За помалку од една и пол година, телеграм-каналот Словенски Медведи привлече повеќе од 54.000 следбеници, објавувајќи илјадници видеа и десетици илјади фотографии, кои ја застапуваат позицијата на Кремљ за Украина, Балканот и за други прашања. Каналот Словенски Медведи, основан во јануари 2023 година, една година по почетокот на целосната руска инвазија на Украина, вели дека неговата цел е да биде „гласот на Русија во Србија и гласот на српскиот ...

Видео од возач како развива 238 километри на час на автопатот покрај скопскиот аеродром може да се најде на социјалната мрежа Тик-ток. Во друго видео, совозач снима претекнување со голема брзина на скопската обиколница. Има и објава во која македонски корисник на Тик-ток сам се снимал како на пат, кој според формата и теренот изгледа како делницата меѓу Велес и Штип, развива брзина од 201 километар на час. Со кратко пребарување на оваа и на ...

„Законите се како колбаси. Подобро е да не знаете како се прават“. Оваа мисла, која му се припишува на германскиот политичар од 19 век, Ото Фон Бизмарк, два века подоцна, особено се цитира кога се говори за непринципиелни политички договори и за дубиозни законски решенија. Можеби на граѓаните не им е секогаш докрај јасно што сѐ се „става“ во законите, но главните „готвачи“ во политичките кујни добро знаат. Знаеја и македонските пратеници, кои во ...

Македонската држава не престанала да „инвестира“ во имиџот на прибежиште за лица од потерниците, опскурните бизнис-шемаџии и за дискутабилно стекнатиот капитал, иако помина деценија од скандалот со Субрата Рој, кој беше промовиран како економски месија додека Индија го бараше за сериозен финансиски криминал. Поранешниот премиер Никола Груевски, и покрај искуството со Субрата, планираше дел од територија на државава да ја прогласи за еден вид ...

Оваа сабота, ЛГБТИ+ заедницата и нивните поддржувачи, по петти пат ќе излезат на Парадата на гордоста, симболичен марш за зголемување на видливоста, прифаќањето и правата на оваа заедница. Бројни истражувања документираат дека македонските граѓани сè уште се крајно хомофобични и трансфобични. На пример, големото Европско општествено истражување покажа дека 61 отсто од испитаниците би биле засрамени доколку член од нивното семејство е геј или ...

„Изборниот пораз на СДСМ на парламентарните и претседателските избори во значителен дел се должи на демотивираните прогресивни гласачи, уморни од неисполнетите ветувања на ЕУ за побрзо пристапување“ вели за БИРН поранешниот премиер и претседател на СДСМ Зоран Заев. „ЕУ не нe` предаде“, вели тој, но нагласува дека „тие не ги исполнија сите обврски“. Конференциската сала на Конзерваториумот во Атина вечерта на 17 јуни беше преполна додека Заев и ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ангажирала тројца надворешни советници како дел од својот претседателски кабинет. Нивните имиња се уште не се објавени на официјалната интернет-страница на претседателката, иако помина повеќе од еден месец откако таа е на функцијата. На барање на БИРН, претседателскиот кабинет ги соопшти имињата на советниците. Сиљановска-Давкова го ангажирала Жидас Даскаловски, професор по управување со човечки и ...

Пред две лета, Српската православна црква (СПЦ) го призна постоењето на МПЦ и со томос ја изедначи на себе, ставајќи крај на повеќедеценискиот спор. Владееше уверување дека Вселенската патријаршија, со симнувањето на шизмата (отпадништво од црковната заедница) и српската црква со томосот, го расчистиле патот, православниот свет целосно да ги прифати Македонската православна црква и нејзините следбеници. Оттаму изненадување е благ збор за да се ...

Ги покриваат очите и низ кисела насмевка на совршен англиски велат „cringe“ сакајќи да објаснат некаква непријатност. Со израз на лицето што доловува гадење изговараат „brother ew“, а наместо „улав/а“, го користат терминот „delulu“ (од англиското „delusional“). Овие англиски зборови се дел од секојдневниот речник на тинејџерите или оние што се неколку години постари. Дел од изразиве поттекнуваат од филмови и од видеа каде што некој актер или ...

Чести доцнења на работа или на училиште, автобуси што не го следат возниот ред, гужви и турканици – вака изгледа скопскиот јавен превоз, кој на десетици илјади жители на главниот град им е единствен избор за да стигнат до посакуваната дестинација. БИРН сака да ги слушне вашите искуства со скопскиот јавен превоз, а целта на овој прашалник е да дознаеме кои се најпроблематичните линии, со какви проблеми се соочувате и колкумина од вас можеби веќе ...

Без никаква јавна дебата, а само врз основа на партиското изборно ветување, за помалку од 24 часа, во Собранието по скратена постапка беа изгласани измените на Законот за организација и работа на органите на државната управа. Со нив ќе се формираат нови министерства, а некои ќе се спојат. На ваквиот брз потег на мандатарот Христијан Мицкоски, кој како пратеник e и предлагач на измените, веднаш реагираа од Платформата на граѓански организации за ...

Идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ планира предметите македонски јазик, историја, географија, музичка и ликовна уметност законски да ги заштити „од идно уништување или од своеволна ненаучна интерпретација“. Барем така е напишано во нивната партиска програма „Платформа 1198“. Во неа, овие предмети се наречени „предмети од национално значење“, но нема никакво објаснување што се подразбира под силните термини, како своеволна и ненаучна ...

Продолжува да се гради спорната 17-катница наречена „Рубик тауер“ близу Воената болница во Скопје, иако дел од надлежните и активистите се убедени дека пред повеќе од три месеци се создадоа нови услови поради кои треба да сопрат багерите и да стивнат дупчалките. Конзерваторскиот центар го поништи своето првично позитивно решение врз кое се базира градежната дозвола, а минатата недела објави ново и негативно мислење. Меѓутоа, Општина Карпош не ја ...

Етиката ретко e тема во јавноста, а уште помалку етиката во политиката, иако таа е лакмус тест за демократскиот стандард и за зрелоста на политичките актери во една држава. Форумот за разумни политики преку својот Извештај за изборната етика, што се објави денеска, го анализираше однесувањето на политичарите во предизборието токму од етички аспект. Извештајот покажа дека политичарите во јавните обраќања неретко користеле говор на омраза и лични ...

Во докторската канцеларија, додека закажувал операција, докторот од болница во внатрешноста на земјава, ја кажал својата тарифа. „100 евра… мора. За ножето“. Неколку месеци подоцна, била потребна уште една хируршка интервенција. Tриејќи со трите прсти на раката, овојпат докторот побарал 150 евра, пари што завршиле директно во неговиот џеб. Пациентот, кој со БИРН го сподели своето искуство, беше меѓу неколкуте стотици граѓани што одговорија на ...

Донесувањето на законските измени што ја регулираат работата на финансиските друштва го намали бројот на пријави кај народниот правобранител, но, според Насер Зибери, првиот човек во институцијата, сè уште има простор за злоупотреби. Правобранителот побарал целосно да се тргне можноста за електронско аплицирање за брзи кредити, бидејќи така најчесто се правеле злоупотреби со кражба на идентитетот, но ова барање не било прифатено. Задоволен е што ...

Тезата за поделба на медиумите на „наши“ и „ваши“ постојано лебди над македонската медиумска сцена, а голем дел од јавните гласила често се соочуваат со етикетирање дека се наклонети кон една или кон друга политичка опција. Овие етикети најчесто се лепат врз основа на известувањето, изборот на гости во емисиите или според други содржински критериуми. Но, има и ситуации кога медиумско-партиските спреги не се прашање на впечаток, туку стануваат ...

СДСМ е во потрага по целосен организациски ремонт и нов имиџ по најтешкиот изборен пораз што го доживеа партијата, со освоени одвај над 150 илјади гласови и 18 пратенички места. Овој процес почна со оставки на сите партиски функционери, на чело со лидерот Димитар Ковачевски. Се очекува, дел од овие функционери да се обидат да дојдат до лидерската позиција, верувајќи дека можат да ги донесат очекуваните промени. Потпретседателот во оставка, ...

Ефектот од стратешките тужби против учеството на јавноста, или ткн. SLAPP тужби, е застрашувачки, вели извршниот директор на Здружението на новинари на Македонија, Драган Секуловски. Тој во видео интервју за БИРН забележува дека овие тужби не се проблематични само за новинарите, кои се најчеста мета, туку и за целата јавност, бидејќи ѝ се ускратува правото да знае повеќе. „Бројките во Македонија се релативно ниски во споредба со другите земји во ...

„Може да поминам заедно со вас? Се плашам да одам долу сама“, ни рече една дваесетгодишна девојка додека се симнувавме по скалите на подземниот пешачки премин кај хотелот „Континентал“. Овој премин е изграден пред повеќе од 50 години и е замислен да функционира самоодржливо, односно со изнајмувањето или со продажбата на локалите во него да се покриваат трошоците за неговото одржување, а сопствениците да се грижат за хигиената и за светлото ...

Постизборната коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ е сè поверојатна, впрочем желба за тоа има на двете страни. Меѓутоа, неизвесно е што ќе договорат потенцијалните коалициски партнери околу темите за кои во предизборието имаа различни, па дури и спротивставени ставови, како што се внесувањето на бугарската етничка заедница во Уставот, замената на терминот „јазикот што го зборуваат 20 проценти од граѓаните“ во Уставот со „албански јазик“ и ...

Македонците и Босанците се најнезадоволни од состојбата во своите земји, покажува најновата анкета на ИРИ, во која се опфатени граѓаните на сите шест земји од Западен Балкан. Над 70 отсто од испитаниците во двете земји рекле дека работите се движат во погрешна насока. Единствената друга земја што се движи во погрешна насока, според 52 отсто од испитаниците, е Албанија. Тоа чувство на недоверба e особено доминантно во одговорите за довербата во ...

Сознанието дека многу девојчиња во Арачиново не одат на училиште за време на менструалниот циклус бидејќи немаат пари за влошки, било поразително за Наташа Доковска, основачка на организацијата „Новинари за човекови права“. До информацијата дошла сосема случајно, кога при посета на селото наишла на баба и нејзините внуки, кои седеле дома во време кога децата треба да бидат на училиште. „Нема како (да одат), имаат добиено“, бил одговорот од ...

Контурите на обемот на поразот на СДСМ се навестија уште по завршувањето на гласањето според невообичаено празното седиште на партијата и видливата отсутност на многу познати ликови. Иако светла допираа од сите прозорци на стаклената зграда, ниту во прес-салата, ниту во дворот немаше големи групи поддржувачи или членови. Сѐ до обраќањето на Димитар Ковачевски. Кога тој излезе на партиската говорница да го потврди историски најлошиот резултат за ...

„Три наспроти еден“. Со кого и да зборувавме во Белата палата вчера, сите го потенцираа изборниот резултат меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ од гласањето на парламентарните избори. Отсуствуваше вообичаената неизвесност во прес-центарот. Недостасуваа кусите анализи и прогнозите врз база на гласовите што партијата ги освоила во Чешиново, Сопиште или во избирачкото место каде што гласа лидерот на противничката партија. Селфи со претседателката | Фото: БИРН ...

Тенди, маси, кафиња и тивки, но расположени луѓе. Однадвор седиштето на движењето ЗНАМ на булеварот Климент Охридски во центарот на Скопје изгледа како кафуле. Само големиот неонски знак открива дека, сепак, станува збор за политичка организација. Од неговата јужна страна ѕирка билбордот со реклама на ВМРО-ДПМНЕ, од северната има билборд на ГРОМ, а преку улицата целиот ѕид на една зграда е покриен со кандидатите на СДСМ. Штабот е во средината, ...

Според првичните резултати од Државната изборна комисија, од обработени над 94 проценти од гласовите, ВМРО-ДПМНЕ по седум години во опозиција се враќа на власт. Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ освоила 59 мандати, СДСМ 18, ДУИ 19, коалицијата Вреди добила 13 пратенички мандати, Левица шест мандати, додека партијата ЗНАМ освои пет мандати. Кандидатката што ја поддржа ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Сиљановска Давкова ќе биде првата претседателка на ...

Палета мерки за загадениот воздух, интензивно пошумување насекаде, решавање на горливото прашање со депониите, олеснувања за електрични возила, зелени субвенции за енергетски ефикасни домаќинства и јавни објекти и струја од обновливи извори. Овие се клучните ветувања од областа на животната средина на партиите што имаат најголеми шанси да влезат во Собранието, според резултатите на своите кандидати во првиот круг од претседателските избори. ...

Во партиските програми може да се прочитаат илјадници ветувања, за економски раст, за борба против корупцијата, за субвенции, за реформи во различни области. Но, никој не кажува како ќе се реализираат тие. Така е и со уставните измени за внесувањето на Бугарите во Уставот, што е услов за македонските европски интеграции. Тие што се обврзуваат на брзи уставни измени, немаат решение како би го обезбедиле потребното двотретинско мнозинство. Оние, ...

Речиси нема поголем трговски синџир во земјава, од супермаркети до специјализирани продавници што не го прославиле својот „роденден“ со доделување вредни подароци. За да ги добијат оние што ќе им го честитаат преку социјалните мрежи, ќе треба да пополнат формулар со сите основни податоци, понекогаш дури и со банкарските сметки. Овие лажни наградни игри со измислени роденденски прослави на познати фирми со препознатливи логоа се најчест вид обиди ...

Хороскоп 16 мај

15 минути - 365 - +1
weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
2.36
82%
1009
weather icon

Белград

11ᴼ / 11ᴼ
0.89
63%
1012
weather icon

Загреб

14ᴼ / 14ᴼ
4.46
51%
1014
weather icon

Софија

11ᴼ / 11ᴼ
1.09
94%
1007
weather icon

Сараево

13ᴼ / 13ᴼ
5.69
91%
1008
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 13ᴼ
1.79
63%
1013
weather icon

Атина

23ᴼ / 20ᴼ
4.02
61%
1006
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
1.63
90%
1003
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
4.07
77%
1008
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 16ᴼ
5.87
69%
1007
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 12ᴼ
2.68
45%
1013
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
1.87
51%
1011
Currency

61.535

Currency

55.0132

Currency

73.1384

Currency

35.2718

Currency

39.3856

Currency

65.8314

Currency

7.62172

Currency

0.68661

Currency

0.37794

Currency

0.52429

Currency

1.41392

Currency

0.64306

Иридиум

134266.78

Алуминиум

2.52

Кобалт

42.99

Никел

15674.41

Рутениум

19869.16

Калај

33.17

Сребро

1036.22

Злато

102976.31

Бакар

9.31

Паладиум

30607.51

Платина

31455.58

Родиум

175221.57

Цинк

2.74