Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Во рускиот напад врз Киев беа повредени 17 лица, а загина 89-годишна жена, објави Укринформ, повикувајќи се на официјален пост на Фејсбук од киевската полиција. Во нападот се оштетени станбени згради и приватни домови, интернат, продавници, аптека, административни згради, кино, метро станица, канцелариски простори и возила, се вели во соопштението. Безбедносните сили продолжуваат да ги документираат последиците од нападот и да собираат ...
Еден од најпознатите светски стримери, IShowSpeed, испиша нова страница во историјата со настапот на церемонијата на затворањето на финалето на Светското првенство. Пред десетици илјади гледачи на стадионот и милиони луѓе што го гледаа преносот низ целиот свет, Спид ја изведе својата песна „Champions“, станувајќи првиот креатор на дигитална содржина што имал музички настап на церемонијата на Светското првенство. Неговото појавување на ...
Американскиот претседател Доналд Трамп е присутен на стадионот „МетЛајф“, каде се одржува финалето помеѓу Шпанија и Аргентина од Светското фудбалско првенство. Се појавија снимки од хеликоптерите со кои Трамп пристигна во Њујорк да го следи од трибините мундијалското финале. Во ВИП ложата на стадионот друштво му прави претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, но ова што предизвика лавина коментари на социјалните мрежи е стаклото отпорно на ...
Центарот за јавно здравје Тетово, Епидемиолошка служба Гостивар прогласи епидемија на подрачјето на Гостивар. „Поради зголемениот број на заболени и надминувањето на неделниот праг на пријавени случаи, прогласуваме епидемија во гостиварското подрачје. Редовно ја следиме состојбата, спроведуваме епидемиолошки анкети меѓу пациентите и преземаме соодветни мерки“, соопшти службата. Состојбата сè уште се следи секојдневно, а бројот на лица кои ...
Големото финале на Светското првенство меѓу Шпанија и Аргентина, кое се игра денес во Њу Џерси, не само што привлекува милиони фанови, туку и самиот врв на светската политика. Шпанското кралско семејство објави дека ќе го гледа финалето од ВИП ложата на стадионот „Метлајф“ во Њу Џерси. Од кабинетот на шпанската влада е потврдено дека премиерот Педро Санчез лично доаѓа да ја бодри „Црвената фурија“. Тој ќе го следи натпреварот од ВИП ложата, ...
Поранешниот германски репрезентативец Тони Крос отворено зборуваше за претстојното финале на Светското првенство и без никакво двоумење ја избра Шпанија како главен фаворит за освојување на титулата. Во емисијата на TikTok што ја води со својот брат Феликс, легендарниот играч од средниот ред ја анализираше моќта на Црвената фурија и испрати јасно предупредување до „гаучосите“. „Ако тим како Шпанија успее да ја наметне својата игра додека ...
Едно лице почина во Менхетен како последица од зараза со легионерска болест, соопштија здравствените власти во Њујорк. Официјалните претставници не објавија детали за починатото лице, вклучувајќи го идентитетот, возраста или околностите на заразата. Според податоците од здравственото одделение во градот, во епидемијата што го зафати квартот Горен Ист Сајд во Њујорк, се разболеа најмалку 67 лица, додека повеќе од десетина се хоспитализирани ...
Од денес во наредните неколку дена по 50.000 литри вода дневно ќе биде обезбедена за пиење за граѓаните на Гостивар, одлучи Владата. Дистрибуцијата ќе се реализира преку Службата за општи и заеднички работи преку следните пунктови: Водостопанство – Гостивар, ул. ЈНА бр. 139 Градинка „Пролет“, ул. Беличица бр. 47 СЕОУ – Гостивар (Средно економско училиште), ул. Живко Брајковски бр. 39 ЈП Национални шуми – Подружница „Шар“ Гостивар, ул. Браќа ...
Ретроградниот Меркур во Рак носи период во кој мислите и разговорите сè повеќе се свртуваат кон минатото. Ракот е знак на домот, семејството, спомените и емоциите, па затоа многумина ќе почувствуваат потреба да ги решат старите недоразбирања, да ги обноват раскинатите врски или да се соочат со чувствата што долго време ги потиснувале. За време на ретроградниот Меркур, не е невообичаено да се доживее одложување, недоразбирања, промени во ...
Анастасија Ражнатовиќ неодамна се породи и на свет го донесе синот Илјана. Нејзината мајка, Светлана Ражнатовиќ, не ја криеше својата среќа за своето четврто внуче, кое едвај чека да го види. „Тоа е дар од Бога“ – Пресреќна сум, сè уште не го видов бебето, морав да направам закажан концерт, веднаш одам во Шпанија во недела наутро. Премногу сум богата жена кога станува збор за овие работи, нема ништо поубаво. Сè е минливо во животот, парите ...
Техничкиот комитет на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) одржа состанок во петокот за да разговара за наградите што ќе бидат доделени по финалето на Светското првенство во 2026 година. Според „The Touchline“, на состанокот е одлучено дека напаѓачот на Аргентина, Лионел Меси, ќе ја добие Златната топка без оглед на исходот од финалето. Триесет и деветгодишниот Меси постигна осум гола и имаше четири асистенции во седум натпревари на ...
Стресот е невозможно целосно да се избегне, но постојат многу начини да се намалат неговите нивоа и ефикасно да се управува со него. Еве седум стратегии кои можат да ви помогнат да ја смирите напнатоста и подобро да се справите со секојдневните предизвици, пишува Mindbodygreen. Физичка активност Вежбањето има очигледни физички придобивки, како што се зголемена сила и флексибилност, но движењето нуди и значајни ментални придобивки. Вежбањето ...
Новата ДНК анализа на скелет стар 4.000 години целосно ги поништи два века археолошки претпоставки и предизвика вистинска револуција во разбирањето на улогата на жените во древното британско општество. Останките пронајдени во гробницата на Аптон Ловел во јужна Англија, која со децении била позната како „шаманот на Аптон Ловел“ поради богатството и природата на предметите, всушност ѝ припаѓаат на жена од висока класа која се занимавала со ...
По 48 часа од неговото поставување, денеска е отстранет билбордот на влезот на Скопје, кој предизвика голем број коментари на социјалните мрежи. Билбордот создаден со помош на вештачка интелигенција стана предмет на потсмев поради бројните визуелни аномалии. Најголемо внимание кај граѓаните предизвика приказот на коњот Букефал, кој беше нацртан со пет нозе, како и необичниот изглед на шлемот на Воинот на коњ. Дополнително, јавноста изрази ...
Горната граница на заболени пациенти на неделно ниво е надмината и поради тоа ИЈЗ ќе прогласи епидемија во Гостивар, соопштија здравствените власти. Во последните 24 часа, 309 гостиварчани побарале лекарска помош во градската болница „Ферид Мурад“ , што е досега највисока бројка во едно деноноќие и покажува дека пикот се уште не е достигнат. Од понеделникот, кога според раководството на болницата во Гостивар се јавил првиот пациент, ...
Во Гостивар во текот на денот се очекува да биде прогласена епидемија откако нагло е зголемен бројот на заболени кои бараат лекарска помош. Одлуката треба да ја донесе Центарот за јавно здравје од Тетово. Раководителот на Одделот за епидемиологија при Институтот за јавно здравје Драган Кочински во изјава за медиумите рече дека досега се поднесени 140 официјални пријави за заразна болест, а епидемиолозите од Гостивар и ИЈЗ сè уште ги ...
Изневерувањето е едно од најтешките искуства во врската, а начинот на кој една личност се справува со него може да биде сосема различен. Според астролошките толкувања, на некои хороскопски знаци им е тешко да ја заборават предавството и веднаш ја прекинуваат врската, додека други се подготвени да разговараат, да бараат објаснувања и да се обидат да ја обноват довербата. Астрологијата не може да го предвиди однесувањето на некого, но може да ...
Претстојното финале на Светското првенство ќе ни донесе вистински спектакл, а шпанскиот клупски фудбал ќе игра апсолутно доминантна улога во борбата за светскиот трон. Според официјалните податоци, Атлетико Мадрид е најзастапениот клуб во ова финале, со дури десет фудбалери кои ќе се борат за титулата светски шампион. Мадрид има свои претставници во двата табора, а нивните клупски ѕвезди ќе се судрат директно на теренот. За репрезентацијата ...
Една фотографија од 2007 година повторно стана вирална на социјалните мрежи, откако на неа се гледа како тогаш 20-годишниот Лионел Меси го капе бебето Ламин Јамал. Фотографијата е направена за хуманитарен календар на „Барселона“ во соработка со локален весник, а семејството на малиот Ламин било избрано да учествува во фотосесијата. Во тој момент никој не можел ниту да претпостави дека бебето во кадата еден ден ќе стане една од најголемите ...
Се’ е поскапено, цените се веќе до плафон. Граѓаните прескапо плаќаат за неспособноста на владата на Мицкоски, вели Рената Младеновска – членка на Извршниот одбор на СДСМ. „Новото покачување на цените на дизелот ќе донесат и нов бран поскапувања на храната и другите услуги. Наместо да преземе пакет од системски мерки Мицкоски се излезе повторно со нова најава – не за целосен пакет мерки туку само за некакво намалување на акцизите. И ...
„ЗНАМ влезе во власта со јасна цел, да биде реформатор, но и коректор кога е потребно. Нашата одговорност е да работиме за државните и националните интереси, а секогаш кога ќе сметаме дека некои процеси не се движат во вистинска насока, гласно ќе ги браниме принципите на кои стоиме“ порача претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, на панел-дискусијата во рамки на караванот под мотото „Европска ЗНАМ, Европска ...
Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи, испрати нова остра порака до Соединетите Американски Држави, обвинувајќи го Вашингтон за кршење на постигнатите договори и велејќи дека Иран и неговите сојузници ќе ѝ одржат на Америка „лекција што нема да ја заборави“. Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи , денес им се закани на Соединетите Американски Држави, велејќи дека Техеран и неговите сојузници ќе одговорат на начин ...
Српскиот рапер Десингерица беше приведен во Сутоморе, Црна Гора, за време на полициска контрола на неговиот настап. Полицијата приведе неколку лица со цел да се утврди нивниот идентитет, вклучувајќи го и еден рапер, што го потврди и Министерството за внатрешни работи на Црна Гора. Како што подоцна беше потврдено во соопштението на Министерството за внатрешни работи на Црна Гора, Десингерица беше казнет со 200 евра, бидејќи немал лични ...
Овластувањата на шефот на државата во Унгарија, по престанокот на мандатот на актуелниот претседател Тамаш Шуљок, привремено ќе ги преземе претседателката на парламентот, Агнеш Форстхофер, објави премиерот Петер Маѓар. Во видео обраќање на Фејсбук, Унгарецот рече дека откако претседателот Тамаш Шуљок денес го потпиша 17-тиот амандман на Уставот, со кој неговиот претседателски мандат завршува на полноќ на 20 јули, отстранета е последната ...
Европската Унија во 2024 година имала 15,7 професионални судии на 100 000 луѓе, што е намалување во споредба со 17,7 во 2014 година. Македонија, според податоците на Евростат, во 2024 година имала 20,1 судии на 100 000 жители. И кај нас, исто како во ЕУ, бројот на професионални судии има тренд на намалување, и е намален за повеќе од четири споредено со 2019 кога имало 24,3 судии на 100 илјади жители. Меѓу земјите на ЕУ, Хрватска и Словенија ...
Јавноста ги очекува резултатите од Институтот за јавно здравје за да дознае која е причината за огромниот број на заболени со гастроинтестинални тегоби во Гостивар.Очекуваат и работа на терен, работа со населението, помош за заболените, чиста вода за пиење, целосна акција и мобилизација, затоа што станува збор за еден цел град, иако исто треба да биде и да е за еден граѓанин, затоа што станува збор за право на живот. Жестоки реакции од ...
Кон крајот на јуни, рускиот војник Александар Лунин објави емотивно обраќање до рускиот претседател Владимир Путин на Инстаграм, во кое се закани дека ќе организира воен удар. „Армијата ќе го насочи своето оружје кон Кремљ“, рече Лунин во видео кое е прегледано повеќе од 10 милиони пати. Војникот, кој во меѓувреме стана познат како блогер, побара средба со Путин за да разговараат, како што тврди, за систематската злоупотреба на војниците во ...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп се подготвува да лансира серија грантови во Европа и во други делови од светот за поддршка на иницијативи усогласени со движењето MAGA (Make America Great Again), како дел од сеопфатна реформа на приоритетите за странска помош на САД, пишува „Фајненшл тајмс“. Според нацрт-известувањето испратено од Стејт департментот до американските законодавци, најголемиот грант предвиден во овој ...
Во Хаг има два главни меѓународни суда, кои често се заменливи. Од една страна, тука е Меѓународниот суд на правдата (МСП) на Обединетите нации, кој решава спорови меѓу државите и се наоѓа во историската Палата на мирот. Од друга страна е Меѓународниот кривичен суд (МКС), кој ги изведува лицата одговорни за воени злосторства пред лицето на правдата од 2002 година и работи во многу посовремена зграда изградена од стакло и бетон. Не сите 193 ...
Шпанија очекува нов, трет топлотен бран ова лето од вторник, а метеоролозите предупредуваат дека температурите во некои делови од земјата би можеле да достигнат и до 45 степени. Експертите предупредуваат дека најранливи ќе бидат постарите лица, хронично болните и секој што престојува на отворено во најжешкиот дел од денот. Шпанија се подготвува за нов бран екстремни горештини, бидејќи третиот топлотен бран во летото ќе ја погоди земјата од ...