
Скопје
12ᴼ /
12ᴼ



Тејлор Свифт и нејзините обожаватели успеаја да го „срушат“ дури и Google. Пејачката во соработка со „Google“ на своите обожаватели им претстави игра со зборови која мораа да ја играат за да ги дознаат имињата на нејзините досега необјавени песни кои ќе се најдат на албумот 1989 (Taylor’s Version). Според вокабуларот на Тејлор Свифт и нејзините фанови, всушност тие така треба да го отворат „сефот“. За да пристапат до играта, фановите морале да ...
Британскиот крал Чарлс III. и неговата сопруга Камила вчера пристигнаа во тридневна државна посета на Франција. Домаќин на кралската двојка беше претседателот Емануел Макрон и неговата сопруга Брижит во палатата во Версај, каде подоцна беше организирана свечена вечера. Кралицата Камила пристигна во темносин фустан на Диор и носеше накит на кралицата Елизабета Втора. Нејзиниот сопруг исто така се одлучи за класична облека и носеше црн смокинг. ...
Харизматичниот турски актер, Екин Мерт Дајмаз, на македонската јавност и е многу добро познат по неговите исклучителни изведби во сериите „Бура од тајни“ и „Животот е убав“. Неговите извонредни улоги му донесоа голема препознатливост во индустријата и огромен број на обожаватели ширум целиот свет, а неговиот привлечен изглед и шармантна личност со сигурност го прават вистински срцекршач и на екранот и надвор од него. Тој секогаш плени со својот ...
Каде што се младите, таму е и забавата, а каде што е забавата, таму е новиот телефон на преклоп Samsung Galaxy Z Flip5. Сето она што го може овој телефон, сите агли од каде што фаќа кадри, феноменални селфија од блиску и од далеку се само неколку од мноштвото „зезалици“ во кои уживаат сите од Џен Зи кои го користат овој уред. Galaxy Z Flip5 – не мора да го отвораш бидејќи го има најголемиот надворешен екран од флип моделите на Samsung Овој ...
Дистописката приказна за осамено момче од шумата, кое наидува на низа предизвици и авантури, барајќи ја својата самовила, ќе го има своето премиерно киноприкажување на 5 октомври во Синеплекс. По премиерната проекција на филмот „М“ на Вардан Тозија публиката ќе може да го погледне во кино салите во Скопје и во останатите градови низ Македонија. – Од колку слоеви и да е изградена приказната, темата е секогаш базична. Секогаш постои мал зрак ...
На 6 и 7 октомври со почеток во 20.00 часот ќе се одржи премиерата на современиот балет „Сага“ . „Сага” (идентитети) е возбудливо патување низ ритамот на седмата осмина. Низ заедничка креација со Националниот балет, кореографката Рисима Рисимкин, на извонредната музика на композиторот Тони Китановски, сценографијата на Матеа Мијановиќ и костимите на Благој Мицевски, ги открива идентитетите на Црвената и Црната нишка, кои ги толкуваат ...
Под мотото „Легендите живеат вечно“, на 28-ми октомври во „Македонска филхармонија“ ќе се одржи концерт во чест на оние кои прерано си заминаа, со цел да им се одаде почит за се она што го оставија зад себе. Ја испишаа музичката историја, а можеа уште толку многу. Вечер исполнета со композиции, силни емоции, како времеплов низ македонската музичка историја, во изведба на најпопуларните македонски музички пејачи, а во придружба на Камерниот ...
Уште едно признание за „Кајмак“ на најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски – ја освои Наградата на публиката на Филмскиот фестивал во Тирана, кој заврши синоќа. Најновиот филм на Манчевски минатата недела го отвори Тиранскиот фестивал, а режисерот беше пречекан со огромни почести од културната и политичка јавност на Албанија. Манчевски одржа и мастерклас на Фестивалот. Ова е четврта награда за „Кајмак“ за еден месец, откако претходно ...
Традиционалната културна манифестација „Бела ноќ“ се одржа изминатата сабота на повеќе од 18 локации низ Скопје. Скопјани и посетителите имаа можност да уживаат во музички концерти, изложби, проекции, поетски читања и перформанси. Централната манифестација се одржи пред „Порта Македонија“ каде скопјани уживаа во композициите од маестро Кире Костов, кои ќе беа изведувани од Андријана Јаневска, Наде Талевска, Дани Димитровска и Ламбе Алабаковски ...
Овој четврток со почеток во 20 часот оркестарот на Македонската филхармонија ќе ја отвори новата концертна сезона насловена „80 години-Љубов!“. Првиот концерт е насловен „Будење“ и како солист ќе настапи еден од најдобрите виолинисти на светската музичка сцена – Барнабаш Келемен од Унгарија, а диригенти е Бенџамин Шварц од Израел/САД. На програмата се Концертот за виолина и оркестар бр. 2 од Бела Барток и Извадоци од балетот „Ромео и Јулија“ од ...
Последниот викенд од месецот септември мина во знакот на третата интернационална сезона на културно-забавната манифестација Skopje Fashion Festival во партнерство со Државна Лотарија, каде илјадниците гости и посетители имааа ретка можност на едно место да ги проследат ревиските претставувања на ексклузивни колекции со потпис на повеќе звучни имиња од земјата и регионот, проследени со музички и сценски настапи на популарни ѕвезди и млади таленти ...
По повод Меѓународниот ден на еднакви плати, во хотелот DoubleTree by Hilton во Скопје се одржа Конференција на тема „Родова еднаквост на работното место”, организирана од Алијанса за родова еднаквост на работното место – ГЕА, иницијатива на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – АЕТМ. Конференцијата се организираше со поддршка на проектот „Активност за јакнење на деловниот екосистем“, финансиран од УСАИД, а спроведуван од Консалтинг за ...
Повеќедецениска кариера исполнета со успех, раскошен вокал и неверојатна харизма е она што ја краси Калиопи. Континуирано ја исполнува својата дискографија со нови песни и на својата публика и дарува музичка магија. Новата песна „Кад осване“ е достапна на сите дигитални платформи и на официјалниот YouTube канал, а еве што вели Калиопи за нејзината нова песна, и овој пат комплетно авторско дело на нејзиниот долгогодишен соработник Ромео Грил: ...
Повеќе од 550 учесници од девет земји од утре ќе бидат дел од 11. издание на Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“ во Скопје. На добро познатите локации – Младинскиот културен центар, Кинотеката на Македонија и киното „Милениум“ до 10 октомври џифонци ќе гледаат филмови, ќе дискутираат, ќе учествуваат на креативни работилници. Фестивалот ќе биде отворен утревечер (5 октомври) во 19.30 часот во киното „Милениум“, со прикажување на ...
Дејвид Бекам го донесе своето семејство на премиерата на новата документарна серија на Нетфликс за неговиот живот, каде неговата сопруга Викторија Бекам и четирите деца се појавија на црвениот тепих во лондонскиот Мејфер. „Beckham“ е минисерија од четири дела која го следи растот на британската фудбалска ѕвезда од скромно семејство во еден од најпрепознатливите играчи во своето време на теренот и надвор од него. Серијата покажува како сега ...
Под мотото „Redefining E-commerce: A(I) New Era!” на 14 ноември во Националната опера и балет во Скопје ќе се одржи шестата годишна конференција за е-трговија, која од лани има регионален карактер и која е во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – АЕТМ. Конференцијата годинава ќе се одржи во своето најголемо регионално издание, со целосно нов концепт и нова локација, насочувајќи го фокусот кон новата ера во човековото ...
Македонското радио-Радио Скопје денеска на своите бранови го емитуваше јубилејното 5.000-то издание на дневната емисија од областа на културата, КУЛТУРНАТА КЛУЧАЛКА. За македонскиот медиумски простор ова е речиси незабележан програмски континуитет од над 20 години (овој своевиден радиски културен подиум своето прво издание го имаше на 5 март 2003 година), во кој секојдневните едночасовни емисии КУЛТУРНА КЛУЧАЛКА (се емитуваат секој работен ден ...
Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар и Институтот за трансфузиона медицина на РСМ, на 28.08.2023 година, традиционално, по 21-ви пат, ја организираат крводарителска акција по повод празникот Успение на Пресвета Богородица. Крводарителската акција ќе се спроведе во Домот на АРМ, од 09:00 до 17:00 часот. Целта на акцијата е да се обезбедат поголеми количини на крв во летниот период, заради можноста од ...
Продолжува стратешкото партнерство помеѓу Мен Енд Маунтен, Пивара Скопје и Пакомак, поддржано од Шпаркасе Банка и Нула Отпад, Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во третата по ред еколошка акција – ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД. Акцијата годинава се спроведува во 53 општини и 450 училишта низ државата со повеќе од 16 000 волонтери. Во рамки на ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 2023 од 12-ти до ...
Први мај – меѓународен ден на прасето (скарата), пардон, на работникот, залиен со цинизам кој се добива како микс од идеологијата на трудбеникот и театрологијата на неработникот. Го славиме работникот во време на невработеноста, која ја крие својата статистичка вистина колку и жената годините (пак и се познаваат, колку и да ги крие)! Колку многу е пишувано за трудољубието и работливоста низ историјата… Толстој бил најсреќен кога работел со ...
Славната манекенка Вини Харлоу, која боледува од кожната болест наречена витилиго, неодамна позирала целосно гола за американското списание “Women’s Health”. Од списанието испратија голема благодарност за нејзиното напорно дело да биде прва светска позната манекенка со витилиго и за тоа гласно зборува за кожните болести. View this post on Instagram A post shared by ♔Winnie Harlow♔ (@winnieharlow) Во интервјуто за списанието, Вини позира целосно ...
Иако порано биле многу блиски, сега принцот Вилијам го мрази Хари и никогаш нема да му прости за штетата што ја направил на семејството, вели извор за британските медиуми. Имено, медиумите објавија дека Вилијам наводно примил огромна сума пари за хакирање телефони за собирање информации за таблоидите. Наведениот скандал е поврзан со компанијата News Group Newspapers (NGN) на чело со Руберт Мардок, која е обвинета дека хакирала телефони на ...
Скунскиот камен, кој ќе биде употребен на крунисувањето на британскиот крал Чарлс Трети, пристигна во Лондон од Шкотска во сабота. Овој камен, познат и како “Камен на судбината”, е симбол на шкотската монархија и на него повеќе од 700 години се крунисуваат кралевите и кралиците. Иако легендата гласи дека каменот потекнува од Светата земја, професор по историја и археологија на Единбуршкиот универзитет, Дејвид Бриз, смета дека тој всушност ...
Кралот Чарлс Трети ќе биде крунисан со величествената круна на Свети Едвард на 6 мај во ритуал кој е ист со векови. Круната, изработена од цврсто 22-каратно злато, висока е 30 сантиметри и тежи околу 2,23 килограми и е украсена со 444 скапоцени камења. Круната на Свети Едвард е света реликвија и се носи само за време на крунисувањето, што го прави овој настан ретка можност за јавноста да ја види. Круната беше направена за Чарлс II во 1661 година ...
Луис Капалди го објави новиот спот за песната „Wish You The Best“, кој се фокусира на моќната врска помеѓу човекот и неговото куче. Но, видеото предизвика масовно плачење кај неговите обожаватели, кои го нарекуваат „еден од најтажните спотови во историјата“. Според објавите на социјалните мрежи, многумина не можеа да ги задржат солзите. Спотот ја испраќа пораката дека силната љубов остава трага засекогаш и го следи односот помеѓу кучето и ...
Џејмс Корден го заврши своето „The Late Late Show“ со вистинско шоу. Неговите гости, актерот Вил Ферел и пејачот Хари Стајлс, ја разбудија публиката со нивното удирање со огромен чекан и кршење на масата на која Корден седеше во своето култно шоу. Додека Ферел и Стајлс воодушевено го уништуваа бирото, Корден се криел позади масата и го покриваше своето лице со рацете. View this post on Instagram A post shared by The Late Late Show ...
Меган Маркл одлучи да не отпатува во Лондон за крунисувањето на кралот Чарлс Трети во саботата и принцот Хари мораше сам да се соочи со семејството, а еден ден подоцна таа беше фотографирана во одлично расположение. Додека Хари присуствуваше на крунисувањето, Маркл остана во Калифорнија со нивните деца. Палатата објави соопштение во април во кое го потврди отсуството на Маркл од свеченоста на крунисувањето, додека Хари ќе биде присутен. ...
Официјално започна со работа новиот салон за коса „Stojkov Hair Salon” на познатиот скопски стилист и фризер Борјан Стојков. Од почетокот на својата кариера, Борјан Стојков се посветил на усовршување на својата техника и унапредување на својот стил. Тој има големо искуство во работата со различни типови на коса и знае како да ги истакне најдобрите карактеристики на секој клиент. Борјан е познат по својата креативност и иновативност, што го прави ...
Викендов на МТВ 1 и Алсат почна да се емитува новата доку-серија „Радиус“ и во моментов најпопуларните македонски актери Ана Стојановскa и Дритон Вејсели ги видовме во улоги кои ќе ве освојат на прва. Првата македонска доку-серија ги раскажува автентичните приказни од Балканот. Секоја епизода е нова авантура, ново патување низ два града, две села или два региони во гранична област помеѓу Македонија и секоја од нејзините соседни земји. Ана ...
Викендов Стрезо вози, Ристо Самарџиев ја пее „Чили Вили“ во новата епизода од TVTaxi28 Темата во третата епизода на шоуто ТВ Такси 28 е „Која е мојата супер вештина?“, а Стрезо, Стефан и Ана истражуваат дали е една професија за цел живот и колку храброст треба за промена од професор по француски да се стане веб дизајнер, од машински инженер – HR професионалец. Меѓу гостите во епизодата е и Ристо Самарџиев кој се потсетува на „Чили Вили“, хитот ...