
Скопје
11ᴼ /
11ᴼ



„Каква промена чудна и голема е станала само кај македонската селанка, таја којашто беше најзаостанала, најпоробена. До вчера не смееше да застане при мажите кога тие зборуеја, а денес во тие исти македонски села седи како рамноправна членка во народно-ослободителните одбори“, забележала партизанката и уредничка Веселинка Малинска, во воведот на „Македонка“ – првото македонско женско списание, кое почнува да се печати во 1944 година. Зад него ...
Ретко кога недостигот од инфраструктура е добар знак за Западен Балкан, или за кое било друго место. Но, фактот дека регионот нема добро разгранета гасоводна мрежа, а има значителни потенцијали за развој на зелената енергија, може да биде можност за да се засили транзицијата кон чиста енергија. Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија можат да заштедат милијарди евра и да обезбедат почист воздух за нивните ...
По речиси 18 години проучување, едукација, лобирање кај институциите и јавни кампањи, истражувачите и активистите за заштита на балканскиот рис се соочени со непријатна вистина. Дури и да се овозможат совршени услови – да запрат и криволовот, и сечата на шуми, и намалувањето на пленот, нема гаранција дека оваа голема мачка ќе опстане. Причината е ослабениот генетски потенцијал и зачестеното размножување во сродство поради што новите генерации се ...
Речиси е осум часот наутро, еден вторник во јуни кога се отвораат пазарот и ресторанот на една фарма во североисточна Варшава. На полињата зад фармата, работниците уште од изгрејсонце собираат зеленчук и почнуваат да го носат на тезгите на пазарот. Како отчукува 8 часот, пристигнуваат автомобилите со муштерии подготвени за купување. Во исто време, доаѓа и група од околу 20 велосипедисти, сите облечени во исти црни шорцеви од ликра и дресови, со ...
Зад недовршената црква „Св. Константин и Елена“ и спомен-куќата на Мајка Тереза, во срцето на Скопје сокриен е Домот на армијата. Овие визуелно гласни објекти од бранот на „Скопје 2014“ ja затскриваат модернaта бетонска зграда, заборавена од постарите, а речиси непозната за помладите скопјани. Меѓутоа, домот, сепак, живее. Просториите и салите ги употребуваат Министерството за одбрана и Армијата, а по потреба ги користат и скромни културни ...
Се наоѓа фрлен на јаловишта. Се продава на црно на интернет и на социјалните мрежи. Го има само во ретки продавници за накит. Мајсторот што го обработува си го крие идентитетот, а автентичноста се докажува од око, бидејќи државата нема соодветни документи за да го регистрира и да го заштити. Ова е приказната за минералот корунд, познат како македонски, односно прилепски рубин. Ако пред една или две децении, македонскиот рубин се споменуваше како ...
Кога ќе се „спушти правта“ по големите војни, познатите водачи и генерали обично се во центарот на вниманието во историските читанки. Војниците и цивилните жртви често остануваат незнајни, претставени само преку бројки на загинати или на повредени. Но, тоа не е така во малиот меморијален музеј на француските воени гробишта од Првата светска војна во Битола. Таму, одамна починатите обични војници, кои дошле од целиот свет, се во фокусот. Тие ...
Денешната технологија овозможува со голема леснотија да се создадат и со невидена брзина да се шират лажни, но прилично убедливи фотографии и видеа со порнографска и еротска содржина. Впрочем, годинава во соседството се срамотеа девојки и жени преку телеграм-групи, каде што се споделуваа таканаречени дипфејк-фотографии. Трендот што надоаѓа е застрашувачки и заканувачки, додека технологијата напредува со исклучително брзо темпо. Во Македонија, ...
Закани, одмазднички пораки и дури конкретни најави за ликвидација, како и постојана промоција на сомнително стекнати богатства, непречено и речиси секојдневно се објавуваат на тикток-профилите со илјадници следбеници, кои посветено ги промовираат водачите на скопското криминално подземје. Ваквите содржини, со леснотија, може да стигнат до најмладата публика, која е доминантна на Тик-ток. Со развојот на технологијата и со секојдневното користење ...
Фестивалите низ македонските градови на кои настапуваа домашни и балкански ѕвезди, разните питијади, пастрмајлијади, етнофестивали и родендени, општините ги чинело околу 960 илјади евра. И тоа за нецела година – од јануари до октомври 2024 година, што значи дека до крајот на годинава, оваа сума се очекува да се зголеми. Тоа го покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации. Невладината организација, преку пристап до информации од ...
Кога активистот на здружението „Крокодил“ отишол на информативен разговор во српската безбедносна информативна агенција БИА, од него било побарано да го остави телефонот на столче пред канцеларијата. „Заминав по час и половина, а на телефонот имав известување дека сите мои контакти се експортирани“, изјави за БИРН активист, кој инсистираше на анонимност. Независното вештачење на телефонот, спроведено од експерти на Амнести интернешнел, откри ...
Општините, лани, на големо користеле адвокатски услуги, покажува најновото истражување на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК). Дури 417 адвокати им давале правни услуги на општините. Наодите од истражувањето покажуваат дека нема правила како општините ги избираат адвокатите, бидејќи одамна адвокатските услуги не се избираат на тендер. Истото важи и за министерствата. За тоа како избираат адвокат, општините одговориле дека е со: „непосредна ...
Ако пред 30 години било незамисливо една трансродова жена да прими државна награда за човекови права во македонското Собрание, годинава тоа станува реалност. Државната награда, иницирана во 2019 година, го носи името на Мето Јовановски, основачот и првиот претседател на Хелсиншкиот комитет за човекови права. Три децении подоцна, организацијата својот јубилеен роденден го одбележува во едно поинакво време, иако е присутно горливото чувство дека ...
Ископот на јаглен и помошната механизација за рудниците на РЕК Битола сè уште се услугите што најскапо ги чинат државава и нејзината компанија за производство на струја, Електрани на Северна Македонија (ЕСМ). Заклучоков произлегува од последното истражување на јавните набавки што денеска го објави Центарот за граѓански комуникации (ЦГК). Анализата на ЦГК го покрива периодот од почетокот на 2019 до крајот на 2023 година, петте години во кои ...
Вчера беше понеделник. Денот од кога премиерот Христијан Мицкоски најави дека почнува „робусната акција“ против корумпираните судии и обвинители. „Ако треба со тие корумпирани судии и обвинители ќе се справиме и на поинаков начин.“ Нејасно е што мислеше премиерот „на поинаков начин“, ниту, пак, што подразбира под „робусна акција.“ Во понеделникот добивме само неочекувана оставка. Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева се повлече поради ...
„Ќе го убијам!“. Ваква била реакцијата на шестоодделенец од Скопје, кој се степал со соученик од кој со години трпел булинг (меѓуврсничко насилство). Лут и вознемирен, со овие зборови, тој ѝ се пожалил на својата мајка, откако класната го укорила за тепачката иницирана од соученикот со историја на проблематично однесување. Посебно го погодил неправедниот коментар на наставничката: „Mислев дека ти си доброто дете.“ Мајката, која побара да остане ...
Недели пред одбележувањето на 1 декември, Светскиот ден за борба против сидата, невладините организации во Македонија што работат на откривање и превенција на ХИВ предупредија дека четврта година по ред, Министерството за здравство го крати буџетот, чин што ќе има влијание врз набавката на многу од прозводите за превенција. Велат дека, според нивните информации, во буџетот за 2025 година, кој е во собраниска процедура, ќе има само 90 милиони ...
Ален Зекиров, некогашниот телохранител на ексдиректорот на тајната полиција, Сашо Мијалков го доби судскиот спор против Министерството за внатрешни работи за неговиот отказ. Граѓанскиот суд пресече, а Скопска апелација потврди дека отказот што го добил во 2018 година бил незаконски. Според пресудата, на Зекиров со потпис на поранешниот министер Оливер Спасовски му бил откажан договорот за вработување во 2018 година. Причината за отказот од МВР е ...
В четврток и в петок, фудбалската арена „Пушкаш“ во Будимпешта ќе биде домаќин на два важни европски натпревари, од големо значење за домашната екипа. Невообичаено, но ова ќе бидат политички, а не спортски настани: четвртиот состанок на Европската политичка заедница (ЕПЗ) по кој ќе следи неформална седница на Европскиот совет. ЕПЗ е основана во 2022 година, како одговор на целосната инвазија на Русија врз Украина. Тоа е меѓувладин формат за ...
За стотина поранешни обвинети функционери, 6 септември 2023 година беше вистински празник. Два дена пред прославата на независноста, ним собранието им изгласа застарување на кривичните дела во судски случаи, за кои над глава им висеа затворски казни. Тоа им го овозможија пратениците од владејачкото мнозинство СДСМ и ДУИ. Ги изгласаа измените на Кривичниот законик, со кои се декриминализира искористувањето на службената положба. Со стискање на ...
Oсновни, апелациски и врховни судии, претседатели на судови, масовно ги тужат судовите каде што работат. Меѓу нив има и пензионирани судии. Сите со тужбите бараат државата да им исплати регрес за годишен одмор, популарното К-15, потоа разлика во исплатени додатоци на плата и придонеси и за несоодветно непресметан минат труд. БИРН најде најмалку 60-тина вакви заведени тужби од јануари годинава во базата на судскиот портал. Адвокати со кои ...
Наскоро ќе биде готов законот со кој би требало да се реши проблемот со изградбата на катната гаража веднаш до парламентарниот дом. Од собранието за БИРН велат дека работната група досега одржала три средби и дека посебниот закон е во завршна фаза. Засега од таму не откриваат детали за тоа што го договориле досега, но премиерот Христијан Мицкоски, пред два месеца го навести можното решение. Тој рече дека мора да се реши безбедносниот проблем што ...
„Ученички од трето одделение терале врсник да бакнува ВЦ-школка“, „ Наставник тепал ученик со аутизам среде училишниот двор“, „Основец претепал наставничка и нападнал соученици“. Ова се неколку од насловите во медиумите во последните месеци, кои илустрираат со какви проблеми се соочуваат учениците, нивните родители, но и вработените во македонските училишта. Понекогаш се работи за булинг – меѓуврсничко насилство што се случува меѓу самите ...
Фалсификуваните сертификати по англиски јазик што ги добиле двете осудени директорки преку бугарското студио „Јулија“, биле откриени случајно при друга истрага на полицијата во Агенцијата за администрација, дознава БИРН. Од август 2022 година под мерки за следење биле вработени во Агенцијата, кои, за пари им помагале на кандидати да го положат испитот за административен службеник. Според извори на БИРН од истрагата, инспектори од одделот за ...
Сопственичката на „Анго“, фирмата што требаше да ја изгради спорната катна гаража до Собранието, Анкица Трпковска, е избрана за член на комисијата на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), државната институција што го регулира телекомукацискиот сектор. На собраниската седница, која се одржа во вторникот, за неа гласаа 61 пратеник од владејачкото мнозинство. Трпковска нема да биде вработена во АЕК, туку ќе треба да учествува на седниците на ...
„Во галаксија, не толку многу далечна, има опасно и моќно оружје, кое може да го избрише целото постоење. За несреќа, тоа се наоѓа во главата на еден тотален лузер.“ Ова е најавата за првиот македонски анимиран долгометражен филм „Јон Вардар против галаксијата“, каде што главниот херој има супермоќ да запаѓа во неволји. Во ова интергалактичко патување за целото семејство, главни улоги имаат и емоционално незрел робот, како и многу, многу ...
По тридецениска доминација, бизнисменот Доне Таневски на пат е да ја изгуби контролата врз хотелскиот гигант „Македонија турист“, која ја има уште од периодот на транзицијата. Берзанските промени, во последниве три месеци, на површина исфрлија тројца нови и потенцијално клучни играчи во хотелското акционерско друштво, бизнисмените Фатмир Етеми, Зоран Антиќ и Симеон Павлов. Заедно, тие имаат поголем удел од Таневски. Она што се истргува на ...
По пауза од неколку месеци, новинарите повторно ќе можат да го користат Централниот регистар бесплатно. Вчера Собранието изгласа измени во Законот за Централен регистар со кој новинарите со писмено барање ќе можат бесплатно да добиваат податоци од регистарот за истражувачки цели. Како што беше праксата и пред паузата, која се појави поради ставот на новата власт дека оваа бесплатна услуга мора да се регулира со закон. До октомври, новинарите на ...
Ви пристигнува известување дека имате нова порака на Инстаграм. Некој од вашите пријатели ве моли да кликнете на одредена веб-страница и да гласате за нив, со барање да им помогнете да добијат некаква награда. Но, веб-страницата е лажна, а вашиот пријател никогаш немал намера да ја побара услугата. Станува збор за еден од најчестите примери за крадење профил на социјалните мрежи. Оваа шема не е нова. Се појавува одвреме-навреме како потсетник ...
Двајца нови членови на Советот на обвинители добија зелено светло од собраниските комисии и останува пратениците да го потврдат нивниот избор. Комисиските филтри ги поминаа струшкиот адвокат, Ардијан Демири, и истражителот од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Ведат Салихи. 50-годишниот Демири во биографијата напишал дека ги завршил студиите на Правниот факултет во 2004 година. Работел како преведувач, соработник и ...