна и темелна истрага околу околностите на смртта на српскиот припадник на мировната мисија на Обединетите нации во Либан, кој загина по пад на проектил врз база на УНФИЛ. Според информациите, српскиот војник бил дел од контингентот на мировните сили во јужен Либан, каде што во последните денови се бележат засилени судири и артилериски напади. Инцидентот се случил кога проектил ...

Законот за игри на среќа, кој треба да се најде во прво читање во Собранието на 10 јуни, отвори сериозен судир меѓу легалната индустрија и институциите, откако АСОМ предупреди дека предложените измени може да предизвикаат економски крах, губење на 10.000 работни места и префрлање на играчите кон црниот пазар. Од Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија тврдат дека мерката за оддалеченост од 500 метри не е обична просторна ...

Поранешен руски разузнавач изјави дека Русија ќе остане во состојба на долготраен конфликт со Западот и дека земјата практично ќе биде „во војна со децении“, оценувајќи дека сегашните геополитички тензии нема брзо да се намалат. Според неговите оценки, актуелните воени и безбедносни конфликти во кои е вклучена Русија не се изолирани инциденти, туку дел од поширок и долгорочен стратегиски судир кој ќе трае со години. Тој смета дека односите ...

МВР информира дека во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода седум возачи за безобѕирно управување возило, од кои шест возеле без возачка дозвола, а еден и покрај тоа што имал забрана за управување возило. Три лица во Битола возеле без возачка дозвола и по едно лице во Скопје, Неготино и Кичево. Додека, едно лице во Кичево управувало возило и покрај тоа што имал забрана за ...

Во сабота започнува полагањето на државната матура за матурантите во земјата, со што завршува една од најважните фази во средното образование и се отвора патот за упис на високообразовните установи. Според информациите од надлежните институции, матурантите ќе го полагаат задолжителниот екстерен испит по мајчин јазик, а потоа во следните денови ќе следуваат останатите предмети во рамки на матурскиот испитен циклус. Државната матура се ...

Сувомеснатите производи како салами, шунки и колбаси се меѓу најчесто консумираната храна, но сè почесто се отвора прашањето што всушност се наоѓа во нивниот состав и колку сол и вода содржат. Според стручни анализи и нутритивни податоци, голем дел од индустриски произведените сувомеснати производи содржат значителни количини вода и сол, кои се додаваат со цел подобрување на вкусот, текстурата и рокот на траење. Водата најчесто се користи за ...

Француските разузнавачки служби испратиле предупредување до безбедносните органи во Црна Гора за сомнителен чартер-лет од Белград кон Тиват, по што црногорските власти спровеле засилени проверки на патниците при нивното слетување на аеродромот, објавуваат регионални медиуми. Според информациите, по добиените разузнавачки податоци, летот бил издвоен за детална контрола, при што биле проверувани околностите за доаѓањето на групата патници и ...

Во пожар во нерегистриран дом за стари лица во Шри Ланка, 12 лица загинаа, а осум се повредени, соопшти денес полицијата. Пожарот избувнал доцна синоќа во куќа во градот Ангуруватота. 51 корисник беа спасени, изјави портпаролот на полицијата. Тој изјави дека во домот биле сместени луѓе со ментални болести. Директорот на домот беше уапсен под сомнение за небрежно предизвикување смрт на луѓе. Директорот на Националниот секретаријат за стари ...

Хрватска е на пат да изгради патека за Формула еден и со тоа да стане првата балканска држава која има ваков објект. Меѓународниот автодром „Croatia Ring“ направи огромен чекор напред откако хрватското Министерство за заштита на животната средина го одобри еколошкиот елаборат за овој грандиозен проект. Со ова се отвора патот за изградба на модерен комплекс. Највисоки ФИА стандарди на патеката крај реката Корана Проектот се планира да се ...

МВР информира дека во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода седум возачи за безобѕирно управување возило, од кои шест возеле без возачка дозвола, а еден и покрај тоа што имал забрана за управување возило. Три лица во Битола возеле без возачка дозвола и по едно лице во Скопје, Неготино и Кичево. Додека, едно лице во Кичево управувало возило и покрај тоа што имал забрана за ...

Хрватската полиција добила пријава за пад на мал авион во областа Медулин во 11:25 часот. „На 4 јуни во 11:18 часот, примена е пријава за пад на мал авион во областа Кампанож (во близина на аеродромот Медулин). Пријавата е потврдена, сите служби за итни случаи (полиција, брза помош и пожарникари) се на местото на настанот и преземаат мерки и дејствија во рамките на нивната надлежност“, соопшти полицијата. Четири лица загинаа. Според ...

Влегуваме во клучната недела пред стартот на најголемиот фудбалски настан во историјата. Точно 7 дена не делат од првиот свиреж на стадионот „Ацтека“. Изминатото деноноќие донесе голем страв во таборот на Шпанија, експлозија на Килијан Мбапе во Франција и првите сериозни поплаки за логистиката во САД. Еве ги најважните мундијалски вести кои ја одбележаа спортската јавност во последните 24 часа: Паника во Шпанија: Ламин Јамал го напушти ...

Во Македонија во 2025 година се склучени 10.507 бракови, што е намалување од 5,1 процент во однос на претходната година, додека бројот на разводи е зголемен за 8 проценти, покажуваат новите податоци на Државниот завод за статистика. Најмногу бракови биле склучени во август – 1.362, односно 13 проценти од вкупниот број. Најмалку венчавки имало во март, кога биле регистрирани 473 брака. Првиот брак и натаму е доминантен, со учество од 92,8 ...

Под јужна Европа и во планинските појаси околу Јадранот се наоѓаат геолошки траги од древна копнена маса што научниците ја нарекуваат Голема Адрија. Темата повторно се појави во регионалните медиуми, но не станува збор за ново откритие од 2026 година, туку за научна реконструкција објавена во 2019 година, која детално ја објаснува тектонската историја на Медитеранот во последните 240 милиони години. Голема Адрија била копнена маса приближно ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека ќе патува во Тиват на самитот Европска унија – Западен Балкан, и покрај предупредувањето од српската Безбедносно-информативна агенција дека посетата носи висок безбедносен ризик. Самитот треба да се одржи на 5 јуни во Црна Гора, во период на зголемени тензии меѓу Белград и Подгорица. БИА, според објавените информации, го советувала Вучиќ да не патува поради, како што е наведено, активности на ...

Одбраната на поранешниот директор на Царинската управа, Стефан Богоев, понудила гаранција во пари и имот за тој да се брани од слобода, но судот не ја прифатил и му определил мерка притвор во траење од 30 дена. Одбраната најави жалба на решението, оценувајќи дека присуството на осомничените можело да се обезбеди со поблаги мерки. Адвокатката на Богоев по рочиштето изјави дека станува збор за предмет од финансиска природа, а не за насилен ...

Агенцијата за храна и ветеринарство во 2024 и 2025 година спречила повеќе од 367 тони небезбедна храна да завршат на македонскиот пазар, соопшти директорот на АХВ, Оливер Миланов, на настанот по повод 15 години од постоењето на институцијата и Светскиот ден на безбедноста на храната. Според Миланов, во изминатите две години биле интензивирани инспекциските контроли на домашното производство, прометот и увозот на храна. На пазарот не биле ...

Сообраќајна несреќа на улицата „Бутелска“ во Скопје ги изнесе жителите на Бутел, Расадник и Радишани на протест, откако товарно возило удрило во 17-годишен пешак. Според информациите што ги пренесе МВР, несреќата била пријавена на 2 јуни во 15:30 часот во СВР Скопје. Во полициската информација се наведува дека товарно возило „фиат дукато“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 31-годишен скопјанец, удрило во малолетник од Скопје. ...

Албанскиот премиер Еди Рама влезе во остра расправа со новинарката Иса Соарес во интервју за CNN, откако беше прашан за контроверзниот туристички проект кај Звернец, поврзан со инвестициски структури блиски до Џаред Кушнер, зетот на американскиот претседател Доналд Трамп. Проектот во последните денови предизвика масовни протести во Албанија, поради стравувањата дека може да го загрози заштитеното подрачје Вјоса-Нарта, кое е живеалиште на ...

Под јужна Европа и во планинските појаси околу Јадранот се наоѓаат геолошки траги од древна копнена маса што научниците ја нарекуваат Голема Адрија. Темата повторно се појави во регионалните медиуми, но не станува збор за ново откритие од 2026 година, туку за научна реконструкција објавена во 2019 година, која детално ја објаснува тектонската историја на Медитеранот во последните 240 милиони години. Голема Адрија била копнена маса приближно ...

Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, ја отвори темата за куповната моќ како реална мерка за состојбата во економијата, оценувајќи дека растот на БДП не може да се чита одвоено од цените што граѓаните ги плаќаат во маркетите, на пазарите и за основните животни трошоци. Битиќи посочи дека економијата не се мери само преку владините оценки за раст, туку преку тоа колку производи може да купи едно домаќинство со својата плата. Во неговата изјава, ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски најави дека следната недела е можна средба на високо ниво во Софија, за време на неговата посета и посетата на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на регионален настан во Бугарија. Според него, таква средба во моментов не е договорена, но не би била изненадување ако се одржи. Муцунски изјави дека Македонија треба да води дијалог со Бугарија и дека комуникацијата со ...

Германија не успеа да обезбеди непостојано место во Советот за безбедност на Обединетите нации за мандатот 2027-2028 година, откако во гласањето во Генералното собрание на ОН повеќе гласови добија Австрија и Португалија. Во групата западноевропски и други држави се избираа две места. Португалија доби 134 гласа, Австрија 131, а Германија 104 гласа, со што Берлин остана трет во трката и првпат не успеа да влезе во Советот по кандидатура за ова ...

Македонија денеска, 4 јуни, ќе биде под влијание на нестабилна воздушна маса со повремени врнежи од дожд, локални грмежи и засилен ветер. Според најавата на УХМР, наместа процесите ќе бидат поинтензивни, во форма на невреме со пообилен пороен дожд, над 20 литри на квадратен метар, грмежи и засилен ветер. За делови од земјата е активно портокалово предупредување за дожд, кое важи до вечерните часови. Такво предупредување е регистрирано за ...

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ влезе во нов институционален фокус по конечниот извештај на Државниот завод за ревизија за 2024 година, во кој се констатирани неправилности во дел од исплатите, јавните набавки, внатрешните контроли и постапките поврзани со приемот на нови слушатели. Ревизорите изразиле мислење без резерва за реалноста и објективноста на финансиските извештаи, но мислење со резерва за усогласеноста со ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
2.21
30%
1013
weather icon

Белград

30ᴼ / 30ᴼ
3.85
44%
1010
weather icon

Загреб

31ᴼ / 31ᴼ
0.45
42%
1009
weather icon

Софија

26ᴼ / 26ᴼ
2.51
35%
1013
weather icon

Сараево

32ᴼ / 32ᴼ
3.41
33%
1012
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 27ᴼ
2.24
56%
1009
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
4.47
47%
1014
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
3.74
44%
1015
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
3.22
38%
1015
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 27ᴼ
2.68
38%
1011
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 17ᴼ
2.68
78%
1011
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 22ᴼ
1.21
57%
1014
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Рутениум

48965.59

Платина

55170.68

Кобалт

45.39

Бакар

13.01

Калај

53.60

Сребро

2186.28

Злато

135639.33

Иридиум

253540.09

Алуминиум

3.54

Цинк

0.00

Родиум

257205.97

Паладиум

40767.15