Аријана Гранде и Далтон Гомез официјално се разведени. Пресудата на Врховниот суд во Лос Анџелес со која се прекинува нивниот брак од речиси три години, стана официјална денес, шест месеци откако 30-годишната поп-ѕвезда поднесе барање за развод од 28-годишниот агент за недвижнини. Двајцата се разделија пред повеќе од една година, според судските документи. Тие имале предбрачен договор, немаат деца и немаа значителни правни спорови во разделбата, ...

Оваа пролет во Скопје ќе има многу различни концерти и настани. Но, нема дилема дека проектот што сега го најавува Авалон Продукција ќе биде најспектакуларен и најзабавен, a со тоа и најпосетен особено ако се земе предвид дека најголемата армија на обожаватели во светот е токму онаа на обожавателите на музичкиот феномен ABBA! Проектот кој распродава концертни сали каде и да настапува низ Европа, премиерно доаѓа во Скопје да ги донесе сите хитови ...

Фотографија на покојната кралица Елизабета Втора со своите внуци и правнуци исто така е уредувана, откри агенцијата „Getty Images“. Портретот направен во Балморал во август 2022 година ја прикажува покојната кралица како позира со најмладите членови на нејзиното семејство, а е дело на Кејт Мидлтон само неколку недели пред смртта на Елизабета. Беше објавен од Бакингемската палата на 21 април минатата година по повод 97-от роденден на кралицата. ...

„Нешто конкретно“ оваа недела со тема – комплекси. Како се излегува на крај со искомплексираните и дали воопшто е можно да се случи тоа? Со кого е потешко со мажите или со жените, со оние на функција или со оние кои не се баш моќни, со оние со најјака кола или со оние кои возат нешто поевтино? Наши гости овојпат битолчани, а тие ќе одговорат дали фрустрациите доаѓаат одвнатре или некој од надвор ни ги наметнува. Михаил Мими Марковски, Владимир ...

На 6 и 7 април во Хотел Мериот ќе се одржи меѓународен танцов натпревар DIAMOND, а Скопје ќе ги собере најдобрите танчери од регионот и пошироко, натпревар на кој ќе настапат над 1500 танчери од Македонија, Унгарија, Полска, Србија, Босна и Херцеговина, Грција, Романија и од Хрватска. DIAMOND има за цел да инспирира, плени и обезбеди неверојатен приказ на уметничките способности, вистински славејќи го танцот во неговите многубројни форми и ...

Со вчерашниот концерт во Струмица, успешно заврши концертната турнеја на „Фрајле“ во Македонија, со целосно распродадени концерти. Имено, изминатата недела, женското трио „Фрајле“ одржа 5 концерти во 4 различни градови низ Македонија. Почнувајќи од Битола и Штип, па се до Скопје и Струмица. Пеејќи песни од нивната Војводина, како и нивни авторски песни, македонски народни песни и поп-хитови, Јелена Буча, Невена Буча и Наташа Михајловиќ ја ...

По хаосот со фотошопираната фотографија на Кејт Мидлтон, која Кенсингтонската палата ја објави за Денот на мајката, протече нова фотографија од папараците, на која се гледа како принцот Вилијам го напушта замокот Виндзор, а до него во автомобилот е и неговата сопруга Кејт. Таа гледа низ прозорецот во далечината, поради што едвај се гледа на половина профил. Освен што оваа фотографија на многумина им изгледа фотошопирано, некои се убедени дека ...

Версаче ја лансира линијата Icons за мажи и за свое заштитно лице го обезбеди моментално еден од најпопуларните мажи, Килијан Марфи. Откако ги освои овогодинешните награди со улогата во Опенхајмер, сега тргнува да го освои светот на модата. Килијан Марфи ја доби статуетката за најдобар актер на овогодинешните Оскари, а на сите фотографии од наградата позираше во смокинг од Версаче. Неговиот стајлинг беше најава за она што следува. Имено, Килијан ...

Марко Маринковиќ – Слаткар познат под сценското име Слаткаристика започнал со своите музички креации кога имал 12 години. На возраст од 15 години, заедно со неговиот пријател Скит Скитара ја формирал хип-хоп групата „Единствена опција”, а во 2004 година го издадоа албумот „Рап Тврдина”. Заедно со Пука Козметика, Скит, Ел Маријачи, Боро Лаказ, Какар, Зеле, Сиги, Аце НЛ, Че и Димитриј Јеа, во 2008 година го формираа хип-хоп екипажот ...

Принцот од Велс и војводата од Сасекс вечерва ќе присуствуваат на настан во спомен на нивната покојна мајка принцезата Дијана, но нема да се појават заедно во исто време. Принцот Вилијам ќе одржи краток говор пред гостите во Научниот музеј во Лондон оваа вечер на годишните награди „Diana Legacy“ и ќе ги додели наградите на 20 добитници, а принцот Хари ќе им се обрати на победниците преку видео повик од Калифорнија, дури откако неговиот брат ќе ...

Обожавателите на турската глумица Биге Онал имаат можност секојдневно да се воодушевуваат на незината убавина и актерска игра во серијата „Мајка“. Во улога на силната Дидем, Биге ги освои гледачите во Турција и ширум Балканот, поради што новинарите го следат секој нејзин чекор. View this post on Instagram A post shared by Bige Önal (@bigeonal) Таа неодамна на својот Инстаграм профил сподели слики и видео како се шета и се воодушевува на ...

Кучето Меси го украде шоуто на овогодинешните Оскари. Се шпекулираше дека ѕвездата на филмот „Anatomy of a Fall“ на Џастин Триет нема да може да присуствува на свечената церемонија, но само неколку минути од почетокот, за време на монологот на Џими Кимел, во кадарот се најде 7-годишниот бордер коли на седиште во близина на сцената. Кучето од расата бордер коли (Border Collie), кое се појави во „Anatomy of a Fall“, беше кандидат за неколку ...

Во промотивно видео по повод доделувањето на најважните филмски признанија, Оскарите, повеќе филмски продуценти и актери зборуваа за тоа кој филм ги инспирирал за патување. Во видеото познатата холивудска актерка Глен Клоуз се одлучила за легендарниот македонски филм „Пред дождот“ на македонскиот режисер Милчо Манчевски. -Постои еден филм што се вика „Пред дождот“ и е снимен во Македонија и очигледно е многу стар и многу работи се случувале на ...

Актерот Рајан Гослинг, заедно со 65 танчари во улогата на Кен, на 96. Оскари ја изведe песната „Јас сум само Кен“ (I’m Just Ken) од филмот „Барби“, која беше номинирана за најдобра оригинална песна. Атмосферата во театарот Долби да не биде монотона се погрижи Рајан Гослинг, ѕвездата на филмот Барби. Во розов смокинг актерот ја испеа песната „I’m Just Ken“ и беше подобро од очекуваното. Тој настапот го започна седејќи зад својата колешка Маргот ...

Филмот „Опенхајмер“ е апсолутен победник на 96-тото доделување на Оскарите. Од 13 номинации за Оскар, филмот за „таткото на атомската бомба“ освои седум, меѓу другите за најдобар филм, режисер – Кристофер Нолан, најдобар актер – Килијан Марфи и најдобра споредна машка улога – Роберт Дауни Џуниор. Филмот „Poor Things“ освои четири Оскари, вклучително и за најдобра женска главна улога – Ема Стоун, која го освои вториот Оскар во кариерата. ...

Македонски Телеком ја започнува кампањата „Да направиме место“ со којашто поттикнува и инспирира отвореност и меѓусебно разбирање коишто се важни за вистинско поврзување. Денес, преку дигиталните технологии, ние сме поврзани повеќе од кога било. Но со години наназад живееме во несигурност и криза, ја губиме довербата во другите, вербата во подобра иднина, се изолираме и се затвораме, и сè посклони сме кон конфликти и нетолеранција. Според ...

По исклучително успешната светска оркестарска премиера на проектот МАКЕДОНИСИМО минатата година во, веројатно најпрестижната концертна сала во светот, Музикферајн (Musikverein) во Виена, заедно со Тонкунстлер оркестарот од Австрија под диригентската палка на нивниот шеф-диригент Маестро Јутака Садо, македонскиот камерен оркестар „АЈГА“ во соработка со КултурОп ќе ја претстават македонската, а воедно и балканска премиера на оркестарската верзија ...

На 16 март со почеток во 20.00 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе ремек-делото „Боеми“ од Џакомо Пучини. Приказната за животот на љубовниците Родолфо и Мими ќе се изведе под диригентската палка на Бисера Чадловска, во режија на Дејан Прошев, претставата е доловена преку масивната сценографија на Зоран Николовски и колоритната костимографија на Марија Пупучевска, концерт-мајстор е Верица Ламбевска, хор-мајстор Јасмина ...

„Поврзување“ е насловен концертот на Македонската филхармонија, кој ќе се одржи овој четврток, 14 март во 20 часот. На програмата ќе бидат изведени, Интермецо од познатата опера на Џакомо Пучини, „Манон Леско“ (1892), Концертот за гитара и оркестар „Аранхуез“, најпознатото дело на шпанскиот композитор Хоакин Родриго (1901 – 1999) и Симфонија бр. 4, оп. 90,во А-дур, „Италијанска“ од германскиот композитор, пијанист и диригент Феликс Менделсон. ...

Илјадници свеќи ќе ја осветлат сцената на Македонската филхармонија на премиерното издание на првиот „Candlelight“ – концерт под свеќи на камерниот оркестар Профундис, кој ќе се одржи на 12 април со почеток во 20 часот. На концертот како солист ќе настапи светски познатиот виолинист Марио Хосен, чија виртуозност и волшебно сценско присуство му носат признание на престижните сцени ширум светот. Хосен и „Профундис“, под диригентската палка на ...

„Лажни светови“ е насловот на најновата песна на Бојана Скендеровски. Станува збор за одлична балада во која таа го покажува сиот свој раскош, сета своја емоција – „Лажни светови“ е вистинска емотивна, женска песна, која Бојана ја носи маестрално и го покажува сиот свој музички раскош. Автор на музиката и текстот е Александар Тарабунов – Тара, додека аранжманот е со потписот на Димитар Андоновски. „Одамна сакав ваква песна, сакав да отпеам нешто ...

Договорот на моментално најголемата поп-ѕвезда во светот Тејлор Свифт со организаторите на нејзините концерти во Сингапур, каде што ќе одржи дури шест концерти во рамките на нејзината светска турнеја, прерасна во политичко прашање во Југоисточна Азија. Имено, Сингапур е единствената станица во тој дел од светот каде што ќе настапува мегапопуларната американска пејачка, а соседните земји тоа го прогласија за „непријателски чин“ на тој ...

Последниот проект на Националниот џез оркестар носи наслов „Џез Лектира“ и претставува навраќање на биг бенд ерата, позната и како ера на свингот. Овој период претставува значаен период од музичката историја во кој популарната музика во САД доживува своевидна трансформација. Големи ансамбли, пишани аранжмани кои се истакнуваат наспроти спонтаните солирања, доминација на свинг ритамот, наплив на иновативни композитори, се дел од карактеристиките ...

Овој четврток, со почеток во 20 часот, оркестарот на Македонската Филхармонија ќе го изведе концертот насловен „Сила“, на кој како солисти ќе настапат Пачо Флорес (Венецуела) на труба, Лео Рондон на венецуелска гитара (Венецуела), а диригент е маестро Мануел Хернандез – Силва (Венецуела/Шпанија). Концертот не случајно носи наслов „Сила“, затоа што сите композиции, ако може да им се даде една генерална оцена, се фокусирани на моќта на ...

15 години поминаа за миг кога станува збор за Наташа Михајловиќ, Јелена и Невена Буча, како и за верната публика на женското трио „Фрајле“. 15 години постоење и јубилеј кој го одбележаа со нов албум кој го носи насловот „Дневник душе“. „Дневник душе“ дојде како круна на нашата досегашна кариера и музичко искуство, а песната „Пријател“ како драгоцен камен на таа круна. – кажа женското трио „Фрајле“ за новата песна од албумот, на која како гостин ...

Двојна изведба на безвременската, волшебна балетска бајка „Заспаната убавица“ преточена во прекрасната музика на Петар Илич Чајковски на 7 и 8 март со почеток во 20.00 часот на сцената на Националната опера и балет. Диригент на претставите е Бисера Чадловска, кореограф е Виктор Јаременко (Украина), асистент-кореограф е Тетјана Белецка од Украина, сценограф и костимограф е Миодраг Табачки од Србија, светло дизајн, Милчо Александров, ...

Пејачката Теја Дора е српската претставничка на овогодинешниот избор за песна на Евровизија во Малме, а нејзиниот приватен живот ја заинтригира јавноста. Она што најмногу ја изненади јавноста е нејзината возраст. Кога се појавила на сцената, повеќето мислеле дека се работи за 20-годишна девојка. Сепак, Теја Дора, чие вистинско име е Теодора Павловска, е родена во 1992 година во Бор на истокот на Србија и има 32 години, иако изгледа исклучително ...

Интернетот не престанува да зборува за Јелена Карлеуша која со Георгина Родригез учествуваше на ревијата на брендот „Vetements“ во рамки на Модната недела во Париз, а девојката на Кристијано Роналдо објави заедничка фотографија и ја заследи српската пејачка на Инстаграм. На социјалните мрежи се појави снимка на која Георгина во еден момент ѝ објаснува на Карлеуша околу тоа кога Кристијано Роналдо планира да ја заврши кариерата. „Кристијано уште ...

32-годишната Tеја Дора со песната „Рамонда“ ќе ја претставува Србија на изборот за песна на Евровизија во Шведска. Синоќа во Белград се одржа големото финале на српскиот избор за песна на Евровизија. Во финалето се натпреваруваа вкупно 16 натпреварувачи, а врз основа на гласовите од 5-членото професионално жири и телевоутингот, Теја Дора освои вкупно најголем број гласови и на тој начин ќе ја претставува Србија во Малме на овогодинешниот избор ...

И конечно дојде време, еден од најголемите сонови на младата музичка ѕвезда Антониа Гиговска се исполни. На 3. март, Антониа и официјално ќе ви го претстави нејзиниот прв албум, на кој ќе се најдат сите нејзини 15 композиции. Албумот симболично носи наслов „2001“, по годината во која е родена таа. На овој носач на звук ќе се најдат 15 композиции, од кои повеќето се дело на продуцентот Лазар Цветковски, потоа Дарко Димитров, а има и песна на ...

weather icon

Скопје

35ᴼ / 35ᴼ
4.12
23%
1006
weather icon

Белград

34ᴼ / 33ᴼ
2.06
27%
1003
weather icon

Загреб

23ᴼ / 22ᴼ
0.0
77%
1005
weather icon

Софија

33ᴼ / 33ᴼ
3.09
35%
1009
weather icon

Сараево

37ᴼ / 37ᴼ
3.71
18%
1005
weather icon

Љубљана

24ᴼ / 21ᴼ
3.6
80%
1005
weather icon

Атина

33ᴼ / 30ᴼ
5.14
46%
1011
weather icon

Тирана

31ᴼ / 31ᴼ
4.63
40%
1011
weather icon

Подгорица

32ᴼ / 32ᴼ
5.66
31%
1009
weather icon

Букурешт

34ᴼ / 33ᴼ
3.09
26%
1008
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 20ᴼ
1.03
85%
1006
weather icon

Истанбул

31ᴼ / 29ᴼ
2.57
100%
1011
Currency

61.54

Currency

52.7562

Currency

71.0345

Currency

33.9523

Currency

38.0293

Currency

65.6222

Currency

7.35349

Currency

0.65551

Currency

0.35805

Currency

0.52467

Currency

1.28997

Currency

0.60641