Дејвид и Викторија Бекам снимија реклама за Uber Eats, онлајн платформа за нарачка и испорака на храна. Во таа реклама, тие ја повторија урнебесната сцена од документарната серија Бекам на Нетфликс, која брзо стана хит на социјалните мрежи по нејзиното емитување. Имено, во рекламата Викторија носи маица со натпис: „Татко ми имаше Ролс Ројс“. За време на рекламата, Бекамови прават серија урнебесни гафови додека ја најавуваат својата нова реклама ...

Откако поротата во Ново Мексико повторно го обвини Алек Болдвин за убиство од небрежност, закажан е датумот на судењето. Судењето на актерот е закажано за четврток, 1 февруари, кога ќе се соочи со обвинение за убиство од небрежност, откако ја усмрти кинематографката Халина на филмскиот сет. Тоа ќе биде првпат да биде изведен пред окружниот суд во Ново Мексико, но нема да се појави во живо, туку виртуелно, пишува Дејли Мејл. Тој беше именуван во ...

Лара Иванова и Јосиф Ристовски го објавија нивниот прв дует „Сите светла“. Станува збор за трендовски хит, затоа што за само неколку дена има илјадници прегледи и лава позитивни коментари и реакции од македонската публика, но и од регионот. Автори на текстот и на музиката се Лара и Јосиф, за аранжманот се погрижи единствениот Дарко Димитров, а за видео записот Томислав Живковиќ, кој и овојпат целосно ја долови пораката на песната и на целиот ...

Најпознатата ски-дестинација во соседството и оваа сезона е првиот избор на страсните скијачи и вљубениците во добрата забава, а ние ви носиме пет причини зошто не треба да ја пропуштите авантурата на оваа снежна убавица. Настапи на најголемите музички ѕвезди: Веруваме дека сите веќе ги заокруживте датумите кога во рамки на првиот дел од Копаоник Music Week ве очекуваат настапите на Теа Таировиќ (15 февруари) и Саша Матиќ (16 февруари) – знаете ...

Најавата на големиот заеднички концерт на тројцата врвни македонски музички уметници Дуке Бојаџиев, Крсте Роџевски и Исмаил Лумановски, беше пресретната со огромен интерес од публиката, кој придонесе за неверојатно кратко време концертот да биде прогласен за распродаден! Барањата за влезници сѐ уште не стивнуваат, а благодарение на тоа, закажан е втор концерт, кој ќе се одржи само еден ден по првиот, односно на 17 февруари со почеток во 19:30 ...

Викендов, Скопје беше во фокусот на младите и нивната култура преку два музички настани, кои го одбележаа почетокот на активностите на платформата СИЛАТА ЕУ МЛАДИТЕ. Едукативниот културен центар „Лабораториум“ во центарот на Скопје беше „окупиран“ со млада и повозрасна публика, заинтересирана за културната содржина креирана од два исклучително млади музички колективи. На сцената во Лаб кафе се претстави младиот и надежен средношколски бенд од ...

Кралот Чарлс III и неговата снаа, принцезата од Велс, ја напуштија приватната болница во Лондон по неповрзани медицински третмани. 75-годишниот монарх во петокот беше примен на клиниката во Лондон на лекување на зголемена простата, која Бакингемската палата ја опиша како бенигна. Принцезата Кејт, престојуваше во болницата во последните две недели по абдоминална операција поради непозната состојба. Чарлс излезе од клиниката со неговата сопруга, ...

Веројатно не постои светски артист на оваа планета (освен, се разбира, David Bowie) кој може толку аргументирано да изнесе толку многу различни и заслужени епитети како Grace Jones, една од најреволуционерните и најзначајни музички и уметнички појави на светот на сите времиња. Некои од нив се: “Musical mastermind”, “Amazing Grace”, “Timeless”, “Art aristocrat”, “True diva”, “Goddess of Rhythm”, “Pop culture icon”, “Fashion Icon” “Vamp Woman”… а ...

Одбројувањето до најголемиот и најубавиот аудиовизуелен музички спектакл во месецот на виното и љубовта може да почне – затоа закружете го 10 февруари – датумот кога домашната публика ќе ужива во концертниот спектакл на една од најголемите музички ѕвезди во регионот Јелена Розга. По неколкуте спектакуларни концерти во регионот, Скајмјузик со гордост го најавува настанот кој во рамки на турнејата „Минут срца мог“, ќе се случи во арената „Борис ...

После неверојатно брзо распродадениот прв концерт на женското трио ,,Фрајле’’ во Скопје, во склоп на нивната балканска турнеја „Moje duše duša“, закажан е и втор концерт во ,,Македонска Филхармонија’’, објавија организаторите. Сите оние кои останаа без влезница за првиот концерт, а сакаат да ги слушнат трите дами во едно шоу, ќе имаат можност тоа да го направат на 15-ти март. Оние кои барем еднаш присуствувале на нивен концерт, добро знаат ...

Актерот Бредли Купер и манекенката Џиџи Хадид конечно ја потврдија својата врска, па беа фотографирани додека се шетаат низ Лондон држејќи се за рака. По неколкумесечни гласини дека се во врска, конечно решија да престанат да се кријат. Гласините за нивната врска се појавија во октомври минатата година, откако неколку пати беа видени заедно. View this post on Instagram A post shared by E! News (@enews) Новaта славна двојка долго време се ...

Кралот Чарлс III. по вчерашната операција на простата, вториот ден го поминал во клиника во Лондон каде го посетила неговата сопруга Камила. Во петокот наутро, кралот (75) пристигнал со Камила во клиниката каде била хоспитализирана и неговата снаа Кејт, сопруга на престолонаследникот Вилијам. Таа беше подложена на операција на абдоменот минатата недела. Недолго по завршувањето на операцијата на Чарлс, кралицата им рекла на луѓето во клиниката ...

На социјалните мрежи веќе некое време кружи сметка и бакшишот што во 2015 година ги оставил еден од најпопуларните поп пејачи во светот, Хари Стајлс. Видео кое се појави на TikTok покажува колку пари потрошил Стајлс во ресторанот, а многумина биле изненадени од бакшишот, кој според повеќето бил мал. Сопственикот на ресторанот, велат, се сликал со Хари, што се смета за потврда дека сметката е негова. @californiasunlouis The math aint mathing ...

Шармантниот актер Мурат Јилдирим, кој на македонската публика ѝ е познат како Картал од серијата „Мирисот на љубовта“ на Dizi, на својот профил на социјалните мрежи ја сподели радоста за првиот роденден на неговата ќерка. Срдечната објава привлече широко внимание од неговите обожаватели. Мурат ја изрази својата среќа објавувајќи семејна фотографија и напиша: „Денес нашата Мирај наполни една година. Среќен роденден, наше мало ангелче. Сите години ...

“Кажу да време, време лечи све, ал шта ми врeди вечност без тебе”…се стиховите од рефренот на последната отпеана песна од нашата единствена и најголема македонска музичка ѕвезда Тоше Проески. “Kажу да време лечи све” е насловот на песната која се чинеше дека можеби никогаш нема да го здогледа светлото на денот. Но со помош на новата АИ технологија е изваден вокалот и пијаното за од демо да се направи студиска снимка. Затоа токму баш сега, во ...

Врховниот суд во Хрватска го врати старателството врз синот Александар на српскиот бизнисмен Милан Поповиќ, одземајќи го целосно од хрватската пејачка Северина Вучковиќ. По објавувањето на веста, многубројни познати личности од регионот, вклучувајќи ги и Ана Бекута, Сека Алексиќ, Анѓелка Прпиќ, Нина Бадриќ и Маја Шупут, ја истакнаа својата поддршка кон Северина на социјалните мрежи. Поддршка доби и од македонските пејачки Тамара Тодевска, ...

Крушево, родното место на Тоше Проески, се подготвува за 25 јануари – одбележување на роденденот на прерано починатиот пејач. Подготовките за обележувањето вклучуваат различни настани, почнувајќи од хуманитарна крводарителска акција до хуманитарно-продажна ликовна изложба со дела на Светлана Зуламоска. Целиот ден е посветен на различни активности што ги спојуваат обожавателите на Тоше и ги потсеќаат на неговото музичко наследство. Серијата на ...

Денеска, Македонија и целиот Балкан ќе го одбележат 43-тиот роденден на македонската музичка легенда, Тоше Проески. Локалниот Црвен Крст ќе организира хуманитарна крводарителска акција во Крушево, а ќе биде положено и свежо цвеќе на неговото вечно почивалиште. Од 12 часот, во Спомен-домот, ќе биде отворена хуманитарно-продажната ликовна изложба со дела на уметницата Светлана Зуламоска, а средствата ќе бидат донирани за лекување на малиот Војдан ...

Објавени се номинациите за Оскарите, а еден филм крена прашина. Филмот „Барби“ заработи осум номинации, но Академијата не ја номинираше Грета Гервиг, режисерка и сценарист, ниту Марго Роби, главната актерка, додека Рајан Гослинг беше номиниран за најдобра споредна машка улога во филм. Таа одлука ги разбесни фановите кои ги преплавија социјалните мрежи со коментари, а изгледа не му се допадна ниту на актерот кој го глумеше Кен. 43-годишниот ...

Дали во животот е поважно каков животен партнер ќе избереме или какви пријатели ќе имаме? Во новото издание на „Нешто конкретно“ зборуваме на оваа тема, а нашите гости искрено ги споделуваат своите искуства на истата. Според Дунавка Трифуновска, точно треба да се знае со кое чудовиште си во врска, таа зборуваше за претходниот партнер и издвои дека тој не знаел ниту да ги избрише пораките од телефонот што не требало да останат таму. Ја сподели ...

Академијата за филмски уметности и науки ги објави номинациите за овогодинешните Оскари. Актерите Зази Биц и Џек Квејд ги објавија номинациитe за 96-тото доделување на Оскарите, кое ќе се одржи на 10 март 2024 година. Изминатата филмска година ја одбележаа два филмски хита „Опенхајмер“ и „Барби“, кои доминираа на бокс офисот, заработувајќи повеќе од две милијарди долари на глобално ниво. Очекувано, „Опенхајмер“ на Кристофер Нолан доби најмногу, ...

Денеска, точно на пладне, ќе бидат пуштени во продажба билетите за најновото издание на Златна бубамара на популарноста, убедливо најпопуларната манифестација кај нас, која оваа година ќе се одржи на 22 февруари во арената „Борис Трајковски“. Под мотото „Кој чека ќе дочека“, омилената манифестација ќе направи се што ветила во рамки на својот 27-ми мандат – сатирично ќе ја раскаже изминатата година и ќе ги донесе на иста сцена најпознатите ...

Пејачката Северина и српскиот претприемач Милан Поповиќ повеќе нема да го делат старателството над нивниот малолетен син Александар. Според „Национал“, Врховниот суд во Загреб ја укина пресудата на Жупанискиот суд во Сплит, кој во август 2021 година одлучи детето да поминува две недели со таткото, а потоа две недели со мајката. Според неделникот, пресудата е поништена затоа што судот во Сплит го прекршил Законот за парнична постапка, за кој ...

Голем концерт на нашите вонсериски музичари со долгогодишна кариера на интернационалната сцена, Дуке Бојаџиев, Крсте Роџевски и Исмаил Лумановски, кои по девет години пауза, повторно ќе настапат заедно на сцената на Македонската Филхармонија. Нивниот целовечерен концерт ќе се одржи на 16 февруари со почеток во 19:30 часот, а на програмата ќе бидат авторски композиции и преработки на македонска изворна музика, во едно ново уникатно издание, со ...

Националниот џез оркестар ќе ја отвори својата концертна сезона со концерт во Националната опера и балет вечерва во 20 часот. Според најавата од Оркестарот, концертот ќе биде вистинска поетска симбиоза на биг бенд творештвото на истакнати македонски џез автори од повеќе генерации. Со својата изведба, Националниот џез оркестар најавува непрекината ангажираност со современите трендови во светската џез музика, изведувајќи разновиден репертоар. Во ...

Започна гласањето за најдобрите е-трговци во Македонија за 2023 година, во рамките на „E-commerce Awards 2023“, настан организиран од Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТМ). Во ова трето издание на изборот се натпреваруваат 165 е-трговци во 24 категории. Процесот за наградување на најдобрите е-трговци започна со номинирање на е-трговците на официјалната веб страница на натпреварот, кој траеше до 10ти јануари 2024, на кој се пријавија ...

Тоше Проески не беше само талентиран музичар, туку и позитивна енергија која внесуваше радост во животот на секој кој го познаваше. Неговата љубов кон луѓето и уметноста беа непрекинат извор на инспирација. Тој докажа дека музиката е универзален јазик и дека хуманоста треба да биде секојдневна обврска. Неговата музика и дело остануваат вечни подароци за сите нас. На денот на неговиот роденден, 25.01, македонскиот естраден магазин „Бекстејџ“ ќе ...

Според податоците од Народната банка на Грција, бројот на туристи во Грција се зголемил за 17,3 отсто во периодот јануари-ноември 2023 година, во споредба со истото временски период во 2022 година. За овој период, Грција ја посетиле речиси 31,97 милиони туристи. Во истата временска рамка година претходно, бројот на посетители бил 27,25 милиони. Туристичката експанзија резултирала и во значителен пораст на приходите за земјата, со раст од 15,4 ...

Познатиот музичар и член на жирито на телевизиското шоу „Ѕвездите на Гранд“, Ѓорѓе Давид, не сакал да тргне на пат за Гевгелија, затоа што имал претчувство за сообраќајната несреќа, пишуваат српските медиуми. Според информации на „Република.рс“, извор близок на Ѓорѓе раскажал дека музичарот сонувал за сообраќајната несреќа и чувствувал дека нешто лошо ќе се случи. Поради овие претчувства, Ѓорѓе Давид бил на одлука да го откаже своето патување за ...

По тешката сообраќајна несреќа пред граничниот премин Табановце, во која загина 49-годишна жена, кумановското обвинителство определи мерки на претпазливост за српскиот музичар Ѓорѓе Давид, учесник во несреќата. Пасошот и другите исправи за преминување на границата му се привремено одземени, а исто така му е наложено да се јавува во Судот. Истрагата за причините на несреќата продолжува. Ѓорѓе Давид се наоѓал во едно од учествувачките возила и ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
76%
1013
weather icon

Белград

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
81%
1010
weather icon

Загреб

14ᴼ / 10ᴼ
2.57
68%
1010
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
81%
1013
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
1.05
82%
1011
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 9ᴼ
1.52
81%
1012
weather icon

Атина

17ᴼ / 15ᴼ
0.89
61%
1011
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
87%
1012
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
88%
1012
weather icon

Букурешт

13ᴼ / 10ᴼ
2.06
81%
1011
weather icon

Будимпешта

14ᴼ / 12ᴼ
1.82
78%
1008
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 9ᴼ
1.54
59%
1013
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5439

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63344

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1046.13

Злато

106834.23

Бакар

9.45

Паладиум

30350.30

Платина

30882.55

Родиум

173614.03

Цинк

2.52