Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите. За жал, во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме, се вели во соопштението од СДСМ. „Над 40% од медиумскиот простор е под директна контрола на Орбановата мрежа во служба на Мицкоски и ВМРО-ОКГ. Дополнително владата врши притисок врз независните медиуми. Со приватниот Мосад (Black Cube) се следат и се фабрикуваат медиумски афери против политичките противници. ...

Чет Хенкс, 35-годишниот син на Том Хенкс и Рита Вилсон, неодамна откри дека води прилично необичен начин на живот. Актерот и музичар, познат и по улогата во серијата „Running Point“, моментално живее во приколка во Нешвил, каде што се фокусира на развивање на својата музичка кариера. За време на гостувањето во „The Tonight Show Starring Jimmy Fallon“ со Џими Фалон, Хенкс објасни дека донел свесна одлука да се пресели во приколката за ...

Венко Филипче испрати социјалдемократски честитки од Рим, каде што е на продолжен викенд за Меѓународниот ден на трудот, и уште еднаш покажа колку е лажно загрижен за работничките права и работниците, велат од владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ. „Откако избега од седницата за пратенички прашања во Парламентот и ја пропушти можноста за конфронтација, Филипче само потврди дека политичкиот туризам, личниот интерес и задоволството се негов ...

Мексико Сити тоне речиси 25 сантиметри годишно, покажуваат новите сателитски податоци на НАСА. Научниците предупредуваат дека слегнувањето на земјиштето дополнително ја загрозува инфраструктурата и ја продлабочува хроничната криза со водата. Мексиканскиот главен град и околните градови се изградени на древно езерско дно, што ја прави областа особено ранлива на слегнување. Долгорочната и интензивна екстракција на подземни води, заедно со ...

Во пратка со замрзнати малини испратена од Србија кон Франција е откриено зголемено присуство на кадмиум, тежок метал кој претставува сериозен ризик по човековото здравје. Според податоците објавени од Европската комисија преку системот за брзо предупредување за храна и добиточна храна (RASFF), нивото на контаминација е речиси двојно повисоко од дозволените граници. Француските надлежни служби ја задржале пратката веднаш по лабораториските ...

Актерката Џесика Ман сведочеше против озлогласениот продуцент Харви Вајнштајн во судница на Менхетен, каде што тврдеше дека тој се обидел да ја присили на секс во тројка пред да ја силува, објави Њујорк пост. Џесика, сега 40-годишна, се расплака кога по трет пат на суд раскажа како Харви ја приковал на кревет, а потоа наводно ја силувал во хотелот ДаблТри во Њујорк на 18 март 2013 година. – Постојано велев „не“ и се обидував да си одам. Тој ...

Планираното повлекување на 5.000 американски војници од Германија треба да ја охрабри Европа да ја зајакне сопствената одбрана, изјави германскиот министер за одбрана Борис Писториус. Од друга страна, двајца водечки американски републикански пратеници изразија загриженост, велејќи дека трупите не треба да ја напуштат Европа. Во петокот, Пентагон го објави повлекувањето од Германија, неговата најголема европска база, во време кога ...

Актерката Мерил Стрип зборуваше за своето искуство од соработката со Лејди Гага во „Ѓаволот носи Прада 2“ во ново интервју за „Пипл“. Зборувајќи за Гага, Мерил Стрип ја опиша како божествена личност. „Таа е урнебесна, жива и подготвена за импровизација. Таа е неверојатен музичар и уметник од прв калибар. Одлична глумица“, рече таа. Стрип изјави дека навистина уживала во соработката со Гага, а за време на интервјуто, актерката Ен Хатавеј го ...

Во засилена акциска контрола на полицијата, во период од осум часа, санкционирани се 113 возачи на мотоцикли, мопеди, трицикли и четирицикли. Најмногу – 45 санкции – биле изречени за возење без заштитна кацига, додека 17 лица управувале велосипед со помошен мотор без возачка потврда. Дополнително, четворица возачи биле санкционирани за несоодветна категорија, а три мотоцикли биле нерегистрирани. За време на контролата, еден мотоциклист бил ...

Нови пет случаи на семејно насилство регистрира полицијата. Приведени се пет лица од кои двајца од Куманово, еден државјанин од Љубљана, Словенија, еден од струмичко и еден од Велес. Во Куманово се пријавени два случаи на семејно насилство. Во едниот случај 35-годишен сопруг со иницијали М.С. физички на нападнал неговата 31-годиншна сопруга и двете малолетни деца. Во вториот случај приведен е 57-годишен татко со иницијали М.Д. затоа што ...

Близначките Мишел и Лавинија Озборн отсекогаш имале посебна врска. Но, кога Лавинија отворила е-пошта во 2022 година со резултатите од ДНК тестот што го направила дома, ја совладала вознемиреност. Резултатите од тестот открија нешто изненадувачко: Лавинија и Мишел, кои не се идентични близначки, не го делат истиот татко. Тие се зачнати природно, се развиле заедно во истата матка и се родени од истата мајка во рок од неколку минути една од ...

САД ги предупредија бродските компании дека би можеле да се соочат со санкции ако му платат на Иран за безбеден премин низ Ормускиот теснец, клучен енергетски пат на влезот во Персискиот Залив. Канцеларијата за контрола на странски средства на САД во петокот издаде предупредување дека дополнително го зголемува притисокот во конфликтот меѓу Вашингтон и Техеран околу контролата врз теснецот. Околу една петтина од светската трговија со нафта и ...

Осудениот за настаните од „27 април“, Јане Ченто, излезе со сериозни обвинувања кон судот, тврдејќи дека во постапката не била утврдена материјалната вистина, туку дека одлуките биле донесени врз формални основи. „Судот не ја бараше вистината. Се сокри зад формалности“, наведува Ченто, посочувајќи дека Апелациониот суд се повикал на тоа дека нема правосилна пресуда за „лажен исказ“ и дека не е поднесена кривична пријава против обвинител. ...

Потесниот круг на Владимир Путин потајно го мрази и ќе биде соборен во текот на следната година со државен удар од страна на неговите најблиски соработници, рече Илја Ремесло, адвокат кој претходно го поддржуваше Кремљ. Ремесло ги даде експлозивните изјави во интервју со Ксенија Собчак, позната како кума на Путин. Ремесло е поранешен страствен поддржувач на инвазијата на Украина, за кој се верува дека има врски со руските безбедносни ...

Сите документи потребни за екстрадицијата на поранешниот премиер Никола Груевски се доставени до Министерството за правда. Ова за Телма го потврдиле од Кривичниот суд каде во моментов се уште се водат но и има веќе завршени процеси против обвинетиот и осудениот азилант. Од правда до судот барале да се достават сите промени кои би можеле да влијаат на постапката за екстрадиција, за што ги добиле потребните одговори. И министерот за правда ...

Генералштабот на украинската војска попладнево соопшти дека регистрирал 51 обид за руски напредок од почетокот на денот. Борбите повторно биле најинтензивни во Доњецката област. Украинците пријавија 18 руски офанзиви во областа на Покровск и девет други во правец на Костјантинивка, неколку километри североисточно, наведе украинската војска на социјалните мрежи. Украинската војска исто така пријави неколку обиди за руски напредок на истокот ...

За време на предизборен митинг во Флорида, поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, даде невообичаена изјава во која ги спореди дејствијата на американската воена морнарица со пиратство. Тој пред своите поддржувачи објаснуваше дека земјата остварува голема финансиска добивка од конфликтот со Иран. Заплената на иранска нафта како „профитабилен бизнис“ Како главен пример за своите тврдења, Трамп го наведе пресретнувањето и задржувањето ...

Седум возачи возеле под дејство на алкохол, а пет немале возачка дозвола меѓу нив и еден малолетник. Министерството за внатрешни работи информира дека изминатото деноноќие санкционирани се вкупно 14 лица. Меѓу нив, има и такви кои возеле иако имале активна забрана за возење. – Во Скопје едно лице возело без возачка дозвола, еден во Велес, еден во Демир Хисар и по едно лице во Охрид и Тетово. Во Тетово и Охрид по едно лице управувале возило ...

Јапонија ќе увезува сурова нафта произведена во Русија за првпат по февруарските американско-израелски напади врз Иран, што доведоа до фактичко затворање на Ормутскиот теснец, објави функционер од Министерството за економија, трговија и индустрија на Јапонија, пишуваат светските медиуми. Нафтата потекнува од проектот „Сахалин-2“ на рускиот Далечен Исток, а пратката ја купи јапонската компанија „Таиџо ои“л. Танкерот за нафта исплови кон ...

Неколку држави во светот се издвојуваат како места каде луѓето живеат квалитетно, а во исто време работат помалку, благодарение на добриот баланс меѓу професионалниот и приватниот живот. Според Глобалниот индекс за баланс меѓу работа и живот за 2025 година, меѓу најдобрите земји се Нов Зеланд, Ирска, Белгија, Германија, Норвешка, Данска, Канада и Австралија. Овие земји се рангирани врз основа на повеќе критериуми, како што се должината на ...

Српските туристи летово најверојатно ќе добијат полесен третман на грчките граници во шпицот на сезоната, додека македонските граѓани засега остануваат без јасна потврда дека за нив ќе важи истото олеснување од новиот европски систем за влез и излез. Иако нема официјална одлука за целосно суспендирање на EES-системот, српските туристички претставници тврдат дека од грчка страна добиле уверувања оти контролите за српските граѓани ќе се ...

Соединетите Американски Држави одобрија голем пакет за продажба на оружје во вредност од милијарди долари на неколку сојузници на Блискиот Исток, заобиколувајќи го вообичаениот процес на одобрување од Конгресот. Американскиот Стејт департмент објави дека државниот секретар Марко Рубио ги искористил своите овластувања за да се откаже од барањата за парламентарен преглед, тврдејќи дека постои вонредна ситуација што бара итна испорака на ...

Иранскиот предлог, отфрлен од американскиот претседател Доналд Трамп, би отворил пловидба низ Ормутскиот теснец и би ставил крај на американската блокада на Иран, додека преговорите за нуклеарната програма на Иран би биле за подоцнежна фаза, изјави за Ројтерс висок ирански функционер. Четири недели откако САД и Израел ја прекинаа својата кампања за бомбардирање врз Иран, не е постигнат договор за завршување на војната што предизвика ...

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус во саботата нагласи дека САД и Германија имаат заеднички воени интереси по најавата дека илјадници американски војници ќе бидат повлечени од базите низ Германија. „Присуството на американски војници во Европа, а особено во Германија, е во наш интерес и во интерес на САД“, изјави Писториус за ДПА. Министерот за одбрана на САД, Пит Хегсет, претходно нареди повлекување на околу 5.000 американски ...

Британскиот принц Вилијам и неговата сопруга, принцезата Кејт, го претставија новиот член на нивното кралско семејство – кафеав кокер шпаниел по име Ото. „Добредојде во семејството, Ото! Денес полнам една година“, напишаа принцот Вилијам и Кејт покрај фотографија од нивното ново милениче на перонот X, објави ABC News. View this post on Instagram A post shared by The Prince and Princess of Wales (@princeandprincessofwales) Двојката и нивните ...

Американскиот претседател Доналд Трамп даде нова изјава со тонови на самодоверба, велејќи дека често постигнува работи што другите ги сметаат за невозможни. „Правам многу работи што е невозможно да се направат, како на пример да станам претседател три пати“, рече Трамп во кратката изјава. Во изјавата, исто така, се привлече вниманието кон фактот дека Уставот на Соединетите Американски Држави јасно ги дефинира ограничувањата на ...

Една од омилените ѕвезди на Холивуд беше гостинка во емисијата и одговори на незгодно прашање за интимноста, а овој пат беше брутално искрена. Откако откри што веднаш ја одвраќа кај мажите , актерката Кејт Хадсон беше искрена и за својот интимен живот. Во разговор со водителот Енди Коен во емисијата „Watch What Happens Live“, таа одговори и на едно незгодно прашање. „ Освен спалната соба, кое е вашето омилено место за водење љубов? “, беше ...

Јеменската крајбрежна стража денеска соопшти дека танкерот за нафта M/T EUREKA е киднапиран кај брегот на провинцијата Шабва. Во соопштението се наведува дека танкерот го киднапирале „неидентификувани вооружени лица кои се качиле на бродот, презеле контрола и го насочиле кон Аденскиот Залив во правец на сомалиските води“. Јеменската крајбрежна стража потврди дека е пронајдена локацијата на танкерот и дека во тек се напори за негово следење, ...

Невладината „Здрава котлина” се обрати директно до претседателката Гордана Сиљановска Давкова. Апелираа до претседателката правото да биде пред профитот, народот пред олигархијата. „Почитувана претседателке Сиљановска Давкова, завчера во Собранието мнозинството пратеници го изгласа и потпиша сопствениот морален банкрот. Сега Вие сте последната легална бариера помеѓу озаконувањето на корпоративниот апетит на ‘рударите на смртта“ наспроти ...

Продуцентот и водител Жика Јакшиќ наводно решил да напише тестамент за да се грижи за двата сина и да биде сигурен дека сè што создал во својот живот ќе оди во вистински раце. Јакшиќ, кој успешно се опорави од мозочен удар , стекна значителен имот и неколку имоти во текот на својата кариера. По разводот од втората сопруга, Дајана Пауновиќ, тој живее во куќа на Бежанијска коса , а во еден момент било напишано дека донел одлука да напише ...

weather icon

Скопје

33ᴼ / 33ᴼ
2.72
28%
1018
weather icon

Белград

34ᴼ / 34ᴼ
2.68
44%
1017
weather icon

Загреб

34ᴼ / 34ᴼ
2.44
44%
1018
weather icon

Софија

29ᴼ / 29ᴼ
2.49
34%
1019
weather icon

Сараево

34ᴼ / 34ᴼ
1.65
41%
1018
weather icon

Љубљана

32ᴼ / 31ᴼ
0.45
62%
1018
weather icon

Атина

32ᴼ / 30ᴼ
3.58
37%
1014
weather icon

Тирана

35ᴼ / 35ᴼ
2.19
24%
1016
weather icon

Подгорица

34ᴼ / 34ᴼ
2.75
26%
1017
weather icon

Букурешт

35ᴼ / 33ᴼ
3.13
40%
1017
weather icon

Будимпешта

36ᴼ / 34ᴼ
6.71
34%
1018
weather icon

Истанбул

30ᴼ / 29ᴼ
4.75
100%
1017
Currency

61.6417

Currency

54.0919

Currency

71.4501

Currency

37.2538

Currency

38.1416

Currency

66.8701

Currency

7.95535

Currency

0.68999

Currency

0.33423

Currency

0.52556

Currency

1.15981

Currency

0.57336

Сребро

1902.84

Паладиум

38195.09

Калај

50.56

Цинк

0.00

Платина

51923.46

Иридиум

233896.68

Рутениум

49029.89

Алуминиум

3.20

Злато

131072.82

Родиум

249168.29

Бакар

12.33

Кобалт

56.29