Во тешка сообраќајна несреќа почина синот на поранешниот пратеник Крсто Мукоски. Според информациите Милан, најстариот син на Мукоски излетал со возило од патот кон вевчани синоќа околу 1 часот по полноќ. На 13.01.2024 околу 01.20 часот во СВР Охрид, било пријавено дека на регионалниот пат кон Вевчани, во близина на село Подгорци, струшко, патничко моторно возило „ауди“ со вевчански регистарски ознаки, управувано од М.М. (19) од Вевчани излетало ...

Во Владата на Република Македонија, вчера од страна на стручна комисија, јавно беа отворени понудите по јавниот повик 09-12895/1 за доделување договор за универзален снабдувач со електрична енергија објавен на 11.12.2023 година. Како што соопшти владината прес-служба, согласно информациите на Комисијата, до објавениот рок пристигнати се понуди на три економски оператори, кои имаат понудено бруто маржи од: 11,4%, 11,4% и 11,45%. -Најпрво се ...

„Има сигнали, многу од партиите кои се сега во власта, кои биле во власта укажуваат сигнали да се приклучат кон ВМРО-ДПМНЕ. Ние направивме комисија, таква е процедурата и во периодот кој следи таа комисија ќе има состаноци со сите политички партии во Македонија“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање при неговата посета во Општина Вевчани. Тој истакна дека очекува тие партии да ја прифатат ...

Грчката полиција го расчисти убиството што на 15 јули минатата година се случи во вила на Халкидики, кога смртно беше застрелан 39-годишен, а повреден беше 45-годишен, двајцата државјани на Северна Македонија, а сторителот, кој е идентификуван, веќе е во притвор кај нас, осомничен за учество во двојното убиство во март и ќе се бара негова екстрадиција во Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Паралелно, во непосредна близина на убиството бил ...

Штрајкот во Германија се интензивира.Стојат возилата, возовите. Граѓаните со часови патуваат до работните места и стојат заглавени на ауто бановите.Но,никој не е нервозен поради тоа.Напротив, сите помагаат колку што можат па дури и им носат храна, кафе и ќебиња на земјоделците кои штрајкуваат поради мерките на владата. Секоја чест На 🇩🇪 вести нема ништо,ама на тик-ток оди лајв, тракторите не возат, во просек секој еден потрошил по 1000€ за ...

„Проблемот мора да го поделиме во два дела да ја констатираме фактичката состојба а потоа да нудиме решенија. Како е фактичката состојба? МВР не располага со доволен капацитет да може во така брз рок да бидат отприлика 2,5 – 2,7 милиони македонски пасоши кои се издадени да бидат променети согласно обврските кои се преземени а се дел од законско решение донесено во 2021-та година зошто? Затоа што таму имате два апарата кои работат од 7 до 10 часа ...

Во април 2020 година беше објавен извештај на Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал, а криминалци од Црна Гора биле вклучени во шверцот на 30 тони кокаин, кој беше запленет од 2017 година. Се проценува дека во Европа годишно се консумираат 90 тони кокаин, што остава впечаток дека Црна Гора била важна алка во целиот синџир. За сето ова зборуваше претседателот на Движењето за промени, Небојша Медојевиќ, во емисијата ...

Српскиот политичар Вук Драшковиќ вели дека е невистина оти во 1915 година со Лондонскиот договор на Србија и се ветувала Далмација и Босна ако ја предадат Македонија на Бугарија. Тој за „Информер“ вели дека предвоена Југославија била добро смислена , налик на САД но оти на многумина им била пречка за остварување на своите хегемонистички намери. Лага е дека на Србија во 1915 година во Лондон и е понудено половина Далмација и цела Босна под услов ...

Дека власта не знае кај тера се гледа и по начинот на кој оди промената на личните документи кои произлегоа како наша обврска од Договорот од Преспа. Досега, за да и удоволи на Грција, власта на Заев, а сега и на Ковачевски одеше и пред обврските кои се јасно прецизирани во спогодбата. Па така, најпрвин побрзаа да ги направат „северни“ сите називи на инситуции, културни, спортски, музички. иако тоа никаде не е наведено. Потоа, брусеа шахти каде ...

Од 10-ти до 28-ми јануари 2024 година, во обложувалниците „Sport Life“ ќе се одвива акцијата „ЕКСПЕРТ ЗА РАКОМЕТ“, во знакот на европското ракометно првенство за мажи на ЕХФ – ЕУРО 2024. Сите оние кои ќе одиграат тикети со натпревари исклучиво од понудата за ракомет, приложени со и регистрирани на Sport Life клуб-картичката, и кои ќе имаат највисок вкупен коефициент на добитен тикет во периодот на траење на промоцијата, ги очекуваат три главни ...

Некролог со ликот на Адолф Хитлер и кукасти крстови се појавија во зградата на синагогата во Софија, додека внатре се одржувала молитва. На денот кога ја славиме саботата во јудаизмот – околу 5 часот, младите го залепија ова парче хартија на вратата. На прв поглед може да изгледа прилично ситно, како смешна шега, но всушност она што го гледаме е сосема јасно организирана акција на луѓе кои ставиле маски“, вели Максим Делчев, претседател на ...

Сопругата на членот на Шкаљарскиот клан, Дарко Гајслер, кој беше ликвидиран на 5 јануари пред влезот на зградата во која живееше со семејството во Сао Паоло, Бразил, во својата прва изјава за медиумите рече дека „нивниот син останал без татко и дека ја интересира само каков бил тој како сопруг“. Тоа што се случи во неговиот претходен живот не е моја работа. Мојот син го загуби татко му, за него знам само каков беше кога живеевме како семејство ...

Музичката ѕвезда Здравко Чолиќ се присети што и се случила на неговата сопруга и зошто не се појавува на неговите настапи. – Сум поминал и доживеав многу во животот. Еднаш навивач ја нападна мојата сопруга со нож и и го расекол лицето. Сандра се одлепи, но оваа малку ја фати, за среќа без поголеми последици. Сè уште го паметам тоа до ден-денес. Мојата сопруга немаше некои други поголеми непријатности, бидејќи не се експонира, не е таков тип, а ...

Гелор Канга репрезентативец на Габон се вклучи во страшен скандал за неговата вистинска возраст. Тој со изводот на родените и пркоси на биологијата, пишува allfootballapp.com. Фудбалската федерација на ДР Конго тврди дека фудбалерот на Црвена Звезда официјално е роден на 1 септември 1990 година во Габон.Но, тој дошол на овој свет 5 години порано во ДР Конго и неговото вистинско име е Киако-Киако Киангана. Неговата биолошка мајка починала во 1986 ...

Почина Амалија Кнавс, мајката на Меланија Трамп. Таа имаше 78 години. Веста за нејзината смрт ја потврди поранешната прва дама на САД на Твитер. Со длабока тага соопштувам дека почина мојата сакана мајка Амалија. Амалија Кнавс беше силна жена која секогаш беше грациозна, топла и достоинствена. Таа беше целосно посветена на сопругот, ќерките, внукот и зетот. Ќе ни недостига неизмерно и ќе продолжиме да го почитуваме и сакаме нејзиното ...

Вo Ниш е основан и регистриран „Културно-информативниот центар“ на бугарското малцинство во земјата, јавува Гласпресс. Центарот е регистриран како невладино здружение, за реализација на различни цели на полето на зачувувањето на националниот идентитет на бугарското малцинство во Република Србија. Во текот на изминатите месеци основната активност на здружението беше создавање услови за работа на КИЦ, изнаоѓање на канцеларија, како и нејзино ...

Во Собранието денеска Комисијата за европски прашања ќе ја одржи 69. седница. На дневен ред пред членовите на оваа Комисија се Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри во второ читање. Со Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри кој е предложен од Владата, се предлага ограничување на просториите во кои се приредуваат електронските игри ...

Со натпреварот меѓу македонската и француската репрезентација вечер во 18 часот ќе биде отворено 16. Европско првенство во ракомет за мажи. Натпреварот ќе се игра на стадионот „МЕРКУР Шпил-Арена“ во Диселдорф. Најавени се повеќе од 50 илјади гледачи, најмногу досега на еден ракометен натпревар. Покрај во Диселдорф, натпреварите од прелиминарната рунда ќе се играат и во Берлин, Манхајм и Минхен. Континенталниот собир во Германија е првото ЕХФ ...

Претседателот на Управниот одбор на М-НАВ Фахрудин Хамиди и секторскиот извршен директор во М-НАВ Љубе Стаменковски да бидат разршени, а на нивно место да бидат именувани Илир Мехмеди и Милан Кораќ. Ваква насока дала Владата на денешната седница до Надзорниот одбор на Акционерското друштво во државна сопственост за вршење дејноста давање услуги во воздухопловна навигација „М-НАВ“ А.Д. – Скопје, информираа за МИА од Владата. -Владата на денешната ...

Македонската ракометна репрезентација попладнево одржува тренинг на „Меркур Шпил Арена“, стадионот кој е адаптиран за одржување натпревари во рамките на Европското првенство во Германија. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров се запознаа со теренот каде утре ќе имаат чест да го отворат 16. континентален шампионат. Нивни противник во 1. коло ќе биде олимпискиот шампион Франција. Според организаторите, за утре се најавени да присуствуваат ...

Новиот претседавач со ЕУ, Белгија, го кажа гласно она што на сите им е јасно, a тоа е дека Европската Унија нема никаква намера да се проширува во скоро време.Ова беше кажано за време на церемонијата на преземањето на белгиското претседавање со ЕУ. Белгискиот премиер Александер де Кро на заедничката прес-конференција со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, по средбата на еврокомесарите со министрите во белгиската влада ...

Германски земјоделци со повеќе од 5.500 трактори и други возила ги блокираа автопатите и главните патишта во земјата, а на социјалните мрежи се појави видео од „блиска средба“ меѓу трактори и полициска блокада. Трактористот се обиде да ја заобиколи блокадата стапнувајќи на жива ограда од страната на патот, но повторно бил пречекан од полициски автомобил. Еден од полицајците се обиде да влезе во кабината на возачот, но бил фрлен од возилото во ...

Абдула Мухамед Ал аш-Шеик kој од денеска е во посета на Македонија (роден 1948) е претседател на Меџлис аш-Шура, Собрание на Саудиска Арабија од февруари 2009 година. Член на познатото семејство на саудиски верски научници, роден во Дирија во 1948 година и се школувал од неговиот татко, Мухамед ибн Ибрахим Ал аш-Шеик, поранешен голем муфтија на Саудиска Арабија. Тој, исто така, го проучувал толкувањето на Куранот и принципите на ...

Во Македонија, само минатата година, се случија еден куп мафијашки пресметки и криминални дејствија, од најлош тип, како низ улиците во Скопје, така низ државата, а за ниеден од тие случаи, нема разрешница од страна на неспособниот Спасовски, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Пукотниците среде Скопје, во Шиша Бар, каде криминалното подземје ги решаваше своите сметки, заврши со мртви и повредени, но полицијата на Оливер Спасовски, нема мрднато со прст во ...

Живорад Милосављевиќ, попознат по прекарот Џепур, го шокираше светот во 1971 година кога тврдеше дека е татко на славниот Франц Бекенбауер. Милосављевиќ, родум од село Секурич, во тогашната исповед за весникот „Темпо“ опширно зборуваше на оваа тема. Како наредник во југословенската војска бев заробен од Германците во Кавадарци во април 1941 година. Бев пренесен преку Бугарија и Романија во логорот во Милберг, во близина на Лајпциг, каде што ...

Владата денеска ќе одржи седница, на која, како што е најавено ќе носи одлуки врзани со состојбата во М-НАВ, меѓу кои разрешување на целото раководство и ревизија за досегашното работење, откако во минатата недела осум лица, меѓу кои и Беким Незири, поранешен министер, советник на директорот на М-НАВ и претседател на огранок на ДУИ, упаднаа во канцелариите на македонска навигација на аеродромот во Скопје. – На иницијатива на премиерот Димитар ...

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа по голема борба и меч во три сета го заврши настапот во квалификациите на Австралија опен во Мелбурн. Таа ноќеска загуби од Катарзина Кава од Полска со 2:1, по сетови 7:5, 4:6 и 6:3 во меч што траеше 2 часа и 25 минути. Ѓорческа имаше пет грејка во мечот од 14 можности, а противничката шест од 12. Нашата тенисерка направи и 12 двојни сервис грешки, а вкупниот скор на поени беше 112:108 за Кава. Во ...

Богатиот бизнисмен Бранко Бабиќ за прв пат го покажа својот богат имот, но и приватното езеро кое го поседува. Сега Бранко Бабиќ, познат како „кралот на веѓите“ откри дека само минатата година имал 40 милиони продажби на опрема за разубавување. – За една година имав обрт од над 40 милиони евра. Ние продаваме преку 500 производи во над 170 земји. Веднаш знаев дека ќе работам за светскиот пазар. Од Ратково, гратче во Србија, извезуваме во цел ...

На 78-годишна возраст почина легендарниот германски фудбалер Франц Бекенбауер. Веста за неговата смрт германските медиуми ја објавија денес. Како активен фудбалер Бекенбауер стана светски шампион во 1974 година, а мундијалот го има освоено и како селектор во 1990 година. Со Баерн Минхен има четири трофеи во Бундеслигата, три пехари од Лигата на шампионите. Два пати (1972 и 1976 година) Франц ја освои златната топка. Последен професионален ...

Додека власта на СДСМ брзаше да исполни предвреме обврски од Договорот од Преспа, Грција уште позасилено ја форсира антиквизацијата. Па така, пред неколку денови грчкиот премиер Мицотакис ја отвори Палатата на Филип Втори.Се наоѓа во Вергина, во местото каде што бил крунисан за крал Александар Македонски. -Филип и Александар, на свој начин биле одлични реформатори. Првиот, суштински еволуирајќи архаично општество во општество со поурбани ...

Првата

4 дена - МРТ
weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
1.03
81%
1026
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
75%
1029
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.54
59%
1029
weather icon

Софија

8ᴼ / 4ᴼ
2.06
60%
1027
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
1.34
58%
1027
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
0.0
84%
1029
weather icon

Атина

15ᴼ / 11ᴼ
1.34
78%
1026
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
71%
1024
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
87%
1025
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
3.6
79%
1029
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 4ᴼ
0.89
66%
1030
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
2.57
93%
1027
Currency

61.535

Currency

59.1338

Currency

73.6285

Currency

36.7398

Currency

41.0887

Currency

65.1326

Currency

8.22858

Currency

0.60279

Currency

0.38112

Currency

0.52401

Currency

1.64961

Currency

0.68528

Алуминиум

2.59

Кобалт

30.86

Никел

15031.50

Рутениум

15850.32

Калај

30.02

Сребро

1006.70

Злато

89964.12

Бакар

8.59

Паладиум

32022.14

Платина

33179.07

Родиум

149500.97

Цинк

2.71