Дванаесет членови на Судскиот совет, во вторник треба да утврдат предлог за нов уставен судија откако на судијата Владимир Стојановски му истече мандатот. Ова е официјално најавено како втора точка од дневниот ред на веб-страницата на Судскиот совет. Предлогот што ќе биде усвоен на Советот треба да помине на пленарна седница во Собранието. Иако предлозите за новиот уставен судија ќе бидат познати на денот на седницата, досега праксата покажала ...

Приближно еден милион денари – за толкав износ обвинители преку извршители му ја блокираа сметката на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Откако Вилма Русковска, шефицата на Обвинителството, во емисијата „360 степени“ соопшти дека сметката им е блокирана, БИРН од неа побара одговори на што се должи тоа. „Тоа се наплати за добиени тужби на обвинителите на кои не им беа исплаќани додатоците на плата“, изјави Русковска за ...

Петте споменици што во септември 2014 година мистериозно „осамнаа“ во строгиот Центар на Скопје како донација од контроверзното Здружение за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради го „загубија“ спорот пред највисокиот суд за неплатени сметки за транспорт, монтирање и леење во бронза. Пет судии на Врховен, на крајот од октомври пресекоа по барањето за ревизија. Пресудија дека Здружението на Ташко Јованов не го испочитувало ...