Повеќе од 50 луѓе, кои на 31 јули 1993 година биле затворени во средното училиште во Прозор-Рама, западна БиХ, биле префрлени на линијата на фронтот, на планинската локација наречена Црни Врх. Затворениците биле врзани меѓусебе со жица и биле построени, а потоа им било пукано во грб. „Војниците на ХВО убиваа еден по еден човек, ги убиваа луѓето што беа построени со нас. Ако некој паднеше на земја, тогаш жицата околу вратот ќе се затегнеше и сите ...

Луѓето задолжени за озвучувањето го најавија она што никој директно не го соопшти синоќа околу два часот по полноќ пред Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ. Тие ги туркаа на купче звучниците, качени на скала го спуштаа модерниот видеобим и ги виткаа каблите околу рацете додека новинарите сè уште не веруваа дека лидерот на партијата Христијан Мицкоски нема да се обрати. Никој не се сети на минати избори, кога лидерот, исто така, не ја „затвори “ ...

Во строгиот центар на главниот град, во периметар помал од километар сѐ уште „зјаат“ карабините на неколку објекти што требало или да се подигнат или да се реновираат во она што народски се нарекува барок како дел од проектот „Скопје 2014“. И покрај големите очекувања и скромните ветувања дека новата власт ќе се справи со контроверзниот проект и по заклучоците на Работната група за „Скопје 2014“, која, само за пример, ги прогласи речиси сите ...

„Не сакам да ‘рескирам’ и да одам на матичен, а ми треба терапија. Ве молам пратете екипа кај мојата докторка за да ми пропише лекови зашто имам апчиња само за уште три дена“, ова беше содржината на еден од повиците што утрово дојде во општинската организација на Црвен крст во Карпош. Се јави жена на 68 години, која живее сама и веќе десетти ден е во самоизолација бидејќи имала многу контакти претходниов период. „Господ да ве чува“, вака таа ја ...

Министерката Шекеринска, во интервју за БИРН говори за претстојното полноправно членство во НАТО, за предизвиците против хибридни и сајбер-напади, како и за амбициозниот план за модернизација на армијата. Шекеринска прифаќа критики на контото на владата, но инсистира дека земјата е на добар пат кон демократизација и подобра иднина. Предупредува дека изборите во април ќе бидат клучен тест за зрелоста на земјава, тест кој, или ќе осигури ...

Еден од авторите и водител на популарната емисија „24 минути“, Зоран Кесиќ, во интервју за БИРН зборува за придонесот на шоуто во борбата против пропагандата и раскажува како е да се живее и да се биде новинар во денешна Србија, нашата соседна земја, која тој ја опишува како опасно поделено општество по линијата на патриоти и предавници. Тој ни ја долови Србија како место каде што полугласно се зборува за проблемите и каде што една партија и ...

„Сум видел многу драматични нешта, но на 27. април беше поинаку, гледавме слики од луѓе облеани во крв“ | Фото: Роберт Атанасовски Матс Стафансон смета дека во својата долга дипломатска кариера веќе доволно пати бил сведок на драматични настани. Тој беше дипломат во Полска во време кога Генерал Јарузелски 1981 прогласи воена состојба и преку ноќ уапси 6.000 луѓе. Тој воедно е и еден од неколкуте амбасадори од Западот кои останаа во Белград за ...

Во Општина Центар владее мнозинство, кое ги надминува партиските линии, а го спојуваат интересите и блискоста со градоначалникот, вели во интервју за БИРН, Јана Белчева-Андреевска, која вчера поднесе оставка од функцијата претседател на Советот на централната скопска општина. Таа го предводеше Советот по локалните избори во 2017 година и имаше клучна улога во донесувањето неколку одлуки, како што беше мораториумот за градба, со кои општината се ...

„За реформите во МРТ и во АВМУ, ВМРО- ДПМНЕ бараше чисто партиско пазарење“ | Фото: Архива на БИРН Изборите, кои би требало да се случат во преостанативе шест месеци, се повод да се потцрта сето она што е направено и да се сумираат резултатите од работата на една влада. Оваа владејачка гарнитура многу ветуваше на полето на медиумски реформи, а уште повеќе и се очекуваше од неа. Се очекуваше да направи сериозен отклон од децениската опресија врз ...

Обвинителството бара дополнителни докази за начинот на кој е издадена концесијата за експлоатација на бакар во рудникот Казандол | Фото: Веб-страница на Сардич Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција отворило предистражна постапка во која се бараат дополнителни докази за начинот на кој е издадена концесијата за експлоатација на бакар во рудникот Казандол, дознава БИРН од извори во ова обвинителство. „Побарано е од МВР да ...

Специјалната јавна обвинителка Фатиме Фетаи ги презентираше трите нови истраги на СЈО Специјалното јавно обвинителство (СЈО) отвори три нови истраги, од кои едната се однесува на пропаднатиот попис во 2011 година. За случајот се осомничени Никола Груевски како тогашен лидер на ВМРО-ДПМНЕ и Али Ахмети како лидер на ДУИ. Ова е првпат од основањето на СЈО предмет на истрага да биде висок функционер на најголемата албанска партија и тоа не било кој, ...

Познати градежни компании во 2015 година купувале деловни простории од ЕВН Македонија и од јавното претпријатие Македонски шуми и по неколку месеци ги продале на тогаш сѐ уште владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ за нешто повисока цена. Тоа се градежните компании „Бауер БГ“ и „Жикол“, кои во десетгодишниот период на владеење на ВМРО-ДПМНЕ работеле на повеќе државни проекти откако биле избрани на тендери. Четири имоти купени на сличен начин Во акција ...

Пет и пол години по првата бомба на Зоран Заев и три месеци по политичкиот погреб на СЈО, судска разрешница за скандалот со прислушувањето нема, но предметот добива забрзана динамика на судење. Крунскиот предмет на згаснатото обвинителство, „мајката“ на сите предмети, поради кој и беше формирана оваа институција, овие денови повторно е во фокусот на јавноста. На ред стигнаа сведочењата на новинарите, политичарите и бизнисмените што биле ...

„Македонија посине“, активист на ВМРО-ДПМНЕ го прочита овој наслов и му го покажа мобилниот на својот сопартиец, самиот да се увери во мапата на ДИК поделена по општини. Неколку часа по изборите не можеше да се слушне друг коментар во бифето сместено на приземјето од барокното седиште на партијата. Останатите ги беа оставиле „моторолите“ исправени на масите и втренчено гледаа во екранот, каде што лицата им ги осветлуваше дебатна емисија на ...

Дваесет и пет години по завршувањето на војната во Хрватска, конечно е подготвен закон со кој ќе се утврдат правата на цивилните жртви на конфликтот, на родителите на убиените деца, на децата чии родители се убиени и на семејствата на исчезнатите лица. Хрватската Влада очекува Собранието да го усвои овој закон, до крајот на годината. Законот предвидува финансиски надомест за луѓето кои станале инвалиди за време на војната и за оние кои загубиле ...

Поранешнииот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски е виновен е за злоупотреба на службената положба и се осудува на казна затвор 9 години, пресуди Кривичниот суд. Тој, според судијката Добрила Кацарска, треба да ги надомести трошоците во постапката и да врати над 453 илјади евра, во рок од 15 дена од правосилноста на пресудата. „Опасноста од негово бегство и те како постои“, рече обвинителката на СЈО Фатиме Фетаи по изрекувањето на пресудата ...

Синот на министерот за странски инвестици, Џери Наумоф е дел од сопствеништвото на странска компанија што вложила во Македонија Меѓу странските инвеститори во Македонија што беа опфатени во базата на податоци Странски инвестиции под лупа има и такви што влечат одредени врски со познати македонски функционери кои долго време биле на јавни позиции, или со нивни блиски пријатели. Најеклатантен пример што еден актуелен министер, токму за ...

Неприкосновениот британски писател и автор на култните романи „1984“ и „Животинска фарма“, Ерик Артур Блер, познат под псевдонимот Џорџ Орвел, пред повеќе од седум децении го напиша помалку познатиот есеј „Политиката и англискиот јазик“. Во него Орвел, меѓу другото, запиша дека јазикот и мислата се близнаци на човековата психа, па констатира дека, aко мислата го корумпира јазикот и јазикот може да ја корумпира мислата. Падот на еден јазик, ...

Шестите локални избори во Македонија завршија со водство на СДСМ во голем број општини пред ВМРО-ДПМНЕ. Резултатите што ги соопштуваше Државната изборна комисија се ажурираа бавно, па до полноќ не беа обработени ни половина од избирачките ливчиња. Од резултатите што ги соопшти СДСМ, владејачката партија освоила 37 градоначалнички места во првиот круг, а ВМРО-ДПМНЕ 15. Никола Груевски обвини дека изборите поминале во недемократска атмосфера ...

Судијата, Никола Гију, кој го води случајот против Тачи и другите обвинети, за време на првото појавување на Кадри Весели во судницата, на 10 ноември. Фото: СВК/Скриншот. ССК вчера објавија редактирана верзија на одлуката со која се потврдува обвинението против поранешниот косовски претседател, Хашим Тачи, и уште тројца поранешни припадници на ОВК, за злосторства против човештвото и воени злосторства, извршени во војната во Косово, 1998-1999. ...

Насим Харадинај (десно) и Хисни Гуцати пред судот, на 29 септември, односно на 1 октомври. Фото: СВК/Скриншот Адвокатот на Здружението на воени ветерани на ОВК, Томе Гаши, за БИРН изјави дека СОК поднело обвинение против лидерите на Здружението на воени ветерани на ОВК, Хисни Гуцати и Насим Харадинај. „Обвинението е поднесено, но не и потврдено (од судија)“, нагласи Гаши, без да даде други детали. СОК сè уште нема дадено никакво соопштение во ...

Архитектот Мирза Врањаковиќ, на ѕидот во неговата доброопремена канцеларија во берлинскиот округ Шарлотенбург има две слики. На едната пишува „A bas le le haviar, vive le kebab“ (Долу кавијарот, да живее ќебапот), парола што беше испишана по зградите во Париз за време на протестите на „жолтите елеци“ против естаблишментот, кои ја зафатија Франција на Емануел Макрон во 2018 година. Другата е фотографија на Јосип Броз Тито, на која тој пуши, ...

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески и портпаролката на обвинителството Елизабета Недановска | Фото: БИРН Основното јавно обвинителство за организиран криминал поднесе обвиненија за 30 од 35 осомничени за настаните од 27 април за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста. Од овие 30 лица, двајца се гонат за помагање. Денеска до судот е поднесено обвинението, а судот треба да одлучи дали ќе го прифати. Доколку обвинението ...

Владината кампања за поттикнување на домашниот туризам „дома си е дома“, во која беше употребена фотографија од езеро во Германија, предизвика два тренда. Во едниот, голем број граѓани на социјалните мрежи споделуваат фотографии од разни дестинаци во светот и ги нарекуваат со имиња на локации во Македонија. На пример Нијагарините водопади станаа Смоларски водопади, Стоунхенџ стана Куклица, голем број пејсажи од Алпите добија имиња на планински ...

„Адинамик Медиа“, фирмата на Унгарката Агнеш Адамик која минатиот месец ги купи порталите „Курир“ и „Република“, сега влегува и во сопствеништвото на порталот „Нетпрес“. Податоците од Централниот регистар говорат дека унгарската фирма влегува во сопствеништвото ЛД Пресс Медиа, фирма издавач на порталот „Нетпрес“. Сопственици на ЛД Пресс Медиа се Дејан Николовски и Лидија Станчевска – Кумова, а од денеска во Централниот регистар е впишана и ...

Насилниот упад во Собранието, три години подоцна, и натаму е резервоар на поделби и политички пресметки, платформа врз која се гради или се урива идејата за иднината на земјава, незатворена рак-рана на длабоко поделеното општество. Една од причините за тоа е и фактот дека за настаните од 27 април сè уште нема целосна судска разврска што е на линија со правната максима дека „задоцнетата правда е неправда“. Анализата на БИРН за ...

„Да допобедиме“, гласеше неофицијалниот слоган на локалните избори во 2017 година, кога активистите на СДСМ повикуваа да се гласа за нив за да се отстрани ВМРО-ДПМНЕ и од локалната самоуправа. Иронично, тоа беа изборите на кои голем број гласачи за последен пат ѝ ја дадоа довербата на партијата. Воздишките беа барем подеднакво гласни, како и викотниците на изборната прослава на партијата. Не го добија посакуваниот убедлив резултат, но барем се ...

„Гласот на жртвите е неопходен за остварување на правдата“. Ова се зборовите на претседателката на Специјализираните совети на Косово (ССК), Екатерина Трендафилова, која ги повика жртвите на злосторствата, наводно, извршени од четворица поранешни припадници на ОВК, денес високи политичари, да учествуваат во судските процеси против нив, пред таканаречениот Специјален суд во Хаг. Нејзиниот повик дојде по потврдувањето на обвинението против ...

Бугаризирање на Македонија или воена психоза? Вреден подарок или Тројански коњ? Национално предавство или европеизација на државата? Теми и дилеми отворени во медиумите. Пред повеќе од 20 години. Реакциите на првата декларација за пријателство меѓу Македонија и Бугарија на 22 февруари 1999 година, зачувани во медиумските архиви што ни беа достапни, покажуваат дека по ова прашање и во тоа време имало, не само целосно спротивставени ставови, туку ...

Логото на „За заедничка Македонија“ ја краси канцеларијата на Иванов Во Народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов врамен стои Манифестот на четвртиот Илинден на иницијативата „За заедничка Македонија“. Народната канцеларија, освен со Манифестот, е збогатена и со логоата на иницијативата „За заедничка Македонија“ кои се залепени од внатрешната страна на прозорците, а се гледаат однадвор. БИРН во петокот ја посети народната канцеларија ...

Повик

4 дена - МРТ
weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.0
100%
1022
weather icon

Белград

4ᴼ / 2ᴼ
0.0
92%
1022
weather icon

Загреб

3ᴼ / 1ᴼ
2.06
93%
1023
weather icon

Софија

2ᴼ / -3ᴼ
1.54
69%
1023
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.77
95%
1024
weather icon

Љубљана

1ᴼ / -1ᴼ
2.06
96%
1022
weather icon

Атина

11ᴼ / 9ᴼ
1.34
83%
1019
weather icon

Тирана

2ᴼ / 2ᴼ
1.54
87%
1019
weather icon

Подгорица

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
100%
1020
weather icon

Букурешт

1ᴼ / 0ᴼ
3.09
89%
1025
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
0.89
93%
1022
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
3.09
82%
1022
Currency

61.545

Currency

52.5545

Currency

70.2721

Currency

34.7087

Currency

38.105

Currency

66.036

Currency

7.46434

Currency

0.65313

Currency

0.33427

Currency

0.52444

Currency

1.22773

Currency

0.5864

Злато

139515.92

Алуминиум

2.95

Цинк

3.04

Сребро

2159.01

Рутениум

29192.88

Калај

43.93

Иридиум

145787.60

Паладиум

54591.97

Родиум

258813.51

Бакар

11.07

Платина

64479.52

Кобалт

58.42