Иранската војска минатиот месец натоварила подводни мини на бродови во Персискиот Залив, што дополнително ги зголемило загриженостите во Вашингтон дека Техеран се подготвува да го блокира Ормускиот теснец по израелските напади врз цели низ Иран, изјавија двајца американски претставници, пренесоа британските медиуми. Подготовките за минирање на важниот воден пат, кои претходно не беа објавени и кои ги откри американската разузнавачка служба, се ...

Актуелната шампионка на Ролан Гарос Американката Коко Гоф е елиминирана во првото коло на Вимблдон. За изненадувањето се погрижи 25-годишната Украинка Дајана Јастремска, која со 2:0 во сетови (7:6(3) и 6:1) ја совлада втората светска тенисерка. Во првиот сет двете тенисерки имаа по еден брејк. Јастремска поведе со 5:2 во гемови, но Гоф изедначи на 5:5 и сетот беше решен во тај брејкот. Во вториот сет тенисерката од Украина веднаш на стартот ...

Расправата во Собранието по Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот за 2025 година, во второ читање, почнува денеска на седницата на Комисијата за финансирање и буџет. Десет дена трае општиот претрес и амандманската расправа во Комисијата за финансирање и буџет. Според информациите објавени на собранистака страница, за Предлог-буџетот се поднесени над 200 амандмани од овластени предлагачи. Со Предлог ребалансот што го усвои Владата на ...

Комесарката за проширување Марта Кос на денешната прес конференција нагласи дека не може да ни даде никакви гаранции дека дури и да ги внесеме Бугарите во Уставот. Таа дури навредливо ни го спореди македонскиот идентитет со тавче гравче, полнети пиперки и пинџур. . Идентитетот е нешто што си го носиме во душите и во нашите срца. Идентитетот е како се чувствуваме и како ја чувствуваме нашата татковина, идентитетот е она како се грижиме за нашата ...

Нашата сила е во обединетоста и стабилноста преку зајакнување на односите со нашите соседи и со Европската Унија, преку отворање нови пазари, нови работни места, нови пријатества, отстранување на бариерите за трговија, подобрување на инфраструктурата и зголемување на инвестициите, порача премиерот Христијан Мицкоски денеска на отворањето на лидерскиот самит на ЕУ и Западен Балкан посветен на Планот за раст, кој е можност за евалуација на ...

На семејство од Кочани му е потребна помош! Се собираат донации да се платат кириите и сметките за електрична енергија, но потребни се и пари за лекување на таткото кој боледува од рак. И покрај здравствените проблеми, таткото решил да замине во странство за да собере пари за семејството, сопругата и трите дечиња. Но неговата здравствена состојба е влошена и тој итно се враќа назад. Поголемиот дел од средствата потребни за кирија и струја утрово ...

На телевизија 24 во емисијата „Анализа“ гостуваше градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски кој на самиот почеток дискутираше за извештајот на Македонија во Европскиот парламент. „Ако се сеќавате можеби десетина години наназад, ВМРО-ДПМНЕ постојано аргументираше по основа на тоа дека се што е поврзано со Бугарија, мора да се дискутира со одредени нивни гаранции за во иднина бидејќи нема да биде само уставните измени туку ќе се јавуваат ...

Во Скопје денеска ќе се одржи лидерскиот самит на Европската Унија и Западен Балкан посветен на Планот за раст кој ќе биде можност за евалуација на постигнатиот напредок и дефинирање на следните чекори за зајакнување на европската интеграција на регионот. На самитот чиј домаќин е премиерот Христијан Мицкоски, учествуваат еврокомесарката за проширување и добрососедска политика, Марта Кос и лидерите од Западен Балкан, како и министри, високи ...

Возачот на Дукати, Марк Маркез, е победник на вчерашната трка за Големата награда на Холандија во Мото ГП, зголемувајќи го своето водство во генералниот пласман. Марк Маркез забележа вкупно 94 победи во сите категории на патеката во Асен, а пред него се само Италијанците Џакомо Агостини (122 победи) и Валентино Роси (115). Ова е шеста победа на Марко Маркез во главната трка оваа сезона, со девет победи во спринт. Второто место го освои возачот ...

Адвокатот Владимир Туфегџиќ во Аргумент плус рече дека по правосилноста на пресудата ќе се бара одговорност на сите ниво од јавните обвинители за обвинението на таткото на Вања, Александар. „По моја проценка ние сме далеку од правосилност на оваа пресуда, ќе имаме жалба. Секако дека одгоорност ќе се бара тоа е сигруно, ќе се бара на сите нивоа и во таа смисла и насока не знам како ќе постапи Јавното обвинителство. Она со што мојата совест ќе ...

Предмалку на улицата „Климент Охридски“ во Струмица се одвива полициска акција со големо присуство на полициски сили, каде биле лишени од слобода три лица осомничени за шверц на наркотична дрога. Според неофицијални информации, Бирото за јавна безбедност преку Секторот за внатрешни работи Струмица се исправило на патот на канал за меѓународна трговија со марихуана, на релација Скопје – Струмица, со крајна дестинација најверојатно Бугарија или ...

Податоците објавени од Институтот за статистика (ИНСТАТ) покажуваат дека во месец мај, Албанија ја посетиле 987 илјади туристи, што е зголемување од 1,4 отсто во споредба со истиот месец минатата година. Вкупниот број за пет месеци годинава достигна 3,4 милиони туристи, што е за 100 илјади повеќе споредено со истиот период минатата година, кога за пет месеци ја посетиле 3,3 милиони туристи или 38 отсто повеќе од истиот период 2023 година. „Во ...

Пуштена е во употреба делницата Фариш – Дреново од експресниот пат А1, дел од коридорот 10д, се скратува времето за патување. Од денеска, отворена е за сообраќај и оваа делница. Проектот е со вкупна вредност од 44,74 милиони евра и е финансиран со заем од ЕБОР (Европска банка за обнова и развој). На пуштањето денеска присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски, министерот за транспорт и врски Александар Николоски и директорот на јавното ...

Првиот предизвик за спроведување електронски попис е дека нема да има вистинска мапа на населението, односно нема луѓето да бидат регистрирани таму каде што вистински живеат, туку по личната карта која што во многу случаи е на друго место и втората работа која што е предизвик за спроведување електронски попис е тоа што ја нема националноста во ниту една електронска база, посочи денеска лидерот на опозициската СДСМ Венко Филипче во врска со ...

Еврокомесарката за проширување Марта Кос денеска пристигна во посета на земјава по повод учеството на лидерската средба ЕУ – Западен Балкан на која ќе се разговара за Планот за раст. Во Владата ја пречека премиерот Христијан Мицкоски, со кого е предвидено да одржат тет – а – тет средба по што ќе следи и билатерална средба со останатите делегации. На Меѓународниот аеродром во Скопје таа беше пречекана од шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски, ...

Премиерот Христијан Мицкоски присуствуваше на пуштање во употреба на делницата Дреново- Фариш до Прилеп. – Денес го пуштаме во употреба експресниот пат Фариш- Дреново во дочжина од 10,2 километри со вредност од речиси 45 милиони евра. Проект што е директна инвестиција во развојот, безбедноста и иднината на овој регион, на државата, на секој граѓанин. Овој пат е од витално значење и за Кавадарци и за Прилеп и за Битола и за Ресен и за сите ...

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, е загрижен за недостатокот на одмор што неговиот тим ќе го има пред новата сезона во Премиер лигата и изјави дека нивното учество на Светското клупско првенство би можело да ги „уништи“. Сити ја заврши претходната сезона во Англија на 25 мај и ја отвори својата кампања на Светското клупско првенство во Филаделфија нешто повеќе од три недели подоцна, на 18 јуни. „Граѓаните“ се соочуваат со Ал-Хилал во ...

Новиот Извештај на Европскиот парламент е практично најлошата оценка што нашата земја ја добила изминатите повеќе од една деценија. Во Извештајот јасно се посочува загриженост за нападите врз новинарите, мизогинија, неказнивост и сѐ поголемо ширење на омраза и дезинформации, порача денеска лидерот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија Венко Филипче на прес-конференција во седиштето на партијата. Лидерот на опозициската СДСМ вели дека во ...

Првиот кинески фудбалски натпревар со роботска вештачка интелигенција 3v3 заврши во Пекинг, Кина, на 28 јуни. Турнирот во фудбал со роботска лига ROBO беше искористен како полигон за тестирање за претстојните Светски спортски игри со хуманоидни роботи во 2025 година. Роботите немаа човечки пилоти, туку беа управувани исклучиво од технологија на вештачка интелигенција. Универзитетот Цингхуа го победи Кинескиот земјоделски универзитет со 5-3. ...

Непосредно пред почетокот на денешниот Вимблдон, Италијанецот Синер одлучи да отпушти двајца членови од својот тим, физиотерапевтот Јулисес Бади и тренерот за кондиција Марко Паничи. Овој потег ги изненади сите љубители на тенисот, бидејќи доаѓа во време кога Синер освои осум титули во 2024 година и ја започна 2025 година со титула на Австралија Опен. По отслужувањето на суспензијата, тој играше на Мастерсот во Рим, каде што загуби во финалето ...

Насилството на т.н блокадери во Србија добива на интензитет! Откако предизвикаа во саботата група екстремисти организира обид за дестабилизација Со поддршка од странство и домашни сили се обидуваат да ја парализираат земјата и да предизвикаат насилство од пошироки размери! Блокадерите планираат да ги затворат сите главни патишта и раскрсници во Белград и Нови Сад, а има и планови за блокирање на мостови. Barikade i u NS! SVI NA ULICE ...

По наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград, во заедничка акција со припадници на МУП на РС и БИА, засега се уапсени вкупно шест лица поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело Подготовка на дело против уставниот поредок и безбедноста на Србија од член 320 во врска со кривичното дело Повикување на насилна промена на уставниот поредок од член 309 од Кривичниот законик. Уапсени се Л.С. од Заечар, И.М. од Смедерево, Л.С. ...

Легендарната британска група „Масив Атак“ (Massive Attack) приреди незаборавно аудиовизуелно доживување на стадионот „АРМ“, во рамки на фестивалот „Скопје Колинг“. Огромен број фанови од цела Македонија, но и регионот се собраа да ја проследат оваа ретка прилика – настап на еден од највлијателните состави на модерната електронска и трип хоп сцена. Низ концертот провејиваше мистичниот и хипнотизирачки звук по кој бендот е препознатлив. Публиката ...

Пуштањето во употреба на патиштата не е за чочек, туку за работа, порача владејачката партија. Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ реагираше на обраќањето на опозициската СДСМ во врска со завршувањето на патниот правец низ Фаришката клисура, дел од експресниот пат Дреново – Градско. Од владејачката партија порачуваат дека кога СДСМ зборува за инфраструктурни проекти, граѓаните првин се сеќаваат на зурли, тапани и на чочек. „Чочекот е единственото ...

Србија победи и Србија не може да се победи со насилство, изјави претседателот Вучиќ по вчершниот собир на опозицијата и студентите. Како што објасни на протестот имало околу 36.000 и дека се повредени неколкумина полицијци. Седум месеци трае терор на дел од луѓето кои го зедоа законот во свои раце и се однесуваа како божји пратенци ки можат да прават што сакат. Доаѓа време на одговорост, нема да потпишувам никакви помилувања.Зарем мислеа дека ...

Животната приказна на македонската фудбалска легенда Дарко Панчев наскоро ќе биде преточена на филмското платно. Станува збор за игран филм во кој ќе бидат прикажани сите најинтересни моменти од неговата кариера, но и од животот, неговите лични борби, успеси и падови. Самата филмска приказна треба да ја заинтересира пошироката публика, а не само пасионираните љубители на фудбалот. МИА дојде до екслузивни информации дека на режисерското столче ќе ...

Се подготвува нов закон за угостителска дејност во кој се предвидени задолжителни одредби за контрола и кривична одговорност доколку некој несовесно врши угостителска дејност, соопшти денеска директорот на Државниот пазарен инспекторат Влатко Стојкоски. На прес-конференција во Владата, Стојкоски посочи дека казните ќе бидат поригорозни и ќе биде предвидена кривична одговорност за сопствениците на угостителски објекти доколку прекршат одредби од ...

Бугарија се согласи дека мора да се гради заеднички тунел. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски оствари средба со вицепремиерот и министер за транспорт и врски на Бугарија, Гроздан Караџов, на која била истакната неопходноста за изградба и модернизација на европските транспортни коридори, со посебен акцент на железничкиот и патниот Коридор 8, како предуслов до регионален економски развој и олеснување на транспортот и ...

За нас, економијата не е статистика. Тоа се работни места, плати, инвестиции, услови за развој. Во првата година покажавме дека знаеме, можеме и сме подготвени. Но, нашата работа не завршува тука – ова е само почеток, изјави министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска на денешната прес-конференција во Владата на која информираше за сработеното во текот на измината година. Пред една година, со јасен мандат од граѓаните, ја презедовме ...

Денеска присуствував на работен состанок на кој се презентираше инструментот е-фактура во просториите на Управата на јавни приходи.Се воведува системот за е-фактура – крај за фантом фирмите и лица кои испумпувале стотици милиони евра народни пари од Буџетот, oбјави премиерот Мицкоски на Фејсбук. Им благодарам на УЈП, на директорката, на нејзиниот тим, на министерката за финансии што после долго време конечно денес после повеќе од 10 години ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
2.06
75%
1027
weather icon

Белград

0ᴼ / 0ᴼ
3.6
89%
1030
weather icon

Загреб

0ᴼ / -1ᴼ
1.03
94%
1031
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
5.66
72%
1026
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
4.0
89%
1024
weather icon

Љубљана

-1ᴼ / -2ᴼ
1.03
98%
1031
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
6.69
80%
1020
weather icon

Тирана

3ᴼ / 3ᴼ
1.54
81%
1021
weather icon

Подгорица

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
70%
1023
weather icon

Букурешт

0ᴼ / -2ᴼ
2.24
94%
1023
weather icon

Будимпешта

-1ᴼ / -1ᴼ
1.03
86%
1029
weather icon

Истанбул

4ᴼ / 4ᴼ
5.14
75%
1022
Currency

61.5517

Currency

52.2803

Currency

70.513

Currency

35.0663

Currency

38.2804

Currency

66.2737

Currency

7.43873

Currency

0.66192

Currency

0.33432

Currency

0.52439

Currency

1.2182

Currency

0.58231

Платина

79963.65

Иридиум

145787.60

Паладиум

61793.73

Рутениум

29514.39

Бакар

11.76

Цинк

3.06

Злато

145757.48

Родиум

266047.43

Алуминиум

2.96

Калај

43.36

Кобалт

58.42

Сребро

2547.94