Министерството за внатрешни работи на Албанија прогласи двајца државјани на Македонија за „персона нон грата“, поради сомнителни активности насочени против албанската држава. Информацијата првично ја објави албанскиот медиум „Топ ченел“, а ја пренесе ТВ21. Според извори од полицијата, станува збор за лицата Валон Беља (Ваљон Бела) и Бекир Халими, двајцата со македонско државјанство. Одлуката за нивно прогласување за непожелни лица била ...

Вчера во полиција било пријавено дека околу 12:00 часот во двор од куќа во село Сарај, скопско, сопственост на Н.С.(62), за време на семејна прослава, имало пукање со огнено оружје. Според информациите од МВР, полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото на настанот и пронашле 23 испукани чаури од огнено оружје, кои се подигнати за понатамошна постапка. За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на ...

До 13:00 часот во земјава се регистрирани пет пожари на отворен простор, од кои еден е активен, а четири се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активен е пожарот во Општина Кавадарци – села Раец, Ќесендре и Дреново, каде гори нискостеблеста шума и ниска вегетација. Изгаснати се пожарите во Општина Прилеп, ул. „Дебарска“, кај м.в. Теќе каде е зафатена депонија, Општина Теарце – села Шемшово и Сиричино каде гори ѓубре, ...

Во текот на наредните два дена, 456 онколошки пациенти ќе добијат парична помош, сподели денеска скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на неговата Фејсбук-страница. – Во миговите кога животот нè соочува со најтешките предизвици, нашата човечност се мери со подготвеноста да подадеме рака, да покажеме разбирање и да бидеме поддршка за оние на кои им е најпотребна. Водени од искрена грижа и одговорност кон нашите сограѓани, обезбедивме ...

На 03.08.2026 во 13:15 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Н.П. (19) од Куманово, затоа што при претрес во неговиот дом во Куманово, извршен по судска наредба, била пронајдена марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава. На 03.08.2026 во 13:15 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Н.П. (19) од Куманово, ...

На 03.08.2026 во 21:30 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен К.И.(51) од Скопје. -Според пријавеното, тој на 02.08.2026 околу 20:00 часот на подрачјето на општина Аеродром, додека управувал мотоцикл, изгубил контрола и паднал на коловозот. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, информира МВР. По извршена проверка констатирано е дека тој управувал мотоцикл ...

Андреј Жерновски, член на Извршниот одбор и секретар за меѓународна соработка на СДСМ денеска на прес-конференција посочи дека премиерот Христијан Мицкоски за време на илинденските празници ја злоупотребил говорницата и продолжил со, како што рече, поделби, омраза и навреди. Според него, Мицкоски повторно сите што не се согласуваат со него ги нарекол „талог“. – Тоа се сите оние што се борат за правда, за еднаквост, за одговорност, сите оние ...

Дизелот денеска повторно поскапува, трет пат по ред, откако Мицкоски најави намалување на цената. Сега еден литар дизел ќе изнесува речиси 100 денари, велат од СДСМ. Како што веќе рековме, секогаш кога Мицкоски ќе најави мерки за намалување на цените, веднаш следува ново поскапување. По неговите најави – не еднаш, туку три пати се случува поскапување на дизел горивото. Граѓаните веќе имаат страв од најавите на Мицкоски. Знаат дека ќе поскапи ...

Уште едно лице, на возраст од 76 години, кај кое е потврдено воспаление на мозокот и мозочните обвивки од вирусно потекло, како и позитивна серологија од серум за вирусот западен нил е хоспитализирано во текот на изминатото денонокие на Клиниката за инфективни болести. Со тоа вкупно седум пациенти се водат како клинички суспектни, а кај 10 е потврдено присуството на западнонилска треска од кои тројца се во критична состојба на Одделот за ...

Пожарот на подрачјето на Општина Кавадарци, кој избувна на празникот Илинден на пет различни локации, е ставен под целосна контрола. Според надлежните, ова беше најопасниот од околу 30-те пожари регистрирани ширум државата во текот на вчерашниот ден, а благодарение на синергијата меѓу локалните институции, воздухопловната поддршка и доброволните друштва, спречена е поголема катастрофа и заштитени се човечките животи и имотот. Директорот на ...

И ова може да биде вест во Република Македонија. Резултатите покажуваат дека Македонија станува се попривлечна туристичка и транспортна дестинација. Аеродромите во Охрид и Скопје го имаа најуспешниот јули досега, поставувајќи историски рекорди во македонскиот воздушен сообраќај, пишува на социјалните мрежи пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојановски. 27,9% раст на патничкиот сообраќај – прво место меѓу земјите кои не се членки на ЕУ+, според ...

ВМРО-ОКГ и Мицкоски вчера повторно лажеа. Тврдеа дека лицето кое упатило вербални навреди кон премиерот Мицкоски во Ташмаруништа покажало бугарска лична карта. Тоа не е точно. Според официјалните податоци на Министерството за внатрешни работи – СВР Охрид, станува збор за 52-годишен жител на Струга (С.Г., роден 1974 година од Кочани) – македонски граѓанин со македонска лична карта, велат од СДСМ. Нема странски агент. Има само незадоволен ...

Министерството за здравство информира дека епидемиолошката состојба во Гостивар континуирано се следи од надлежните здравствени институции. Во текот на 3 август се регистрирани вкупно 78 прегледи, што е за шест помалку во споредба со претходниот ден, кога биле евидентирани 84 прегледи. Во однос на западнонилската треска, на Клиниката за инфективни болести е евидентиран еден нов сомнителен случај. Во тек се потребните испитувања за ...

СДС се препозна и се прогласи за талог на општеството, а еден од основоположниците на тој талог е токму нивниот неуспешен амбасадор Жерновски, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Токму тој Жерновски е талогот на општеството, кој е дел и основач на системот во државата, кој 20 години е на државна сметка и ја цица државата и беседи како тоа државата не му се допаѓа и како тоа системот треба да се промени. Системот беше досега таков, затоа што со децении лица ...

Комуналната и градежната инспекција на Општина Карпош продолжува со спроведување на вонредни инспекциски надзори, особено во вечерните часови. Општинските инспекциски служби извршија теренска контрола и обиколка на урбаната опрема поставена пред угостителските објекти и локали на територијата на Општина Карпош. При контролите, комуналниот и градежниот инспектор констатираа неправилности кај неколку угостителски објекти, при што на еден правен ...

Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ Охрид, во текот на јуни и јули оваа година, во водите на Охридското езеро изврши 44 акциски контроли поврзани со кривичното дело „незаконит риболов“ и откривање лица сторители, како и пронаоѓање мрежи и други предмети од извршено кривично дело. -Притоа, при вршење на кривичното дело „незаконит риболов“, полициските службеници затекнаа две лица, едното од охридското село Пештани а другото ...

Здружението за заштита на животни „Анима Мунди“ апелира до граѓаните и институциите да преземат мерки за заштита на животните за време на актуелниот топлотен бран и екстремно високите температури. Од здружението предупредуваат дека високите температури претставуваат сериозен ризик за бездомните животни, животните што се чуваат на отворено, фармските животни и оние што се користат за работа, како коњите и магарињата. Посочуваат дека ...

Цената на дизелот се згоелмува за 1 денар по литар и од полноќ 99,5 денари. Бензините поевтинуваат за 2 денари и тие од полноќ ќе се точат за 91, односно 93 денари за литар. Во денешната одлука е применет намален износ на акцизата од 2,00 ден/лит кај бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и намален износ на акцизата од 4,00 ден/лит кај ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V). Во моментов дизелот има највисока цена во последните 3,5 години и се продава за ...

УХМР издаде метео аларм за високи температури на територија на целата Македонија за 05.08.2026. -Под влијание на топла воздушна маса од југ продолжува периодот на сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност во текот на денот. Дневната температура насекаде ќе биде над 33°C, а во некои места ќе надмине 40°C. Високи температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови, велат од УХМР. Избегнувајте директна изложеност на ...

Сите тестирани примероци ги исполнуваат законските стандарди и се потполно безбедни за консумација од страна на граѓаните. Скопски Водовод ги презентираше деталите од спроведените контроли на терен. „ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. Секторот ...

Успешно надминување на предизвиците од енергетската криза, зголемување на сигурноста во снабдувањето и реализација на клучни капитални и инфраструктурни проекти се во фокусот на актуелните политики на извршната власт. Преку низа мерки, институциите успеаја да обезбедат стабилно функционирање на домашниот енергетски систем, притоа задржувајќи ги цените под контрола. Осврнувајќи се на постигнатите резултати во изминатиот двегодишен период, ...

„СДС и Венко Филипче се обидуваат политички да профитираат од состојбата во Гостивар, но повторно ја премолчуваат вистината. Документите кои ги проследуваме секојдневно до јавноста, покажуваат дека во периодот кога СДС беше на власт, а институциите беа под нивна надлежност, имало бројни случаи на небезбедна вода за пиење, но тие не наишле на решавање од страна на тогашната власт.“ Ова го истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин ...

Поради високите температури зголемен е бројот на повици до Итната медицинска помош (ИМП). Дневно има повеќе од 200 повици, најчесто поради интервенции на јавни места каде граѓани колабираат или поради влошена здравствена состојба кај лица во домашни услови. Ова за МИА го изјави Даниел Георгиевски од Итната медицинска помош, кој посочи дека бројот на интервенции поврзани со топлото време е зголемен во споредба со другите периоди од годината. ...

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против едно физичко и едно правно лице поради сомнение за сторени кривични дела „Даночно затајување“ и „Фалсификување или уништување на деловни книги“. Според Финансиската полиција, со пријавените дејствија Буџетот на Република Северна Македонија бил оштетен за вкупно 7.211.359 денари. Како што информираат од Управата, првопријавениот М.Д., во ...

По последните случаи со насилство во Гостивар и свадбените веселби со истрели од огнено оружје, Либерално-демократската партија (ЛДП), предлага отворање на Семејни центри во секоја општина, се наведува во соопштението од ЛДП. Во видео објава на социјалните мрежи, претседателката на ЛДП и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова и членот на Извршниот одбор на партијата, Бобан Јанкоски, повикуваат на брза акција за намалување на случаите со ...

УХМР ги измери температурите претпладнево во градовите низ Македонија, Според податоците, во 11 часот со највисока температура е Гевгелија, каде се измерени 33 степени. Во Скопје, Велес и Кавадарци, УХМР во 11 часот измери 31 степени. Најниска температура има на Попова Шапка, каде се измерени 18 степени во 11 часот. -Под влијание на топла воздушна маса од југ продолжува периодот на сончево и многу топло време со мала до умерена локална ...

Општина Ресен ќе додели еднократна парична помош за семејствата чии деца од оваа година ќе бидат првачиња во основните училишта на територијата на општината. Јавниот повик за пријавување е отворен до 12 август, а секое семејство ќе добие финансиска поддршка во износ од 5.000 денари, информираат од локалната самоуправа. Во Општина Ресен функционираат пет основни училишта, а досега во прво одделение се запишани повеќе од 100 ученици, потврдија ...

Општина Центар започна со реконструкција на потпорниот ѕид во кругот на градинката „Кочо Рацин“, каде стариот и дотраен ѕид ќе биде заменет со нова армиранобетонска конструкција. Новиот ѕид ќе биде долг 37,26 метри, со висина од 3,6 метри, а ќе има и пошироки темели од претходната конструкција, со цел да се обезбеди поголема стабилност и сигурност. Од Општината информираат дека постојниот ѕид бил стар околу 25 години и дека изградбата на ...

Главниот штаб за кризи денеска во 15 часот ќе одржи седница во просториите на Центарот за управување со кризи (ЦУК), посветена на состојбата со водата во Гостивар. На седницата ќе присуствува раководителот на Управувачкиот комитет и министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, заедно со претставници на сите релевантни институции и фактори вклучени во справувањето со кризата предизвикана од состојбата со водата од градскиот водовод во ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ, за време на посетата на селото Темска кај Пирот, најави дека во претстојниот период ќе следува значителен раст на пензиите, минималната плата и примањата во јавниот сектор. За време на обраќањето, Вучиќ се осврна на финансиската состојба на земјата и плановите за подобрување на стандардот. „Да им соопштам добри вести на оние кои се постари: ќе има значително зголемување на пензиите, не само она што ќе го ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
0.89
53%
1017
weather icon

Белград

21ᴼ / 19ᴼ
1.13
65%
1017
weather icon

Загреб

22ᴼ / 22ᴼ
0.62
60%
1016
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
1.11
67%
1019
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
3.02
57%
1018
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 17ᴼ
0.44
82%
1017
weather icon

Атина

28ᴼ / 26ᴼ
3.58
58%
1012
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
1.06
48%
1015
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
3.39
43%
1016
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 20ᴼ
3.13
53%
1019
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 19ᴼ
1.36
46%
1017
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
3.91
91%
1015
Currency

61.53

Currency

53.1732

Currency

71.6614

Currency

37.6202

Currency

38.1583

Currency

65.847

Currency

7.88721

Currency

0.65205

Currency

0.33706

Currency

0.52484

Currency

1.11538

Currency

0.55897

Кобалт

56.29

Платина

56038.75

Злато

139576.04

Иридиум

252383.36

Калај

56.36

Сребро

2044.16

Алуминиум

3.28

Рутениум

53852.50

Цинк

0.00

Бакар

13.23

Родиум

278103.96

Паладиум

43628.56