По врнежливата пролет, Македонија се соочи со долго и сушно лето, додека низ Европа, високите температури уриваа рекорди, а недостигот од вода доведе до сериозно намалување на водостоите на големите реки, како Дунав. Состојбата беше толку сериозна, што привремено беше запрена пловидбата, а се исклучуваа и нуклеарни реактори бидејќи снема вода за нивно ладење. Во меѓувреме, научниците алармираа дека до крајот на годинава се очекува природниот ...

Гостивар го преживеа едно од најтешките лета, кога цел месец градот беше без водоснабдување, со загадена вода во цевките и со полни болници со пациенти со стомачни и други заболувања, како последица од загадувањeто. Од средината на јули, до втората половина на август, водата од градскиот водовод, која ја користат шеесетина илјади жители, беше забранета за пиење откако во неа беа пронајдени фекални и колиформни бактерии. Ова беше една од ...

„Тогаш бев разочаран. Кога завршив на трето место во Сиднеј, во главата ми беше само тоа дека сакав да бидам прв. Знаев дека можам. Но, како што минуваат децениите, денес на тој успех гледам и си велам, фала му на Бога за овој медал, оти сфатив дека во борењето, секој олимписки медал е планина, која малкумина ја искачуваат.“ Ова, додека се движи низ салата на боречкиот клуб „Бучим“ во Радовиш, ни го раскажува Могамед Ибрагимов, борачот, кој ...

Кога на шести ноември лани првпат стапна во градоначалничката канцеларија, Орце Ѓорѓиевски, мандатот го почна со најава за исполнување на едно од неговите главни предизборни ветувања – за 72 часа Скопје да блесне. Тоа и не беше неочекувано. Ситуацијата беше вонредна оти главниот град беше затрупан во ѓубре. Кризата беше резултат на долгогодишните проблеми во јавното комунално претпријатие, кои дополнително ескалираа пред изборите со ...

Името на Дарко Рундек кај различни генерации буди различни музички асоцијации. За едни тоа е „Мојата прва љубов “ или „Eна“, култните песни од времето на „Хаустор“, за други „Апокалипсо “, еден од најголемите хитови од неговата подоцнежна соло-кариера. Загрепскиот бенд „Хаустор“, еден од најзначајните претставници на југословенскиот нов бран, во текот на своето десетгодишно постоење објави четири албуми, оставајќи длабока трага на музичката ...

Со речиси 60 случаи што бараа болничко лекување, од кои дури осум починаа, распространетоста на западнонилската треска предизвика паника. Иако оваа тропска болест во Македонија за првпат била забележана во Драчево во 2011 година, обемот на случаи годинава ги фати институциите полуподготвени. Законот за заразни болести не ги обврзуваа инстуциите да водат задолжителна евиденција за западнонилската треска, се прска со застарени методи и ...

Неодговорните сопственици се главните виновници за зголемувањето на популацијата на улични кучиња, сложни се активистите и експертите. Кај властите, пак, и покрај изборните ветувања за решавање на проблемот, отсуствува решителност околу најсоодветните решенија – многу построги казни за напуштање миленик и едукација. Шест години се чека на усогласување на Закон за благосостојба на животните со оној за прекршоци, овозможувајќи многу повисоки ...

Љиљана Матиќ, 70-годишна скопјанка се изненадила кога на крајот на август добила даночно решение од Град Скопје за наследство на станот во кој живеела со децении со нејзиниот сега починат сопруг. Очекувала дека за префрлувањето на нејзино име нема да треба да плати ниту денар оти во станот живееле заедно од првиот ден кога го добиле како општествен, во далечната 1986 година. По осамостојувањето на Македонија, во 1995 година, нејзиниот сопруг ...

Кога во мај годинава, скопската адвокатка Павлина Зефиќ поднела тужба до Граѓанскиот суд во Скопје за надомест на штета oд над милион денари, најмалку што очекувала е дека наместо судска расправа, ќе добие решение дека судијата нема да постапува по неа. Причината не е поврзана со самата тужба, туку со начинот на кој била платена судската такса за неа. А како што вели Зефиќ, таксата била платена електронски, преку банкарски налог. Судијата ...

Неретко коњи се движат или се хранат по паркови, тротоари и на улици во урбани средини, каде што воопшто не им е местото. Иако речиси е нормализирано нивното присуство на јавните површини, сепак, необична случка за време на скопскиот маратон вознемири многумина. Вирална стана фотографијата од кобила што се породи сред улица во Карпош и oваа вест во фокус врати еден секојдневен и долгогодишен проблем – присуството на добиток во урбаните ...

На 25 октомври 2025 година, српските студенти и коалицијата што ја формираа, наречена „Студентска листа“, го шокираа светот со тоа што ја поразија владејачката Српска напредна партија со убедлива изборна победа. Со тоа заврши 14-годишното владеење на Српската напредна партија (СНС) и нејзиниот лидер Александар Вучиќ, период во кој СНС доминираше со јавните институции, медиумите и безбедносните служби на државата. По изборите, европската ...

Компанијата „Адора“ ја купува парцелата од околу 23 илјади квадратни метри во скопската населба Аеродром, веднаш до спортската сала „Јане Сандански“. На денешното јавното наддавање, таа понудила нешто над 66 милиони денари, или околу еден милион евра, потврди за БИРН Дејан Митевски, градоначалникот на Општина Аеродром, со што го победила својот конкурент, компанијата „Битем“, кој исто така учествувал во наддавањето за атрактивното земјиште на ...

Градежната компанија „Голден арт“ објави реклама за проект „Левел“, за изградба на две станбени десеткатници на аголот меѓу булеварите Србија и 12 Македонска бригада во скопската населба Лисиче. Ова е простор поставен дијагонално од 60-метарскиот крст во општината Аеродром, на неколку стотини метри од кулите „Џеваир.“ Станува збор за локација што пред три и пол години ги поттикна жителите на Лисиче на протести, откако дознаа дека во ...

Македонските општини во 2025 година потрошиле рекордни 356 милиони евра за јавни набавки, што е повеќе од претходните две години заедно, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации. Станува збор за тендерите што ги распишале и за договорите што ги склучиле сите 80 општини и Град Скопје. ЦГК ги следи набавките во локалната самоуправа повеќе години наназад, и според нивните податоци од 2018 година досега, 2025 година, не само ...

Кога во март годинава, премиерот Христијан Мицкоски најави дека Министерството за финансии одобрило средства за нови 200 вработувања за судовите низ земјава, тоа звучеше како прв чекор кон конечно надминување на алармантниот проблем со недостигот од судски кадар во земјава. „Нешто што претставува навистина голем потег“, говореше тогаш Мицкоски. Седум месеци подоцна, наспроти најавата на премиерот, нови вработувања нема. Oд март досега не е ...

Минатата недела го објавивме годишниот извештај за напредокот на Македонија во квалитетот на живот во 2025 година, во рамките на проектот converge2.eu. Во извештајот споредуваме 48 индикатори за квалитет на живот, поделени во 8 области, со истите тие индикатори во ЕУ. Врз основа на тоа пресметуваме вкупен индекс на квалитет на живот, како и колку години ќе бидат потребни за да се достигне европското ниво. Главниот наод е дека вкупниот ...

Во време на долги топлотни бранови, континентални суши и сè поголем притисок врз водните ресурси поради климатските промени, стотици приватни базени во Скопје и во околината се полнат без да се води сметка дали водоводниот систем може да го издржи нивното користење. Освен тоа, најголемиот дел од нив, над 90 отсто, се изградени без законски потребните документи што треба да се обезбедат од општините. Иако процедурата е речиси формалност – само ...

Две неодамнешни постапки на скопското Обвинителство за организиран криминал и корупција конечно открија нови детали за шверцот на петте тони марихуана од Македонија во Србија по повеќе од шестмесечен молк додека траеше истрагата. Едната е објавената спогодба со двајца од досега осомничените, а другата е најавата на обвинителството за нови седум осомничени. Имено, Кривичниот суд ја прифати спогодбата меѓу јавното обвинителство и осомничените ...

По неколку години драматично намалување на водостојот, Преспанско Езеро годинава бележи пораст на нивото на водата. Но, дали тоа е знак дека езерото закрепнува или, пак, сведочиме само привремен пресврт? Новата анализа на состојбата со двете eзера од преспанскиот басен, која е изработена врз основа на повеќе од 120 научни документи, извештаи, мониторинзи и други документи изработени од трите држави што ги делат езерата – Македонија, Грција и ...

Има една судница на шестиот кат во Кривичниот суд каде што не влегуваат телевизиски камери. Во неа нема јавност, а судиите не носат судиски тоги. Таму често завршуваат приказните што јавноста претходно ги дознавала како вести во медиумите: „Малолетник нападнал ученици со нож“, „Деца малтретираат девојче“, „15-годишно дете возело камион“… Во таа судница доаѓаат деца како обвинети. Им се суди за насилства, кражби, тешки телесни повреди, ...

Млад човек е потпрен на ѕид во аголот на просторијата, веднаш до кревет на кат. Подот пред него е прекриен со крв, како и неговото лице и нозете. Оваа вознемирувачка сцена може да се види на една од снимките до кои дојде БИРН, а на кои се документираат последиците од она што притворениците го опишуваат како масовно полициско насилство во центарот за задржување мигранти и бегалци Пастрогор во југоисточна Бугарија, во близина на турската ...

Денеска се навршуваат 25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, кој стави крај на вооружениот конфликт во 2001 година. Го потпишаа претседателот Борис Трајковски и лидерите на четирите најголеми партии, со посредништво на ЕУ и САД по преговори, кои во последната фаза, од крајот на јули до август, се одвиваа во вилата „Билјана“ во Охрид. Си подадоа рака за уставни, законски и, пред сè, општествени промени за унапредување на ...

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ, годинава инкасираше рекордни 2,5 милиони евра од буџетските средства наменети за редовно финансирање на политичките партии. Опозицискиот СДСМ се спушти на милион евра, додека ДУИ, со 472 илјади евра, го задржа третото место според висината на средствата добиени од државниот буџет во 2026 година. Анализата на документот за годинашните исплати, кој БИРН го доби од Министерството за правда, покажа дека првите три партии ...

Во последниве години се забележува раздвижување на македонската културна сцена, особено во областа на книжевноста, каде што се појавуваат сè повеќе нови автори со дела што ги наоѓаат своите читатели. Но, Македонија, како мало јазично подрачје, исто така, претставува мал пазар за книжевност, што значително ја ограничува заработката на писателите и издавачките куќи. Затоа, многу е важно делата на овие автори, особено ако се млади и се сè уште ...

Речиси нема знаци во Синѓелиќ, Ченто, Стајковци, Арачиново и околината дека пред десет години, вечерта на 6 август 2016 година, беа погодени од најтешката поплава што се памети во земјава, која однесе 22 животи и предизвика штета од над 30 милиони евра. Оштетените куќи главно се поправени или урнати, улиците се санирани, калта е одамна исчистена. Oстануваат само сеќавањата на мештаните, кои раскажуваат како за неколку минути надошла вода на ...

Во летните месеци, кога се движиме низ урбаните средини, инстинктивно бараме места каде што има повеќе сенка, особено во најтоплите периоди од денот. Нормално, тоа го правиме под точната претпоставка дека таму ќе биде поладно отколку ако се движиме директно изложени на сонце. Решивме да го тестираме ова на неколку локации низ Скопје со термометар за домашна употреба, со можност за мерење на две места. На 14 јули околу пладне меревме ...

Летото е време за одмор, патување и – за увид во градежните работи. Само во изминатиот месец, високи владини претставници посетија повеќе од десет локални градилишта за, како што се тврдеше во соопштенијата од нивните институции, да извршат увид во работите. Најактивни беа премиерот Христијан Мицкоски и неговиот заменик и министер за транспорт, Александар Николоски. Тука не станува збор за настани како удирање камен-темелник за нов објект или ...

„Мислам дека секоја година е сѐ полошо. Сѐ што одгледувам во мојата градина, оваа година се исуши. Апсолутно сѐ. Можете да полевате колку што сакате, но ни тоа нема да помогне“, се пожали Вера, жителка на мало гратче во близина на Микулов, во јужноморавскиот регион на Чешка. Низ Чешка, Словачка и Унгарија, историската суша остава тешки последици врз жителите, стопанството и врз критичната инфраструктура. Причина за тоа е комбинацијата од ...

Пратениците завчера изгласаа уште еден ребаланс на буџетот. Со изменетиот буџет, државата очекува да собере повеќе од првично планираното, но и да потроши повеќе од првичниот план. Разликата меѓу приходите и расходите, односно буџетската дупка е 46,3 милијарди денари или околу 750 милиони евра. Како и за секој досегашен ребаланс на буџет, власта и опозицијата беа на спротивните страни. Власта го правдаше „прекројувањето“ на државната каса ...

По неколку недели протести на кои се бара негова оставка, албанскиот премиер Еди Рама ги обвини алгоритмите на социјалните мрежи дека „истурале бензин врз огнот“ во т.н. „Фламинго револуција“. „Колку повеќе прегледи добивате, толку поголемо влијание имате. Колку поголемо влијание имате, толку поголема моќ поседувате. Моќ над кого? Над робовите на алгоритмите – над сите нас“, им рече Рама на пратениците од неговата владејачка Социјалистичка ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
65%
1025
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
60%
1027
weather icon

Софија

4ᴼ / 1ᴼ
0.0
82%
1026
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.05
81%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
83%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
4.47
62%
1024
weather icon

Тирана

16ᴼ / 15ᴼ
1.54
60%
1021
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
66%
1022
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
3.6
71%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 4ᴼ
1.03
57%
1028
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
8.75
87%
1026
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Цинк

3.76

Рутениум

61086.42

Кобалт

33.53

Иридиум

315077.32

Злато

130856.75

Родиум

295786.87

Платина

49319.25

Калај

46.54

Бакар

12.58

Алуминиум

3.07

Сребро

1670.34

Паладиум

32279.35