Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во вилата „Билјана“ во Охрид го прими заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Чешката Република, Петр Мацинка, којшто престојува во официјална посета на земјава. Како што соопшти претседателскиот Кабинет, на средбата констатирале дека македонско-чешките односи се одликуваат со традиционално пријателство, засновано врз меѓусебна почит и разбирање. Во делото на ...
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска во Скопје оствари средба со Кристијан Вирмер, државен секретар за Европа и меѓународни прашања и портпарол на владата на германската покраина Северна Рајна-Вестфалија. На средбата беа разменети мислења за процесите во енергетскиот сектор, со посебен фокус на енергетската безбедност, диверзификацијата на изворите и развојот на модерна инфраструктура. ...
Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски оствари работна средба со косовскиот министер за инфраструктура и транспорт Димал Баша. На средбата присуствуваа и заменик-министерката за транспорт Калтрина Зеколи Шаќири, како и директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски. Главни теми на разговорот беа унапредувањето на билатералната соработка, економската и трговската размена, регионалниот развој и ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во вилата „Билјана“ во Охрид го прими заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Чешката Република, Петр Мацинка, којшто престојува во официјална посета на земјава. Во пријатен разговор констатираа дека македонско-чешките односи, се одликуваат со традиционално пријателство, засновано врз меѓусебна почит и разбирање. Во делото на просветителите „Св. Кирил и Методиј“ ...
Вчера околу 14 часот во село Батинци, скопско, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода 15-годишник од Скопје, кој бил затекнат како управува патничко возило без да се стекне со право за управување. Малолетникот бил запрен при сообраќајна контрола, при што било утврдено дека го управувал возилото „тојота“ со скопски регистарски ознаки, иако немал возачка дозвола, информирраа од МВР. За случајот бил известен јавен обвинител. По ...
Единицата за насилен криминал-Одделение за насилен криминал при СВР Скопје во координација со ОЈО Скопје поднесе кривична пријава по итна постапка против В.А.(26), Д.А.(27) и С.С., тројцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „изнуда“ и „насилство“ по член 258 и член 386 од Кривичниот законик. На 17.08.2026 околу 15:20 часот на подрачјето на општина Аеродром, поради претходно нерасчистени ...
Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал во координација и соработка со СВР Охрид и СВР Велес преземаа мерки и активности и расчистија две кривични дела „измама“ извршени во Охрид и Струга, при што сторителот се стекнал со противправна имотна корист од 5.500 евра. Имено, по преземени мерки утврдено е дека сторители се лицата А.С. и Д.С., двајцата од Велес, по што денеска (19.08.2026), полициски службеници од ...
Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје воведе нова автобуска линија со број 37, која ќе ги поврзува населбата Радишани во општина Бутел и Карпош 3 преку булеварот „Словенија“. За новата линија информираше градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, кој ги објави деталите за трасата и термините за поаѓање. Според објавениот распоред, поаѓањата од Радишани се закажани во 07:25, 08:55, 14:55 и 16:25 часот, додека од Карпош 3 ...
Тело на 20-годишен португалски државјанин е пронајдено утрово на плажа во Ксамил, Албанија, по претходна крвава пресметка во ноќен клуб. Албанските власти соопштија дека за убиството е уапсен 29-годишниот Сократес Вата, кој бил пронајден во багажник на автомобил со кој двајца турски државјани се обидувале да го превезат до Тирана и да му помогнат да побегне. Полицијата досега испрашала 41 лице во врска со настанот, од кои 11 се формално ...
Градоначалникот на ГрадСкопје Орце Ѓорѓиевски, реагираше на обвинувањата од опозициската СДСМ во врска со третманите против комарци и појавата на западно-нилска треска. Ѓорѓиевски посочува дека по темата со скопската вода, опозицијата повторно се обидува една сериозна здравствена тема да ја претвори во дневнополитичка пресметка и да создаде непотребен страв кај граѓаните. „Вообичаено не реагирам на секоја прес-конференција на опозицијата. Но ...
Министерот за правда, Јетон Шасивари, денеска оствари работна средба со претставничката на УНИЦЕФ, Лесли Милер, на која беа разгледани клучни прашања поврзани со унапредувањето на системот за правда за децата. На средбата беше истакнато дека најдобриот интерес на детето останува главен приоритет, во согласност со Конвенцијата за правата на детето. Особено внимание беше посветено на имплементацијата на Законот за правда за децата и на ...
Пожарот што во понеделникот попладне избувна во атарот на прилепското село Чаниште, во прилепскиот дел од Мариово, сѐ уште е активен, но во овој момент не ги загрозува околните населени места, информираше директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов. Според Ангелов, пред соседното село Крушевица е поставена добра одбрана. На терен дејствуваат прилепските и битолските пожарникари, специјалните тимови на ДЗС, ...
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) ги објави најновите мерења на температурите во Македонија за денеска, 19 август 2026 година, измерени во 14:00 часот. Според официјалните податоци, највисока температура е регистрирана во Гевгелија, каде што живата во термометарот се искачи до 36,3 степени Целзиусови. Веднаш зад Гевгелија следува Струмица со измерени 35,0 степени, а високи температури се забележани и во Скопје-Петровец (34,6 ...
На покана на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во официјална дводневна посета на Република Северна Македонија престојува заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Чешката Република, Н.Е. г. Петр Мацинка. Во фокусот на средбите во Охрид беа натамошното зајакнување на билатералните односи и потврдувањето на континуираната чешка поддршка за европската интеграција на земјата. ...
Општина Битола, во соработка со Центарот за јавно здравје, денеска започна со спроведување на дополнителна, вонредна ларвицидна и адултицидна дезинсекција. Оваа превентивна мерка се спроведува како одговор на актуелната епидемиолошка состојба во земјата, односно прогласената епидемија на Западнонилска треска во дел од Скопје, со цел да се засили контролата врз комарците како преносници на вирусот. Градоначалникот на Општина Битола, Тони ...
Вчера во 18:10 часот, на улица „Влашки пат“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево лишија од слобода 15-годишник од Кичево. Претходно, тој управувал мопед со кичевски регистарски ознаки без положен соодветен возачки испит и удрил во велосипед кој го управувал А.А.(68) од кичевското село Црвевци, кој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Кичево. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде ...
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Е.С.(32) од Охрид и против правен субјект, чиј сопственик е тој, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „повреда на правата од работен однос“. Е.С. преку правниот субјект, работно ангажирал 21 годишно лице од Охрид без да склучи договор за работа, односно без да заснова работен однос во правното лице. Со тоа, Е.С. преку правниот субјект свесно ги прекршил одредбите од член 166 од ...
Градот Скопје ги известува граѓаните дека во текот на оваа недела ќе се реализира нов бран на авионска и теристичка дезинсекција против комарци на подрачјето на главниот град. Авионското прскање ќе се спроведе на 20.08.2026 (четврток) и 21.08.2026 (петок) во раните утрински часови. Терестичната дезинсекција против комарци ќе започне на 23.08.2026 (недела) и ќе трае до 26.08.2026 (среда), во временски период од 22:00 до 03:00 часот наредниот ...
Вчера во 19:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 18:45 часот на плац во нас.Сингелиќ во Скопје, по претходно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.И.(28) и неговиот малолетен син од една страна и Ф.С.(28) и Б.С.(66) од друга стана, сите од с.Сингелиќ, скопско, при што бил употребен кундак од пиштол и метален предмет. По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци. Вчера во ...
Заклучно со 18 август, во земјава се регистрирани вкупно 38 случаи на западнонилска треска, од кои 36 се потврдени, а два се веројатни, соопштија од Министерството за здравство на денешната прес-конференција. Регистрирани се четири смртни случаи со невроинвазивна форма на болеста кај машки лица на возраст од 62 до 83 години од Скопје, кои биле хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести, а кај три од нив имало и коморбидитети. Според ...
Вкупно осум пожари на отворен простор се регистрирани денеска на територијата на државата до 13:00 часот, од кои четири се сè уште активни, два се ставени под контрола, а два се целосно изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Во Општина Студеничани пожарот се шири на потегот од селото Моране, преку Вртекица до Рамни Габер, каде што гори мешана шума. Активен е и пожарот во Општина Македонски Брод, во месноста Видуш кај ...
Кризата со западнонилската треска во Скопје ескалира, а состојбата е алармантна поради задоцнетата реакција за дезинсекција, обвини денеска на прес-конференција Александар Давчевски, претседател на Градската организација на СДСМ. Според Давчевски, во главниот град досега има 35 потврдени случаи, четири починати лица и шестмина кои се наоѓаат на интензивна нега во критична состојба. Опозициската партија го посочи градоначалникот на Скопје, ...
Во Општина Аеродром нема утврдени жаришта на комарци, но локалната самоуправа во координација со здравствените институции и Град Скопје продолжува да презема мерки за заштита на населението, изјави градоначалникот Дејан Митески. Одговарајќи на новинарско прашање по увидот во градежните работи во ОУ „Александар Македонски“, Митески посочи дека општината ги следи препораките на надлежните и дека веќе е спроведено вонредно прскање против ...
Марија Митева, претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, од Дневниот центар за стари лица ,,Даре Џамбаз“, упати благодарност до волонтерите на Црвениот крст на град Скопје по повод Светскиот ден на хуманоста. Таа посочи дека хуманоста е тесно поврзана со политиката и дека секогаш треба да се има предвид дека зад секоја политичка одлука стои човек, како што вели таа, врз чиј живот таа одлука треба да има вистинско влијание. Митева ...
Министерството за здравство денеска ќе ги соопшти деталните резултати од контролата над општините за тоа како го спровеле прскањето против комарци, информираше министерот за здравство Сашо Клековски во гостувањето на ТВ Сител. Тој посочи дека цело Повардарие е под зголемен ризик, бидејќи дел од регистрираните случаи на западнонилска треска во соседните земји се лоцирани токму околу Солун и по течението на Вардар. – Во основа, ние завршивме со ...
Дел од жителите во скопската населба Автокоманда утре ќе соочат со привремен прекин во снабдувањето со електрична енергија. Прекинот е поради планирани технички зафати на дистрибутивната мрежа, односно исклучување од подземна мрежа и промена на довод од трансформаторската станица. Без електрична енергија утре (20.08.2026 година), во периодот од 09:00 до 13:00 часот, ќе останат корисниците од улица „16-та Македонска Бригада“, поточно објектот ...
Пациентот Д. Н. од Охрид, кој се соочува со тешка срцева болест, со владиниот авион е транспортиран во Универзитетскиот клинички центар во Берлин, Германија, информираат владини извори на денешниот брифинг . „Пациентот претходно подолго време се лекувал на Клиниката за кардиохирургија и бил квалификуван за трансплантација на срце. Поради влошување на неговата здравствена состојба и потребата од итен третман, а поради недостаток на соодветен ...
Во основното училиште „Александар Македонски“ во Реонски центар во општина Аеродром се доградуваат три нови училници со цел овозможување едносменска настава за сите ученици. Инвестицијата е поддржана од Министерството за образование и наука во вредност од 2,2 милиони денари, а градежните активности треба да завршат за три месеци. Увид во работите на терен денеска извршија министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска и ...
Светските аналитичари предупредуваат дека следната година се очекува сериозна криза со снабдувањето со храна поради недостиг на вештачко ѓубриво. За разлика од нафтата, за ѓубривото нема стратешки резерви. Без ѓубриво нема род. Без род нема храна. Тоа не е далечна теорија. Тоа е предупредување за земјите кои уште сега немаат план. Македонија веќе ја живее својата верзија на оваа криза. Не утре. Сега, се вели во соопштението од СДСМ. ...
Вчера во 14:33 часот во СВР Тетово од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје било пријавено дека кај нив било донесено осумгодишно дете од с.Велебрдо за укажување лекарска помош, кое се здобило со повреди во пределот на раката од барутни честички, информира СВР Тетово. Се превземаат мерки за расчистување на случајот. Вчера во 14:33 часот во СВР Тетово од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје било пријавено дека кај нив било донесено ...