Владата ќе продолжи со праксата да изнајмува луксузни возила за високите функционери и да ги враќа по три години, иако Државната комисија за спречување на корупцијата утврди дека недостасува опсежна анализа дека овој модел на набавка, т.н. оперативен лизинг, е поисплатлив во споредба со купувањето автомобили. Службата за општи и заеднички работи, на 26 февруари распишала оглас за нова набавка на 45 возила од висока класа по пат на оперативен ...

Почитувани читатели, Секој од нас барем еднаш во животот имал потреба да отиде на лекар. Некој за утврдување на дијагноза, друг за хируршка интервенција, трет за одредување хронична терапија итн. И многу често, здравствените лавиринти знаеле да бидат толку заплеткани, па излезот се гледал во едно – да се даде мито. Во земја во која граѓаните немаат доверба во здравствениот систем, корупцијата е очекувана последица. Затоа и сакаме да ги слушнеме ...

Весниците добија гаранција дека и во иднина ќе примаат субвенции, откако вчера Собранието ги усвои измените на Законот за медиуми. Со овој чин, власта предводена од социјалдемократите, практично сврте цел круг во своите политики за медиумско финансирање. Прво ги забрани буџетските пари во приватните медиуми, а по седум години, сега таа го гарантира токму спротивното. Претходно, уште во 2018 година, изборите станаа нов и сериозен извор на ...

Тоа што дел од просторот на Драмски театар не остана на здружението „Неимар 13“, за вицепремиерот Фатмир Битиќи е изгубена можност. Вториот човек во владата ја потпиша одлуката за доделување дел од просторот на театарот на непознато здружение, основано од неговиот поранешен бизнис-партнер Глигор Михаиловски. Две недели подоцна, откако БИРН побара одговори за случајот, владината одлука беше поништена и просторот остана на Драмски театар. Во ...

Македонија одамна ја прогласи денационализацијата за успешно завршена приказна. Уште во 2013 година, тогашната влада се фалеше дека решила 30.000 случаи, во кои сопствениците на имотот национализиран во времето на Југославија, или го добиле својот имот, или добиле компензација во форма на државни обврзници. Меѓутоа, овој процес не е завршен за илјадници други што останаа заробени во навидум бескрајни правни процедури, кои се вртат во круг. Околу ...

„Ти не си можела фамилија да задржиш, па Тетово ќе го средиш“. Вака гласел првиот навредлив коментар на Фејсбук што го добила Елмедина Абдулахи кога се кандидирала за советничка на локалните избори во 2021 година. Абдулахи беше носителка на листата на граѓанската иницијатива „Подобро за Тетово“, која ја формирале четири сродни организации, вклучувајќи ја и нејзината организација „Мајка и дете“. Пред да влезе во политиката, Абдулахи беше ...

„Скопје 2014“ е еден од најскапите проекти спроведени во државата досега, со вкупна цена од над 700 милиони евра. Но, додека најголемиот дел од тие пари беа дадени за декорирање на градот со нови згради и за преоблекување на старите објекти во нови фасади, барем четири милиони евра досега се потрошени за објектите што веќе седум години имаат руиниран изглед. Град Скопје, Министерството за образование и наука, Министерството за култура и ...

Пред седум години, кога Нора имала 13 години, по кошаркарскиот натпревар се фотографирала пред огледало, облечена во спортски шорцеви и во кратка маичка. Оваа фотографија ја споделила со своите пријатели на Снапчет (Snapchat). Но, кога момче од друго одделение во нејзиното училиштето во Косово, без нејзина согласност ја споделило фотографијата, започнало злоставувањето. Постари девојчиња почнале да ја напаѓаат, а момчиња да ја сексуализираат. ...

Колку и да се раскарани политичките партии во Македонија, секогаш лесно наоѓаат заеднички јазик за една тема – како да земат повеќе пари од државата. Но, додека сумите што ги земаат за редовното работење, финансирање изборни кампањи и рекламирање во медиумите редовно го привлекуваат вниманието на јавноста, има еден трошок што е често под радарот, а се исплаќа веќе девет години. Имале активности или не, партиските истражувачко-аналитички центри ...

Групации со повеќе портали во обид да си ги зголемат можностите за заработка, сајтови со непознато сопствеништво или без наведен импресум, портали формирани неодамна, како и сајтови што не објавуваат дневни и политички информации – сето ова може да се најде на списокот од 249 онлајн-медиуми што се пријавиле во Државната изборна комисија за да земаат државни пари за партиски реклами, за време на кампањата за претседателските и за парламентарните ...

Aлатките со вештачка интилигенција може да се користат за измами, да претставуваат безбедносни закани и со голема брзина да креираат лажни вести и штетни дезинформации. Се случило да предизвикаат и самоубиство. Но, тие немаат само вакви негативни ефекти. Истовремено, некои од овие алатки помагаат побрзо да се открие говорот на омраза на интернет, а корисни се и во образованието, науката и при информирањето. Оттаму исклучително е важно и кој ги ...

Со поддршка на 64 пратеници, вчера доцна попладнето во Собранието се изгласаа измените во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Меѓу позначајните законски измени е тоа што го укинаа мораториумот за државно рекламирање на приватните телевизии, пракса што власта предводена од СДСМ ја прекина во 2017, а со закон ја забрани во 2018 година. „Членот 102 се брише,“ стои во измените прифатени вчера, со што за централната и за општинските ...

Законите за четирите стратешки инвестиции денеска се вратија во собраниска процедура, но без претставници на ДУИ. Нови владини претставници се вицепремиерот Фатмир Битиќи и министерката за животна средина, Каја Шукова. Ова следува откако владата на вчерашната седница одлучи да ги повлече законите за четирите инвестиции. За нив досега владини претставници беа министерот за економија, Крешник Бектеши, и тогашниот премиер Димитар Ковачевски, а ...

Алатките на вештачката интелигенција масовно се користат меѓу македонските студенти, но факултетите и универзитетите немаат формални правила или препораки за тоа како да се употребува и како да не се злоупотребува оваа нова технологија. БИРН направи онлајн-анкета, на која стотина студенти ги споделија своите искуства, но и разговараше со неколку од нив, како и со неколкумина професори. Од нивните одговори произлегува дека како ќе се користат ...

„Скопје треба да има ново лице. Од град со сив, соц-реалистички стил, да направиме естетска природа“, говореше тогашниот градоначалник на Општина Центар, Владимир Тодоровиќ, на презентацијата на новиот изглед на градот во 2010 година. Но, тоа не е почетокот на проектот, туку време, во кое веќе четврта година се бараат законски покритија за да поминат идеите за градење. Во годината кога ќе се постави огромната статуа посветена на Александар ...

Кога лани во ноември се продаваше имотот на Водно, конфискуван од поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, единствените информации беа дека имало заплашувања при продажбата. Кратко потоа, јавното наддавање мина без никакви проблеми, и од Агенцијата за управување со одземен имот гордо изјавија дека становите се продадени и буџетот е побогат за неколку стотини илјади евра. Не се откриваа информации кој го купил овој имот сè до јануари, кога врз ...

Почитувани читатели, Со експанзијата на Chat GPT се очекува зголемена употреба на различни алатки во образовниот процес. Би сакале да слушнеме искуства на студенти, докторанди и магистранди за користење на алатките на вештачка интелегенција во текот на учењето и изработката на трудовите. Целта на овој прашалник е: Како да учествувате? За да го испратите вашето искуство, само пополнете го овој формулар. БИРН нема да објави никакви лични податоци ...

Дигитализацијата е тренди збор со години. Македонските власти, две децении постојано спроведуваат дигитални реформи, отвораат таканаречени едношалтерски пунктови и промовираат е-услуги. Но, драматична е разликата меѓу она со што се соочуваат граѓаните што ќе одлучат да ги користат е-услугите и тоа што сиве овие години се ветува и се рекламира како „дигитални реформи“. Јавните регистри сè уште се неповрзани, процедурите се сложени, дури се ...

Како никогаш досега, во предвечерието на двојните пролетни избори, партиските реклами ќе ги „окупираат“ телевизиските програми, бидејќи сосема е извесно сценариото, според кое, цели 18 дена ќе се совпаднат кампањите за пратеници и за претседател. Александар Даштевски, претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), која е надлежна за изборната регулатива, за БИРН потврди дека теоретски е возможно, во прајм-тајм терминот на телевизиите, во ...

Граѓани ја тестирале респонзивноста на општините | Фото илустрацја: Јурај Варга/Пиксабеј „Се чувствувам засрамено, срам ми е дека воопшто се обидов да ги прашам нешто“. Ова е сведочење на 41-годишна жителка на Општина Центар, која се обидела да ги исконтактира општинските власти онлајн и да побара нешто од нив, но по две недели не добила никаков одговор. Искуството е споделено во истражувањето за комуникацијата на општините со граѓаните што го ...

„Во мало место, не дај боже, да се разболиш. Ако немаш автомобил, готов си“. Со овие зборови, средовечна крушевчанка го почнува разговорот за тоа каде и како се лекуваат жителите од нејзиниот град. Зборува анонимно, бидејќи во малиот град сите се знаат, па загрижена е дека секоја јавно искажана критика може да ја почувствува на своја кожа, кога следниот пат ќе има потреба од лекар. А во целиот крушевски регион, вкупно има само 10 лекари, за ...

Основниот суд во Приштина ги осуди поранешниот министер за инфраструктура Пал Лекај и уште тројца функционери во Министерството поради 53 милиони евра, кои косовската влада му ги исплатила на американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ заради доцнење во плаќањето за изградбата на автопатот „Арбен Џафери“, кој ги поврзува Косово и Македонија. „Судскиот совет ги прогласува за виновни обвинетите: Пал Лекај, Небих Шатри, Есет Бериша и Бесим ...

Талат Џафери, од вчера попладне е новиот македонски премиер. Неговата инаугурација е последниот чин од псе-јо договорот меѓу Заев и Ахмети, кој зацрта етничко претапацирање на премиерското столче на крајот од мандатот. Џафери денес носи исклучиво сакоа и вратоврски, меѓутоа се чини дека годините во маскирна униформа ги предодредиле неговите карактер и однесување. Како 15-годишно момче заминал во Белград да учи воена гимназија и таму продолжил на ...

„Овде е жива болест да работиш“, ни кажа вработена додека шетавме низ долгиот ходник на Државниот архив на Македонија. Капиталниот и репрезентативен објект, кој „овозможува современ начин на чување на архивските документи“, како што во 2013 година го опишаа поранешниот премиер Никола Груевски и тогашниот директор на Архивот Зоран Тодоровски, се распаѓа. Најмногу од прокиснувања кога врне дожд или паѓа снег. И тоа е така уште од самото вселување ...

Премиерот Димитар Ковачевски, во еден ден објавил реклами на Фејсбук, во вредност до 2.500 евра. На неговата официјална страница, на 15 јануари годинава се активирале 25 реклами, секоја во вредност до 100 евра, според податоците што ги објавува компанијата Мета. Со спонзорирани објави, Ковачевски ги промовира своите активности како премиер, како што се новите инвестиции во здравството, поликлиниката во Сарај и други. Односно – плаќа за тие ...

Фирмата на Јордан Мијалков, „Бест веј инвестмент“ е новиот сопственик на трите стана и гаража на Водно, конфискувани од неговиот татко, екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, во случајот „Империја“. Овој имот беше продаден во ноември на јавно наддавање преку Агенцијата за управување со одземен имот, од каде што пред продажбата свикаа и прес-конференција, на која се пожалија дека биле заплашувани од страна на сопственици на имотот при обидите за ...

Судскиот совет ја запре двомесечната дисциплинска постапка за претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми. По неколкучасовна дискусија за извештајот на комисијата известители, со 7 гласа „за“ и 4 гласа „против“, Судски ја оконча постапката за утврдување одговорност што ѝ беше поведена лани во ноември. За да продолжи постапката беа потребни 7, а за да биде разрешена 8 гласа. Во последниот работен ден, Адеми дојде во Судски да даде своја одбрана. ...

Ти фали еден документ! Оваа реченица речиси и да нема македонски граѓанин што не ја слушнал од шалтерскиот службеник, кога се обидувал да заврши некоја работа во државните служби. Фрустрацијата расте секогаш кога административецот од другата страна на шалтерот ги разлистува документите. Растат и стравувањата дека ќе бидете вратени да обезбедите уште нешто пред да го добиете она за што сте дошле. Неретки се примерите и кога можат да ве вратат за ...

Џијан Емин и другарите-џезери, за последен пат настапија како Здружение на џез-музичари (ЗЏМ) минатиот месец во Скопје. Со Емин разговаравме две недели по концертот, откако веќе е решен проблемот за седиштето на новиот Оркестар за џез-музика, кој конечно произлезе ЗЏМ со кое тој концертираше паралелно со неговиот професионален ангажман во Филхармонија. Ги свиреа песните на „Леб и сол“ во свои џез-аранжмани. Лесно ги препознавме „Исток-запад“, ...

За разлика од судските предмети што застареа и заминаа во историјата по сила на измените на Кривичниот законик, 2023 година застари по сила на календарот. Замина, oставајќи ги сите надежи за 2024-та, која е година на избори, не само во Македонија, туку рекордна на глобално ниво: изборни процеси ќе се спроведат во повеќе од 70 држави. Голем дел од домашната јавност сака што поскоро да ја заборави 2023-та и живее во надеж дека новата ќе донесе ...

Скопје

4ᴼ/4ᴼ
4.12
70%
1011

Белград

3ᴼ/1ᴼ
3.6
83%
1011

Софија

2ᴼ/0ᴼ
6.17
73%
1011

Сараево

7ᴼ/7ᴼ
10.96
54%
1008

Љубљана

5ᴼ/2ᴼ
0.36
75%
1009

Атина

22ᴼ/20ᴼ
4.47
62%
1006

Тирана

10ᴼ/10ᴼ
0.0
93%
1009

Подгорица

9ᴼ/8ᴼ
5.66
53%
1010
Currency

61.525

Currency

58.4097

Currency

73.8197

Currency

38.0152

Currency

41.7196

Currency

65.9923

Currency

8.058

Currency

0.58031

Currency

0.37565

Currency

0.52588

Currency

1.69469

Currency

0.6927

Алуминиум

2 $

Иридиум

147909 $

Кобалт

486 $

Никел

508086 $

Рутениум

15530 $

Калај

29 $

Сребро

992 $

Злато

85170 $

Бакар

8 $

Паладиум

32347 $

Платина

30775 $

Родиум

147909 $

Цинк

95688 $