
Скопје
28ᴼ /
28ᴼ



Меган Маркл одлучи да не отпатува во Лондон за крунисувањето на кралот Чарлс Трети во саботата и принцот Хари мораше сам да се соочи со семејството, а еден ден подоцна таа беше фотографирана во одлично расположение. Додека Хари присуствуваше на крунисувањето, Маркл остана во Калифорнија со нивните деца. Палатата објави соопштение во април во кое го потврди отсуството на Маркл од свеченоста на крунисувањето, додека Хари ќе биде присутен. ...
Официјално започна со работа новиот салон за коса „Stojkov Hair Salon” на познатиот скопски стилист и фризер Борјан Стојков. Од почетокот на својата кариера, Борјан Стојков се посветил на усовршување на својата техника и унапредување на својот стил. Тој има големо искуство во работата со различни типови на коса и знае како да ги истакне најдобрите карактеристики на секој клиент. Борјан е познат по својата креативност и иновативност, што го прави ...
Викендов на МТВ 1 и Алсат почна да се емитува новата доку-серија „Радиус“ и во моментов најпопуларните македонски актери Ана Стојановскa и Дритон Вејсели ги видовме во улоги кои ќе ве освојат на прва. Првата македонска доку-серија ги раскажува автентичните приказни од Балканот. Секоја епизода е нова авантура, ново патување низ два града, две села или два региони во гранична област помеѓу Македонија и секоја од нејзините соседни земји. Ана ...
Викендов Стрезо вози, Ристо Самарџиев ја пее „Чили Вили“ во новата епизода од TVTaxi28 Темата во третата епизода на шоуто ТВ Такси 28 е „Која е мојата супер вештина?“, а Стрезо, Стефан и Ана истражуваат дали е една професија за цел живот и колку храброст треба за промена од професор по француски да се стане веб дизајнер, од машински инженер – HR професионалец. Меѓу гостите во епизодата е и Ристо Самарџиев кој се потсетува на „Чили Вили“, хитот ...
Минатиот петок Владо Георгиев ги покори скопјани со неговиот извонредно енергичен настап во ноќниот клуб PURE, а овој петок редот му припаѓа на хрватската мега ѕвезда Тони Цетински. На сцената, Владо Георгиев им приреди вистинско музичко задоволство. Откако се појави на сцената, владееше со атмосферата и направи неверојатна врска со публиката. Публиката постојано беше во екстаза, пееше со него и му ја возвраќаше енергијата. Владо Георгиев ...
Ако досега името на Роберт Билбилов се врзуваше само за најголемите хитови на домашната сцена, кога станува збор за комерцијалната музика, сега од неговата работилница излегува нешто сосема поразлично. Имено, Билбилов заедно со диџеј Никифор има нов проект на кој, вели, е многу горд зашто истиот не е само своевиден музички експеримент, туку и парче кое значи нова опција за сите оние кои велат дека имаме само турбофолк забави и иста таква музика. ...
Во рамките на 51. издание на фестивалот „Мајски оперски вечери“ 2023 на 26 мај со почеток во 20.00 ч. ќе се изведе едно од најмоќните и најдраматичните дела во историјата на класичната музика, „Реквием“ на италијанскиот музички мајстор Џузепе Верди. Диригент е гостинот од Бугарија, Емил Табаков, концерт-мајстор е Владимир Костов, а хор-мајстор е Ѓурѓица Дашиќ. Настапува Хорот на Националната опера и балет и Оркестарот на Филхармонија на Северна ...
На 19 и 21 мај 2023 година, две композиции од македонската композиторка Дарија Андовска се изведоа на два концерти во Дрезден (Hochschule für Musik Dresden) и Герлиц (Goerlitz Synagogue – Kulturforum Görlitzer Synagoge) во Германија. Sinfonietta Dresden, оркестар со 30 години традиција, ги изведе “даМар” за соло виола и гудачки оркестар (Yulia Mütze – виола, Ekkehard Klemm – диригент) и “FairVent” за гудачки оркестар, удиралки и фиксен медиум ...
По фантастично добриот настап на Тони Цетински, оваа недела во скопскиот клуб PURE ќе може да се погледнат Guns n Roses – Real Tribute и Прљаво Казалиште. Харизматичниот хрватски ас на поп-рок музиката – Тони Цетински, кој по 7 години пауза повторно се појави пред македонската публика и направи одлична атмосфера. Неговиот двочасовен настап беше будно проследен од фановите, а атмосферата кулминираше кога на сцената се појави едно момче од ...
По нивната прва успешна песна „Безобразно“ за која што снимија спот и одлично помина минатaтa годинa во музичкиот етер низ цела Македонија, Wolf и Декс повторно со нова соработка. ,Дијаманти“ е насловот на новата песна на Wolf и Декс, со голем потенцијал да биде вистинско летно музичко освежување на нашата домашна сцена. Аранжманот и продукцијата се дело на Гоце Симоновски, веќе добро познат уметник и композитор, воедно и бас гитарист на бендот ...
Отворањето на дваесет и второто издание на ОФФест (7-10 јуни) ќе биде целосно во знакот на португалското фадо со една од неговите клучни протагонистки, Мизија. Вечерва, заедно со својот исклучително квалитетен состав, таа ќе настапи премиерно во Скопје, претставувајќи го својот актуелен албум „Animal Sentimental“, едновремено навраќајќи им се на старите класици, низ еден инспиративен аудио-визуелен перформанс. МИЗИЈА е пионер, слободен дух, што ...
Младински образовен форум и Радио МОФ на 9-ти јуни 2023 година во Младински културен центар (МКЦ), со почеток во 13:00 часот, го организираат дванаесеттото издание на Настанот за социјален активизам ENGAGE. Присутните ќе можат да слушнат инспиративни говори од домашни и странски активисти за друштвените мрежи како средство за промени, поезијата како отпор против патријархалните норми, за тоа како младите уметници се борат против скептицизмот, но ...
Овој петок (9 јуни) во периодот од 17:00 до 20:00 часот паркот „Авионче“ во Општина Аеродром ќе биде претворен во големо игралиште каде децата и младите ќе можат да се едуцираат, натпреваруваат, другаруваат и забавуваат на настанот „МААЛСКИ ИГРИ БЕЗ ГРАНИЦИ“. Играњето игри пред маалата и дружењето проследено со детски џагор е сѐ помалку присутно во скопските населби, a во минатото тоа беше препознатлив симбол на маалскиот живот кај скопјани. ...
Што не можат зборовите, можат погледот и допирот, а што не можат ни тие, може музиката. Во ерата во која живееме, каде секој наш чекор е дигитален и очекуван, не би постоела убавината и мистеријата на секојдневието, доколку не би постоела уметноста и музиката. Жедни да се приближиме кон живи, длабоки, ултра-забавни емоции, – и со желба на праг на исполнување, Сара Мејс на јавноста ѝ подари освежувачко транспортирање на една поинаква ...
НАСА соопшти дека праисториското езеро кое се граничи со три држави, Северна Македонија, Грција и Албанија – Преспанско Езеро, е на патот кон исчезнување поради високите температури, загадувањето и неконтролираното пумпање на водата. Истражувањето на кое се повикува НАСА покажа дека езерото изгубило седум отсто од својата површина и половина од својот волумен помеѓу 1984 и 2020 година. Се смета дека Преспанското Езеро е дом на илјадници ...
Видео на Инстаграм уште еднаш ја потсети јавноста на безумните постапки на младите, направени само заради добивање лајкови на социјалните мрежи. Во видеото од соседна Србија, кое стана вирално, едно момче и неговиот другар се држат за задниот дел на трамвајот во Белград и потоа скокаат од него додека се движи. Момчето паднало откако скокнало, но за среќа останало неповредено. Видеото предизвика бурни реакции во јавноста бидејќи луѓето ги ...
Денеска, Здружението на џез музичари и слободни уметници (ЗЏМ) од Скопје го одржа седмото издание на целодневниот џез хепенинг во паркот Ибни Пајко, под наслов „Today It’s All About Jazz“, по повод 30 април – Меѓународниот ден на џезот. Претседателот на ЗЏМ, Гоце Стефковски, изјави дека ова година се фокусираат на претставување на повеќе македонски џез музичари, со нови проекти и соработки. Истакна дека младите музичари во Македонија имаат ...
Годинешната максима, „Сè e филм, во множина“, на ниво на синтакса, повторува една Годарова постапка: брзиот и неочекуван монтажен засек. Затоа и запирката, која не е чест гостин во слогани, тука ни се чини и сосема посакуванa. Филозофскиот филмски фестивал кој ја негува и промовира мисловната, филозофско-eстетичка димензија на седмата уметност, годинава по 13. пат ќе се одржи од 2-9 јуни во Кинотеката на С. Македонија. Во рамките на ова ...
Најновото 44. издание на Меѓународниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, организиран од Друштвото на филмски работници на Македонија, традиционално и оваа година ќе се оддржи во Битола во септември. Објавени се три повици за аплицирање за дел од програмите на годинешниот фестивал. Заинтересираните (студенти и искусни професионалци) може да аплицираат со кратки, студентски и документарни филмови на повикот кој ќе биде отворен до 26 јуни. ...
Во Музејот на современата уметност, вечерва во 20 часот ќе биде прикажан филмот „Годар: човекот-филм“ (Godard Cinema, 2022), со што го најавуваме годинешниот фокус на ФФФ посветен на францускиот филмски великан Жан-Лик Годар. Проекцијата воедно ја акцентира максимата на овогодишното 13. фестивалско издание којашто гласи „Сè е филм, во множина“. Годинешната максима, „Сè e филм, во множина“, на ниво на синтакса, повторува една Годарова постапка: ...
Како што пренесуваат српските медиуми, во болницата „Бежанијска коса“ во Белград денеска на 52-годишна возраст почина познатиот српски стилист и моден дизајнер Саша Видиќ. Причината за смртта се уште не е позната. Како што неофицијално дознава српскиот портал Курир, Видиќ доцна синоќа бил пронајден онесвестен во неговиот стан од двајца членови на семејството и бил донесен во болница во тешка состојба и веднаш приклучен на респиратор. Според ...
Денес, нашите домови се сè пофункционални, а домашните апарати стануваат вистински придружници на нашата секојдневна рутина. Тоа значи дека домашните апарати мора да бидат дизајнирани, не само со функционалноста на ум, туку мора да понудат вистинска, практична вредност заснована на потребите и искуствата на потрошувачите. Bespoke визија Од првото претставување на концептот Bespoke, Samsung лансираше нова ера во областа на домашните апарати. ...
Во светските медиуми во петокот се објави дека Меган Маркл, војвотката од Сасекс, има откриено шокантни детали од инцидентот за бојата на кожата на нејзиниот син, во писмо до кралот Чарлс. Оваа тема беше во фокусот на јавноста откако Меган и принцот Хари го спомнаа тоа во интервјуто со Опра Винфри во 2021 година. Во писмото, Меган наводно го спомнала и името на лицето кое ја коментирало кожата на нејзиниот син, а писмото наводно било испратено ...
Скопската зоолошка градина ја изненади јавноста со прва фотографија на бебе пингвин, првото младенче од овој вид што се роди во нашата земја. Оваа вест е поврзана со утрешното одбележување на Светскиот ден на пингвините, ден што е посветен на кревање на свеста за овие птици и нивната заштита. „Со задоволство ве информираме дека во Заливот на пингвините во Зоолошката градина, утре во 11 часот, ќе се оддржи едукативен и интерактивен час на ...
Студија објавена во Nature откри забележителни наоди за причината на побелувањето на косата. Според научниците, причината за губењето на боја на косата може да се објасни со „заглавувањето“ на матичните клетки во фоликулите на косата. Кога овие клетки не можат слободно да се движат, косата не може да созрее и нема да ја задржи својата боја. Истражувањето беше насочено кон матичните клетки на меланоцитите, кои се одговорни за производството на ...
Јагодите се познати како вкусно овошје, но исто така содржат антиоксиданти кои ги прават многу корисни за здравјето. Како извор на калиум, јагодите можат да помогнат во намалување на високиот крвен притисок. Антиоксидантите во јагодите помагаат во детоксикацијата на телото и спречуваат формирање на згрутчувања на крвта, што може да предизвика мозочен удар. Флавоноидите во јагодите имаат моќна антиканцерогена активност и се борат против ...
Луѓето се почесто се одлучуваат во своите домови да внесат уште еден член, но овој пат тоа е крзнено милениче кое дополнително го разигрува секојдневието и внесува повеќе радост во животот на сите дома. Но, со него доаѓаат и дополнителни обврски кога станува збор за одржување на чист дом и здрава средина, а специфичните потреби што ги има секој крзнен пријател, налагаат поголема грижа и повеќе обврски. Имајќи го ова на ум, компанијата Samsung ги ...
Американскиот пејач, актер и активист за граѓански права, Хари Белафонте почина на 96-годишна возраст од срцева слабост. Тажната вест ја потврди неговиот долгогодишен портпарол Кен Саншајн за The New York Times. Легендарниот музичар починал во својот дом на Менхетен. Пејачот, актер, продуцент и активист беше особено познат по популаризацијата на карипските народни песни, познати како калипсо. Бил вклучен и во различни општествени движења, ...
Холивудскиот актер Брус Вилис (68) стана дедо откако неговата ќерка Румер (34) пред неколку дена го роди девојчето Луета Исли. Румер, инаку пејачка и актерка, е ќерка на Брус и неговата поранешна сопруга Деми Мур (60), а татко на малата Лует е нејзиниот долгогодишен партнер музичарот Дерек Ричард Томас. – Луета Ајли Томас Вилис. Ти си чиста магија. Ти си повеќе од се што сме сонувале – напишаа гордите родители покрај фотографијата од малото ...
Американската актерка Зендеја Колман го промовира новиот пролетен тренд на филмскиот настан во Лас Вегас. Нејзиниот стајлинг беше креиран со врвно познавање на класичната мода и најмодерните трендови во 21 век. Најмногу внимание предизвикаа широките панталони кои одговараат на секоја фигура, а комбинирани со белите обувки создаваат убава хармонија на умерени бои. Оние кои ја следат модата веќе почнаа да се заљубуваат во овој нов пролетен тренд ...