Тимот на OVC Колектив ја доби честа да ја затвори оваа клупска сезона во клубот „Минус еден“, со нивен рејв кој ќе се одржи на 02.06 со почеток во 00:00 часот. Екипата на диџеи кои ќе ја предводат атмосферата ќе бидат DJ Petkov и Markwon, регуларни на настаните на OVC и познати по нивниот немилосрден и алтернативен стил. На нив ќе им се придружи Kikec, нов DJ на скопската сцена, кој е дел од новоформираниот битолски колектив Techtonik. Очекуваме ...

Драги наши, на 10.06 од 21:30 часот, ве каниме на концерт на AVP Project, нов електро-акустичен проект на музичарот Антоние Весковски во фузија на традиционална, електронска и класична музика составен од гудачки квартет, кавал, перкусии и клавијатури. ВЛЕЗ: 200мкд. ( билети можете да си набавите на денот на концертот и/или да си резервирате во порака) Антоние Весковски – Вибрафон, Клавијатури & Гитара Александар Петковски – Кавал Памела ...

Вечерва во кафе-книжарницата „Буква“ со почеток во 18:30 ќе се одржи промоција на дигиталната книга „Кон-текстот: дигитални осврти“ уредена од професорката д-р Калина Малеска со текстови на тековни и поранешни студенти од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ во Скопје. „Кон-текстот: дигитални осврти (македонската книжевност во првите две децении од дваесет и првиот век)“ е резултат на соработката со Теа Дуза, Моника Михајловска, Ајнур ...

Во Битола летата секогаш се убави, радосни, исполнети со културни настани и со многу дружби, туристи, посетители, но овој пат се случи културен бум. Во исто време се случуваа еден куп големи и битни културни настани во градот и во околината. Само неколкуте со кои јас сум запознаена, беа: Битола отворен град; Шекспир фестивал; Фотоколонија Пелагонија; Меѓународна ликовна колонија „Де Ниро“; „Бит фест“; „Cinedays“ патувачко кино во Битола, а во ...

Денес излезе и последната епизода од втората сезона на Yellowjackets и фановите на оваа серија сметаат дека сега веќе има доволно материјал за и остатокот од светот да се придружи на еуфоријата која ќе се создава од сега па сѐ до излегувањето на првата епизода од третата сезона. Што ќе биде којзнае кога! Во серијата паралелно го гледаме развојот на дејството додека младите девојки се трудат да преживеат во дивината, и нивните животи во ...

На 23. мај, во рамките на чествувањето на документарниот филм во Кан, Алијансата на документарни фестивали (Doc Alliance) и Кан Док (Cannes Docs) ги објавија филмовите номинирани за наградата за најдобар документарен филм на Doc Alliance за 2023 година. Наградата ги поддржува новите таленти во европскиот документарен филм, а секој фестивал член на Doc Alliance, вклучувајќи го и гостинот партнер за 2023 година, ДокуФест, номинираа по еден ...

Долгогодишни интердисциплинарни истражувања на Христина Иваноска и Јане Чаловски резултираа со повеќеслојно филмско дело. „Македониум: Драматургија на недовршеното“ е колаборативен филм на режисерката Теона Стругар Митевска и уметниците Христина Иваноска и Јане Чаловски работен врз основа на истоимената книгата на Иваноска и Чаловски, која се фокусира на приказната за „Македониум“, најистакнатиот меморијален комплекс изграден во социјалистичка ...

Луна Китановска е родена во Бостон, порасната во Македонија. Во Ница е трета година, каде што дошла на магистерски студии за време на ковид-пандемијата. Вели дека ја запознала француската ривиера на еден необичен начин – без туристи. Иако нејзина специјалност е еколошко инженерство и менаџирање ризици, дружењето со апаратот годинава ја води на Канскиот фестивал како официјален фотограф. Како стана фотограф на Канскиот фестивал? Идејата дојде ...

На 17 и 18 јуни, во Кинотека на Македонија, ќе се организира 9-то издание на филмскиот фестивал за музички документарни филмови Скопје Синема Сити. Фестивалот чие мото оваа година е „Приказните зад музиката“ ќе се отвори со групна изложба на музички фотографии „5х10“ на 5 истакнати македонски фотографи (Маја Аргакијева, Огнен Ацевски, Роберт Атанасовски, Зденко Петровски и Стефан Рајхл). Филмот со кој ќе се отвори фестивалот е „Алелуја: Леонард ...

Ова е еден од најинтензивните филмови што сум ги гледала во своето постоење. Можеби едноставно во последно време избегнувам интензивни и многу реалистични филмови. Навидум, она што од прва си помислив (без да читам критики, или воопшто претходно да си го билдам знаењето) беше дека ова е филм за еден Американец, кој се бори со прекумерна дебелина, кој некако по триесеттите години доживува себеоткровение, или повеќе себеприфаќање… Меѓутоа, цената ...

Ако успеавте да ја погледнете шестата сезона на „Black Mirror“ (ќе ја именуваме без превод, бидејќи никому не му е позната како „Црно огледало“) и останавте во прашалници, тогаш добре дојдовте во клубот. Петте нови епизоди од антологијата што премиерно се емитуваше на британскиот Канал 4 во далечната 2011 година и досега директно в лице ни го прикажуваше апокалиптичниот потенцијал на новите технологии, во новата сезона таа добива нов правец и ...

„Помина некое време откако последен пат ‘се слушнавме’,“ вели Нан во нејзиното писмо. „Многу работи се случија по нашата прва пишувачка средба во 2017, кога поминавме еден месец стуткани во канцеларија сместена над секс продавница, зборувајќи за тоа како е да се биде пубертетлија. Болната засраменост, првите симпатии и големи, големи чувства. Сакавме да направиме серија која би одговорила дел од овие прашања кои сите сме ги имале за љубов, секс, ...

Нејзината музика е огледало во кое може да се огледаме сите ние што живееме на овие простори и го туркаме животот во денешницата. Уште од соло-албумот „Далечини“ (Daljine) и „Ќеси, етикети“ (Kese, etikete) ни беше јасно дека на балканската музичка сцена доаѓа оригинална музичарка, која умее да вгради буквално сè во својот звук и без стеги, без филтер да ни ја сервира сликата од која сите сме дел – од капитализам, консумеризам, ерата на ...

Интензивни концертни активности имаше Ади Имери во овој период. Само во текот на мај настапи на три големи музички настани. На 4 мај беше дел од групата „Фулиш грин“ при нивниот промотивен концерт на албумот „Soul Revival“ во Денсинг салата во МКЦ. На отворањето на четвртото издание на музичкиот фестивал „Крај Вардарот џез“, на 18 мај на малата сцена во Филхармонија, Ади Имери настапи со триото на својот татко, Дамир Имери. Третиот настан беше ...

Кога започна војната во Украина на 24 февруари, живата електронска сцена се смени засекогаш. Преку ноќ, музичарите, промотерите, продуцентите, сопствениците на клубови итн, станаа војници, бегалци или волонтери. Подиумите наеднаш станаа простории за итна медицинска обука, фабрики за оружје, центри за координација на волонтери и слично. Овој филм, во продукција на Resident Advisor, ни покажува шест различни перспективи од кои пробува да ја издвои ...

Убава и неформална атмосфера, спонтано дружење, сјај во очите на авторите и лесен прием на музиката од страна на избрана публика ја карактеризираа промоцијата на петтиот албум на групата „Баклава“ со наслов „За Скопје со љубов“. Промоцијата се одржа во храмот на префинетиот звук „Аудиокултура“ на Теохаров Аудио. Албумот во целост е посветен на градот Скопје. Неодамна го промовиравте новиот албум на групата „Баклава“ со наслов „За Скопје со ...

Независната музичка издавачка куќа Шарла Рекордс годинава одбележува 10 години од своето постоење. Со близу 100 изданија позади нас, задоволни повлекуваме црта во издавачката авантура што ја започнавме во една пријатна есенска вечер во 2013 година. Години на силен ентузијазам, многу страст и без компромиси со основачката идеја да поддржуваме млади автори со храбар и прогресивен музички дух и израз. Токму таа искреност ни се врати со широко ...

Над 120 нацрт стихови до финалниот текст на првичната верзија и преку пет години вложен труд во создавање на композицијата која сѐ уште повеќе се асоцира со имињата на неговите колеги отколку со оригиналниот автор… „Алелуја: Леонард Коен, патешествие, песна“ е долгометражен документарен филм на Даниел Гелер и Дејна Голдфајн за уметничкото творештво на култниот Леонард Коен и трновитиот пат на песната „Алелуја“ до статус на безвременски класик. ...

За љубителите на блузот, името Мади Вотерс веднаш звучи познато и се знаат заслугите на овој великан на оваа музика. Меѓутоа, меѓу сите луѓе и популарни бендови што биле инспирирани од неговата музика, се наоѓа и неговиот најстар син Мад Морганфилд, кој неодамна настапи на четвртото издание на „Котон блуз“ фестивалот во Скопје заедно со локалниот блуз бенд „In the Mood“. Тоа беше незаборавна вечер исполнета со експлозивна енергија и автентична ...

„Во цут“ е насловот на Вашата самостојна изложба, која деновиве е отворена во познатата Мобилна/Монтажна галерија на Центарот за современи уметности во Паркот на франкофонијата во Скопје. Презентирате нови дела со многу впечатливи цветови во различни бои и контексти. Колку Ви е неопходно ваквото „славење на животот“ сега по ковид-кризата? „Во цут“ е изложба на платна, слики и графики цртани во последниве 3 години и е продолжување на темата ...

Се врати од станицата дома и се почувствува осамен во својот премногу голем дом. Како никогаш претходно, му се видоа бесмислени долгите темни завеси, правливите полици, собарот што го послужуваше на масата со бели платнени ракавици. Без Ана, сето тоа почнуваше да личи на фарса. А навечер, брачната постела со светлосината сатенска прекривка најпрвин го насмеа, а потоа му предизвика тага. Ана сакаше раскошни, луксузни, старински работи, па кога ...

На 13 јуни, во 20 часот, во Музејот на современата уметност – Скопје ќе биде отворена изложбата „Дефрагментација“ со дела од колекцијата на МСУ-Скопје, подарени од уметници од Чешка, Унгарија, Полска и Словачка. Ќе бидат изложени вкупно 96 дела од 86 уметници. Изложбата е резултат на заедничката соработка на амбасадите на земјите од Вишеградската група и Музејот на современа уметност – Скопје. Куратори на изложбата се Владимир Јанчевски и ...

За оваа книга, исландската авторка Бриндис Бјоргвинсдотир ги има добиено највисоките книжевни признанија во Исланд, вклучувајќи ја и престижната „Исландска книжевна награда“ за 2015 година, како и „Исландската награда за најдобра книга напишана од жена“, наградата „Фјору“ во категоријата книги за деца и наградата за најдобра детска книга доделена од Советот на училишта во Рејкјавик. „’Локална шега“ е одлично смислен роман. На почетокот имате ...

Учествувавте во текот на мај, на 12-тата мозаичарска работилница „L’Arte del mosaico“ во Нацано, во близина на Рим, каде што заедно со колеги од различни земји, создадовте мозаик, а видеоматеријал од настанот споделивте и на Вашата фејсбук-страница. Што сѐ е претставено на него, од каков материјал е изработен и како реагираа тамошните жители при презентацијата на новиот мозаик? Секоја нова средба во Нацано, мало гратче во близина на Рим, за ...

Да се долови духот на една таква богата и разновидна култура каква што е ромската, која на нашите простори дишела и се развивала слободно и паралелно со сите други, е навистина голем предизвик. Затоа, секој обид на еден млад уметник засекогаш да го преслика тој Zeitgaist во своето дело, притоа ставајќи и свој личен печат, треба да се поттикне и да се поддржи, бидејќи на тој начин се збогатува и се облагородува нашата колективна културна ...

Претставата „Припаѓање“ е театарско излагање што се занимава со прашањето за грижата како концепт. Авторката Хана Миленковска, како режисерка, заедно со драматургот Калија Киселички преку сценската изведба на актерите прават обид да дадат одговор на прашањето колку можеш да припаѓаш онаму каде што не се грижат за тебе! Претставата е во продукција на „Атриум“, поддржана од Министерството за култура на РСМ, Младинскиот културен центар, Општина ...

По 11 години од нивното дејствување, мислам дека е ок да претпоставам дека секој од нас барем еднаш бил на некој од настаните на фестивалот за феминистичка култура и акција „Прво па женско“, или барем сме слушнале за него и за организацијата што стои зад него „Тиииит! Инк.“. Како единствен таков фестивал во нашата земја, тие внимателно и грижливо ги креираат своите програми, без разлика дали се дел од фестивалот и функционираат самостојно. Една ...

Овој мај Битола ја разубави Интернационалниот фестивал на монодрама, кој се одржа по 24-ти пат. Годинава фестивалот беше отворен на 12 мај со претставата „Жени во собрание“ во изведба на Театар Комедија од Скопје, работена според Аристофан, во режија на Ќендрим Ријани. Покрај тоа што станува збор за Фестивал на монодрама,фестивалот беше отворен со голема претстава, преку која, како што изјави директорката на фестивалот Маја Андоновска Илијевски, ...

Времетраење: 12 јули – 10 септември 2023 година Прием: среда, 12 јули, 20 часот Галеријата „Пионири“ има чест да ја претстави третата самостојна изложба на Зулејха Зубери Али, создадена во последните четири месеци. Зулејха Зубери Али дипломирала на „Факултетот за ликовни уметности“ во Скопје, и учествувала на повеќе групни и самостојни изложби во Македонија и надвор. Нејзините слоевити монохроматски слики ги отсликуваат боите и амбиентот на ...

Секој Божик добивав кукла на подарок од една госпоѓа што одвај ја познавав. Беше пријателка на мајка ми и, иако ретко се среќаваа, или само случајно на некој погреб, таа ја одржуваше чудесната навика да ми праќа кукла. Ќе пристигнеше со вечерниот автобус кратко пред Божик и го дополнуваше забревтаниот сјај на тие денови исполнети со врева и возбуда. Правевме пита од компир, божикни колачиња со суво и кандирано овошје, десерт со овошје и крем во ...

Скопје

6ᴼ/6ᴼ
4.63
53%
1011

Белград

8ᴼ/6ᴼ
3.09
64%
1010

Софија

3ᴼ/1ᴼ
7.72
64%
1012

Сараево

8ᴼ/8ᴼ
9.58
42%
1010

Љубљана

7ᴼ/5ᴼ
3.29
57%
1006

Атина

22ᴼ/20ᴼ
5.81
60%
1005

Тирана

13ᴼ/13ᴼ
3.09
51%
1010

Подгорица

14ᴼ/11ᴼ
1.54
37%
1010
Currency

61.525

Currency

58.4886

Currency

73.8197

Currency

38.0152

Currency

41.7196

Currency

65.9923

Currency

8.058

Currency

0.58031

Currency

0.37565

Currency

0.52588

Currency

1.69469

Currency

0.6927

Алуминиум

2 $

Иридиум

147909 $

Кобалт

486 $

Никел

508086 $

Рутениум

15530 $

Калај

29 $

Сребро

992 $

Злато

85170 $

Бакар

8 $

Паладиум

32347 $

Платина

30775 $

Родиум

147909 $

Цинк

95688 $