
Скопје
41ᴼ /
41ᴼ



Продолжува да се гради спорната 17-катница наречена „Рубик тауер“ близу Воената болница во Скопје, иако дел од надлежните и активистите се убедени дека пред повеќе од три месеци се создадоа нови услови поради кои треба да сопрат багерите и да стивнат дупчалките. Конзерваторскиот центар го поништи своето првично позитивно решение врз кое се базира градежната дозвола, а минатата недела објави ново и негативно мислење. Меѓутоа, Општина Карпош не ја ...
Етиката ретко e тема во јавноста, а уште помалку етиката во политиката, иако таа е лакмус тест за демократскиот стандард и за зрелоста на политичките актери во една држава. Форумот за разумни политики преку својот Извештај за изборната етика, што се објави денеска, го анализираше однесувањето на политичарите во предизборието токму од етички аспект. Извештајот покажа дека политичарите во јавните обраќања неретко користеле говор на омраза и лични ...
Во докторската канцеларија, додека закажувал операција, докторот од болница во внатрешноста на земјава, ја кажал својата тарифа. „100 евра… мора. За ножето“. Неколку месеци подоцна, била потребна уште една хируршка интервенција. Tриејќи со трите прсти на раката, овојпат докторот побарал 150 евра, пари што завршиле директно во неговиот џеб. Пациентот, кој со БИРН го сподели своето искуство, беше меѓу неколкуте стотици граѓани што одговорија на ...
Донесувањето на законските измени што ја регулираат работата на финансиските друштва го намали бројот на пријави кај народниот правобранител, но, според Насер Зибери, првиот човек во институцијата, сè уште има простор за злоупотреби. Правобранителот побарал целосно да се тргне можноста за електронско аплицирање за брзи кредити, бидејќи така најчесто се правеле злоупотреби со кражба на идентитетот, но ова барање не било прифатено. Задоволен е што ...
Тезата за поделба на медиумите на „наши“ и „ваши“ постојано лебди над македонската медиумска сцена, а голем дел од јавните гласила често се соочуваат со етикетирање дека се наклонети кон една или кон друга политичка опција. Овие етикети најчесто се лепат врз основа на известувањето, изборот на гости во емисиите или според други содржински критериуми. Но, има и ситуации кога медиумско-партиските спреги не се прашање на впечаток, туку стануваат ...
СДСМ е во потрага по целосен организациски ремонт и нов имиџ по најтешкиот изборен пораз што го доживеа партијата, со освоени одвај над 150 илјади гласови и 18 пратенички места. Овој процес почна со оставки на сите партиски функционери, на чело со лидерот Димитар Ковачевски. Се очекува, дел од овие функционери да се обидат да дојдат до лидерската позиција, верувајќи дека можат да ги донесат очекуваните промени. Потпретседателот во оставка, ...
Ефектот од стратешките тужби против учеството на јавноста, или ткн. SLAPP тужби, е застрашувачки, вели извршниот директор на Здружението на новинари на Македонија, Драган Секуловски. Тој во видео интервју за БИРН забележува дека овие тужби не се проблематични само за новинарите, кои се најчеста мета, туку и за целата јавност, бидејќи ѝ се ускратува правото да знае повеќе. „Бројките во Македонија се релативно ниски во споредба со другите земји во ...
„Може да поминам заедно со вас? Се плашам да одам долу сама“, ни рече една дваесетгодишна девојка додека се симнувавме по скалите на подземниот пешачки премин кај хотелот „Континентал“. Овој премин е изграден пред повеќе од 50 години и е замислен да функционира самоодржливо, односно со изнајмувањето или со продажбата на локалите во него да се покриваат трошоците за неговото одржување, а сопствениците да се грижат за хигиената и за светлото ...
Постизборната коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ е сè поверојатна, впрочем желба за тоа има на двете страни. Меѓутоа, неизвесно е што ќе договорат потенцијалните коалициски партнери околу темите за кои во предизборието имаа различни, па дури и спротивставени ставови, како што се внесувањето на бугарската етничка заедница во Уставот, замената на терминот „јазикот што го зборуваат 20 проценти од граѓаните“ во Уставот со „албански јазик“ и ...
Македонците и Босанците се најнезадоволни од состојбата во своите земји, покажува најновата анкета на ИРИ, во која се опфатени граѓаните на сите шест земји од Западен Балкан. Над 70 отсто од испитаниците во двете земји рекле дека работите се движат во погрешна насока. Единствената друга земја што се движи во погрешна насока, според 52 отсто од испитаниците, е Албанија. Тоа чувство на недоверба e особено доминантно во одговорите за довербата во ...
Сознанието дека многу девојчиња во Арачиново не одат на училиште за време на менструалниот циклус бидејќи немаат пари за влошки, било поразително за Наташа Доковска, основачка на организацијата „Новинари за човекови права“. До информацијата дошла сосема случајно, кога при посета на селото наишла на баба и нејзините внуки, кои седеле дома во време кога децата треба да бидат на училиште. „Нема како (да одат), имаат добиено“, бил одговорот од ...
Контурите на обемот на поразот на СДСМ се навестија уште по завршувањето на гласањето според невообичаено празното седиште на партијата и видливата отсутност на многу познати ликови. Иако светла допираа од сите прозорци на стаклената зграда, ниту во прес-салата, ниту во дворот немаше големи групи поддржувачи или членови. Сѐ до обраќањето на Димитар Ковачевски. Кога тој излезе на партиската говорница да го потврди историски најлошиот резултат за ...
„Три наспроти еден“. Со кого и да зборувавме во Белата палата вчера, сите го потенцираа изборниот резултат меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ од гласањето на парламентарните избори. Отсуствуваше вообичаената неизвесност во прес-центарот. Недостасуваа кусите анализи и прогнозите врз база на гласовите што партијата ги освоила во Чешиново, Сопиште или во избирачкото место каде што гласа лидерот на противничката партија. Селфи со претседателката | Фото: БИРН ...
Тенди, маси, кафиња и тивки, но расположени луѓе. Однадвор седиштето на движењето ЗНАМ на булеварот Климент Охридски во центарот на Скопје изгледа како кафуле. Само големиот неонски знак открива дека, сепак, станува збор за политичка организација. Од неговата јужна страна ѕирка билбордот со реклама на ВМРО-ДПМНЕ, од северната има билборд на ГРОМ, а преку улицата целиот ѕид на една зграда е покриен со кандидатите на СДСМ. Штабот е во средината, ...
Според првичните резултати од Државната изборна комисија, од обработени над 94 проценти од гласовите, ВМРО-ДПМНЕ по седум години во опозиција се враќа на власт. Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ освоила 59 мандати, СДСМ 18, ДУИ 19, коалицијата Вреди добила 13 пратенички мандати, Левица шест мандати, додека партијата ЗНАМ освои пет мандати. Кандидатката што ја поддржа ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Сиљановска Давкова ќе биде првата претседателка на ...
Палета мерки за загадениот воздух, интензивно пошумување насекаде, решавање на горливото прашање со депониите, олеснувања за електрични возила, зелени субвенции за енергетски ефикасни домаќинства и јавни објекти и струја од обновливи извори. Овие се клучните ветувања од областа на животната средина на партиите што имаат најголеми шанси да влезат во Собранието, според резултатите на своите кандидати во првиот круг од претседателските избори. ...
Во партиските програми може да се прочитаат илјадници ветувања, за економски раст, за борба против корупцијата, за субвенции, за реформи во различни области. Но, никој не кажува како ќе се реализираат тие. Така е и со уставните измени за внесувањето на Бугарите во Уставот, што е услов за македонските европски интеграции. Тие што се обврзуваат на брзи уставни измени, немаат решение како би го обезбедиле потребното двотретинско мнозинство. Оние, ...
Речиси нема поголем трговски синџир во земјава, од супермаркети до специјализирани продавници што не го прославиле својот „роденден“ со доделување вредни подароци. За да ги добијат оние што ќе им го честитаат преку социјалните мрежи, ќе треба да пополнат формулар со сите основни податоци, понекогаш дури и со банкарските сметки. Овие лажни наградни игри со измислени роденденски прослави на познати фирми со препознатливи логоа се најчест вид обиди ...
Едни плашат гласачи со тоа дека ако дојдат другите ќе добијат заробени медиуми, други ветуваат нивна слобода, трети вадат стари идеи за десоросоизација, но повеќето од партиите се согласни дека на земјава ѝ требаат слободни медиуми, реформирана МРТВ и позадоволни медиумски работници. Барем таков е впечатокот од изборните програми со кои го бараат гласот на граѓаните на претстојните парламентарни избори. Четири од шесте најголеми партии и ...
Зголемена пензија за 5.000 денари или зимски регрес за пензионери од 6.000 денари? По 1.000 денари за секое прваче или од 250 до 750 евра за секое новородено дете? Или, можеби, бебешки пакет за новороденчиња, а 1.000 денари месечно за секое дете до 18 години? По 200 евра за прво вработување на младите до 26 години или ослободување од данок за нововработените до 29 години? Ова се само дел од ветувањата во предизборните програми на политичките ...
За ниските плати на новинарите, бизнис и политичките влијанија, потребата од внимателна регулација на порталите и за новинарите од внатрешноста, кои се во борба за егзистенција, во видеоинтервју за БИРН зборува Перо Момировски, новинар и активен член на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ). Момировски, во интервјуто, говори и за важноста од синдикално здружување во новинарската фела. Повод за разговорот, освен 1 Мај, ...
Ветувања напишани со големи или здебелени букви и извичници. Кога изборните програми би биле преточени во политички говори на митинзите, токму деловите поврзани со корупција би биле изговорени со високи тонови. На овие парламентарни избори, шесте главни програми се напишани на над 700 страници. Половина од нив се на најголемите партиски играчи, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Ако од програмите се „исчистат“ наративите и кованиците како „нула корупција“, ...
Жени се носители само на три од вкупно 24 изборни листи на најголемите предизборни коалиции. Тие се на врвот на две од шесте листи на коалицијата предводена од СДСМ и на една од ВМРО-ДПМНЕ, додека во албанскиот блок жените се поместени дури на третото место. Нешто повисокиот просек од четвртина жени носителки, всушност, го креваат помалите партии, од кои повеќето имаат слаби шанси да влезат во парламентот. Додека првиот круг од претседателските ...
Ни најголемите оптимисти кај опозициската партија не предвидоа ваков убедлив резултат, веројатно исто како што и најпесимистичките сценарија на власта не предвидоа ваков пораз. ВМРО-ДПМНЕ очекуваше голем успех на нивната кандидатка за претседател Гордана Сиљановска Давкова, но не и двојна разлика ниту пак ваков драматичен пораз на Стево Пендаровски. Казната за владеењето на СДСМ му беше испорачана на Пендаровски, преку огромен пад на гласовите. ...
Со предност од над 160 илјади гласови во полза на Гордана Сиљановска Давкова таа оди во вториот круг од претседателските избори во кој ќе се соочи со досегашниот претседател Стево Пендаровски. Според официјалните податоци од Државната изборна комисија од одработени над 90 отсто од гласовите таа освои повеќе од 330 илјади гласови, а Пендаровски над 164 илјади гласови. Разликата е повеќе од двојна. По ваквите резултати кандидатката поддржана од ...
Платформата Ecrowd за собирање донации за различни цели преку ноќ стана популарна пред сè поради собирање на пари за болни лица. Моментално се собираат пари за жена која може да ослепи поради опасна очна болест, за лекувања со помош на матични клетки и за 18 годишно момче кое после сообраќајна несреќа е делумно парализирано. На Ecrowd има дваесетина вакви кампањи, а успешно биле собрани пари за неколку кампањи за кратко време. Неодамна еден ...
Зурли и тапани, мачни стихови за народни херои во зандани и оловни рефрени со востанички повици, пенести строфи за сини езера и цветни ливади, по некој риф од „Архангел“, најпознатиот исечок од Бетовеновата Деветта симфонија и конфекциски изборни химни што партиите ги снимиле во евровизиски стил. Вака звучи плеј-листата на еклектичниот саундтрак за актуелново предизборие. Впрочем, песните и музиката што партиите и кандидатите ги користат во ...
Ако порано пред избори политичарите одеа од кафуле до кафуле и со неприродни насмевки и непријатна присност ги убедуваа младите да гласаат, делејќи им флаери, сега, за да дојдат до младите гласачи, потребни им се сериозно помалку време, напор и ресурси. Рецептот е навидум едноставен. Доволен е мобилен со пристојна камера и добар пиар-советник, и за помалку од половина час може да склопат видео што ќе го објават на Тик-ток. Речиси сите ...
Во предизборието, македонските политичари сѐ почесто се служат со лични навреди за да предизвикаат силни емоции кај гласачите. Во кампањите неретко се користат непроверени податоци и селективно презентирани информации, со што носењето информирана одлука на денот на изборите станува сѐ потешко. Работите дополнително се комплицираат со тоа што особено социјалните мрежи и онлајн- медиумите се користат за ширење штетни политички наративи. ...
Ривалството меѓу премиерот Пленковиќ и претседателот Милановиќ се засили пред изборите | Фото: Фејсбук-страници на Андреј Пленковиќ и на Зоран Милановиќ Во Хрватска денеска се одржуваат парламентарни избори. Со нив ќе се избере 11-от состав на хрватскиот парламент по првите повеќепартиски избори што се одржаа во земјата во 1990 година. Вкупно 3.733.283 гласачи се регистрирани во избирачкиот список. Од нив, 3.511.086 се жители на Хрватска, а ...