
Скопје
11ᴼ /
11ᴼ



Компанијата Ѓока констракшн од Албанија преку јавно-приватно партнерство ќе стопанисува со паркингот на Клиничкиот центар Мајка Тереза. Ова за БИРН го потврди министерот за здравство, Арбен Таравари. На огласот, кој беше распишан на 15 ноември се јавила само Ѓока констракшн. Компанијата е формирана во Тирана во 1994 година, од 2022 има регистрирано подружница и во Скопје. Таа ќе стопанисува со паркингот во следните 20 години, а како што објави ...
Новинарството се менува под притисок на компаниите кои контролираат се` поголем дел од интернетот и тоа е процес на техно-феудализам, вели во разговор за БИРН наградуваниот новинар од Малта, Метју Каруана Галиција. Пред речиси осум години Галиција доживеа и огромна лична трагедија. Неговата мајка, познатата новинарка Дафне Каруана Галиција, беше убиена со подметната бомба во нејзиниот автомобил. Иако течат долги судски постапки, сè уште нема ...
Илјадници студенти и ученици – од Ниш, Крагуевац, Суботица, Нови Сад, Шабац, Лозница, Мали Зворник, Ваљево, Чачак, Ужице – маршираат кон Белград за протестот што ќе се одржи во сабота, на 15 март. Селата и градовите низ кои минуваат ги пречекуваат со огномет, солзи, прегратки, аплаузи и со поставени маси со храна. Локалните жители подготвуваат кревети, ќебиња, суви чорапи, нови патики, фластери за плускавци и лекови против болки. Досега се ...
Кога се на власт само вршат редовни набавки, а кога се во опозиција, истите тие набавки стануваат корупциски афери за „гладните и алчни функционери.“ Партиите СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ си ги копираат однесувањата едни од други кога треба да ја извршуваат опозициската улога на коректор на власта, па, освен што откриваат скандали со корупција или недомаќинско работење, знаат и да создадат случаи со полуинформации или со прикривање на контекстот. Така, ...
Раководството на Република Српска усвои закон со кој се засилува контролата врз невладините организации и медиумите, охрабрено од мерките на Доналд Трамп против УСАИД, во момент на политичка бура предизвикана од пресудата против лидерот на босанските Срби, Милорад Додик. Само еден ден откако пратениците во овој претежно српски ентитет го усвоија т.н. закон за „странски агенти“, даночни инспектори се појавија во канцелариите на „Капитал“, ...
Војната во Украина ги зоврива односите меѓу САД и европските земји поради различниот пристап како да ѝ се стави крај, но тоа е само една точка на раздор меѓу овие два блока. САД веќе воведоа царини за повеќе земји, а најавија такви мерки и за производите од ЕУ, на што Унијата најави дека ќе возврати. Сѐ поотворената поддршка од САД за партии и политичари од европската крајна десница, пак, заедно со тврдењата на американскиот потпретседател Џеј ...
Среде парк во скопската населба Аеродром, на место каде што родителите ги шетаат своите деца, пензионерите седнуваат да одморат, а сопствениците на домашни миленици доаѓаат за да ги истрчаат, има приватна парцела на фирми што се занимаваат со градежништво. Извадок од Катастар – КО Кисела Вода 2, КП 129/2 Се наоѓа во Аеродром, на површина од речиси 3.700 квадратни метри, во близина на училиштето „Ѓоргија Пулевски“, во едно од оние маала каде што ...
Законот не ѝ дозволува на Агенцијата за управување со одземен имот да се откаже од конфискуваните плацови на Водно за таму да остане зеленилото. Ова е заклучокот од разговорот со нејзината директорка Ирена Илиевска, која вели дека мора да работат согласно законите. Затоа, само ако плацовите не се продадат по три обиди едноподруго, би можеле да бараат алтернативни решенија за овој имот и да се разгледува идејата на Општина Центар таму да остане ...
Металниот звук на чеканот како студен ветер продира низ ушите на минувачите, додека механичката дупчалка ја тресе земјата под нивните нозе. Масивната цевка од дупчалката се издигнува до балконите на соседната зграда, па продира низ влажната земја. По неколку мига, повторно се крева за да земе замав за следниот удар. Вибрациите се пренесуваат на асфалтот и го мамат случајниот минувач дека телефонот му вибрира во џебот. Неколку години откако се ...
Градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај (45), кој ја изгради својата политичка кариера благодарение на кампањи за борба против корупцијата поддржани од донатори – и се сметаше веројатно за следен лидер на Албанија – беше уапсен во понеделникот и обвинет за водење сложена шема за поткуп и перење пари. Петмина инвеститори се во домашен притвор заедно со сопругата на Велиај, Ајола Ксоса – за која се тврди дека за четири години потрошила околу ...
Во раните утрински часови на 10 ноември 2022 година, полицијата изврши рација во фабрика за производство и преработка на канабис во селото Ререз, во близина на Берат, во централна Албанија. Пронајдоа четири големи оранжерии, опремени со струја, вода и – во еден од објектите – десетици душеци на надувување. Според обвинителите, во фабриката биле вработени 95 жени, кои произвеле најмалку 1,8 тони канабис таа година. Неколкумина им рекле на ...
Албин Курти ќе се трка за нов премиерски мандат на општите избори во Косово, кои се одржуваат в недела, но тој и неговата партија Ветевендосје (Самоопределување) се соочуваат со тројца главни ривали во обидот да ја формираат следната влада. БИРН анализираше кои се кандидатите за иден премиер: Курти од Ветевендосје, Бедри Хамза од Демократската партија на Косово, Лумир Абдиџику од Демократската лига на Косово и Рамуш Харадинај, лидер на Алијанса ...
Јавноста е со денови вознемирена од трагичната сообраќајна несреќа на скопскиот булевар Партизански одреди, каде што загина 22-годишната Фросина Кулакова од Неготино, откако беше прегазена на пешачки премин. Револтот поттикна протести и барања за промени во системот, со кои ќе се стави крај на дивеењето по улиците. За жал, ова не е прв случај кога сообраќајките, особено прегазувањето пешаци, предизвикуваат такви реакции. Според последните ...
За околу 4.800 деца нема место во македонските градинки, тие се на листите на чекање, додека нивните родители се снаоѓаат како што знаат и умеат. Ги ангажираат бабите и дедовците, даваат отказ на работа или се изложуваат на сериозни дополнителни трошоци за приватни градинки или за негувателки. Властите се свесни за проблемот што опстојува со години и сега отворено зборуваат за него, впрочем тие дошле до оваа бројка, меѓутоа мерките што ги ...
Снимател, монтажер, продуцент, две економистки и две новинарки се на чекор да станат членови на Советот на Агенцијата за медиуми (АВМУ), единственото државно регулаторно тело за медиумскиот пазар. Собраниската комисија за избори и именувања вчера ги утврди нивните имиња. Гласањето помина мазно, без дискусија, со по некоја скромна реченица за седумтемина од 22 кандидати што се најдоа на конечната листа. Седницата траеше повеќе од еден час, од ...
Предраг, Дарио и Боро стоеја околу импровизиран котел кој полека ја одвојуваше течноста од овошјето. Веќе со денови печеа ракија и се разбира, ја дегустираа. Апаратот за домашно производство на ракија на Балканот, од очигледни причини, е познат како „Веселата машина“. Боро, кој со своите 76 години е двојно постар од останатите двајца колеги, вели дека тајната за правење прилично добра ракија е – трезноста. „Барем еден човек треба да остане ...
Формулата за трошење државни пари при онлајн-рекламирање на избори овозможува злоупотреби, ова беше еден од клучните наоди на истражувањето „Пари, медиуми и избори во Северна Македонија“. Денеска, на брифинг со новинарите во Скопје, организиран од Фондацијата Метаморфозис и од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС), се презентираа наодите од истражувањето што се однесува на последните парламентарни избори во 2024 година. Наодите од ...
Новинарката и мајка на две деца, на возраст од 13 и седум години, Ермелинда Хоџа, долго време бара поголема безбедност за учениците во Албанија, но 12-месечната забрана на премиерот Еди Рама за Тик-ток да се справи со насилството во училиштата не ја импресионира. Рама ја објави забраната кон крајот на декември, еден месец по фаталното прободување со нож на 14-годишно момче кое следеше по серија расправии на социјалните мрежи. Американскиот ...
Мерката за ублажување на цените на основните продукти, наречена новогодишна кошничка, заврши минатата недела. Со неа, повеќе од 1.000 производи поевтинија меѓу 15 декември и 15 јануари. Меѓутоа, за време на овој период, синдикатите алармираа дека трговците ги злоупотребувале мерките, ги зголемувале цените на производите што не биле вклучени во кошничката, резултирајќи со зголемени наместо со намалени вкупни трошоци за граѓаните. Дискусијата за ...
Александар Хемон – веднаш се забележува по неговото презиме, кое не звучи многу босански – на прв поглед не изгледа како типичен Босанец. Всушност, неговото презиме е украинско: прадедото на Хемон од страната на татко му, се населил во Сараево од Украина, во краткиот период кога и Босна и западна Украина беа дел од австро-унгарската империја. Сепак, босанско-американскиот романописец тврди дека младоста во Сараево, во 1970-тите не му била баш ...
Иако секое дете би требало да може да се запише во градинка, тоа секогаш не е лесен процес за родителите. Неретко нема место во градинките, па родителите треба да наоѓаат други решенија за згрижување на своите деца. Тоа значи дека децата ги чуваат нивните баби и дедовци, но некогаш родителите се присилени и да ангажираат и негувател(к)и, што претставува дополнителен трошок за семејствата. А некогаш тоа значи и барање врски. Ѓоко Велковски, ...
Да не беше фотографијата од заменик-директорот на „Македонија пат“, Сашо Дранго, како позира со оружје покрај убиена мечка, веројатно немаше да се отвори јавно темата за незаконски лов. Сѐ тргна од фотографијата што ја објави Анима мунди на Фејсбук. Се засили со реакции на социјалните мрежи за убиената мечка и функционерот што седи покрај неа како пред трофеј. За кусо време, до битолското обвинителство допре гласот на јавноста, па отворија ...
Судскиот совет постои речиси исто колку што е независна државата. Најголемиот дел од нејзиното постоење е под критика дека е политички „инфицирана“ институција. Па така, наместо истакнати правници, прима „истакнати“ кадри од партиите, а тоа се одразува и врз регрутирањето кадри во судовите. Се чини дека најдраматични за Советот беа последниве три години години. На површина испливаа сите проблеми што со децении се таложеа кај оваа институција: ...
Годината што изминува ја одбележаа двојни избори и крупни промени на политички план, но и истите проблеми што како наследна болест се префрлаат од една во друга генерација. Како што е загадениот воздух, кој жителите на големите градови се присилени да го дишат. Во овие 12 месеци не се заборави на традицијата, без разлика дали е таа со религиска или со паганска заднина, додека преку протестни маршови се бараа повеќе права за жените и за ...
Артан Груби нема албанско државјанство, изјави за БИРН, советникот за медиуми на албанскиот претседател, Арта Сакја. Истовремено, новинарите на БИРН во Албанија не најдоа никаков запис во тамошниот Службен весник дека Груби добил државјанство. Во последниве денови се засилија шпекулациите дека поранешниот вицепремиер и еден од највлијателните луѓе во ДУИ, Груби престојува во близина на Драч. Пред неколку дена, откако вицепремиерот Изет Меџити, ...
Во последните неколку години, практично е невозможно да се избегнат разговори за тоа колку се зголемени цените, особено на основните прехранбени производи и продукти. Така беше и во предновогодишниот период. Свесни за тој проблем, и претходната, и оваа власт најавуваа решенија. Без разлика која партија беше на власт, мерките, без исклучок, секогаш беа критикувани од опозицијата и до некој степен заобиколени од трговците. Цените некогаш ...
Во изминатите 30 години, божикната сезона почнува порано за браќата Константинос и Анестис Алмпанидис. Од ноември, нивниот расадник во Анхијалос, село 30 километри оддалечено од Солун, во северна Грција, е полн со пунсетии, растение чии црвени лисја во облик на ѕвезда многумина го сметаат за симбол на Божик. „Порано влегуваме во божикната атмосфера, бидејќи долго време гледаме црвено насекаде“, се шегува 52-годишниот Константинос. Браќата, во ...
„Здраво, дали си за средбата за експати?“ Со овие зборови ќе ве пречекаат во едно кафуле во центарот на Скопје. Овде секоја недела, во 17 часот, ќе сретнете дигитални номади, странски студенти или туристи што се желни да споделат дел од своите патешествија низ партија друштвена игра. На овие средби, речиси три години странците во Македонија стекнуваат нови пријателстви и се дружат. На една од масите, покрај новогодишни декорации и сијалички во ...
Во политички пресвртната 2024 година, очекувано, јавноста главно беше преокупирана со двојните избори, претседателски и парламентарни, на кои убедливо победи ВМРО-ДПМНЕ, а СДСМ го доживеа најлошиот резултат од формирањето. ДУИ го зголеми бројот на пратеници, но тоа не беше доволно за да влезат во владата на Христијан Мицкоски. Тој за свои коалициски партнери ја одбра албанската коалиција Вреди. Од втората половина на годината, власта е во нивни ...
Зоран Милановиќ е фаворитот на претседателските избори во Хрватска, но најверојатно ќе оди во втор круг против кандидатот на владејачката партија за да обезбеди нов мандат за шеф на државата. Неговиот прв мандат беше обележан со жестоки критики кон владата и низа контроверзни и непредвидливи изјави. Анкетите покажуваат дека за Милановиќ (58) би гласале речиси 39 отсто од граѓаните, што е за два процентни поени повеќе од пред еден месец и далеку ...