Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
На 30 мај 2026 година околу 23:40 часот, 30-годишна жена пријавила дека во нејзиниот дом на подрачјето на Кисела Вода дошол нејзиниот братучед, кој физички го нападнал нејзиниот сопруг, а неа ја допирал по телото. По настанот, лицето го напуштило местото. Од надлежните служби информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. На 30 мај 2026 година околу 23:40 часот, 30-годишна жена пријавила дека во нејзиниот дом на ...
На 31 мај 2026 година околу 04:25 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Центар две лица биле физички нападнати. Според пријавата, 23-годишниот М.М. и 27-годишниот Д.Ѓ., двајцата од Скопје, биле нападнати со тврди предмети од неколку непознати лица. Во нападот, М.М. се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Од надлежните служби информираат дека се преземаат мерки за ...
На 30 мај 2026 година во 09:25 часот во ОВР Демир Хисар било пријавено дека во психијатриската болница во Демир Хисар е пронајден починат пациент. Станува збор за И.Г. од село Дедино, радовишко, кој бил сместен како пациент во установата. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Битола, а по наредба на јавен обвинител е издадена обдукција на телото на починатиот. На 30 мај 2026 година во 09:25 часот во ОВР Демир Хисар било пријавено ...
По повод 1 Јуни – Меѓународниот ден на детето, Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ денеска пред Собранието организира изведба на социјален танц-театар, подготвена од ученици од СУГС „Јосип Броз Тито“ од Скопје и СОУ „Гостивар“ од Гостивар. Локацијата на настанот е избрана симболично – пред законодавниот дом, како место каде што се носат важни одлуки, со цел да се испрати порака дека заштитата на децата од насилство, како и нивната ...
На конгресот одржан во Тетово, партијата Алијанса за Албанците предводена од Зијадин Села официјално го промени името во Албанска лига. Делегатите едногласно ја поддржаа промената, а со 713 гласа „за“, Села беше избран за претседател на новоформираниот политички субјект. Конгресот се одржа под мотото „Лигата е жива“, а по изборот Села истакна дека функцијата носи голема одговорност кон членството, делегатите и идните генерации. „Некој можеби ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска престојува во официјална посета на Република Словачка. Во рамки на посетата, утре во Братислава таа ќе биде пречекана со највисоки државни и воени почести од словачкиот претседател Петер Пелегрини. По официјалниот пречек, двајцата претседатели ќе одржат тет-а-тет средба, по што е предвиден и пленарен состанок на делегациите на двете земји. Сиљановска-Давкова ќе се сретне и со претседателот ...
Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, од денеска до 5 јуни ќе престојува во посета на земјите од Западен Балкан, во рамки на која ќе оствари средби со лидерите од регионот и ќе копретседава со Самитот ЕУ – Западен Балкан што на 5 јуни ќе се одржи во Тиват, Црна Гора. Од Делегацијата на Европската Унија во Скопје информираат дека фокусот на разговорите ќе биде ставен на процесот на проширување, постепената интеграција на регионот ...
Седумдесет и петгодишна скопјанка се здобила со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила на сервисна улица во близина на гробиштата во Ѓорче Петров. Како што информира МВР, на 30 мај во 10:45 часот во СВР Скопје било пријавено дека патничко возило „Киа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 68-годишниот М.П. од Скопје, удрило во пешакот Д.Т. (75), исто така од Скопје. Во несреќата, пешачката се здобила со тешки ...
Во сообраќајна незгода што се случила на 30 мај 2026 година во 14:10 часот, кај месноста „Сеферов бунар“ на магистралниот пат Кичево–Гостивар, учествувале четири возила. Според информациите, се судриле товарно возило „Фолксваген кеди“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од 62-годишниот Ф.К. од село Грешница, товарно возило „Сканија“ со албански регистарски ознаки, управувано од 60-годишниот А.С. од Делисуфај, Република Албанија, ...
Денес времето ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните часови на поединечни места ќе има услови за нестабилно време проследено со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Утринските температури ќе се движат од 7 до 16 степени, додека дневните ќе достигнат од 26 до 34 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во Скопје се очекува сончево време ...
Во Собранието денеска ќе се одржи 14. пленарна сесија на Меѓународниот парламент за толеранција и мир, посветена на темата „Унапредување на толеранцијата и мирот: стратешката улога на парламентите во обликувањето и донесувањето политики за иднината“. На настанот се предвидени обраќања на претседателот на Собранието, Африм Гаши, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, како и на претседателот на Глобалниот совет ...
Град Скопје информира дека денеска и утре, во раните утрински часови, ќе се спроведе авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на територијата на главниот град. Доколку временските услови не овозможат реализација на активноста во предвидениот термин, прскањето ќе биде извршено првиот нареден ден со поволни временски услови, во истиот временски период. Од Град Скопје апелираат до пчеларите навремено да ги преземат сите неопходни ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, оцени дека продолжувањето на преговорите со Европската Унија зависи исклучиво од актуелната власт, која, според него, не покажува вистинска волја за тоа. Тој повтори дека внесувањето на Бугарите во Уставот не претставува закана за македонскиот идентитет, јазик или други национални обележја. „Дали ќе ги продолжиме преговорите зависи од власта, а очигледно е дека таа не го сака тоа. Наместо да го направи ...
Голем број медузи се забележани во делови од Јадранското Море, поради што експертите и локалните власти апелираат до туристите и капачите да бидат внимателни при престојот во водата. Според морските биолози, појавата на медузи во овој период од годината не е невообичаена, но нивниот број на одредени локации е значително зголемен. На тоа влијаат повисоките температури на морето, морските струи и промените во екосистемот. Иако повеќето видови ...
Француската полиција приведе вкупно 326 лица за време на прославите по триумфот на Пари Сен Жермен во финалето на Лигата на шампионите. По историската победа на ПСЖ, илјадници навивачи излегоа на улиците во Париз и во други француски градови за да го прослават успехот на клубот. Дел од славењето, сепак, прераснало во инциденти, судири со полицијата и нарушување на јавниот ред и мир. Според француските власти, најголемиот дел од приведувањата ...
САД и Иран наскоро би можеле да постигнат мировен договор, изјави синоќа американскиот претседател Доналд Трамп, нагласувајќи дека ако преговорите не успеат, обновувањето на непријателствата останува на маса. Во интервју за Фокс њуз, Трамп исто така рече дека Техеран се согласил да не развива, ниту да набавува нуклеарно оружје. „Би сакал да имаме договор, бидејќи можеме да ја отвориме (Ормуската теснина) веднаш по потпишувањето. Единствената ...
Жител на Дебар бил уапсен откако бил фатен како вози пијан и тоа без возачка дозвола. -Полициски службеници во Дебар го лишиле од слобода А.Л. (29) кој возел во алкохолизирана состојба, предизвикал сообраќајка и нападнал полицајци, велат од МВР. Притоа утврдиле дека А.Л. немал положено возачки испит, а по извршено алкотестирање кај него констатирале 2,75 промили алкохол во крвта и го исклучиле од сообраќај. Жител на Дебар бил уапсен откако ...
Бандата предводена од Мицкоски ќе одговара и ќе ги враќа парите, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање за целите и активностите на Фронтот за слобода и правда. Филипче порача дека крајната цел на Фронтот е заминување на Владата на ВМРО, враќање на државата на европскиот пат и одговорност за криминалното владеење на ВМРО. „Крајната цел ќе биде оваа криминална власт да замине, да ја ослободи ...
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска присуствуваше на седмиот изборен Конгрес на НСДП. Во изјавата пред почетокот на Конгресот, Филипче нагласи дека партнерството со НСДП е потврда за заедничките вредности и политики кои двете партии ги споделуваат и ја истакна важноста на долгогодишната коалициска соработка меѓу СДСМ и НСДП. „Им честитам за целата досегашна работа и благодарам за коалициската поддршка која што ја дава НСДП долги ...
Денеска сме тука на покана на претседателот на НСДП, Горан Мисовски, се одржува изборниот конгрес на партијата. Јас им честитам за целата досегашна работа и благодарам за коалициската поддршка која што ја дава долги години наназад. Тоа е доказ дека навистина споделуваме еднакви исти, би рекол вредносни политики. Коалицијата и соработката продолжува и понатаму, сега и во една нова форма во Фронтот за слобода и правда. Во Фронтот ги повикуваме ...
Синдикалните членарини не смеат да служат за привилегирани патувања и луксузни игри на Јадранот, изјави Петрушевски Работниците во Македонија заслужуваат чесно, одговорно и транспарентно синдикално претставување, а не раководства кои од нивните членарини организираат скапи патувања и луксузни спортски настани надвор од Македонија. – Деаноски со 60.000 евра, пари на синдикалците, организирал четиридневни спортски игри во Чањ, Црна Гора, и со ...
Македонија нема да спроведе уставни измени без јасни, цврсти и писмени гаранции од Европската Унија, изјави денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на прес-конференција во Скопје. Тој оцени дека државата во минатото платила „прескапа цена“ поради политиките на претходната власт и нагласи дека актуелната Влада нема да дозволи нови отстапки без конкретни гаранции за напредок во евроинтегративниот процес. „Овој пат уставни ...
На 30.05.2026 година во 02.20 часот, во СВР Охрид лишен од слобода е Л.Ш.(19) од Ресен кој претходно, на кружниот тек на булеварот „Туристичка“ со улицата „7 ноември“, управувајќи патнички автомобил „Фолксваген“ со ресенски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во метален столб. При извршено алкотестирање, полициските службеници кај него утврдиле 1,77 промили алкохол во крвта. По наредба на јавен обвинител, возилото е одземено и по ...
Народот кој ги чува свои корени никогаш не се губи, народот кој го чува својот јазик никогаш не останува без дом, а народот кој ја чува својата култура секогаш ќе има иднина, порача премиерот Христијан Мицкоски на свечената академија „80 години од доселувањето на Македонците во Војводина“, што се одржува попладнево во Нови Сад. Идентитетот, потенцираше, не се чува сам од себе. Јазикот не преживува сам по себе. Традицијата не се пренесува без ...
Најмалку две лица загинаа, а седуммина се повредени во најновите руски напади врз регионот Запорожје во Украина, соопшти началникот на Регионалната воена администрација, Иван Федоров. Според неговите информации, нападите биле извршени врз повеќе населени места во регионот, при што биле оштетени станбени објекти, инфраструктура и цивилни објекти. „Две лица загинаа, а седум се повредени како последица на непријателските напади“, соопшти Федоров ...
Денес истекува рокот што самиот Христијан Мицкоски го постави пред граѓаните, до 1 јуни да ги исполни сите 10 точки од Реформската агенда. Сведоци сме на уште едно неисполнето ветување и уште една голема лага на Мицкоски, велат од СДСМ. Тој дојде на власт со лаги. Вети дека ќе го врати името, дека ќе го укине Преспанскиот договор, дека ќе обезбеди подобри преговарачки услови, поголеми странски инвестиции и подобар животен стандард. Најмногу ...
Аеродромот во Минхен повеќе од еден час изутрината беше целосно затворен поради нарушувања кои пилоти ги пријавија за време на лет, а за кои имало сомневање дека биле предизвикани од дрон, пренесуваат германските медиуми. Аеродромот беше целосно надвор од функција од 9 часот, пренесува „Билд“. Како што потврди федералната полиција, сообраќајот беше прекинат на двете писти за полетување и слетување. Портпаролот на федералната полиција, Стефан ...
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во следните два дена ќе престојува во официјална посета на Париз, Франција, каде што ќе учествува на Парискиот сајбер самит (Paris Cyber Summit 2026), еден од најзначајните меѓународни форуми посветени на сајбер безбедноста, вештачката интелигенција и дигиталната трансформација. Програмата на самитот е фокусирана на стратешки дискусии за актуелните безбедносни предизвици во ...
Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет денеска изјави дека САД, Велика Британија и Австралија заеднички развиваат беспилотни подводни возила како дел од трилатералниот одбранбен пакт АУКУС. Програмата се спроведува во рамките на таканаречениот втор столб од договорот АУКУС, кој е насочен кон развој на напредни воени технологии, вклучувајќи квантно пресметување, подводни системи, хиперсонични технологии, вештачка интелигенција и ...
Д-р Огнен Ивановски, хирург-уролог на Универзитетската клиника за урологија и научен советник на Медицинскиот факултет во Скопје, апелира за подигнување на свесноста за значењето на органодарителството. Видео-обраќањето на д-р Ивановски е во рамки на националната кампања, што се реализира под мотото „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!“. Сакам да апелирам до целата македонска јавност, до сите етнички заедници, во ...