Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Во пресрет на новата учебна година, Општина Кисела Вода ја потврдува својата силна поддршка за семејствата со деца во основното образование. Обезбедени се бесплатни училишни униформи за секој ученик во сите основни училишта на територија на општината, опфаќајќи 5500 ученици. Дополнително, секое прваче кое оваа есен за првпат ќе седне во училишните клупи, од Општина Кисела Вода ќе добие бесплатно ранче опремено со неопходниот училишен прибор. ...
Министерот за правда, Јетон Шасивари, оствари средба со амбасадорот на Република Франција во Северна Македонија, Кристоф Ле Риголер, на која беа потврдени одличната соработка и заедничката посветеност кон унапредување на владеењето на правото и европската интеграција на земјата. Министерот Шасивари ја истакна целосната подготвеност на Министерството за правда за забрзано спроведување на реформите согласно препораките на Европската комисија и ...
Повеќечасовни чекања и долги колони возила ги пречекаа патниците на граничниот премин Табановце, на излезот од Македонија кон Србија. Според сведоштвата на граѓаните кои се наоѓаат на лице место, движењето на возилата на одредени делници е целосно блокирано, а чекањето во колоната трае со часови. Патниците посочуваат дека дополнителен проблем на граничниот премин прави и почетокот на примената на системот „Safe City“ (Безбеден град) во ...
Министерството за финансии и Државниот завод за ревизија ја унапрдуваат меѓуинституционалнта соработка и координација со цел градење посигурен, поефикасен и поодговорен систем на јавни финансии. Денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска и главниот државен ревизок Максим Ацески потпишаа меморандум за соработка помеѓу двете институции. Министерката Димитриеска-Кочоска истакна дека денешното потпишување на Меморандумот за ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска учествуваше на Амбасадорскиот совет, каде што се сретна со шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва на Македонија во странство. На состанокот беа разгледани актуелните предизвици и можностите за понатамошно унапредување на дипломатската мрежа на земјата. „Денес имав чест да учествувам на Амбасадорскиот совет, заедно со шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија ...
Активиран е метеоаларм за целата територија на Македонија поради најавените високи температури, соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи. Предупредувањето се однесува на целиот регион и бара соодветна претпазливост од атмосферските услови. Од УХМР преку своето соопштение алармираат: „МЕТЕОАЛАРМ ЗА ДЕН 21.08.2026 Високи температури на територијата на целата држава!“. Метеоролозите апелираат на почитување на општите препораки за ...
Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани вчеравечер присуствуваше на концертот со кој беше заокружена музичката програма на 66-тото издание на фестивалот „Охридско лето“. Во своето обраќање тој истакна дека фестивалот и годинава понуди богата програма и средби со врвни уметници од земјата и светот. „Со настапот на квартетот „Глам“ од Полска и пијанистот Стен Брекинриџ од Соединетите Американски Држави ја заокружуваме музичката програма ...
Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски и судијата проф. д-р Ана Павловска-Данева остварија средба со министерот за правда проф. д-р Јетон Шасивари. Во фокусот на средбата беа повеќе актуелни прашања од областа на уставноста, законитоста и функционирањето на уставно- правниот систем. На средбата беше истакнато значењето на отворениот и континуиран институционален дијалог, особено за прашања кои се од заеднички интерес и кои се ...
Времето утре сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, соопшти УХМР. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Од УХМР јанавија дека во сабота ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Дневната температура наместа се очекува да надмине 40 степени. Во недела и следните неколку денови во ...
Македонија се рангираше на 30-то место во светот од вкупно 155 земји според Националниот индекс за сајбер-безбедност на естонската Академија за е-управување, соопшти денеска пратеничката и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска. Со освоени 84,17 поени, земјава бележи скок од 29 позиции во споредба со рангирањето од 2023 година, кога се наоѓаше на 59-то место. Според Бојковска, овој резултат е потврда дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ...
Опозицискиот лидер Венко Филипче да биде предмет на истрага од страна на Јавното обвинителство, побараа денеска од владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата тврдат дека Филипче како поранешен министер за здравство добил 400 анализи за неисправна вода во Гостивар и на ниво на целата држава, но не преземал ништо. „Го повикуваме ЈО да отвори случај по допрен глас за молкот на Филипче, кој како министер за здравство, не постапил за ниту една од 400 ...
Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарско прашање за последните податоци за градежништвото, рече дека доколку се погледнат сите параметри, ќе се дојде до заклучок дека градежништвото има раст од 30 проценти во делот на издадени одобренија за градење. „Економијата е еден од главните приоритети на оваа Влада. Како дел од економијата е и градежништвото, се разбира. И кога ќе ги ...
Ведрана Рудан почина на 76-годишна возраст, а нејзиниот живот го одбележа тешко детство, за кое своевремено отворено зборуваше. За односот со својот татко, кој бил голема пречка во нејзиното растење, Рудан без воздржување раскажувала: „Се обидов да му пресудам но не успеав. Тој ме фати, јас имав 21 година, дипломирав и работев. Бев нормална жена. Тогаш се носеа мини-здолништа, а преку ноќ во мода дојдоа макси-здолништата. Како и секоја млада ...
УХМР ги измери темепратуреите во 11 часот во градовите низ Македонија. Мерните станици покажаа најниска температура на Попова Шапка од 21 степени. УХМР измери 32 степени во Штип, Демир Капија и гевгелија, а тоа е највисоката температура во 11 часот. Во Скопје се измерени 31 степени. Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој повремено ќе засилува долж ...
По девет успешни изданија во различни градови низ земјава, „Реплек“ на 23 август во Охрид, со почеток во 19.00 часот, ќе го организира јубилејното десетто издание на РЕсет, платформа посветена на поттикнување здрави животни навики, физичка активност и грижа за добросостојбата. Во зеленилото на Голф клубот Охрид ќе се одржи тренинг на зајдисонце, на кој на афирмираната фитнес инструкторка Елена Бубало ќе ѝ се придружи Емилија Колоска, едно од ...
Демократската унија за интеграција (ДУИ) ја поздравува подготвеноста што ја изрази премиерот Христијан Мицкоски за одржување предвремени парламентарни избори, доколку тоа го побара опозицијата. Го бараме тоа, се вели во соопштението на ДУИ. -Конечно и премиерот разбра дека оваа состојба е неодржлива и дека на државата ѝ е потребен нов политички мандат. Владата го загуби легитимитетот да продолжи со европската изолација, влошувањето на ...
Утрово се спроведе 14-тата дезинсекција против комарци за оваа сезона. За ова информираше скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски. -Утрово, на подрачјето на градот Скопје, беше спроведен уште еден авионски третман против комарци, вкупно 14-та дезинсекција во текот на оваа сезона. Со засилено темпо продолжуваме и во наредните денови. Активностите продолжуваат и утре во раните утрински часови со нов авионски третман, а издадов налози во ...
На 19 август 2026 година во 17:40 часот во Берово, полициски службеници од ОВР Берово го лишиле од слобода Љ.М. (62) од село Русиново, беровско. Претходно, тој со патничко возило „форд“, кое го управувал, удрил во паркирано возило, а потоа и во ограда од двор на куќа. При преземањето на мерки, полицијата констатирала дека Љ.М. управувал под дејство на алкохол. Со алкотест му биле измерени 2,62 промили алкохол во крвта. Извршен бил увид на ...
Серија интензивни ќелии и суперќелии во следните 48 часа ќе донесат нестабилно време во повеќе европски земји, со директен афект и врз Хрватска и Словенија. Метеоролозите предупредуваат дека ваквите системи носат ризик од поројни дождa, силен град, олуен ветер и појава на торнада на потегот од Шпанија до Балканот. Во Хрватска денешните температури ќе се движат меѓу 31 и 36 степени, но од запад и север се очекува развој на облачност кој во ...
Државниот испитен центар ги објави прелиминарните резултати од августовскиот испитен рок за државната матура. Резултатите може да се проверат на интернет-страницата на ДИЦ, како и на огласните табли во училиштата. Кандидатите кои сметаат дека при оценувањето на нивниот тест е направена грешка или превид, имаат право да поднесат приговор до Училишната матурска комисија. Според упатството на Државниот испитен центар, приговорот заедно со ...
Едно лице го загуби животот откако мал авион се судри со полициски хеликоптер во близина на аеродромот Карлајл во североисточниот дел на САД. Во несреќата што се случи во Пенсилванија загина пилотот на авионот, додека двајцата припадници на полицијата од хеликоптерот го преживеаа судирот. Според изјавата на полковникот Џорџ Бивенс, авионот при приоѓање кон пистата ненадејно се насочил кон полициското летало кое летело ниско. „Тоа беше ...
Една жена го загуби животот, а неколку лица се повредени во силната бура што во текот на ноќта помеѓу среда и четврток зафати повеќе делови од Германија. Најпогодени од невремето беа сојузните покраини Тирингија, Хесен, Баварија, Бранденбург и Рајнска област-Пфалц. Во Рајнска област-Пфалц, 58-годишна жена починала откако врз неа паднало дрво додека се засолнувала од бурата, додека нејзината 47-годишна придружничка била тешко повредена. Силен ...
Македонија ја зајакнува својата позиција на регионалната енергетска карта, користејќи ја стратешката географска положба и поврзаноста со Коридорите 8 и 10, соопштува ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата наведуваат дека преку нови и постојни електроенергетски врски со соседните земји се создаваат услови за посигурен пренос и поголема стабилност на електроенергетскиот систем. Како еден од клучните проекти го посочуваат интерконективниот далновод ...
Веста за заминувањето на Ведрана Рудан ги потресе многумина, а Ана Бекута не криеше колку ја погодила нејзината смрт. „Збогум, наша голема, добра, духовита, бесна, слободна, бескомпромисна и прекрасна Ведрана“, напиша Бекута на почетокот од својата порака за збогување. Пејачката потоа истакна колку влијаеле врз неа книгите на Рудан и начинот на кој таа пишувала за животот, љубовта, жените и реалноста. „Секоја твоја книга ја ‘голтав’ како уште ...
Ведрана Рудан отсекогаш отворено зборувала за својот приватен живот, па така се знае дека двапати била мажена. Со првиот сопруг била во брак 14 години, и со него ги добила двете деца – ќерката Асја и синот Славен. Писателката често зборувала дека во првиот брак доживеала насилство, а својот поранешен сопруг го поистоветувала со својот татко. „Првиот маж кој ги исполнуваше естетските критериуми – толкави раменици, вакви колкови, таква коса, ...
Цената на бакарот повторно се приближува до рекордните нивоа на Лондонската берза за метали, што е сигнал за сè поограничената понуда на овој метал на светскиот пазар. Цената се движи кон нивото од над 14.500 долари за тон, достигнато во јануари. Во услови на вакви цени, Македонија има можност да го искористи сопствениот ресурсен потенцијал, но во земјата и понатаму работи само еден рудник за бакар – „Бучим-Боров Дол“, со производство од ...
По продолжениот викенд за Илинден, кога 2 Август беше одбележан во недела, а неработниот ден се пренесе на понеделник, 3 август, граѓаните наскоро ќе имаат уште неколку можности за одмор. Во следниот период следуваат неколку неработни денови, вклучително и нов продолжен викенд. Следен неработен ден за граѓаните од православна вероисповест е 28 Август – Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица). Според временската прогноза на ...
Повеќе од 100 лица загинаа при уривање на импровизиран рудник за рачен ископ на злато во селото Замбоје, во близина на границата со Камерун, соопштија локалните власти во Централноафриканската Република (ЦАР). Според изјавата на Жервез Ганагоро, волонтерка на Црвениот крст која учествувала во спасувачката акција, од под урнатините веќе се извлечени повеќе од 100 тела, а дел од преживеаните се во критична здравствена состојба. Бертран Бе Јанг, ...
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изминатиов период е забележана појава на фишинг напади кои се изведуваат преку лажни СМС пораки, електронски пораки, веб-страници, мобилни апликации и пораки на социјалните мрежи. Лажните пораки наводно пристигнуваат од Оддел за моторни возила како известување од системот „Безбеден град“. Во овие пораки е наведен лажен линк преку кој граѓаните се пренасочуваат да извршат уплата за ...
Економските показатели покажуваат забрзан раст на платите и пензиите во периодот на актуелната влада, тврди ВМРО-ДПМНЕ во соопштение. Од партијата наведуваат дека просечната плата од јули 2024 до мај 2026 година растела за 70 отсто побрзо на месечно ниво отколку во периодот од јуни 2017 до мај 2024 година, кога на власт беа СДС и ДУИ. Според податоците што ги презентира ВМРО-ДПМНЕ, просечната плата во јуни 2017 година изнесувала 22.808 ...