По повод 28 Мај – Меѓународниот ден на менструалната правда, денеска ќе се одржи настан на кој организацијата „Новинари за човекови права“ ќе го презентира своето најново истражување за менструалната сиромаштија во Македонија, како и ќе го промовира менструалниот пакет за прва менструална помош. Од организацијата посочуваат дека настанот има за цел да отвори јавна дискусија за предизвиците со кои се соочуваат девојките и жените во однос на ...

Охрид Мол преку социјалната мрежа Фејсбук, сподели снимка од моторџии кои дивеат на на паркинг-просторот на трговскиот центар. -Во изминатиот период, во повеќе наврати е забележано несовесно и опасно управување со мотоцикли на паркинг просторот на „Охрид Мол“. Ова вклучува возење со брзина, возење на едно тркало, како и изведување ризични маневри и паркирање на несоодветни места, со што директно се загрозува безбедноста на посетителите, ...

Армијата на Република Северна Македонија денеска на градскиот стадион во Штип ќе организира презентација на воена опрема, возила и способности на армиските единици, со цел граѓаните одблиску да се запознаат со нивната работа и подготвеност. Настанот се одржува по успешно реализираната вежба „Блесок 26“, во чии рамки беше извршено оценување на борбената готовност на Лесната пешадиска баталјонска група. Според најавите од Армијата, посетителите ...

Од ЕВН Македонија информираат дека денеска, 28 мај 2026 година, дел од корисниците во општина Ѓорче Петров ќе останат без електрична енергија поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа. Според најавата, во периодот од 09:00 до 13:30 часот без струја ќе бидат корисниците во околината на раскрсницата меѓу улиците „Борис Сарафов“ и „Кузман Шапкарев“. Од ЕВН апелираат граѓаните навремено да ги планираат своите активности додека трае ...

По повод Светскиот ден на мултиплекс склероза (МС), здружението Мобилност Скопје, со поддршка од Град Скопје, денеска по единаесетти пат организира мирен марш со цел подигнување на јавната свест за лицата со мултиплекс склероза, параплегија, дистрофија и детска парализа. Организаторите посочуваат дека маршот има за цел да го истакне значењето на еднаквите можности, почитувањето на правата на лицата со попреченост и нивната поголема ...

Делегација на Демократската унија за интеграција, предводена од претседателот Али Ахмети, вчера оствари средба со конгресменот Кит Селф, претседател на Поткомитетот за Европа во Конгресот на Соединетите Американски Држави. Како што соопшти ДУИ, на средбата се разговарало за актуелните политички случувања во Северна Македонија, како и за значењето на Охридскиот рамковен договор и предизвиците поврзани со неговата примена во институциите. ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни, со можност за невреме, пообилен пороен дожд, силен ветер над 60 километри на час и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде од 9 до 18 степени, а максималната од 23 до 32 степени. Во Скопје ќе има променливо облачно време со сончеви периоди. ...

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска ќе изврши увид во градежните активности за целосната реконструкција на државниот студентски дом „Стив Наумов“ во скопската населба Автокоманда. Според најавите од Министерството за образование и наука, реконструкцијата на домовите „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски-Питу“ е во завршна фаза, а од академската 2026/2027 година се очекува студентите повторно да бидат сместени во обновените ...

Во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија денеска свечено ќе биде отворен 4. Форум за културна дипломатија Скопје 2026, кој годинава се одржува под мотото „Од крстопати кон поврзувања: Културната дипломатија и иднината на глобалниот дијалог“. Форумот е во организација на Кабинетот на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, Меѓународниот центар Алијанса на цивилизациите од Скопје и Институтот за културна дипломатија од Берлин, ...

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска ќе учествува на панел-дискусија посветена на предизвиците и трансформациите во високото образование, со фокус на вештачката интелигенција и соработката меѓу универзитетите и индустријата. Панелот, на тема „Редизајнирање на високото образование и универзитетите: вештачката интелигенција и соработката со индустријата како едни од најсериозните предизвици на денешното време“, е дел од ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека српската армија денес е значително посилна отколку претходно, но нагласи дека Србија нема агресивни намери кон ниту една држава во регионот. Тој истакна дека зајакнувањето на воените капацитети има за цел зачувување на мирот, стабилноста и безбедноста на земјата, додавајќи дека Србија вложува во модернизација на вооружените сили. „Српската војска денес е многу посилна, но немаме агресивни ...

Албанскиот премиер Еди Рама порача дека Албанија ќе направи сè што е потребно за да стане полноправна членка на Европската Унија, нагласувајќи дека европската интеграција останува стратешки приоритет на земјата. Рама оцени дека процесот на пристапување е предизвикувачки, но додаде дека реформите ќе продолжат со засилено темпо. Според него, членството во ЕУ е клучно за иднината на државата, економскиот развој и стабилноста во регионот. „Ќе ...

Голема спасувачка акција во Лаос донесе први позитивни вести откако тимовите на терен успеаја да лоцираат и да пронајдат живи пет лица од вкупно седумте кои со денови беа заробени во внатрешноста на пештера. Во тек е интензивна битка со времето за извлекување на преживеаните и лоцирање на преостанатите две лица. Борба со надојдената вода и тешкиот терен Групата останала заробена во пештерата откако ненадејни поројни дождови предизвикале брзо ...

Силно невреме проследено со поројни дождови, силен ветер и локална појава на град ја погоди Словенија, предизвикувајќи сериозни штети во повеќе региони низ земјата. Службите за заштита и спасување се на терен на десетици локации каде се справуваат со последиците од хаосот што го остави невремето. Поплавени куќи и паднати дрвја го парализираа сообраќајот Најкритична е состојбата во централниот и источниот дел на земјата, каде за кратко време ...

Социјалните мрежи се исто толку штетни за децата како и пушењето, предупредуваат водечките британски лекари, повикувајќи ги пратениците да се справат со ефектите од времето минато пред екрани врз децата и младите. Академијата на кралските колеџи на лекари подробно го објасни влијанието на социјалните мрежи врз децата во поднесувањето до владината консултација за заштита на децата на интернет што завршува во вторник. Според телото што ...

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова, вечерва ги прими и се обрати пред учесниците на 4. Форум за културна дипломатија Скопје 2026, којшто се одржува на тема „Од крстопати кон поврзувања: Културната дипломатија и иднината на глобалниот дијалог“. Според неа, во свет на конфликти културната дипломатија успева да создаде многу потрајни и подлабоки мостови отколку конвенционалната, традиционална дипломатија. Таа оцени дека културата е ...

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, вечерва беше гостин во студиото на Дневникот на Сител телевизија, каде информираше за состојбата по инцидентот на булеварот „Теодосиј Гологанов“, во близина на Католичката црква, каде беше евидентирано свлечиште и оштетување на јавна површина и инфраструктура во непосредна близина на градежен зафат. Герасимовски истакна дека веднаш по инцидентот свикал итен кризен состанок, на кој ...

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, упати сериозни обвинувања до Европската Унија, тврдејќи дека Брисел само симулира желба за дипломатско решение на конфликтот во Украина. Според Москва, европските лидери ја користат реториката за мир како параван, додека во реалноста продолжуваат да го поддржуваат продолжувањето на воените дејствија. Кремљ: Брисел не е искрен во намерите за мир За време на редовниот брифинг со новинарите, Песков јасно ...

Соединетите Американски Држави експресно ги демантираа информациите кои се појавија во одредени медиуми за наводен постигнат договор или привремен аранжман со Иран. Официјален Вашингтон ги нарече овие тврдења лажни и невистинити, нагласувајќи дека нема промена во нивната позиција кон Техеран. Белата куќа со оштар демант: Тврдењата се лажни и погрешни Портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа упати директно соопштение до ...

Сопственичката на кучето кое минатата година до смрт претепа 19-годишна девојка во Бристол, Велика Британија, ја призна вината пред надлежниот суд. Овој трагичен случај, кој ја згрози британската јавност, повторно го отвори прашањето за одговорноста на сопствениците на опасни кучиња и контролата врз нив. Признавање на вината и детали за нападот Пред судот во Бристол, сопственичката официјално се изјасни за виновна по обвинението за поседување ...

Граѓаните со возачка дозвола од „Б“ категорија за автомобил, од денеска имаат право да управуваат мотоцикли со автоматски менувач од категоријата „А1“ со зафатнина на моторот од 125 м3 и чија сила на моторот не е поголема од 11 KW, откако стапија во сила измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Законските измени беа подготвени и поднесени од пратеничичката група на Движење ЗНАМ со поддршка на пратениците од мнозинството, ...

Малолетничка и две млади девојки на возраст од 19 и 20 години се повредени во сообраќајна несреќа. Од полицијата информираат дека околу 14:20 часот добиле пријава дека на автопатот Скопје-Велес, на мостот после наплатна станица Сопот, автомобил се превртел на патот. -Патничко возило „опел“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 19-годишната Л.Ќ. од Велес, се превртело на коловозот. Во несреќата со телесни повреди се здобилe Л.Ќ. и ...

Шпанскиот тенор Хозе Kaрерас доаѓа во Скопје на 1. септември. Владата и Аволон Продукција го соопштија второто големо име покрај Дејвид Гета, со кое продолжува серијата манифестации за одбележување на 35-години од независноста на Македонија. Светската оперска ѕвезда на градскиот плоштад ќе настапи рамо до рамо со најголемите македонски ѕвезди. Настанот ќе го отвори оркестарот на Филхармонја. Потоа ќе настапат домашните ѕвезди Каролина Гочева, ...

Најновиот извештај на Министерството за одбрана на Обединетото Кралство открива фрапантни бројки за загубите на руската армија во воена опрема и тешка артилерија. Според британските разузнавачи, интензивните борби на фронтот во изминатиот период сериозно ги исцрпиле руските капацитети, принудувајќи го Кремљ да бара алтернативни решенија за надополнување на залихите. Интензивните борби ја „стопија“ руската механизација Разузнавачките податоци ...

Полицијата во последните 24 часа евидентирала десет пријави за семејно насилство во повеќе градови низ земјава. Интервенции имало во Скопје, Радовиш, Велес, Охрид, Гостивар и Тетово, а четири лица биле лишени од слобода поради физички напади, закани и семејни расправии. Во Скопје, 34-годишна жена пријавила дека во село во општина Зелениково била физички нападната од нејзиниот 65-годишен свекор, по претходна расправија. На подрачјето на ...

Отворањето на фондовите од Реформската агенда за Македонија е јасен показател за европската ориентација на оваа Влада. Да не трошиме време и пари на граѓаните. Ние сме за ЕУ и тоа е наша стратешка ориентација, што и го правиме на дело, велат од Владата. Потренцираат дека укинувањето на оценската мисија од Советот на ЕУ, отворањето на фондовите од Реформската агенда за Македонија е јасен показател за европската ориентација на оваа Влада. -А ...

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 23 до 32 степена. Во Скопје, променливо облачно со сончеви ...

Италијанското Министерство за здравство издаде највисоко ниво на предупредување за жештини за четири големи градови, додека бран од топло време ја зафаќа земјата, со температури кои на многу места надминуваат 30 Целзиусови степени. Највисокиот степен на предупредување е прогласен за четврток за Рим, Фиренца, Болоња и Торино, што значи дека дури и здравите луѓе би можеле да се соочат со негативни физички последици од невообичаено раната ...

Се повеќе докази покажуваат дека вештачката интелигенција (ВИ) во наставата може да ги подобри перформансите на учениците во решавањето специфични задачи, но во исто време не мора нужно да придонесе за нивниот напредок во процесот на учење, објави денеска Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД). Префрлањето на задачи што му служат на когнитивниот процес на вештачка интелигенција за општа намена носи ризик од интелектуална ...

Уште едно дете им подлегна на повредите по тешката сообраќајна несреќа што утрово се случи во германскиот град Динслакен, каде автомобил удри во група ученици кои оделе кон училиште. Според последните информации, состојбата е критична по оваа нова трагедија што ја потресе земјата. Несреќата се случила околу 7:45 часот на Хагенштрасе, во регионот Рур во германската покраина Северна Рајна-Вестфалија. Три 12-годишни деца кои се возеле со ...

weather icon

Скопје

18ᴼ / 18ᴼ
1.3
85%
1019
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
2.68
88%
1019
weather icon

Загреб

16ᴼ / 16ᴼ
0.93
88%
1019
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
0.66
92%
1019
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
2.37
92%
1017
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 12ᴼ
0.34
97%
1021
weather icon

Атина

24ᴼ / 21ᴼ
0.89
64%
1015
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
1.08
70%
1018
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
2.33
80%
1019
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 17ᴼ
4.02
89%
1016
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 16ᴼ
0.89
67%
1019
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 19ᴼ
2.59
90%
1016
Currency

61.6317

Currency

53.4789

Currency

71.3492

Currency

37.7153

Currency

38.3863

Currency

67.1515

Currency

7.90489

Currency

0.72592

Currency

0.33362

Currency

0.52505

Currency

1.16107

Currency

0.56326

Сребро

2181.05

Платина

57067.58

Кобалт

45.39

Алуминиум

3.60

Цинк

0.00

Родиум

258813.51

Злато

139164.58

Бакар

12.61

Иридиум

253540.09

Калај

54.25

Паладиум

38805.95

Рутениум

49769.36