Додека Христијан Мицкоски секојдневно презентира весела математика дека платите се покачени за 72% а пензиите за 325% просечната нето плата се намали за 1.163 денари. Државниот завод за статистика објави дека за само еден месец просечната плата се намалила за 1.163 денари, односно за 2,3 проценти, се вели во соопштението од СДСМ. „За падот на животниот стандард на граѓаните и не им треба статистиката, тие ја гледаат дома, во празните ...

Почетокот на учебната година е период исполнет со радост за секое дете, но и со дополнителни трошоци за секое семејство. Со цел да им се олесни финансискиот товар на родителите, ВЛЕН, преку министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, предложи повторно воведување на мерката „училишна кошничка“, со попусти до 15 проценти за училишниот прибор, се вели во соопштението од ВРЕДИ. „Во „училишната кошничка“ ќе бидат опфатени ранци, тетратки, ...

Полицијата синоќа на територијата на Скопје спроведе зајакната акциска контрола во сообраќајот при што се санкционирани вкупно 262 возачи, од кои дури 102 се управувачи на мопеди и мотоцикли. При акцијата се уапсени шест лица, а еден мотоцикл е привремено одземен. Засилените контроли се спроведени во периодот од 18:00 до 01:00 часот од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај и полициските станици при СВР Скопје, со посебен ...

На граничните премини Табановце за влез и излез од државата и на Богородица за излез, времето на чекање попладнево изнесува од 40 минути до еден час. На останатите гранични премини нема подолги задржувања, соопштуваат од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на сообраќајната сигнализација и ...

Денеска во земјава ќе преовладува сончево и многу топло време, со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови, пред сѐ во планинските региони, се очекуваат услови за пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе се движи во интервал од 13 до 21, додека максималната ќе достигне од 35 до 41 степен Целзиусов. Во Скопје времето ќе биде сончево и многу ...

Директорот на ЦУК, Мухамед Али, моментално се наоѓа на терен заедно со командантот на ТППЕ Тетово, Авни Ахмети, каде се следи состојбата со пожарот што го зафати селото Церово, Општина Желино. На терен се ангажирани екипите на ТППЕ Тетово, кои со максимален ангажман работат на локализирање на пожарот и спречување на неговото понатамошно ширење. Екипите работат на терен во справувањето со огнената стихија, со цел пожарот што поскоро да биде ...

Здружение за Одржлив Развој САТ – Скопје информира дека повеќе од 45 од вкупно 112 новопоставени столбови за зимска маркација на релација Попова Шапка-Титов Врв се уништени, оштетени или отстранети. Овој вид на зимската маркација била поставувана во периодот од ноември 2025 година до крајот на јули 2026 година, со учество на повеќе од 25 локални волонтери и мали бизниси од општините Тетово и Боговиње, кои според организацијата во исклучително ...

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека е време да се стави крај на војната со САД додека Иран се наоѓа во силна позиција. – Подобро е да ѝ ставиме крај на војната сега, додека сме во силна позиција и со зачувано достоинство, односно додека целиот свет ја признава нашата победа и нагласува дека САД ги напаѓаат нашите училишта, болници и инфраструктура, прекршувајќи ги сите правила – изјави Пезешкијан за време на средбата со ...

На 20.08.2026 во 22:00 часот во СВР Битола е пријавено дека во с.Будаково, општина Могила, 16-годишен малолетник од с.Будаково, управувајќи мотоцикл со битолски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во болницата во Битола. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола. На 20.08.2026 во 22:00 часот во СВР Битола е пријавено дека во с.Будаково, општина Могила, ...

Од 1 јануари сите ќе бидат задоволни, предвидуваме средства во новиот буџет за зголемување на платите во Армијата. Очекувам следната недела да имаме пречистен текст на Колективниот договор со сите синдикати. Секој еден војник што навршува 45 години ќе има можност да остане во Министерството за одбрана, да замине во друга институција во државата или да си земе отпремнина, истакна министерот за одбрана Владо Мисајловски, во гостување на ТВ ...

Венко Филипче се врати од одмор на милионската јахта во Паљури со неговиот ментор, Зоран Заев. И во Скопје, како по договор неговиот, на Заев и на Али Ахмети аргат, Ислам Абази го затвори предметот за 19 модуларни болници набавени за време на ковид кризата, од кои во тетовската избувна пожар што за две минути ја проголта цела со 14 македонски граѓани, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Но, Филипче да не се грижи, тоа што нивниот слуга во правосудството го ...

Со Владата на Мицкоски животниот стандард тоне, цените се до плафон, а луѓето не можат да преживеат, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во интервјут во „Тема на денот“, на телевизија Сител. Филипче посочи дека денес граѓаните потешко живеат, нема конкретни мерки за помош и заштита од ценовните шокови, а власта не покажа никакви резултати во економијата. „Не испорачуваат резултати никаде, не испорачуваат ништо во делот на ...

Хрватска од 1 март 2027 година воведува нов дигитален систем за наплата на патарините, со кој класичните наплатни рампи и долгите колони на автопатите ќе станат минато. Новиот систем наречен „Crolibertas“ ќе овозможи возилата да минуваат без запирање, а висината на патарината ќе се пресметува според изминатата делница и категоријата на возилото. Дури 212 електронски портали опремени со камери и сензори веќе се поставуваат долж околу 1.400 ...

Неколку лица се повредени во насилен инцидент што се случи во училиште во шведскиот град Фагерста, во централниот дел на земјата. Полицијата употребила огнено оружје за да го неутрализира напаѓачот, по што тој бил приведен. „Добивме дојава за сериозен насилен инцидент во училиште во Фагерста. Полициските екипи веднаш излегоа на терен“, се наведува во официјалното соопштение на шведската полиција. Според информациите од општинските власти во ...

Во текот на изминатото деноноќие, на целата територија на државата полициските службеници лишиле од слобода 11 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со возило“, од кои осум возачи управувале возило без возачка дозвола, од кои еден бил малолетник, информираат од Министерството за внатрешни работи. Двајца возачи управувале возило под дејство на алкохол, при што еден од нив предизвикал сообраќајна незгода, додека еден возач ...

Не сме исти, рразликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ е во односот кон државата и приоритетите – СДСМ сака политики за подобар животен стандард, плати и пензии, додека власта ја гледа државата како плен, рече претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во интервју за „Тема на денот“ на Сител телевизија. „Не сме исти со организираната криминална група на Христијан Мицкоски. Напротив, дијаметрално сме спротивни. Ние сакаме држава напредна во којашто ...

Во интервју за „Тема на денот“ на Сител телевизија, претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, врече дека трагедијата и болката на семејствата на загинатите во модуларната болница во Тетово со години биле злоупотребувани од Христијан Мицкоски за политичка кампања против него и побара да им се извини на семејствата. „Многу ми е жал за луѓето што загинаа таму, за семејствата. Навистина сочувствувам, тоа го чувствувам и денес и веројатно тоа така ...

Да се провери дали персоналот вработен во критичните места на водоснабдителниот дистрибутивен систем има соодветна стручна подготовка и основни знаења за безбедност на водата за пиење спроведена од страна на овластени правни лица. Ова е една од препораките што Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) ги издаде до Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ Гостивар, еден месец откако во градот беше прогласена епидемија поради труењето на илјадници ...

Џил Бајден отворено проговори за тоа како таа и нејзиниот сопруг Џо се соочуваат со неговата тешка дијагноза, поставена минатата година. Поранешната прва дама на САД ги откри своите најдлабоки стравови, но и начинот на кој семејството успева да го задржи позитивниот дух, пренесува People. За време на гостувањето во подкастот на Џејми Керн Лима, 75-годишната Џил опиша како се справува со веста дека ракот на простата кај поранешниот претседател ...

Времето утре, сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне претежно во планинските региони ќе има услови за пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 35 до 41 степен. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен ...

За гужвите на Табановце да бидат минато, МВР создаде веб-апликација со мобилен итнерфејс Безбеден град за странските државјаните. Отсега казните странците ќе може да си ги платат по елктронски пат, наместо да бидат запирани на граничниот премин и да се создаваат километарски колони како во изминатите два дена. Странските државјани може да ги вметнат податоците рачно или пак да ги скенираат патните исправи. „Преку апликацијата странските ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Таранто, Италија, го посети Медитеранското (олимписко) село и се сретна со македонските спортисти кои учествуваат на 20. Медитерански игри. Таа, во обраќањето пред учесниците посочи дека спортот е повеќе од натпревар за резултат, тој е школа за формирање на цврст карактер преку превземање одговорност и вежбање истрајност. Според неа, преку спортот се обликува и негува не само личниот, туку ...

Директорот на Центарот за управување со кризи, г-дим Muhamed Ali, моментално се наоѓа директно на терен во селото Никуштак, каде заедно со екипите на Територијалната противпожарна единица од Куманово и екипите на Национални шуми, активно ги координира мерките и активностите за справување со пожарот. На терен се ангажирани 3 противпожарни возила, а во текот на денот се очекува и воздушна интервенција, во зависност од метеоролошките услови. ...

На 20.08.2026 во 16:00 часот полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода Н.Ј.(43) и Х.И.(53) од село Отља, липковско, затоа што психички и физички ја малтретирале нивната 18-годишна ќерка. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави. На 20.08.2026 во 16:00 часот полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода Н.Ј.(43) и Х.И.(53) од село Отља, ...

ЈЗУ Општа болница со проширена дејност – Кавадарци во текот на денешниот ден го опремува ЕМГ – кабинетот, со цел да овозможи уште една современа дијагностичка услуга за пациентите, соопштија попладнево од јавната здравствена установа. – ЕМГ (електромиографија) е дијагностичка метода со што се испитува функцијата на периферните нерви и мускули и има значајна улога во дијагностицирањето на различни невролошки состојби – појаснија од ...

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, изјави дека најавата на власта за нова „кошничка“ е уште еден ПР-трик на Мицкоски, зад кој нема реална мерка за помош на граѓаните. Филипче порача дека по досегашното искуство не очекува ништо од најавената „кошничка“, додека граѓаните се соочуваат со сè повисоки трошоци за живот. „Од ова што го спомнува некаква кошничка, јас не очекувам ништо, заради тоа што сметам дека е повторно само некој ПР трик, ...

Во текот на изминатото деноноќие, на целата територија на државата полициските службеници лишиле од слобода 11 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со возило“. Од нив осум возачи управувале возило без возачка дозвола, од кои еден бил малолетник. Двајца возачи управувале возило под дејство на алкохол, при што еден од нив предизвикал сообраќајна незгода, додека еден возач управувал возило и покрја тоа што имал активна ...

Британските метеоролози предупредуваат на можен исклучително силен климатски настан во Тихиот Океан. Според нивните проценки, Ел Нињо кој е во фаза на развој би можел да достигне интензитет каков што досега не е забележан во современите мерења. Ел Нињо е природен феномен кој влијае врз температурите и временските услови во различни делови од светот. Неговото засилување, во комбинација со долгорочните последици од климатските промени, би ...

Нафтениот пазар повторно е под притисок поради зголемените геополитички тензии, а цените на суровата нафта оваа недела бележат значителен раст. Цената на „брент“ нафтата достигна околу 93,2 долари за барел, со што неделниот раст се искачи на околу 5 отсто. Во исто време, американската WTI нафта се тргува за околу 86 долари за барел и неделава поскапе за речиси 6 отсто. Доколку трендот продолжи, и двата типа нафта ќе ја завршат втората недела ...

Вчера на 20 август 2026 година во 15:05 часот полициски службеници го лишиле од слобода Т.Б. (82), жител на село во велешко. Мажот бил приведен по претходно добиена пријава дека физички ја нападнал својата 78-годишна сопруга. Според досегашните наводи, ваквите случаи се повторувале во подолг временски период. За случајот бил известен јавен обвинител, како и Центарот за социјални работи Велес. Од полицијата посочуваат дека по целосното ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
65%
1025
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
60%
1027
weather icon

Софија

4ᴼ / 1ᴼ
0.0
82%
1026
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.05
81%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
83%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
4.47
62%
1024
weather icon

Тирана

16ᴼ / 15ᴼ
1.54
60%
1021
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
66%
1022
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
3.6
71%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 4ᴼ
1.03
57%
1028
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
8.75
87%
1026
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Рутениум

61086.42

Паладиум

32279.35

Иридиум

315077.32

Бакар

12.58

Родиум

295786.87

Калај

46.54

Сребро

1670.34

Злато

130856.75

Платина

49319.25

Алуминиум

3.07

Кобалт

33.53

Цинк

3.76