Ти фали еден документ! Оваа реченица речиси и да нема македонски граѓанин што не ја слушнал од шалтерскиот службеник, кога се обидувал да заврши некоја работа во државните служби. Фрустрацијата расте секогаш кога административецот од другата страна на шалтерот ги разлистува документите. Растат и стравувањата дека ќе бидете вратени да обезбедите уште нешто пред да го добиете она за што сте дошле. Неретки се примерите и кога можат да ве вратат за ...

Џијан Емин и другарите-џезери, за последен пат настапија како Здружение на џез-музичари (ЗЏМ) минатиот месец во Скопје. Со Емин разговаравме две недели по концертот, откако веќе е решен проблемот за седиштето на новиот Оркестар за џез-музика, кој конечно произлезе ЗЏМ со кое тој концертираше паралелно со неговиот професионален ангажман во Филхармонија. Ги свиреа песните на „Леб и сол“ во свои џез-аранжмани. Лесно ги препознавме „Исток-запад“, ...

За разлика од судските предмети што застареа и заминаа во историјата по сила на измените на Кривичниот законик, 2023 година застари по сила на календарот. Замина, oставајќи ги сите надежи за 2024-та, која е година на избори, не само во Македонија, туку рекордна на глобално ниво: изборни процеси ќе се спроведат во повеќе од 70 држави. Голем дел од домашната јавност сака што поскоро да ја заборави 2023-та и живее во надеж дека новата ќе донесе ...

Пишува: Владимир Костиќ | Белград, Скопје На почетокот, не побараа ништо за возврат. Еден локален член на српската владејачка партија ѝ помогна да се вработи како учителка. Таа знаеше многу други кои имаа најдено работа во јавните институции или компаниите што ги предводеа луѓе со врски во Српската прогресивна партија. Тоа не е срамно, особено кога стапката на невработеност достигнува речиси 15 отсто. Како што се наближувале претседателските ...

Годината почна со стравување како ќе се поминат студените денови поради енергетската криза, но вистинската потрошувачка на струја дојде летово кога температурите со денови беа високи и во градските средини не се живееше без вклучен клима уред. Војните во светот предизвикаа реакции и во Македонија. По четврти пат се одржа Парадата на гордоста во Скопје, а по првпат и црквата организираше протести против дефиницијата за род во предлог законите за ...

„Кога се на голем одмор, нагрнуваат во маркетот куп деца и купуваат „прајм“. И тоа не по еден, некои купуваат и по неколку шишиња“. Со нескриена зачуденост ни одговори продавачката во еден скопски центарски маркет на прашањето дали има купувачи на сокот, кој во нивната продавница чини 349 денари за половина литар. „Колку ли пари им даваат на децата за ужинка денес?“, се праша таа. Негазираниот пијалак, кој може да се најде со пет различни вкуса, ...

Конференција за дигиталните праа во Сараево | Фото: БИРН Од 144 случаи на прекршување на дигиталните права во Македонија, во периодот од септември 2022 до август 2023 година, 52 биле ширење говор на омраза и дискриминација, а 16 биле компјутерски измами. Ова го покажува новиот годишен извештај на БИРН презентиран во Сараево, Босна и Херцеговина. Во извештајот се опишани состојбите со дигиталните права во десет држави, од Унгарија, преку ...

Соединетите Американски Држави, денеска го ставија на својата црна листа бизнисменот и поранешен заменик-премиер Кочо Анѓушев, што практично значи дека нему му е забранет влез во САД. Забраната важи и за членовите на неговото семејство. „Додека ја извршуваше функцијата вицепремиер, Анѓушев ја злоупотреби службената положба во корист на неговите деловни интереси, поткопувајќи ја довербата на јавноста во Северна Македонија во владините институции ...

Предметот „Плацови на Водно“ ја заврши правосудната траекторија. Врховниот суд, преку соопштение објави дека судиите му ја одбиле иницијативата на поранешниот премиер Никола Груевски, со која тој бараше до највисокиот суд да ја преиспита правосилната пресуда во случајот. Со неа беше осуден на 9-годишна затворска казна, а Сашо Мијалков доби условна казна затвор. Во предметот, шестмина беа обвинети за перење пари и противправно стекнување и ...

Бугарите во Уставот како услов за продолжување на преговорите со Европската Унија и датумот за парламентарни избори беа двете главни теми што партиските и политичките центри ги наметнуваа годинава што измина. Меѓу дневно-политичките надмудрувања се наметнуваа и други теми. БИРН, со неколку текстови, отвори нови аспекти на актуелни прашања, фрли светло на стари матни зделки, раскажа нераскажани приказни… Сомнителни тендери Меморандумот за ...

Вработените буквално импровизираат за да обезбедат нормални услови за болните деца | Фото: Shutterstock Без антибактериски сапун, без медицински ракавици и други основни средства за хигиена функционира Детската клиника, a родители чии деца се сместени на клиниката тврдат дека вработените буквално импровизираат со цел да обезбедат нормални услови за болните деца. „Забележавме дека нема антибактериски сапун и ги прашавме докторите на клиниката ...

Само тројцата членови на дисциплинската комисија при нелегитимниот Судски совет (како што без ракавици го оцени холандскиот амбасадор) знаат што е толку итно, па во последниот работен ден од годината, мораа да ја повикаат претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми, на „сослушување“ за иницијативата за разрешување од функцијата. Манирот во кој се изведува овој „правен блицкриг“ укажува само на едно: постапката мора да заврши што побргу. ...

По три дена силни болки во стомакот, со температура што тешко се спушта и веќе минува во агонија, ќерката на инаку витален 73-годишен скопјанец, решава да сврти на 194, бројот на Брза помош. Нејзиниот татко е паднат во бессознание, нозете целосно му се одземени, па повикувањето Брза помош е единственото нешто што во недела напладне може да го стори беспомошната жена. „Не праќаме амбулантно возило за фебрилни состојби“, е одговорот што го добива ...

Организаторот и извршителот на убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и на 74-годишниот Панче Жежовски од Велес е во бегство, надвор од државата, беше соопштено на денешната заедничка прес-конференција на Министерството за внатрешни работи и на Основното јавно обвинителство. Според зборовите на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, убиецот прво избегал во Белград, заедно со својот адвокат, а потоа во Бугарија. Потрагата ...

Љубомир Јовески дојде тивко по бурната промена на власта во 2017 година. Мандатот го завршува во расправија со антикорупционерите за случајот „Труст“ и во „закопување на воените секири“ со министерката за добро владеење. Колегите за државниот обвинител што наскоро заминува во пензија, ќе кажат дека е смирен и воздржан човек, што и се покажа во неговиот мандат, во кој даваше умерени и незапаливи изјави за јавноста. На чело на Обвинителството ...

„Се гушиме! Нè гушат!“, вознемирено вели триесетгодишниот Благој, кој учествуваше на последниот протестен марш низ Битола. Благој не е неговото вистинско име, го нарековме така бидејќи сакаше да го заштити идентитетот. Тој им се придружи на стотината други загрижени граѓани, кои секоја година се собираат во центарот на градот, за да го искажат своето незадоволство од постојаните проблеми со загадувањето на воздухот – кој преставува степен на ...

Игор Јуриќ минал низ најтешката траума за родител, му била грабната и убиена 15-годишната ќерка Тијана. За разлика од многумина со слична судбина, тоj не ја потиснал болката, со години отворено зборува за кошмарот од 2014 година и им помага на семејствата што трагаат по дете или веќе го изгубиле. Овој поранешен голман на ФК Спартак од Суботица и фудбалски тренер, денес ја води невладината Центар за исчезнати и злоставувани деца од Нови Сад. Со ...

Минатонеделниот состанок на Европскиот совет помина нешто помазно отколку што се очекуваше. На агендата беше пакетот помош за Украина вреден 50 милијарди евра и отворањето на пристапните преговори со земјата. Медиумите очекуваа жестоки дискусии, бидејќи унгарскиот премиер Виктор Орбан однапред укажа дека е строго против двата предлога. Но, веќе во раните вечерни часови во вторникот, на првиот ден од самитот, беше донесена позитивна одлука за ...

„Само нешто да прашам?“, им се обраќа еден средовечен човек на луѓето што се тискаат пред самиот влез на пунктот за вадење лични документи без закажување, кој пред нешто повеќе од еден месец беше отворен во полициската станица „Пролет“. Надвор е ладно, едвај неколку степени над нулата. Сега е 9 часот, ама тие што успеале да се доближат до самиот влез се дојдени уште во 5. Гледаат испитувачки кон оној „што сака само да праша“ (фраза која ...

Во САД пресуден во 2017, во Македонија застаре годинава. Случајот „Маѓар телеком“ по речиси 12 години судење, во Македонија доби судски епилог во прв степен. Но, додека да одлучат судиите во Апелациониот суд дали пресудата е правилна, пратениците ги изгласаа измените на Кривичниот законик. Со нив, меѓу другото, се намалија казните за кривични дела, па така и за „несовесно работење во службата“, за кое се водеше предметот во скопскиот кривичен ...

Дневните весници досега добиваа најмногу субвенции | Фото: БИРН Десет милиони денари или околу 160 илјади евра ќе одвои владата годинава за поддршка на печатените медиуми, односно за покривање на трошоците за печатење и за дистрибуција. Ова е најниската предвидена сума досега, откако пред шест години се воведе оваа субвенција. Новина е и што годинава дневните весници што се дистрибуираат на национално ниво, немаат право да се пријават, туку ...

„Кога велиме дека некој е корумпиран, 100 проценти сме сигурни во тоа. Не ставаме луѓе на црна листа врз основа на сомнежи или на чувства“, кажа денеска американската амбасадорка Ангела Агелер на брифинг со новинарите. Средбата следеше по минатонеделното соопштение, со кое амбасадата обзнани дека им забранува влез во Америка на бизнисменот и поранешен вицепремиер Кочо Анѓушев и на членовите на неговото семејство, нарекувајќи го Анѓушев ...

Двете изградени дваесеткатници на Лимак, во центарот на Скопје, се полнат со новите станари. Уште две од вкупно четирите предвидени згради се градат на потегот од „Нова Македонија“ до катната гаража „Кирил и Методиј“. Високите градби со повеќе од 770 станови ќе бидат дом на илјадници нови жители. А во нивна близина ќе никне уште една зграда на државно земјиште. Инвеститор е државна фирма, Акционерското друштво за изградба и стопанисување со ...

На 25 септември, тoчно три месеци пред да му заврши мандатот, како што налага Законот за јавно обвинителство, државниот јавен обвинител Љубомир Јовески, со писмо ја известил владата да ја отпочне постапката за избор на негов наследник. Една недела подоцна, владата за ова расправала на седница, па на 9 октомври го информирала парламентот дека треба да објави оглас за избор на нов државен обвинител. Но, наместо огласот да се распише најдоцна два ...

Изборот на новите антикорупционери е „оркестриран и необјективен“, обвини претставничката на Советот за соработка меѓу владата и граѓанското општество, Снежана Камиловска-Трповска, која учествуваше во изборот и имаше право на глас за кандидатите. Седум имиња, пред полноќ, по десетчасовна дебата го поминаа првиот филтер – бодувањето од комисијата за селекција, во која има четворица претставници од партии, двајца од Советот за соработка меѓу ...

Ревизорите Татјана Димитровска, Цвета Ристовска и Зоран Богоевски, вработените во антикорупциската комисија Билјана Каракашова Шулев и Бесник Џемаиљи, адвокатката Софија Спасова Медарска и Сервет Демири од ревизијата на претпристапната помош за ЕУ се избрани за нови членови на комисијата за борба со корупцијата. Овие личности по тридневно јавно интервјуирање ги изгласа комисијата за избор на ДКСК. Ранг листата беше објавена пред полноќ. ...

Тешко беше по утрото да се познае денот, или поточно, по вечерта да се препознае ноќта во седиштето на СДСМ во Скопје, во моментот кога се затворија гласачките места на локалните избори. Во големата прес-сала единствено медиумските екипи се подготвуваа за долгата вечер, со хитовите на Френк Синатра пуштени на разгласот. Однадвор, сите светла на зградата беа запалени, сите канцеларии отворени, но тишината ја разбиваа само хитовите на Здравко ...

ВМРО-ДПМНЕ во 2016 година го достигнала врвот во последниве години во однос на висината на приходите – дури 4,2 милиони евра легнале како приход на сметката на партијата, покажуваат податоците од Централниот регистар. Партијата ги зголемила своите приходи речиси двојно во однос на 2015 година. СДСМ остварила приходи кои се за четири пати пониски од оние на ВМРО-ДПМНЕ, односно приходите изнесуваат 1,2 милиони евра, додека најниски приходи имала ...

Вчера, со 101 глас „за“ пратениците ги изгласаа измените во Законот за финансирање на политичките партии Наместо 1.8 милиони евра како досега, политичките партии од буџетот ќе добиваат 4.5 милиони евра на годишно ниво. Досега партиите добиваа 0,06 отсто од буџетот, а со измените во Законот за финансирање на политичките партии овој процент се зголемува на 0,15 отсто. Вчера, со 101 глас „за“ пратениците ги изгласаа овие измени кои долго време беа ...

Портали водени од човек близок до ДУИ го собрале кајмакот од државноплатените изборни реклами во интернет-просторот на последните избори лани во октомври, открива БИРН. Овој случај ги илустрира ефектите од моделот воведен во 2018 година, државата во име на партиите да ги плаќа изборните реклами, што според еснафот и критичарите има сериозни недостатоци што го поттикнуваат и го негуваат клиентелизмот на релација партии и медиуми. Рами Мислими ...

weather icon

Скопје

30ᴼ / 30ᴼ
1.54
33%
1012
weather icon

Белград

29ᴼ / 27ᴼ
2.68
50%
1013
weather icon

Загреб

23ᴼ / 22ᴼ
2.57
67%
1015
weather icon

Софија

28ᴼ / 28ᴼ
2.06
32%
1012
weather icon

Сараево

34ᴼ / 34ᴼ
3.16
24%
1011
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 20ᴼ
1.79
74%
1016
weather icon

Атина

35ᴼ / 32ᴼ
5.14
31%
1010
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
3.6
57%
1014
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
2.06
47%
1013
weather icon

Букурешт

33ᴼ / 32ᴼ
1.54
33%
1013
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 25ᴼ
2.57
64%
1014
weather icon

Истанбул

30ᴼ / 30ᴼ
8.23
35%
1012
Currency

61.535

Currency

52.8878

Currency

70.8243

Currency

34.4868

Currency

38.3402

Currency

65.6433

Currency

7.40778

Currency

0.65395

Currency

0.35531

Currency

0.52466

Currency

1.28467

Currency

0.60056