Повеќе од една деценија, речиси нема ден да не чуеме дека се ветени стотици нови вработувања, а вложени ќе бидат милиони и милиони евра во одредена инвестиција. Гледавме сечење ленти, потпишување меморандуми за соработка, гордо фотографирање на владини претставници пред компании со странски капитал, слушавме најави, расфрлање со огромни суми и најави за спасување одредени општини од сиромаштија и невработеност. Но, по сечењето ленти и по ...

За привлекување на странски инвестиции, од маркетинг и промоција, субвенции, па до изградба на технолошко индустриските развојни зони, властите во последните десет години потрошиле најмалку 148,7 милиони евра, покажува деталното истражување на БИРН во сите завршни сметки на државниот буџет од 2007 до 2015 година, додека пак за 2016 година податоците се земени од последниот ребаланс на буџетот. Пребарувањето поврзано со зборовите „странски ...

Одлив на 33,6 милиони евра е салдото на странски инвестиции во јануари годинава, покажуваат најновите податоци што денеска ги објави Народната банка. Тоа значи дека одливот на странски капитал во почетокот на годинава бил поголем отколку приливот. Народната банка регистрира прилив на сопственички капитал и реинвестирана добивка од 37,9 милиони евра, но одливот изнесува 71,5 милиони евра. За споредба, истиот период лани бил регистриран прилив на ...

Додека се чекаат првичните неофицијални резултати од локалните избори во СДСМ веќе се слави победа, а центарци тоа го прават пред штабот на ВМРО ДПМНЕ. Пред штабот се појави и кандидатот за градоначалник на Центар од СДСМ, Саша Богдановиќ. Во ВМРО-ДПМНЕ засега е невообичаено тивко, на прес конференцијата по затворањето на избирачките места Никола Србов, член на Извршниот комитет на партијата обвини дека се узурпурале државни ресурси, се вршел ...

Владата склучила договори за државна помош во вкупна вредност од 47,5 милиони евра, покажуваат податоците до кои дојде БИРН. Овие 13 нови договори за државна помош што ги анализиравме, ги потпишувале повеќе владини претставници, меѓутоа најголем дел од нив министрите задолжени за привлекување на странски инвестиции од претходниот владин состав. Истражувањето се базира врз склучените договори на Владата и инвеститорите во делот на државна помош, ...

Од сите избирачки места во кои се гласаше во вториот круг од локалните избори, СДСМ освои 18 градоначалнички места, ВМРО-ДПМНЕ 2, ДУИ 7, Алијансата за Албанците 3, а по едно градоначалниччко место добија ДПА, БЕСА и независниот кандидат Енвер Пајазити во Брвеница. Кандидатот на СДСМ во Штип, Благој Бочварски, прогласи победа од неговиот противкандидат на ВМРО-ДПМНЕ и досегашен градоначалник на оваа општина, Илчо Захариев. Во Кисела Вода победи ...

ВМРО-ДПМНЕ се уште не поднеле финансиски извештај за расходите од вториот дел од кампањата. Иако законскиот рок истече на 14 октомври, ден пред одржувањето на изборите, опозициската партија која ги загуби локалните избори, нема прикажано како се финансирала и како трошела во периодот од 5 до 13 октомври. Од Државната изборна комисија (ДИК) тврдат дека сите пристигнати извештаи се објавени на нивната веб-страна, додека Христијан Мицкоски, ...

ВМРО-ДПМНЕ во предизборната кампања потрошила еден милион евра, најмногу за реклами на телевизиите, печатење, консултантски услуги и предизборни собири, три пати повеќе од СДСМ која, според финансиските извештаи потрошила 335 илјади евра. Вториот извештај покажува дека само на телевизијата Нова и се исплатени 60 илјади евра за реклами, а за рекламирање на Фејсбук партијата платила 20 илјади евра. Овојпат, за телевизијата Сител не се прикажани ...

Деветмината обвинети кои се поврзани со инцидентите од Собранието од 27 април кои се товарат за „учество во толпа која ќе спречи службено лице во извршување службена должност”, добија условни казни. По тричасовното судење во Кривичниот суд сите девет обвинети ја признаа вината. Првообвинетиот Димче Христовски – Жабата ќе добие затворска казна од една година и 6 месеци ако во следните 5 години направи кривично дело. Сите останати ќе бидат казнети ...

Малку познати ликови во првите редови | Фото: БИРН Иако Никола Груевски пред само неполни два дена најави оставка од претседателското место во ВМРО-ДПМНЕ, тој денеска ни најмалку не звучеше како лидер во заминување. Четириесет и пет минути им зборуваше на околу три илјади поддржувачи пред Владата во Скопје, кои попладнево маршираа од Министерството за правда до „Илинденска бр.2“ во знак на протест поради притворените учесниците во собраниските ...

Бекир Асани е предупреден од лидерот на ДУИ Али Ахмети за навредите и заканите кон новинарот Насер Селмани, вели во интервјуто за емисијата на БИРН „Животот на Косово“ претседателот на Собранието Талат Џафери. Тој вели дека „не знае што му рекол Ахмети на Асани, бидејќи не бил присутен на средбата, но смета дека не е решение Асани да биде исклучен од ДУИ, туку дека за неговите постапки треба да реагираат институциите бидејќи тоа не е прашање на ...

Телевизијата, отворена во 2015, имаше најсовремена опрема за известување Со решение на скопскиот Основен суд 2 се отвора претстечајна постапка за телевизијата Нова на бизнисменот Сеад Кочан. Претстечајот, како што дознава БИРН, се отвора на барање на кабелскиот оператор „Телекабел“ како еден од доверителите, поради тоа што не бил платен преносот на сигналот. Телевизијата веќе долго време се соочува со финансиски проблеми, а вработените немаа ...

Цветин Чилиманов Скандалот што го предизвика вработениот во државната агенција МИА, Цветин Чилиманов, кој на Твитер ѝ се обрати на дописничката на Фајненшл Тајмс, Валери Хопкинс со повик за насилство, на нозе ја крена и меѓународната јавност и новинарските здруженија. Чилиманов, како што дознава БИРН, е суспендиран од работното место и тој има рок од три дена, односно до понеделник, да се изјасни во врска со суспензијата. Потоа, дисциплинска ...

Се чека на двоецот Поповски – Манчевски | Фото: Flickr на Влада на РМ Половина година откако дел од печатените медиуми побараа државата со пари да го помага издавањето на весниците, власта сѐ уште размислува како и во колкав обем да им излезе во пресрет. „Фокус“, „Капитал“, „Коха“, „Слободен печат“, „Нова Македонија“ и уште десет други локални и национални весници, преку новоформираната Асоцијација за заштита на печатените медиуми, лани во ...

Во порталот Република, кој до пред две години имаше газди од Белизе влегува фирма со унгарски капитал. Друштвото за услуги Адинамик Медиа ДООЕЛ Скопје, му се приклучува на досегашниот сопственик Доне Доневски и станува нов газда на веб-порталот. Седиштето на оваа фирма, чиј газда е Унгарец, според податоците од Централниот регистар, се наоѓа на истата адреса со телевизијата Нова на бизнисменот Сеад Кочан, на булеварот Киро Глигоров 4. Фирмата ...

Со зголемување на основачки влогови, продолжува да се влева унгарски капитал во медиумите блиски до опозициската ВМРО-ДПМНЕ, а се случуваат и промени во однос на сопственичката структура. Последните податоци од Централниот регистар говорат дека сопственик на Ем медиа, фирмата издавач на порталите Курир, Лидер, Економски и Вистина, станува единствено фирмата со унгарски капитал Адинамик Медиа на унгарската државјанка Агнеш Адамик. Претходно, ...

„Од утре почнува исплатата на лозарите“, „Исплатени се тутунарите во Прилепско“, „Доцнат парите за субвенциите“. Ова се насловите кои со години ги слуша македонската јавност кога е во прашање поддршка на земјоделството со пари од буџетот. Професори, бизнисмени, политичари, многу пати ја критикуваа или ја поддржуваа оваа најскапа аграрна политика на Владата, но, досега немаше пресметка која би покажала поцелосна слика. Вината за тоа лежи во ...

„Дистрикт бар и ресторан ги отвори вратите и работи со истиот капацитет и целосно применети мерки“. Ова е првата реченица од истиот текст, кој пет македонски портали го објавија во ист ден, 16 септември. Teкстовите се илустрирани со исти фотографии, а кај три портали исти се дури и насловите: „Дистрикт бар и ресторан работи со применети мерки и збогатена понуда“. Сите информираат дека ресторанот продолжува со работа, со почитување на ...

Протест за поддршка на собраниските „ќосиња“ Утринската акција на полицијата во која беа приведени 30-тина лица поврзани со нападите во Собранието на 27. април годинава, меѓу кои пратеници и организатори на протестите За заедничка Македонија, ги извади поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ на улица пред Кривичниот суд во Скопје. Таму се појави и експремиерот и партискиот лидер Никола Груевски кој десетина минути стоеше пред барикадите на судот, а потоа ...

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) отвори седум нови истраги во кои 17 лица се осомничени за повеќе кривични дела, меѓу кои злупотреба на службената положба, измами во службата и други. Меѓу осомничените се јавуваат поранешниот министер за здравство Никола Тодоров, поранешната пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ Силвана Бонева, поранешниот градоначалник на Битола Владимир Талески, поранешниот министер за земјоделство Љупчо Димов и други лица. Засега, ...

СЈО тврди дека не патувала, имала сместување во Скопје Специјалното јавно обвинителство (СЈО) денеска отвори нови седум истражни постапки, меѓу кои е и случајот „Друмарина“ кој се однесува на поранешната пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева. Според СЈО во периодот од јуни 2012 до декември 2015, пратеничката во Собранието приложила 843 фискални сметки кои наводно ги зела одејќи на релација од својот дом во Струмица до Скопје, ...

Ако го сретнам сега, олку рано,.. си го заигра Симеона омилениот мисловен танц тоа утро, совршено извиткувајќи ги своите надежи на тротоарот. Беше вистински виртуоз, зашто неколкуте последни години, таа и не правеше ништо друго, освен што вака си ја ослободуваше љубовта врзана в ќош со три синџири тишина. Ќе застанам, божем изненадена, со очите ќе го прашам „од кај ти овде“ и ќе ја подадам раката нагоре кон неговиот врат, поткревајќи се ...

– Добро Гена, дали навистина мораш на секој проклет симпозиум да ја носиш и Лили со тебе? – ја праша Денко својата сопруга, гледајќи ја како во куферот ги реди и аливцата на нивната најмала, едногодишна ќерка. – Да, морам. Не можам да патувам без Лили. – А без другите две можеш, така? – Можам, големи се тие. И немој да ме товариш со вина! – Знаеш Гена, ќе мораш малку да ја олабавиш науката, овде е сè потешко за живеење, снемува струја, ...

Добре Лилјак со децении работеше во Металски завод „Тито“ во три смени. Најмногу сакаше да работи ноќе, трета смена, за да го има денот на располагање за семејството, сопругата Станика и синовите Горан и Зоран. Можеби затоа самиот себеси си го привика прекарот Лилјак, да кружи, да надлетува над неговото име. – Добре. – Кој Добре? – А, бе, Добре, Добре, како не го знаеш?! Добре Лилјак! – Аааа, Лилјак, така кажи веднаш! Живееја дури во Ѓорче ...

– Која е последната книга што сте ја прочитале? – ми го пресече чекорот една млада новинарка со широка, наместена насмевка и микрофон во раката, додека брзав да фатам автобус на Рекорд. – Од млада немам прочитано книга – ѝ реков нагло и непредвидливо како што се доверува најдлабока тајна. Криеш, криеш, криеш нешто цел живот и одеднаш му го кажуваш на првиот случаен човек кога тоа најмалку се очекува од тебе. Кога тоа најмалку го очекуваш од ...

Некој упорно тропаше на вратата. Да имав ѕвонче, ќе уживав уште повеќе во продорното кинење на мојата долгогодишна тишина. Надевајќи се дека најпосле доаѓаат да ми го приведат, да ми го затворат разбеснетиот мерак, со брз, радосен чекор се упатив да отворам. * * * Живеам сам на „Ленинградска“, на „Стив Наумов“ по ново, очи в очи со поликлиниката на МВР. Далеку пред мене – СУГС „Раде Јовчевски-Корчагин“, зад мене – Управата за јавни приходи. ...

1. Во септември 1988 година дипломирав на Катедрата за книжевност на Филолошкиот факултет и веднаш добив понуда за привремена работа во „Детска радост“ во НИП „Нова Македонија“. Не знам како тоа вам ви изгледа денес, но „Детска радост“ во тоа време беше издавачка куќа во која сите сакаа да работат. Јас сакав да работам нешто друго, но, се фатив за зборот привремено и почнав да работам во големата бела зграда на „Мито Хаџивасилев Јасмин“ на ...

На секои две евра вложени од странските инвеститори, државата им дала по едно евро, покажува анализата на БИРН на вкупно 26 компании што склучиле договори за државна помош. Тие добиле субвенции од 121 милион евра, од кои 26 милиони евра се кеш грантови за изградба на фабриките, помош за обуки за работниците или пак, субвенции за секое отворено работно место, додека пак, 95 милиони евра се даночни и царински ослободувања заклучно со крајот на ...

Албин Курти, лидер на движењето Самоопределување (Ветевендосје), кој беше сменет од функцијата премиер во март годинава, имаше бурна есен. Овој месец, ССК го потврди обвинението против Реџеп Селими, шеф на парламентарната група Ветевендосје, за воени злосторства и злосторства против човештвото. Селими беше обвинет заедно со уште тројца поранешни високи припадници на ОВК, а денешни политичари – со Хашим Тачи, до неодамна претседател на Косово, со ...

„Интелигентниот полемичар и прогнозер, веќе малку, како што вели, е уморен од политиката. Тој би сакал со неа да се занимава волонтерски. Тој не може да избега, сега знае, од тој врел котел“. Вака пишуваше новинарот, Манојло Вукотиќ, во 1989 година, за тогашното ново лице на сцената на црногорската политика. Тоа ново лице беше Мило Ѓукановиќ, кој оттогаш, повеќе или помалку, ја водеше земјата, или како претседател, или како премиер, а чија ...

Повик

4 дена - МРТ
weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.0
100%
1022
weather icon

Белград

4ᴼ / 2ᴼ
0.0
92%
1022
weather icon

Загреб

3ᴼ / 1ᴼ
2.06
93%
1023
weather icon

Софија

2ᴼ / -3ᴼ
1.54
69%
1023
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.77
95%
1024
weather icon

Љубљана

1ᴼ / -1ᴼ
2.06
96%
1022
weather icon

Атина

11ᴼ / 9ᴼ
1.34
83%
1019
weather icon

Тирана

2ᴼ / 2ᴼ
1.54
87%
1019
weather icon

Подгорица

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
100%
1020
weather icon

Букурешт

1ᴼ / 0ᴼ
3.09
89%
1025
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
0.89
93%
1022
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
3.09
82%
1022
Currency

61.545

Currency

52.5545

Currency

70.2721

Currency

34.7087

Currency

38.105

Currency

66.036

Currency

7.46434

Currency

0.65313

Currency

0.33427

Currency

0.52444

Currency

1.22773

Currency

0.5864

Платина

64479.52

Злато

139515.92

Бакар

11.07

Сребро

2159.01

Иридиум

145787.60

Кобалт

58.42

Родиум

258813.51

Цинк

3.04

Паладиум

54591.97

Рутениум

29192.88

Алуминиум

2.95

Калај

43.93