Последниот број на хрватскиот политички неделник „Глобус“ излезе вчера, а издавачот „Ханза медиjа“ како причини за згаснувањето ги наведе пазарните и деловните околности. „Глобус“, кој беше ценет во 1990-тите и 2000-тите години по својата независна уредувачка политика, се чини дека стана уште една жртва на падот на приходите од реклами и колапсот на продажбата на печатени медиуми што го погодува целиот сектор. Преминот кон онлајн-платформа не ...

Мартин Џорлев, млад музичар, добропознат на алтернативната сцена како фронтмен на бендот „Луфтханза“, настапи во едно различно издание на овогодинешниот музички фестивал ПИН во Скопје. Само една недела по издавањето на неговиот најдолгоподготвуван соло-албум „На Балкан, сам“, Џорлев и уште седум музичари што го придружуваа, свирејќи под името „Животни“, ги изведуваа новите песни во Младинскиот културен центар (МКЦ). Музички издржаниот ...

Буџетот на програмата за ретки болести, преку која се лекуваат 430 пациенти, е намалена од 24 милиони евра на 17,5 милиони евра за 2026 година, алармираат здруженијата на пациенти. Тие велат дека средствата што досега ги обезбедувала државата едвај биле доволни. А ова кратење дополнително ќе „удри“ по овие ранливи пациенти, чии лекови може да чинат по стотици илјади годишно. Весна Алексовска, претседателката на здружението на граѓани со ретки ...

Суд сместен во станбена зграда, канцеларии претворени во судници, судови сместени во згради во кои има уште по три државни институции, теписон и мебел стари 40 години, и рочишта што се снимаат на цедеа. Ако на тоа се надоврзе и преполовениот број судии од 363, од потребните над 600, и недостигот од судски службеници и администрација, заклучокот е дека македонското судство мора да импровизира за да преживее. Приливот на предмети расте, а ...

По повеќе од една деценија тивок политички живот и речиси целосно исчезнување од јавната сцена, Горан Минчев исплива во прв план како де-факто втор човек на владејачката партија ЗНАМ и министер задолжен за „ресетирање“ на неефикасната јавна администрација. Во улогите на реформатор на државниот апарат и генерален секретар на ЗНАМ, Минчев влезе со тридецениско искуство во СДСМ, партија со која и натаму има силна емотивна врска и која го врзува ...

Од 25 ноември до 10 декември се одбележуваат 16 денови активизам за борба против родово базираното насилство. Во тој период, политичарите и други јавни личности интензивно зборуваат за овој општествен проблем, кој секогаш не е во фокус во другиот дел од годината. Само годинава, во земјава имаше четири случаи на фемицид, меѓу кои беа брутално убиените Росица Коцева од Велес и Рамајана Асан од Скопје. Иако Македонија ја ратификуваше ...

Антикорупциската комисија денеска доби нов претседател. За првпат, челник на ова тело, суштинско за откривање и особено за спречување на корупцијата, станува човек однатре. Правникот Адем Чучуљ, од 2006 година е во Државната комисија за спречување корупција (ДКСК), од времето кога институцијата броела шест вработени. Почнал како записничар и пишувал соопштенија, советувал и учествувал во стратегии и дебати, за лани да стане генерален ...

Зар остана нешто неизградено? Ова е прашање што скопјани често си го поставуваат по повеќе од две децении интензивна градба на станбени згради и на висококатници во главниот град, кои целосно го изменија ликот на повеќето населби во него. Низ годините, многу празни простори, запуштени места, поранешни индустриски комплекси, големи паркинзи, дури и функционални паркови се претворија во градежни зони. Населбите со куќи во кои живееше по едно ...

Граѓанските здруженија повторно предупредуваат дека ќе нема доволно пари за програмата за заштита на населението од ХИВ, тренд што се провлекува во последниве неколку години. Програмата, имплементирана од Министерството за здравство, има две пошироки компоненти – терапија за ХИВ пациенти и активности за превенција што ги спроведуваат граѓански здруженија. Активистите се загрижија откако забележаа дека предлог-буџетот за 2026 предвидува 1,45 ...

Откако БИРН објави дека дронот што ја снимаше акцијата за чистење на градот не бил пријавен за лет во системот на Агенцијата за цивилно воздухопловство, новиот скопски градоначалник, Орце Ѓорѓиевски, во интервју за Канал 5, рече дека не знае кој ги објавил снимките од дронот, но дека тоа не се луѓе од неговото опкружување. „Друг ги објави сликите. Не се сеќавам дали беше некој портал, не знам точно, но еве ќе провериме“, кажа Ѓорѓиевски. Чиј ...

Четири дена по пожарот во магацинот, во кој се складирале литиумски батерии и електронски отпад, познати се само неколку состојки во воздухот што го дишеа жителите на Трубарево и скопјани. За другите се најавуваат резултати в петок, а за дополнителните анализи ќе треба да се почека до следниот месец. Од утре, јавните обвинители излегуваат на терен, каде што ќе вршат увид на изгорениот магацин. Но, инцидентот во Трубарево беше само еден од ...

Дронот што ги снимаше панорамските кадри од акцијата за чистење на Скопје не бил пријавен за лет во Агенцијата за цивилно воздухопловство, покажуваат јавно достапните податоци на оваа институција. Правилата налагаат секое летало што лета на македонското небо, претходно да биде регистрирано заедно со неговиот оператор, а летот претходно да биде најавен во системот. Во други случаи, кога правилата биле прекршувани, Агенцијата за цивилно ...

Дванаесет нови жолти канти, со ознаки за рециклирање. Зад нив – десетина луѓе со подигнати тупаници, како знак за подготвеност да се влезе во борба со скопското ѓубре. Сцената на фотографијата на социјалната мрежа Фејсбук ја сподели првиот човек на Општина Центар, Горан Герасимовски, кој со својата екипа се вклучи во помпезната акција за чистење на главниот град, која на 6 ноември ја организираше новиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски. Но, оваа ...

Се чини дека Обвинителството го приложило секое ливче или документ што го собрало, а кое е поврзано со работењето на дискотеката „Пулс“ во Кочани за да биде доказ во судската постапка. Oва е првичниот впечаток кога ќе се види обемната листа на докази, што обвинителите ја поднесоа пред првото рочиште. Тие предложија околу 1.400 материјални докази: oд документи од пред три децении, до билети од дискотеката, цедеа со фотографии, видеа, технички ...

Ако некој сака да го провери списокот на одземени лиценци од градежните компании, што Министерството за транспорт го објави непосредно по трагедијата во Кочани, ќе наиде само на пораката „грешка 404“, која означува дека некоја страница веќе не постои. Тоа беше една од најсподелуваните информации кога се појави пред осум месеци, но веќе ја нема на страницата на Министерството. Ништо подобро нема да помине ниту обидот да се најдат соопштенијата ...

Првото рочиште за пожарот во Кочани покажа дека судењето за трагедијата нема да се темели само на факти и докази, туку и на емоции и правни компромиси. Обвинителството на самиот почеток одлучи дел од доказите и сведоците да ги повлече, но и да спои во истата постапка обвинение за уште еден обвинет во обид да го скратат времето за судење, што, секако, се очекува да трае со години. Обвинителите ќе го носат најголемиот товар во случајот за оваа ...

Горан Герасимовски го освои вториот мандат како градоначалник на Општина Центар, по два изборни круга. Центар е една од само шест општини во кои победи неговата партија, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, која, барем според бројките, го имаше најлошиот резултат досега, иако партиското раководство тврдеше дека состојбата не е толку лоша. Со добиени 11.108 гласа, Герасимовски има речиси ист број гласови како сите други петмина партиски ...

По повеќе од две децении, познато лице се врати во бараките кај Градскиот парк. Поранешниот градоначалник на Скопје, Ристо Пенов, повторно е дел од градската администрација, меѓутоа овојпат како советник. Неговото искуство, заедно со улогата на опозиционер, го става во позиција да ги коментира првите денови од мандатот на Орце Ѓорѓиевски и да укаже на приоритетите во следните четири години. По сериозниот изборен пораз на опозицискиот блок, со ...

По четири години неизвесност и јавни полемики околу изградбата на кулите спроти хотелот „Холидеј ин“, Обвинителството стави точка на случајот: Нема криминал. Ја отфрли кривичната пријава што ја поднесе Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), со заклучок дека во неа нема елементи на кривично дело. Две обвинителства работеа на случајот. ДКСК, во април 2021 година ја испрати кривичната пријава до Обвинителството за гонење ...

Новинарите Александар Димитриевски и Михаил Милошевски од редакцијата на „360 Степени“, вчера ја добија првата награда на престижните ЕУ-награди за истражувачко новинарство, за серијалот стории „По трагите на Јулија“ за случајот со спорниот сертификат за англиски јазик на директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Бојан Христовски. Скандалот произлезе од сомнежите дека директорот на АНБ користел ТОЕФЕЛ-сертификат за кој постојат ...

Како млада жена заинтересирана за модата, кога наполнив дваесет години, бев целосно фасцинирана од „Ем-ти-ви“ уште од првиот момент кога го видов. Тоа беше околу 1990 година, кога една нелегално поставена сателитска антена на покривот од зградата во која живеев во Сараево ми го донесе „Ем-ти-ви“ во животот. Не знаев дека тоа буквално ќе ми го промени животот. Меѓу доцните 1980-ти и средината на 1990-тите, „Ем-ти-ви“ беше пресвртница за многу ...

Адам е човек што сам успеал во животот, тој е оженет и е татко на две деца. Сопственик е на успешно транспортно претпријатие, кој неодамна го пресели семејството во мала вила, во една приградска населба во Варшава. Новата куќа речиси сам ја изградил, со помош од татко му и шурата. Додека тројцата ги поставуваа темелите во подрумот, им пријде сосед. Дали ги испратила општината, праша тој, за конечно да почнат со изградба на одамна очекуваното ...

ВМРО-ДПМНЕ очекувано победи на изборите, но не успеа значително да го зголеми бројот на гласови во главниот град. Орце Ѓорѓиевски, со освоени околу 95.500 гласови, станува градоначалник на Скопје со најмала поддршка во последните две декади. Амар Мециновиќ заостана за околу 34 илјади гласа, но успеа меѓу двата круга да ја удвои поддршката и да освои над 61 илјада гласови. Тоа беше доволна причина во Левица да бидат задоволни и да се прогласат ...

Само час и половина по затворањето на гласачките места, Стевчо Јакимовски им се заблагодари на насобраните поддржувачи во изборниот штаб на булеварот Партизански одреди, и по триесетина емотивни прегратки замина кон уличките во Тафталиџе. Со тоа заврши неговиот четврти мандат како градоначалник на скопската Општина Карпош. „Владејачката партија го доби Карпош. Сега таа ја има речиси целата локална самоуправа во главниот град. Нека им е со ...

Пред гласањето в недела, се наметнува прашањето каква личност може да го избави Скопје од проблемите својствени за некои дамнешни и заборавени времиња: тротоари окупирани од ѓубре, сообраќаен колапс и воздух што го дишеме со страв. Во вакви услови, Орце Ѓорѓиевски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, влегува во вториот круг како јасен фаворит, со предност од 61.000 гласови. Ѓорѓиевски е познат на политичката сцена, а неговите бројни интервјуа и ...

До пред неколку месеци, името на Амар Мециновиќ ретко се спомнуваше надвор од левичарските кругови и информираната политичка јавност. За пошироката публика, неговата четиригодишна кариера на јавни позиции, прво како советник во Град Скопје, а потоа и како пратеник, минуваше речиси незабележано. Тој беше фигура во сенка – дел од тимот, но не и неговото лице. Затоа што синоним за Левица беше Димитар Апасиев, со своите антагонизирачки настапи, ...

Државната комисија за спречување корупција отвори предмет за кандидатот за градоначалник на Општина Карпош, Сотир Лукровски, кој ветува поволности за жителите на таа општина во болницата „Аџибадем Систина.“ Антикорупционерите, за БИРН, велат дека она што тие може да го испитаат е дали приватната болница е донатор на неговата кампања. Според Изборниот законик, фирми може да финансираат кампања во износ до 30 илјади евра, а како донација се ...

Овој текст не е за мене! Иако можеби ова прво ви паѓа на памет читајќи го насловот, искуството на стручњаците за интернет-измами предупредува дека сите сме потенцијални жртви на онлајн-стапиците. Вистина е дека повозрасните и дигитално помалку писмените се поранливи, меѓутоа никој не е имун. Раководителот на Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти (ЦИРТ), Севдали Селмани, во изјава за БИРН, потенцира оти компјутерската ...

Локалните избори повторно го ставија во фокус проблемот со бездомните кучиња. Некои од кандидатите ветуваа инвестирање во поголеми стационари, додека други воопшто не ги спомнуваат бездомните животни во своите програми, иако глутниците кучиња по улиците одамна се голем проблем во главниот град. Проценките се дека само во Скопје има помеѓу 4.000 и 5.000 улични кучиња, бројка, која како што објаснува Радмила Пешева, директорката на ЈП „Лајка“, ...

Меѓународните санкции можат да бидат ефикасна алатка што ги држи одговорни моќните личности за своите постапки, но доколку не бидат проследени со конкретни чекори во своите земји, нивното дејство може да остане ограничено. Санкциите насочени кон влијателни личности и нивните компании на Западен Балкан се редовна појава повеќе од една деценија. Само во октомври, Обединетото Кралство воведе нови мерки против девет лица поврзани со криминална ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
1.1
54%
1018
weather icon

Белград

22ᴼ / 21ᴼ
0.45
69%
1016
weather icon

Загреб

22ᴼ / 22ᴼ
1.15
86%
1019
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
0.1
77%
1018
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
0.79
75%
1016
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 19ᴼ
0.4
91%
1019
weather icon

Атина

28ᴼ / 26ᴼ
1.79
59%
1011
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
1.64
47%
1016
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
3.67
41%
1017
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 23ᴼ
5.36
65%
1017
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 25ᴼ
2.24
54%
1018
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
3.42
100%
1014
Currency

61.6417

Currency

53.9872

Currency

71.521

Currency

37.0916

Currency

38.1416

Currency

66.8701

Currency

7.95535

Currency

0.68999

Currency

0.33423

Currency

0.52556

Currency

1.15981

Currency

0.57336

Родиум

249168.29

Платина

50476.67

Рутениум

49029.89

Алуминиум

3.11

Злато

129060.56

Цинк

0.00

Калај

50.54

Иридиум

233896.68

Кобалт

56.29

Паладиум

38355.84

Бакар

12.22

Сребро

1862.96