ВМРО-ДПМНЕ во 2016 година го достигнала врвот во последниве години во однос на висината на приходите – дури 4,2 милиони евра легнале како приход на сметката на партијата, покажуваат податоците од Централниот регистар. Партијата ги зголемила своите приходи речиси двојно во однос на 2015 година. СДСМ остварила приходи кои се за четири пати пониски од оние на ВМРО-ДПМНЕ, односно приходите изнесуваат 1,2 милиони евра, додека најниски приходи имала ...

Вчера, со 101 глас „за“ пратениците ги изгласаа измените во Законот за финансирање на политичките партии Наместо 1.8 милиони евра како досега, политичките партии од буџетот ќе добиваат 4.5 милиони евра на годишно ниво. Досега партиите добиваа 0,06 отсто од буџетот, а со измените во Законот за финансирање на политичките партии овој процент се зголемува на 0,15 отсто. Вчера, со 101 глас „за“ пратениците ги изгласаа овие измени кои долго време беа ...

Портали водени од човек близок до ДУИ го собрале кајмакот од државноплатените изборни реклами во интернет-просторот на последните избори лани во октомври, открива БИРН. Овој случај ги илустрира ефектите од моделот воведен во 2018 година, државата во име на партиите да ги плаќа изборните реклами, што според еснафот и критичарите има сериозни недостатоци што го поттикнуваат и го негуваат клиентелизмот на релација партии и медиуми. Рами Мислими ...

„Сакам да донирам, потребна ми е [твојата] лична карта“ е фејсбук-пораката што ќе ѝ го измени животот на Марија. Порака што ќе ѝ донесе многу нервози, голем долг – од неколку брзи кредити и срам што воопшто дозволила тоа да ѝ се случи. Поради тој срам и за БИРН говори со молба да не го користиме нејзиното вистинско име, туку само – Марија. Пораката стигнува неколку дена по Нова година, откако на Фејсбук споделува повик за помош на момче болно од ...

Четири години му требаа на охридското обвинителство да поднесе обвинение за бесправно градење на локалниот советник од ДУИ Нефи Усеини, затоа што тој без одобрение изгради тераса на својот угостителски објект кај познатиот чинар во чаршијата. Во меѓувреме објектот е свечено отворен, и таму се гоштеваа струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, министерот за економија Крешник Бектеши и други видни гости. Дека одлуките во врска со бесправно изградените ...

Државата ќе им плати отштета од еден милион и 51 илјада евра на четири фирми-инвеститори во мали хидроцентрали на Шар Планина, кои не може да продолжат да се градат откако подрачјето стана национален парк. Фирмите ги склучиле договорите за концесија меѓу 2011 и 2018 година. Собранието го изгласа Законот за прогласување на Шар Планина за национален парк на 30 јуни 2021 година, но иницијативата за заштита на ова подрачје почна 27 години претходно. ...

Демир Капија е една од 45-те општини каде што нема матичен гинеколог. Во здравствениот дом кој, всушност, наликува повеќе на локална скопска амбуланта со основни услови за работа ја затекнавме Блага Лазова. Оваа средовечна жена како одвај да чекаше да раскаже за „проблемот за кој никој досега не ја прашал“. „Голема мака имам кога треба да одам на гинеколог. Патувам 30 километри до Кавадарци, таму плаќам преглед, а кога имам итен проблем морам и ...

Шеесетгодишен пациент останал инвалид и го загубил видот, откако повеќе од шест месеци чекал за операција на скопската Клиника за очни болести. Сето тоа време, пациентот имал болки во левото око, но никој од лекарите не се нафатил да го оперира, плашејќи се дека можат да бидат казнети, затоа што не го почитуваат закажаниот термин. Тој тврди дека останал инвалид и слеп на едното око, само поради оваа реформа на Министерството за здравство, која ...

Достасаните и неплатени долгови на јавните здравствени установи во земјава во јуни 2016 година изнесуваат вкупно 3,13 милијарди денари односно 50,9 милиони евра. Податоците на Фондот за здравствено осигурување што ги обработи Центарот за граѓански комуникации покажуваат дека долгот на државните здравствени установи во јуни годинава е зголемен за 118,2%, односно повеќе од двојно споредено со декември 2011 година. Во споредба со крајот на минатата ...

Ништо од најавите за укинување на организациските директори по клиниките. И покрај партизираноста на функцијата и големите трошоци што ги прават, никој не сака да се откаже од можноста за поделба на 40-тината директорски позиции. Меѓу последните назначувања има и од партијата Алијанса на Албанците, која во февруари годинава го доби ресорот здравство, иако новиот министер Фатмир Меџити, во повеќе наврати најавуваше дека ќе ги укине ...

На први септември 2014 година, тогашниот министер за образование, Абилаќим Адеми, и неговиот заменик Спиро Ристовски, во скопско училиште ги промовираа новите учебници од таканаречената Кембриџ наставна програма. На почетокот на таа учебна година, никој не беше изненаден од оваа вест. Воведувањето на Кембриџ програмата, месеци однапред го најавуваше и премиерот Никола Груевски, како една од клучните реформи што ќе донесат поквалитетно ...

Преку идентични текстови што синхронизирано и спонзорирано се објавуваа на два релативно непознати портали – redakcija.mk и desk.mk, минатата недела се водеше црна кампања против претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми. Истражувајќи, БИРН ги доведе сајтовите во врска со функционерот од ДУИ и директор на Државната лотарија, Перпарим Бајрами, човек што е исклучително близок до првиот вицепремиер и втор човек на ДУИ, Артан Груби. Медиумската ...

Вакциналните картони се проверени, а 15 адреси на исто толку невакцинирани претшколски деца тргнати настрана. Овојпат, реонот за „потсетување“ е скопско Волково и неговата околина, каде што екипата составена од две медицински сестри пред пензија и една млада докторка одат од врата на врата, во посета на нередовно вакцинирани деца. „Им веруваат на социјалните мрежи и не ги носат на вакцинација“, коментира Горица Јаневска, која е дел од екипата. ...

Танкица речиси и да немаше живот, вели нејзина пријателка од работното место, која била единствената што знаела за тортурата низ која минува. Била принудена да зема кредити за да му дава пари на Усеин, поранешен колега од текстилната фабрика, кој ја уценувал со наводно компромитирачки фотографии. Седум години не се доверила никому. Тивко страдала, стравувајќи од осудата од околината и од реакцијата на најблиските. Од она што го слушнавме во ...

Јавниот простор во Македонија е претворен во минско поле. Никогаш не се знае кога, каде и за кого ќе пукне некоја нова аудио „бомба“. Осум години откако СДСМ ги предаде снимените разговори од нелегалното прислушување меѓу 2008 и 2015 година на тогаш тазе основаното Специјално јавно обвинителство, очигледно е дека дел од познатите „бомби“ на Зоран Заев останале надвор од системот. Тој своевремено тврдеше дека сѐ било предадено и ниедна копија не ...

Цел грб со декубитни рани, неухранетост, афти во устата, комплетна дехидратација. Вака изгледала мајката на велешанката Снежана Арсова по десетина дена престој во приватен дом за стари лица. Пред да ја остави, Снежана раскажува дека жената имала само една мала декубитна рана, која зараснувала. Била неподвижна, но свесна, по преживеан мозочен удар. Бидејќи не можела за зборува, двете комуницирале преку стисок на раце. Сѐ до заминувањето во домот. ...

Во здравството, кратењето било дури 75 отсто | Фото: БИРН Десет болници или други здравствени објекти останаа или со старите фасади, или со нереновирани операциони сали и одделенија или без лифтови… А да го добијат ова осовременување беше предвидено во буџетот за 2022 година. Но, ланската енергетска криза спречи граѓаните да добијат подобри услови во повеќе сфери, од здравство, преку образование, до почиста животна средина. Центарот за граѓански ...

Во последните денови од јуни годинава, Врховниот суд објави дека ја потврдил пресудата во случајот „Транспортер“ на специјалното јавно обвинителство. Со тоа се затвори и последниот домашен правен „шалтер“ за жалби на дваесетмина обвинети, кои беа осудени дека ја злоупотребиле службената положба при организирање превоз на ученици во Општина Битола и го оштетиле буџетот. Набргу потоа судот ја објави и целата пресуда. Единственото „чаре“ на ...

Новинари, медиумски работници и претставници од граѓански организации протестираа денеска пред Граѓанскиот суд во Скопје поради неодамнешната судска пресуда против Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) и Сашка Цветковска, во која, освен што беа осудени за навреда и клевета на поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев, се оспорува нивниот статус како новинари. Застанати пред главниот влез на судот, говорниците потенцираа дека ваквата одлука ...

Помина една година од шефувањето на Ислам Абази. Тој, лани, на 7 ноември беше избран да го раководи Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, за првпат, директно од своите колеги. Една недела подоцна ја презеде и функцијата. Тивко и повлечено, без медиумски настапи и без застапување предмети пред судовите, со по некое појавување на конференција му измина првата година мандат. Оваа видлива „неприсутност“ е дијаметрално спротивна ...

Враќањето на државните пари во приватните медиуми не е единствената голема промена што ја носат измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, за кои Собранието ја усвои потребата да се донесат по скратена постапка, односно со т.н. европско знаменце. Со нив се предвидува и автоматско продолжување на дозволите за емитување програма на телевизиите и на радијата на секои девет години, односно му се одзема правото на регулаторното ...

На седми ноември, точно три месеци пред истекот на мандатот на актуелниот состав на Државната комисијата за спречување корупција во Службен весник е објавен огласот за избор на претседател и нови членови. Мандатот на актуелниот состав е до седми февруари 2023 година и ова беше последниот законски рок. Огласот го распишува собранието кое и ги бира членовите, а критериумите се идентични како и во 2019 година, кога беше избран овој состав. Од ...

Почитувани читатели, Би сакале да слушнеме искуства на граѓаните кои повикале Брза помош. Целта на оваа анкета е да добиеме информации: – за достапноста на Брзата помош во различни региони во државата – за брзината на интервенцијата – за тоа колку често екипите на Брзата помош доаѓаат на повик на граѓаните Како да учествувате? За да го испратите вашето искуство, само пополнете го овој формулар. БИРН нема да објави никакви лични податоци без ...

Поучени од лошите искуства со злоупотребaтa на софтверот што дели предмети во судовите, Министерството за правда предлага редовен надзор над електронскиот систем што ќе дели предмети во обвинителствата. Но, за да постои надзор, треба да има софтвер за електронска распределба на предмети. А таков софтвер во Обвинителството нема. Како што велат оттаму, за тоа досега немало пари. Јавното обвинителство користи систем, кој е одамнешна донација, ...

Кога концептот на една дебатна емисија со претенциозно име „Само вистина“ е всушност да се викнат двајца гости со спротивставени ставови, особено да се изберат ликови што се што поконфликтни во изразувањето и да се очекува дебатата да стане што пожестока за да се задоволат сеирџиските апетити на публиката, од таквата емисија можеме да добиеме сѐ освен вистината. Вулгарност, навреди, насилен говор, упаѓање на директорот со негова интервенција во ...

За кризата во Друштвото на писателите, за романот со готска приказна за камената куќа околу мочуриште крај Вардар на крајот од 19 век и за македонскиот јазик од тој формативен период за нашата нација, за јазикот денес, за расказите што може да послужат како алтернативен патоводител низ скриените егзотични катчиња на инаку извиканиот Париз, и како секогаш, неизбежно за Скопје, за градот што пред земјотресот можел да го излаже туристот дека шета ...

Сашо Мијалков од судење | Фото: БИРН Од денеска никој не е виновен за масовното прислушување. По пет години и девет месеци правосудно натегање, од кои 9 месеци чување на предметот во фиока во скопска Апелација, последните клинци за запечатување на предметот „Таргет-Тврдина“ дојдоа директно од политиката. Немаше ниту еден месец откако парламентот експресно ги усвои измените на Кривичниот законик, стана јасно дека деновите на овој случај се ...

Дубровник има 41.000 жители и 48.000 легла за изнајмување | Фото: Flikr-Tambako The Jaguar Градоначалникот на Дубровник, Мато Франковиќ, во вторникот објави дека властите го запираат ширењето на туристичките капацитети во крајбрежниот хрватски град. „Со последните измени на Генералниот урбанистички план го решивме прашањето со изградбата на туристичките апартмани. За нив нема да се издаваат градежни дозволи“, рече Франковиќ. Тој, на ...

Пред три години, на 10 октомври, на сегашната „упокоена“ веб-страница на СЈО осамна информација дека отвориле шест нови истраги, во кои се осомничени десетици функционери, директори и бизнисмени. За некои од шесте истраги, како на пример „Дизајн“, за набавка на кинеските автобуси, веќе има обвинение, па четворица обвинети се очекува да седнат на обвинителна клупа. Други, пак, како „Пациент“, за некои осомничени, како министерот Бујар Османи, се ...

Ќе дојдат нови луѓе и ќе градат куќи, а ќе треба да поминуваат меѓу нашите домови, по уличка што има одвај три метри. Таа ќе биде влез за една цела нова мини-населба. Ова ни го раскажа жител на населбата Пинтија, кој нѐ покани во неговото маало за да ни покаже како тоа се развива на штета на постојните жители. Патот кон неговиот дом води низ мрежа од тесни и слепи улички што почнува од главната улица. Тие улички поврзуваат педесетина куќи. ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
0.0
81%
1007
weather icon

Белград

9ᴼ / 8ᴼ
3.6
78%
1009
weather icon

Загреб

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
90%
1011
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
93%
1009
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
1.43
94%
1008
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 3ᴼ
1.03
94%
1011
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
1.34
88%
1005
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
87%
1005
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
0.51
62%
1005
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
1.54
89%
1006
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 6ᴼ
4.92
75%
1008
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
2.57
55%
1008
Currency

61.525

Currency

56.8468

Currency

73.565

Currency

35.8229

Currency

39.732

Currency

64.4608

Currency

7.93968

Currency

0.66916

Currency

0.37876

Currency

0.52226

Currency

1.49584

Currency

0.66438

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

16160.00

Рутениум

20190.67

Калај

36.67

Сребро

1096.89

Злато

99169.02

Бакар

10.26

Паладиум

30703.96

Платина

31469.90

Родиум

184063.02

Цинк

2.85