Трите концерти на американската пејачка Тејлор Свифт, кои требаше да се одржат во главниот град на Австрија, Виена, оваа недела, се откажани откако австриските власти уапсија две лица кои се сомничат дека планирале терористички напад за време на концертот. Откако властите потврдија дека е планиран терористички напад на концертот на Тејлор Свифт на стадионот ‘Ернст Хапел’, немаме избор и мораме да ги откажеме трите закажани концерти за сигурноста ...

Пробните летови на таканаречените летечки такси – футуристички дронови способни да превезуваат луѓе – се прекинати во Париз за време на Олимпијадата бидејќи не е доставен сертификат за моторите, изјавија нивните промотори. Германскиот производител Volocopter веќе неколку години спроведува пробни летови во регионот на Париз и напорно лобираше за овластување од европските власти навреме за Олимпијадата. Компанијата соработува со францускиот ...

Србинот Бранислав Тешановиќ речиси четири години бил починат во неговиот дом во Стокхолм, а никој не го побарал забележал дека е умрен. Овој случај е инспирација за филмот „Најосамениот човек во Стокхолм“ (Stockholm’s loneliest man?). Телото на 78-годишниот Бранислав пред пет години било најдено во неговиот стан во Стокхолм од страна на сосетката.Интересно е што радиото се уште работело и светлото било уклучено. Интересно е што од станот не се ...

Врховнот судија Наќе Георгиев кој е во притвор во Шутка поради мито од 10.000 евра и се сомничи дека поседувал во друг предмет за поранешниот градоначалник Боро Стојчев има само едно посебно барање. Директорот на затворот „Шутка“ Бобан Утковски за емисијата „За или против“ вели дека судијата нема некои посебни барања или услови и е во ќелија со уште двајца притвореници. Сепак има едно барање кое не е во надлежност на затворската управа. Се жали ...

Поранешната бугарска министерка за надворешни работи Марија Габриел е кандидатка за заменикчка-генерален секретар на НАТО, дознава „Клуб Z.бг. Таа е без работа откако ја напушти ротирачката фунција во бугарското МНР како резултат на неможноста да состават влада речиси три години. 45-годишната Габриел е позната по своите антимакедонски ставови и негативниот став кон Македонците. Најпозната е нејзината изјава дека уставните измени нема да бидат ...

Македонија има најбрз интернет во регионот, а е меѓу подобро рангираните земји и во Европа, покажува истражувањето на Cable.co.uk, што го објави статистичкиот портал „Ландгеист“. Со брзина на интернет конекциите од 97,9 Mbps, Македонија е пред Словенија, 97,0 Mbps, Србија 60,5 Mbps, Косово 57,3 Mbps, Грција 53,9 Mbps, Црна Гора 49,5 Mbps, Босна и Херцеговина 44,0 Mbps и Бугарија 40,4 Mbps. Најбрз интернет во Еропа има на островот Џерси (264 ...

Милан Илиќ, дедото на Данка се повеќе се сомнева дека е вистина оти неговата внука е жива и здрава но е киднапирана. Сите сме многу разочарани. Не знаеме што да мислиме, се сомневаме во сето она што ни е кажано досега, бидејќи со текот на времето излегува дека нема докази. Почнав да верувам, односно да се надевам дека Данка е уште некаде и дека е жива. Дај боже да ја предадат некому, а не да ја убијат. Она што нè направи уште посомнително е ...

Жителите на селото Амзабегово поднесоа Претставка до Државниот иснпекторат за животна средина за инспекциски надзор на фармата во нивното село, тврдејќи дека од истата се испуштаат фекалии во двете реки кои поминуваат низ селото. Тие тврдат дека фармата Уни Агро која се наоѓа на самиот влез од Амзабегово има инсталирано цевки кои фекалиите од објектот ги исфрлаат во самите реки. Бараме да се изврши дополнителен инспекциски надзор на свињарската ...

Новак Ѓоковиќ проговори за односот со своите деца Стефан и Тара.Тој признава дека е слаб на ќерката која му прави што сака. Почувствителен сум на неа Се топам кога ме прегрнува, кажува или прави нешто, а таа е мал манипулатор, ме врти околу малиот прст. Со Стефан пак има друг однос. Со Стефан е поинаку. Чувствувам дека мојата улога како татко е да го подготвам за живот, да биде одговорен човек, да се носи себеси и идното семејство, има и ...

Косовската претседателка Вјоса Османи е разочарана од прес конференцијата на премиерите Мицкоски и Курти и најавата дека инцидентот на скопскиот аеродром. „Она што се случи на аеродромот во Скопје е јасно прекршување на меѓународните правила признати и применувани во целиот свет, затоа Претседателството очекува да биде информирано за преземените мерки во врска со овие прекршувањa. Нема потреба од дополнителни извештаи и истраги за каква било ...

На социјалните мрежи се појави видео од Новак кога имал пет години. Тогаш неговите родители му го купиле првиот рекет. Малиот Ноле удира на терените на Копаоник каде што преку лето бил со неговите родители кои држеле пицерија. Dios no se deja ganar en Generosidad Felicidades don @DjokerNole por su triunfo 🏅 en los @Olympics Adelante @novakfoundation 🏅 #Paris2024 #ParisOlympics2024 pic.twitter.com/EPZ7yM7k4A — Mauricio Rosales ﻥ (@MauroRosales) ...

Зденко Жагар, дедо на Новак по мајчина страна вели дека тој е Хрват и оти никогаш не се чуствувал како Србин. По националност сум Хрват и роден сум во Винковци. На истото место е родена и мојата поранешна сопруга, бабата на Новак. Таму се запознавме и се запознавме. Бевме офицери кои дојдоа да служат. Дојдов во Белград, таа сè уште одеше на училиште, па се венчавме подоцна кога таа ми се придружи. Така се роди Дијана, па Санда. Отсекогаш сум ...

Decision Makers е глобална платформа за влијателни лидери да ги споделат своите сознанија за настани кои го обликуваат денешниот свет. Фернандо Агуер е претседател на Меѓународната асоцијација за сурфање (ISA). Тој вели дека сурфањето во Париз 2024 на магичниот остров Тахити едноставно било неверојатно! Воодушевени сме од тоа колку добро оди – од одличните услови до возбудата, страста и неверојатните перформанси на спортистите и прекрасните ...

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластување и припадници на затворската полиција, поднесе кривична пријава против С. С., началник на Одделение за лично обезбедување на претседател на Собрание поради постоење основи на ...

Барањата за екстрадиција од Косово на Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, кои се осудени на доживотен затвор за случајот „Монструм“, како и прашањето за екстрадиција на поранешниот припадник на ОВК Блерим Рамадани, кој се наоѓа во домашен притвор во Скопје, биле тема на разговор на денешната средба на македонскиот и косовскиот премиер Христијан Мицкоски и Албин Курти. Овие прашања, како што посочија двајцата премиери на денешната заедничка ...

Официјалниот извештај по соодветната истрага во целост и во детали ќе го расветли инцидентот што се случи на 2 август во ВИП-салонот на Скопскиот аеродром со претседателката Османи за да разбереме што точно се случило и никогаш повеќе да не ни се повторат вакви ситуации, порача денеска косовскиот премиер Албин Курти од Скопје. -Настанот на 2 август на Скопскиот аеродром несомнено беше доживеано и тешко искуство за претседателот на Република ...

„Со претседателот на Владата на Република Косово имавме конструктивна средба во пријателска атмосфера. Ги отворивме сите прашања коишто се важни за односите на двете држави, на двете влади, народите. Тоа е нешто кое е од суштинско значење за нас. Како нова влада, нашата цел е да градиме добрососедски односи со сите наши соседи, на принципот на двонасочна улица. Исто така, ја истакнавме потребата од зголемување на економската соработка помеѓу ...

Сопругата на косовскиот премиер Албин Курти како експерт била ангажирана да работи на санација на состојбата во една од најголемите српски државни фирми „ЕПС-електро привреда Србије“. Аухестад Кнудсен е сопруга на Курти. Таа е родена норвежанка и е во брак со косовскиот премиер. Зборувајќи за својата сопруга, Курти зпроговори за моментот кога се запознале. Мислам дека животот е донекаде мистериозен и не знаеме каде ќе не одведат брановите. Така ...

Премиерот Албин Курти вели дека Албанците на Косово се околу 93 посто додека останатите неколку посто се Срби и други.Тој убедува дека Србите ги имаат сите права, од јазични до културни. Но,Курти посочи дека постои јазичен проблем меѓу Србите и Албанците. Со текот на годините се помалку Албанци го знаат српскиот јазик.Мојата генерација е меѓу последните што учеше српско хрватски јазик. Има јазична бариера но не бил рекол дека има меѓуетнички ...

Новак Ѓоковиќ го освои златото на Олимписките игри (ОИ) во Париз совладувајќи го Карлос Алкараз во финалето со 7:6 (3), 7:6 (2), пренесува „Спорт клуб“. Српската влада великодушно ги наградува олимпијците кои ѝ носат медали за земјата, поточно Ѓоковиќ ќе добие 200.000 евра за златото. Србија на Ѓоковиќ ќе му исплатува и спортска пензија која ќе му биде активирана од 40-от роденден. Србија е меѓу најдарежливите земји, а само две земји даваат ...

Карлос Алкараз не успеа повторно да го победи Новак Ѓоковиќ во финалето на еден голем турнир. Српскиот тенисер овој пат беше подобар во мечот за златниот медал на Олимписките игри. Алкараз во финалето одигра високо ниво на тенис, но Ѓоковиќ едноставно беше посилен во клучните моменти. -Моето ниво беше многу високо, презадоволен сум од играта, но малку сум разочаран што не одиграв најдобро во некои ситуации, во неизвесни моменти, во тај брејкови. ...

Италијанките Сара Ерани и Јасмин Паолини се олимписки шампионки во двојки во женска конкуренција. Во финалето Италијанките беа подобри од Русинките Мира Андрејева и Дијана Шнајдер кои настапуваат под знамето на независните спортистки. Ерани и Паолини славеа по тајбрејкот на мечот – 2:6, 6:1, 10:7. Првиот сет им припадна на Русинките, во вториот Италијанките беа уште поубедливи. На крајот, мечот го реши само еден мини брејк – Италијанките ...

Премиерот Христијан Мицкоски во интервју за „Фокус“ истакна дека постојат индиции и докази за епски криминал и злоупотреби на големи суми пари, во повеќе институции од страна на минатата власт на СДСМ и ДУИ, за кој органите треба сериозно да истражат, бидејќи недостигаат пари, а на терен нема проекти и реализација. „Ако вие имате недостаток од 5 милијарди денари, што е повеќе од 80 милиони евра, за да се исплатат редовни пензии, зборувам за ...

Манастирот Св.Прохор Пчињски кој три децении беше затворен за Македонците поради црковниот спор плени со својата убавина и смиреност. Сместен покрај реката Пчиња е еден од најстарите православни манастири. Посветен на свети Прохор чии мошти се наоѓаат во манастирот. Во 11 век манастирот Св. Прохор Пчињски бил уништен од Османлиите, а во 14 век бил обновен од српскиот крал Милутин. Затоа пред портите на манастирот се наоѓаат имињата на ...

Адвокатот Тома Фила откри зошто тој и неговата сопруга Весна не се решиле да посвојат дете, со оглед на тоа што немаат свои биолошки деца. – Весна размислуваше за посвојување. И реков да одлучи за тоа. Потоа, во меѓувреме разговарав со двајца од најпознатите гинеколози во тоа време.И двајцата немаа деца и ме советуваа да се откажам од посвојувањето – изјави Фила. – Ве молам, господине Фила, немојте да го правите тоа. Ќе се разочарате. Тома смета ...

Претседателката на Македонија Гордана Силјановска Давкова вчера положи венец пред манастирот Св.Прохор Пчињски во Србија. Таа се поклони пред плочата на која пишува дека тука на 2 август 1944 година е одржано Првото заседание на АСНОМ и се удрени темелите на современата македонска држава. Но, малкумина знаат дека тоа не е оригиналната плоча ниту е оригиналното место каде што стоела. Плочата се наоѓала во кругот на манастирот каде што и се ...

Косовската претседателка Вјоса Османи која одби да биде прегледана на аеродромот во Скопје во анкетниот лист до Агенцијата за борба против корупцијата пријавила недвижен имот вреден близу милион евра во заедничка сопственост на нејзиниот сопруг и родителите на нејзиниот сопруг, Приндон Садриу. Таа изјавила дека нејзиниот сопруг во 2023 година купил куќа вредна повеќе од половина милион евра. Со површина од 218 метри квадратни, тоа ги чинело ...

Претседателот на Србија Александар Вучиќ и претседателката на Македонија Гордана Сиљановска Давкова денеска го посетија манастирот Св. Прохор Пчински каде разговараа со свештенството. Сиљановска Давкова положи цвеќе пред спомен плочата на Првото заседание на АСНОМ (Антифашистичко собрание на народното ослободување на Македонија), кое пред 80 години се одржа на денешен ден во манастирот Св. Прохор Пчински. По средбата со Сиљановска Давкова, ...

Денес е светол ден за Македонија. Го празнуваме херојското дело и подвигот на илјадници кои славната 1903-та година кренале востание, кое не е само востание за слобода, туку и востание на слободарскиот дух, борба за правдини, верба во вредности и надеж да се победи по векови ропство, падови, тежок живот и бројни жртви. И имаме долг, кон историјата, но и пред себе, како луѓе да покажеме достојна почит и со сериозно достоинство и поклон да се ...

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска претстојува во работна посета на Будимпешта, Унгарија, каде оствари работна средба со политичкиот директор на шефот на Владата на Унгарија Балаш Орбан. На средбата, како што информира Министерството за транспорт, беа потврдени одличните политички и економски односи меѓу двете земји, а посебен акцент беше ставен на финансиската поддршка од 500 милиони евра што Унгарија ја овозможи ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
2.65
84%
1010
weather icon

Белград

14ᴼ / 14ᴼ
3.33
55%
1011
weather icon

Загреб

16ᴼ / 16ᴼ
0.45
43%
1013
weather icon

Софија

9ᴼ / 9ᴼ
2.31
95%
1008
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
5.21
92%
1009
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 13ᴼ
0.89
55%
1012
weather icon

Атина

23ᴼ / 21ᴼ
5.81
62%
1004
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
2.8
97%
1004
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
3.38
79%
1008
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 15ᴼ
5.81
68%
1007
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 14ᴼ
3.58
42%
1011
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 20ᴼ
1.22
51%
1009
Currency

61.535

Currency

55.0132

Currency

73.1384

Currency

35.2718

Currency

39.3856

Currency

65.8314

Currency

7.62172

Currency

0.68661

Currency

0.37794

Currency

0.52429

Currency

1.41392

Currency

0.64306

Иридиум

134266.78

Алуминиум

2.52

Кобалт

42.99

Никел

15674.41

Рутениум

19869.16

Калај

33.17

Сребро

1036.22

Злато

102976.31

Бакар

9.31

Паладиум

30607.51

Платина

31455.58

Родиум

175221.57

Цинк

2.74