Без разлика дали сте родители или не, можно е да сте налетале на платформата Working Mom. Нејзината основачка Данче Азманова Мирчевска вели дека таа „преку ноќ доживеа вирален успех поради својата искрена содржина и поради тоа што секојдневно им помага на многу родители да сфатат дека не се сами во своите амбиции да имаат свесно родителување и кариерен напредок.“ Инаку, Данче е контент креаторка која, покрај тоа што и самата е working mom, ја ...

Дечки, првпат муабетевме кога излезе вашата прва песна „Kingdom of lies“. Што се случуваше оттогаш? Раскажете ни како растевте во изминатава година. – Така е, помина речиси една година од нашето последно интервју со PopUp! Многу работи се случија, имавме многу настапи во неколку градови во Македонија, а и настап на еден предобар showcase фестивал во Софија (Бугарија) наречен SoAlive. Полека созреваме како бенд, константно учиме од сите случувања ...

Пред десет години, танцовото студио Dancers United ширум ги отвори вратите за лицата со попреченост, силно верувајќи дека секој заслужува шанса да танцува. Нашата верба, надеж, трпение и многу работа со поддршка на родителите, институциите, медиумите вродија со голем напредок во комплетната слика за лицата со попреченост на што сме навистина горди. Како почна нашата инклузивна група, кои беа нивните први чекори во танцот, нивната прва ...

Првиот број од возобновеното студентско списание „In medias res” ќе биде промовиранo утре (среда, 20. декември) на настанот по повод Патрониот празник на факултетот. Промоцијата ќе биде во Големиот амфитеатар на Филолошкиот факултет од 13 часот. Во ова издание се застапени авторски текстови (поезија, проза), есеи, осврти, книжевни критики, интервјуа и колумни на над дваесет студент(к)и. По промоцијата, Списанието ќе биде објавено во електронска ...

“Agremorta” е колаборативен музички проект настанат во јули 2023 година и почна многу брзо да работи заеднички за да за брзо време создаде многу музика којашто допрва ќе биде објавена. Членовите на музичкиот проект се Кристофер Кронс (Christopher Cronce) и Никола Станојковски, македонско/американско дуо каде што Кристофер е одговорен за композицијата, аранжманот и изведбата на вокалите, како и, пишувањето на текстовите, додека пак Никола е ...

Документарниот филм „Молкот на разумот“ на режисерката Кумјана Новакова веќе неколку месеци патува на фестивали и освојува престижни награди за храбриот пристап во обработката на комплексната архива и уште покомплексниот контекст во кој таа настанала (Филмскиот авторски фестивал 2023 во Белград), за нејзиниот режисерски пристап (Меѓународниот фестивал на документарен филм ИДФА (IDFA) во Амстердам 2023), за човекови права (Филмскиот фестивал во ...

„Младоста последна умира“ во продукција на Пресврт е документарен проект, архива на разговори со актери која подлабоко ја истражува социо-политичката, економска и културна положба на младите луѓе од Република Северна Македонија, кои се близу да наполнат 30 години. Како некоја бројка која означува почеток на нова декада истовремено оваа возраст означува исполнување на одредени очекувања во доменот на работата, личниот и фамилијарниот живот, како ...

Проектот е замислен во различни фази кои оживуваат, во различни контексти, простори и кои вклучуваат различни соработници низ целиот тек на истражувањето. Првата фаза од реализацијата е базирана на текстот на Ришард Ниечим и неговото повеќедецениско искуство на соработка со неговиот некогашен учител Гротовски, како во театарската работа (со професионални актери), така и во паратеатарската работа во која Гротовски и неговите соработници тежнеат ...

Македонски нов бран? Колективот „Гола Планина“ е посветен на изградба на нов културен пејсаж во Македонија и околниот регион. Нивната мисија е да ги негуваат уметниците и да им обезбедат основни музички деловни ресурси за да им помогнат да успеат. „Планината е Гола!“ служи како нивен слоган, предизвикувајќи го песимизмот околу македонскиот музички пазар и отворајќи го патот кон нов, просперитетен музички пејзаж. Леон, кој го има задоволството да ...

Музичкиот документарен филм кој се снимаше во текот на април 2023 претставува музичко патешествие на групата Ефтеркланг во потрага по македонски музичари, со цел составување на голем ансамбл и нивен заеднички перформанс пред споменикот “Македониум” во чест на симболот на архитектонскиот споменик за слобода и независност. Премиерата на филмот, која е закажана за 23 март 2024 во рамките на “CPH:DOX” ќе биде проследена со уникатен концерт на ...

„Оваа година македонската кинематографија финансиски е поддржана и на последната 170-та сесија. Третиот македонски проект кој годинава доби средства е „Скејтбордингот не е за девојчиња“ во режија на Дина Дума. Ова е копродукција меѓу македонскиот продуцент „Сестри и брат Митевски“, „Ентре Чиен Луп Сцрл“ од Белгија и „Вертиго / Терминал 3“ од Словенија“, изјави Тања Ќурчинска Пепељугоска, нашиот национален претставник во Еуримаж. Таа додаде и ...

Кога пред неколку месеци разговаравме со Кристина Леловац за платформата „Испробуваме феминистички иднини“, повикот за уметнички колективи сѐ уште траеше. Неколку недели подоцна на повикот беше избран колективот составен од архитектката и соработничка на сценски дизајн Моника Ангелевска, компаратистката и независна истражувачка за современа книжевност, филм, култура и квир прашања Грација Атанасовска, актерката и магистерка по културолошки ...

Во филмот се зборува за периодот во екот на кризата од Студената војна кога група научници од Институтот Винча спроведуваат таен проект предводен од професорот Драгослав Поповиќ. Поради непредвидени околности, тие се изложени на смртоносна доза на радијација, поради што југословенската тајна полиција ги носи на лекување во Клиниката Кири во Париз. Францускиот медицински тим предводен од професорот Жорж Мате заклучува дека нивната состојба е ...

„Не сум твој сон“ има и свој видеозапис режиран од Александра Костадиновска, снимен од Дарко Митев, монтажата е на Дарко и Александра. Главната улога во спотот (покрај Дина) ја игра Лука Тошев, кој надвор од оваа улога е клучен член во бендот што ја придружува Дина на сите нејзини настапи во живо. Стајлингот е на Сара Стојчевска, во соработка со Игралиште, maja’s handmade world, Mирјана Јосифовска, Vera pinc. Слушајте ја Дина на Спотифај: И ...

Името на албумот е New Blue Sun. Во интервју со GQ, музичарот открива дека албумот е речиси исклучиво создаден со дувачки инструменти, исполнет со долги песни со долги наслови. Во нивниот текст GQ ја нарекуваат „музика на ново време кое сѐ уште не дошло“. На прашањето зошто направил баш таков албум, кој отскокнува од неговата досегашна кариера, тој одговорил „Зошто правиме било што? Едноставно, тоа е албумот кој дојде“. Свесен дека има милиони ...

Хрватската диџејка INSOLATE потекнува од Ријека, каде ги прави своите први чекори како диџејка во 1997 г. По освојување на домашната сцена, таа станува честа гостинка на светски сцени како оние во Berghain, Rex, Tresor, Under Club, Detroit Movement Festival, како и неколку во Јужна Америка и Кина. Позната е по нејзината страст за бескомпромисно, чисто техно, нејзиниот придонес кон хрватската електронска сцена за кој ја доби наградата „Dance ...

Документарниот филм на „Еф-Екс“ за покојниот рапер Тупак Шакур, во пет епизоди, под наслов „Драга мамо“ (Dear Mama), доби номинација за „Греми“ за најдобар музички филм. Документарецот го носи називот според истоимениот сингл на Тупак од 1995 година. Во режија на Алан Хјуз, серијалот го истражува животот на убиениот уметник, и делумно оној на неговата мајка, покојната активистка Афени Шакур. Документарниот серијал се емитува на стрим-платформата ...

Огранизацијата „Факултет за работи што не се учат – „ФРУ“ ве кани на тродневна програма „Градот како сцена – приказна за шетачката“ во рамки на 48. издание на интернационалниот театарски фестивал Млад отворен театар (МОТ). Перформативна инсталација „Градот како сцена II – приказна за шетачката“ е продолжение на истражувањето претставено во рамки на Националниот павилјон и Студентски павилјон на Република Северна Македонија на 15. Прашкото ...

Александар Ордев и Максимилијан Сарајлија припаѓаат на две различни генерации ‘направи сам’ истражувачи на звукот, обединети преку заедничката страст за магичниот и непредвидлив свет на модуларната електроника и новите интелигентни алатки. Создаваат возбудлива музика за танц со 120 отчукувања во минута и spoken word од ефемерните интернет архиви. Се работи за нов проект на македонската електронска музичка сцена. Ордев и Сарајлија минатиот месец ...

Иван Димишков – Димиш е млад музичар од Скопје, кој пред неколку дена го издаде своето шесто ЕР. Покрај тоа што сме фанови на неговата музика, нѐ инспирира и неговата посветеност на музиката и сцената од која е дел. Димиш има 22 години, својата музика ја прави сам од почеток до крај, а неговиот ентузијазам и огромна желба за творење се чувствуваат во сите негови песни. Слушнете го неговото ЕР на Јутјуб или на Спотифај: Димиш, твоето ново ЕР ...

„Во околности на глобална општествена безизлезност, неизбежно е да се занимаваме со „Декамерон“, со триумфот на потребата за живот. Животот радоста и среќа, овде и сега“ – изјавува режисерот Кочовски кој „Декамерон“ го постави на сцената на театарот во 2022 година Радоста за вечерашната премиера во рамки на МОТ не ја крие комплетната екипа. „Декамерон за мене значи целосно препуштање, или можеби беспоштедно согорување. Таа претстава ни дозволи ...

Фестивалот се отвора со домашна продукција – претставата „Декамерон“, во режија на Мартин Кочовски на театарот „Војдан Чернодрински“ од Прилеп. Од италијанскиот хуманизам, следниот ден на сцена го гледаме рускиот реализам, „Браќа Карамазови“, претстава со која режисерот Оливер Фрљиќ, по девет години се враќа на сцената на „Загребско казалиште младих“ – ЗКМ. Претставата е работена во два дела, како две засебни претстави, заедно заокружувајќи се ...

Краткиот филм „Прошетка“ на Елеонора Венинова ќе ја има својата светска премиера на 29-то издание на Фестивалот за краток филм во Леувен, Белгија, кој е и квалификациски фестивал за Оскарите и Европските филмски награди. „Прошетка“ е еден од 35-те селектирани филмови одбран од вкупно пријавени 3240 филма, кој ќе се натпреварува во Европската селекција и тоа и за четири награди: награда од жирито, награда од филмаџиите, награда од публика, како и ...

Утре (4.11) во кафе-книжарницата „Буква“ со почеток во 21 часот ќе се случи слушачката промоција на првиот албум на „Кенопсија“, новиот авторски проект на младиот музичар Виктор Стојчевски. „Кенопсија е морничава атмосфера на некое место кое обично е преполно со луѓе, но сега е празно и тивко. Кенопсија е новиот соло проект на Виктор Стојчески и преку него ќе се бори со напуштените сеќавања и сѐ што ќе биде, желбата да се побегне и бунтот против ...

Денес во ЈУ Младински културен центар ќе се оддржи третиот по ред т.н “Музички блок” од Европа. Идејата зад овој настан е промоција на млади, нови и надоаѓачки бендови чија цел е да понудат свежа музичка програма која ги носи најновите модерни музички трендови за млади. Целосната програма на “Музички блок” ротира околу понудата на артисти кои се совпааѓаат со целите на мрежата Лајвјуроп, првата паневропска иницијатива која ги подржува на ...

Документарниот игран филм „Патување пеш“ (The Walk) во режија на Тамара Котевска ќе ја има својата светска премиера на 9 ноември во Њујорк, на DOC NYC, најголемиот американски фестивал за документарни филмови. Главен продуцент на филмот „Патување пеш“ е една од најголемите наградувани британски филмски компании со фокус кон документарните филмови, GRAIN MEDIA. Kако македонски копродуцент се јавува ОХО Продукција, a филмот е поддржан и од ...

Главните протагонисти на легендарната хумористична ТВ-серија „Пријатели“ објавија заедничка изјава по повод смртта на нивниот колега Метју Пери. Имено, другите пет од славните шестмина – Џенифер Анистон, Мет Лебланк, Дејвид Швимер, Лиза Кудроу и Кортни Кокс се огласија во списанието „Пипл“ (People). „Сите сме целосно потиштени. Ние бевме повеќе од колеги. Ние сме семејство. Има уште многу да се каже, но засега ќе одвоиме миг за да оттагуваме и ...

Во тек е пријавувањето за 14 регионална манифестација „24 часовно цртање на стрипови“ која е отворена за стрип автори од регионот, меѓу кои и македонски автори, а започна на 28 октомври и ќе трае до 9 ноември годинава. Манифестацијата се одржува во сабота, 11 ноември 2023 година од 12 часот и ќе трае до следниот ден 12 ноември 2023 до 12 часот, информира Томе Трајков, програмски координатор на Стрип центарот на Македонија-Велес, кој е македонски ...

Уникатниот бленд на балканско ДНК црпено од Битола, преку Белград, до Љубљана ги прави Lelee еден од највозбудливите инди-рок акти во регионот. Со нивниот поп-шарм и балкански мелос проткаен низ цврстата ,,направи сам” музичка етика, Lelee се една од највпечатливите музички појави во изминативе години, а во четврток за прв пат ќе имаат концерт во Битола. Вечерта ќе им се придружи култното скопско трио My Tear. Со нивните силни њувејви синт ...

Ако нѐ следите, веројатно веќе знаете дека сме целосно навлечени на заразната енергија на младите уметници. Нивниот ентузијазам и храброст сакаме да ги негуваме и да ги поддржуваме најдобро што знаеме. Еден таков млад музичар е FLEX. Неговото прво ЕР „RAGETAPE“ излегува денес на сите стриминг-платформи! Претстави ѝ се на нашата публика, кој е FLEX? FLEX е еден 19-годишен артист и продуцент од Велес, кој се занимава со музика уште од мал и сака ...

Скопје

1ᴼ/1ᴼ
2.06
87%
1023

Белград

0ᴼ/-1ᴼ
3.09
82%
1023

Софија

1ᴼ/0ᴼ
7.72
63%
1022

Сараево

4ᴼ/4ᴼ
10.66
54%
1020

Љубљана

4ᴼ/0ᴼ
1.04
73%
1026

Атина

20ᴼ/18ᴼ
7.72
45%
1014

Тирана

6ᴼ/6ᴼ
5.66
57%
1020

Подгорица

7ᴼ/6ᴼ
5.66
33%
1023
Currency

61.525

Currency

59.0731

Currency

74.0053

Currency

38.4211

Currency

42.2553

Currency

66.0699

Currency

8.15589

Currency

0.56615

Currency

0.38126

Currency

0.52544

Currency

1.70935

Currency

0.69921

Алуминиум

2 $

Иридиум

147909 $

Кобалт

486 $

Никел

501848 $

Рутениум

15369 $

Калај

28 $

Сребро

1006 $

Злато

87228 $

Бакар

8 $

Паладиум

31961 $

Платина

31045 $

Родиум

147909 $

Цинк

95337 $