Професорот Љубомир Фрчкоски поднесе оставка на местото амбасадор и постојан претставник на Македонија во ОН во Њујорк, јавува Либертас. Оставката Фрчкоски ја поднел на претседателката Гордана Силјановска – Давкова и за тоа го известил МНР. Професорот Фрчкоски очекува оставката да биде усвоена и да биде разрешен од функцијата со Указ на Претседателката, како што и е назначен. На прашањето дали тоа и како ќе се одрази на работата на Мисијата на РМ ...

Бугарската боксерка Јоана Нвамеру отвори нова тема, тврдејќи дека алжирката Иман Хелиф е всушност маж. Нвамеру дури изјави дека е подготвена да понуди докази за нејзините тврдења. Оваа бугарска боксерка вели дека имала можност да се запознае со Хелиф, но дека не верува во приказната на нејзиниот тим за хормоналните промени поради начинот на живот што го води. Тој е машко. Ќе стојам на моите зборови додека тој/таа не направи тест за да му докаже ...

Светскиот рекет број 1 Јаник Синер двапати беше позитивен на забранетиот стероид клостебол за време на овогодинешниот Мастерс во Индијан Велс, но нема да биде суспендиран откако независната комисија не утврди никаква вина или невнимание од негова страна во инцидентот. Во соопштението се наведува дека прекршувањето дошло откако фитнес тренерот на Синер купил производ со кој се грижел за расекотина на прстот, но при лекувањето со најдобриот играч ...

Моноетничката власт напредува, од еден скандал на ден веќе се случуваат по неколку скандали дневно, 60 дена влада, 120 скандали, обвини ДУИ. Демократската Унија за Интеграција го смета за неприфатлив и неостварлив предлогот на моноетичката влада проблемите со градот Скопје да се решаваат на сметка на Албанците преку стопирање за изградба на булеварот Хасан Приштина на патот кон Косово. како и клучката на семафорите на улицата Словенечка, кој го ...

Руските сили за воздушна одбрана соборија 10 беспилотни летала кои летаа кон Москва во текот на ноќта и наутро, а ова е еден од најголемите обиди за напад на главниот град на Русија со дронови досега, изјави градоначалникот Сергеј Собјанин. Претходно, градоначалникот на Москва на Телеграм објави осум соборени дронови во Московскиот регион, пренесува РИА Новости. Гувернерот на руската област Брјанск, Александар Богомаз, утринава пријавил седум ...

Секој политички субјект има демократско право да си гради идентитет врз основа на сопствените уверувања. Не мора да се согласуваме за сите прашања, но мора да се почитуваме со оглед на фактот што сме дел од заедничка Влада, бидејќи тоа е во интерес на сите граѓани без разлика на етничка, верска или политичка припадност, порачува Вреди. Како Влада имаме утврдени и усогласени програмски приоритети и наша должност е посветено да работиме на нивно ...

Системите за миење се неопходен дел од модерната електротехничка индустрија, каде чистотата и прецизноста играат клучна улога. Правилниот избор на машина за миење може значително да влијае на квалитетот на производството и одржувањето на електронските компоненти. Во овој напис ќе ги разгледаме трите популарни типови на машини за миење: InJet®, AirJet® и Sonix®, и ќе истражиме како овие уреди се погодни за специфични задачи во електротехничката ...

Убиениот на паркингот пред ТЦ „Мавровасја“ е Васил Ефтимов, управител на фирмата Мителмонт, дознава Алсат. Тој денеска е убиен со огнено оружје од лице кое, според очевидци, прво го отворило багажникот од неговиот автомобил, од каде што зел пакет, а потоа пукал кон жртвата. Кога се случил инцидентот, Ефтимов бил придружуван од женско лице. По доаѓањето екипата на брза помош ја констатирала смртта. Полицијата веќе соопшти дека во врска со ...

Се поголем број македонски граѓани ја посетуваат Албанија, што се гледа од статистичкиот преглед објавен од премиерот Еди Рама. Според прегледот, во периодот јануари-јули во Албанија престојувале 481 илјада македонски граѓани, што е за 28,3 отсто повеќе споредено со истиот период минатата година. Тие во оваа земја патуваат главно заради одмор на крајбрежјето во летниот период, потоа за бизнис, користење на услугите на меѓународниот аеродром во ...

На судењето на водачите на поранешната ОВК во Хаг, денеска сведочеше поранешниот офицер на американскиот КФОР Стив Расел. . Сведокот на обвинителството Расел за време на неговото прво сведочење изјави дека на 9 август 1999 година, меѓународните сили извршиле рација во зградата на интернатот во Гњилане, каде што, спротивно на Кумановскиот договор и Резолуцијата 1244, се наоѓал илегалниот штаб на ОВК. Поранешен офицер на КФОР тврди: НАТО ...

Две лица се уапсени во врска со убиството кое утрово се случи на паркинг просторот пред трговски центар „Мавровка“ во Скопје, каде што со огнено оружје е застрелано едно лице кое починало на местото. Од Министерството за внатрешни работи велат дека им е познат идентитетот и на третото осомничено лице кое е во бегство. Како што информираат од МВР, од страна на полицијата веднаш се преземени оперативно – тактички мерки, затворање на дел од ...

Поранешниот американски офицер на КФОР Стив Расел сведочеше на судењето на водачите на поранешната ОВК и во таа прилика ги потврди своите изјави дека, според него, мисијата на НАТО на Косово е мешање во суверенитетот на Србија, како и дека кампањата што НАТО ја водeше во врска со бомбардирањето на СР Југославија не била мирна, пренесува Репортерс. Расел најчесто служел во областа Гњилане и зборуваше за тамошните притворни центри во 1999 година. ...

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа не успеа да ја мине првата пречка во квалификациите на Грен слемот во Њујорк. Македонката ноќеска загуби од Јулија Риера (Аргентина) со 2:0, по сетови 7:6 (4) и 6:3. Двете тенисерки сервираа по два аса, Лина имаше 6, а Риера 3 двојни грешки. Нашата репрезентативка реализира 3 брејк-топки од 8 можности, Аргентинката 4 од 7. Ѓорческа во моментов е 193-та на ВТА ранг-листата, Риера е на 122. место ...

САД се во редовен контакт со владини официјални лица за прашања од меѓусебна загриженост, изјавија од Стејт департментот за Гласот на Америка на македонски, на прашањата дали САД имаат информации за наводен ризик од дестабилизација во Македонија, како што предупреди премиерот Христијан Мицкоски, како и дали на оваа тема разговарале со македонската влада. – Додека генерално не обезбедуваме соопштенија од дипломатски состаноци, ние сме во редовен ...

Откако вчерашната средба меѓу скопската градоначалничка со премиерот Мицкоски и министерот Перински немаше конкретен резултат, Арсовска за денеска во 11 часот најави прес конференција на која ќе го каже нејзиниот став. Перински вчера ги повика надлежните институции, да преземат мерки и активности за да се утврди зошто градоначалникот на Град Скопје не постапува согласно со своите надлежности и со тоа го загрозува животот и безбедноста на ...

Основниот кривичен суд – Скопје преку соопштение изнесе пет факти во врска со екстрадиционата постапка на поранешниот припадник на ОВК Блерим Рамадани од Косово, каде одговорноста за неговото бегство од куќен притвор ја насочува кон Министерството за внатрешни работи, нагласувајќи дека надзорот над куќниот притвор, согласно решението се доверува на МВР, односно надлежната полициска станица. Од Судот велат дека со решение на судија на претходна ...

„Национален фонд за демократија“ (НЕД), американска фондација која поддржува различни опозициски медиуми во Србија и разни невладини организации кои организираат демонстрации во моментов затоа што наводно се борат против истражувањето и потенцијалната експлоатација на наоѓалиштата на литиум, со намера да го соборат режимот на улица по истиот модел со кој некогаш ја уништуваа Југославија, сега сакаат да ја уништат Србија, анализира „Ало.рс“. ...

Владата на Албин Курти за три години потрошил 30 милиони евра на нафтени деривати за „службени возила“, објави денеска приштинскиот портал Фронт онлајн. Порталот, повикувајќи се на податоците на Министерството за финансии потсетува дека Курти додека беше во опозиција бил против високите трошоци за службените автомобили. Се наведува дека во 2021 година привремените институции потрошиле 7,62 милиони евра за гориво за автомобили, во 2022 година ...

Денес во 15.30 часот во Владата ќе се оддржи средба помеѓу премиерот Христијан Мицкоски и градоначалничката на Скопје Данела Арсовска. Средбата доаѓа по бројните реакции на скопските општини и ЗЕЛС и министерот за локална самоуорава Перински дека градот има акутен проблем со хигиената и складирањето на сметот. Бараме одземање на надлежностите и ингеренциите, назначување на владин повереник и започнување на процес на расформирање на овие две ...

Единаесетгодишно момче било избодено од маскиран напаѓач додека играло на фудбалско игралиште во мал шпански град јужно од Мадрид, пренесе државната телевизија РТВЕ, пренесе ДПА. Напаѓачот ненадејно се појавил на игралиштето во Мосехон и го избодел момчето со остар предмет. До пристигнувањето на Итната служба, момчето доживеало срцева слабост и не можело да биде реанимирано, соопшти телевизијата. Почната е голема потрага по непознатиот напаѓач. ...

Кај Филипче се се движи околу бројката 35, првин 35 милиони евра тендер преку жути@јаху, а сега 35% наводен пад на гласови на ВМРО-ДПМНЕ. Каде е заедничкиот именител? – И тендерот му пропадна кога ВМРО-ДПМНЕ го обелодени, и прогнозата му е трула, базирана на неговите влажни соништа. Поддршката за ВМРО-ДПМНЕ никогаш не била појака. Народот уште во првите 50тина дена ја гледа придобивката од смената на власта. За разлика од рејтингот на ...

Либерално-демократската партија изразува загриженост од континуираното непристојно однесување и злоупотреба на службената положба на претседателот на Македонското Собрание, Африм Гаши. „Откако неговото обезбедување неодамна успеа да предизвика меѓународен инцидент на Скопскиот аеродром при посетата на косовската претседателка, Вјоса Османи, денеска Гаши повторно е во главна улога, овој пат како сват по невеста, со службено возило во свадбарска ...

Денешниот празник е потсетување дека никој нас не не ослободувал туку сами се ослободивме. Македонската држава не е ниту подарена, туку е извојувана и стекната со тешка и праведна народноослободителна војна… Вие, војниците и офицерите, питомците и ветераните на Армијата сте вистинските чувари на наследството, слободната македонска држава која пред 80 години на АСНОМ ни ја оставија нашите храбри претци. Тоа го истакна претседателката и врховна ...

Општото незадоволство од владеењето на Мицкоски и неговата Влада е очигледно вели во интервју за неделникот Фокус, претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Во интервјуто, Филипче ги коментира кадровските политика на владата и пропустите кои ги прави Мицкоски и неговата влада како во процесот на реформи, така и во сферата на економијата и надворешната политика на Македонија. „ Според нашите анализи, 35% од граѓаните кои гласале за ВМРО-ДПМНЕ на ...

Ален Делон кој почина денеска е еден од најголемите француски актери.Ален бил вистинска ѕведа во шеесеттите и седумдесеттие години и по него лудувале жените во Франција. Но, неговиот живот се менува кога во Белград го запознава Милош Mишко Милошевиќ. Набрзо Милош го напушта Белград и заминува во Франција и му станува телохранител на Делон. Станале и најдобри пријатели се до кога Ален му ја презема девојката на Милош, преубава Натали кога ...

Големиот пожар над дебарското село Гари е ставен под контрола и нема опасност по ова и по околните села, изјави за МИА командирот на дебарската противпожарна бригада Џетан Мифтароски. Со максимални напори на нашите пожарникари и вработените на подружницата ‘Стогово’ на ЈП ‘Национални шуми’ успеавме да ја отстраниме секоја можна опасност од проширување на пожарот, изјави командирот на ТППЕ Дебар. Во гасењето на пожарот, како што додава ...

Онкологот од Северна Каролина Николас Девито открил дека секој нов пациент кој доаѓа во неговата клиника е на возраст под 45 години. Тој тврди дека и неговите колеги во последните години ја забележале истата појава, чиј главен виновник е ултра преработената храна, а лоша е состојбата и во Србија, oбјави „Република.рс.“ Тој посочува дека во детството не сме биле толку изложени на канцерогени материи, особено не на конзервирана и храна третирана ...

Втор ден беснее огнот во близина на дебарското село Гари на планината Стогово. Во утринскиот извештај на Центарот за управување со кризи (ЦУК) се вели дека овој е еден од 13-те активни пожари низ Македонија, а гори мешана шума, но нема детали како се интервенира и што се презема. Жителите утрово се уште позагрижени зошто пламените јазици се сè поблиску до селото. Велат не гледаме дека нешто се прави оваа катастрофа да се спречи. Апели дека ...

Шпанската полиција се уште трага по убиецот на Саша Момчиловиќ (36) од Белград, кој во понеделникот на забава беш убиен во луксузна вила кај Марбела. Момчиловиќ имал фалсификувал белгиски документи затоа што се Србија по него распишала меѓународна потерница . Момчиловиќ беше перспективен фудбалер . Беше познат и по прекарот Бресквица. Тренирал фудбал како мал, а потоа почнал да се дружи со „навивачите“ и тогаш станал проблематичен, бил ...

Членовите на криминалните кланови смислија нов начин за извршување брутални егзекуции! Тие повеќе не ставаат бомби под автомобилот на целта, туку ги закачуваат на дрвја и огради покрај кои е паркирано возилото. Експертот за безбедност Ратомир Антоновиќ за Курир,рс вели дека ова стана нов тренд кај мафијашите. – Новиот тренд на убијци е многу опасен. По мафијашките ликвидации и чекање дојдовме до трендот на бомби со автомобили, кои сега полека ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
2.89
94%
1008
weather icon

Белград

9ᴼ / 7ᴼ
0.45
82%
1013
weather icon

Загреб

8ᴼ / 8ᴼ
0.8
89%
1015
weather icon

Софија

9ᴼ / 9ᴼ
0.93
95%
1008
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
7.3
76%
1007
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 6ᴼ
0.74
94%
1014
weather icon

Атина

17ᴼ / 15ᴼ
1.34
78%
1008
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
2.17
93%
1004
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
4.61
84%
1007
weather icon

Букурешт

13ᴼ / 12ᴼ
2.24
69%
1006
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 4ᴼ
3.13
77%
1013
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
1.37
47%
1011
Currency

61.535

Currency

55.0132

Currency

72.9831

Currency

35.4162

Currency

39.3595

Currency

65.4658

Currency

7.62714

Currency

0.68383

Currency

0.37633

Currency

0.526

Currency

1.41743

Currency

0.64188

Иридиум

134266.78

Алуминиум

2.52

Кобалт

42.99

Никел

15674.41

Рутениум

19869.16

Калај

33.17

Сребро

1036.22

Злато

102976.31

Бакар

9.31

Паладиум

30607.51

Платина

31455.58

Родиум

175221.57

Цинк

2.74