
Скопје
35ᴼ /
35ᴼ



Националниот џез оркестар ви го најавува концертот кој сите со нетрпение го очекувавме – Курт Елинг и Национален џез оркестар. Светската мега-ѕвезда на вокалната џез музика, двократниот добитник на Греми награда, Курт Елинг, доаѓа во Скопје. За него „The New York Times“ ќе напише дека токму тој е „извонредниот машки џез-вокал на нашето време.“ Според „The Washington Post“, „Од средината на 1990-тите, ниту еден џез-пејач не бил толку смел, ...
Документарниот игран филм „Градина“ (Garden) на режисерот Бојан Тантуровски ќе има светска премиера на 23-ти мај оваа година во Белград, Србија, на еден од најголемите фестивали за документарни филмови на Балканот, Белдокс. Филмот се снимаше во последните 5 години на периферијата на Скопје и ја следи приказната на група пензионери, урбани герила градинари, кои се принудени да ги напуштат градините на кои повеќе од 35 години одгледуваат разни ...
Заврши втората полуфинална вечер на 68. издание на Изборот за песна на Евровизија. Позната е комплетната листа на финалисти за „Евровизија 2024“ која годинава се одржува во Малме. Пред публиката се претставија натпреварувачи од следните земји: Малта, Албанија, Грција, Швајцарија, Чешка, Австрија, Данска, Ерменија, Латвија, Сан Марино, Грузија, Белгија, Естонија, Израел, Норвешка, Холандија и од нив беа избрани уште 10 други финалисти. Тоа се: ...
На 11 мај, со почеток во 12 часот, во Градскиот парк, на „Школка“, македонскиот пијанист Дино Имери ќе одржи рецитал на кој ќе изведе дела од големиот романтичар, полскиот композитор Фредерик Шопен. Овој несекојдневен музички настан, кој за посетителите е бесплатен, е организиран од Амбасадата на Република Полска, по повод Денот на Уставот. „Волшебникот на пијаното“, Дино Имери, ќе ги изведе најпознатите пиеси за пијано од еден од најголемите ...
Македонскиот режисер Вардан Тозија ја освои главната награда за Најдобра режија во интернационална конкуренција на најголемиот жанровски филмски фестивал во Јужна Америка, Fantaspoa. Fantaspoa, чие јубилејно 20-то издание се одржа во Порто Алегре, Бразил, е единствениот фестивал од Јужна Америка што е дел од престижната Мелиес – Европска Филмска Федерација на фантастични филмови, организација која ги обединува најзначајните 22 жанровски филмски ...
Викенд.17 и оваа година со најистакнати говорници и актуелни теми. Викенд.17 ќе биде најголемиот Викенд досега бидејќи од 19 до 22 септември на добро познатата адреса во Ровињ ќе се соберат најголемите имиња од светот на медиумите, комуникациите и бизнисот, за да го испратат летото, нешто да научат, да се поврзат и добро да се забавуваат. „Викенд оваа година слави година пред полнолетството, и можеме да гарантираме дека ова ќе биде ...
“Ова е невозможно”, викна Алиса. “Само ако веруваш дека е” и’ одговорил лудиот шапкар! Во салонот на КАРЕ Македонија неодамна се одржа уникатен fine-dining настан насловен како „Алекс во Куќата на чудата“. За првпат кај нас, еден салон за мебел и дизајн беше претворен во простор за ваква намена, кој ќе овозможи уживање за сите сетила. Ексклузивната вечера и соработка беше најавена на профилите на Alex Pucci која веќе е препознатлива по вечерите ...
Имено, „Минато“ е насловот на нејзината нова песна, во која младата македонска пејачка продолжува да го турка својот омилен стил како сопствен израз во музичкиот правец кој најмногу и лежи. Овој пат во своевидна модерна ар ен би балада која преминува во побрз ритам, за потоа одново да заплови во помирни музички води. Емотивна во изведбата како и во стиховите на кои како и на музиката Марија и самата е автор, само ја надополнува нејзината слика ...
Вечерва започнува 68-то издание на Изборот за песна на Евровизија! Вечерашното полуфинале ќе го отвори натпреварот во кој ќе учествуваат 37 земји од Европа и Австралија. Скандинавската земја ја има честа да биде домаќин на натпреварот по трет пат во 11 години по иконската победа на Лорин во Ливерпул во мај 2023 година со нејзината песна „Tattoo“. Ова е трет пат евровизискиот циркус да запира во Малме. Ќе бидат изведени 15 песни, но само 10 ќе се ...
Бритни Спирс постигна спогодба за финализирање на разводот од сопругот Сем Асгари, според судските документи до кои дојдоа американските медиуми. Помалку од една година откако парот објави дека ќе стави крај на нивниот 14-месечен брак, адвокатите и на Спирс и на Асгари вчера поднеле документи во судот во Лос Анџелес за да го прекинат процесот. Поднесоците велат дека „неспорниот“ развод е обврзан со „писмен договор за нивниот имот“. Дополнително, ...
Дејвид Бекам денеска го прославува својот 49-ти роденден. Неговата сопруга Викторија му посвети објава на Инстаграм. View this post on Instagram A post shared by Victoria Beckham (@victoriabeckham) “Среќен роденден Дејвид. Мило ми е што старееме заедно. Не си далеку зад мене! Ти си ни сè. Најдобриот татко и сопруг, сите те сакаме многу”, напиша таа. Двојката се запознала во 1996 година, а една година подоцна почнале да се забавуваат. Тие се ...
Познатата американска актерка Мерил Стрип (74) ќе добие почесна „Златна палма“ на церемонијата на отворањето на Канскиот филмски фестивал на 14 мај, соопштија организаторите. Холивудската ѕвезда – која ја доби наградата за најдобра актерка во Кан во 1989 година за нејзината изведба во „Evil Angels“ на Фред Шепси – ќе помогне во започнувањето на 77-то издание во театарот Лумиер. „Неизмерно ми е чест што ја добив веста за оваа престижна награда. ...
Во Варшава, Полска од 27 до 29 април се одржа Светското првенство во латино танци каде танчерите на Dancers United се вратија со вкупно 25 медали. – Ова е исклучителен успех за сите наши танчери кои беа дел од светската латино сцена, за клубот и за нашата Македонија. Нашите резултати, седум златни медали, десет сребрени и осум бронзени медали освен што покажуваат дека сме на вистинскиот пат и го потврдуваат нашиот успех во латино танците на ...
Објавена е нова фотографија од принцезата Шарлот за деветтиот роденден на младиот член на кралското семејство. Принцот и принцезата од Велс на Инстаграм споделија фотографија од нивната ќерка чиј роденден е на 2 мај. „Среќен 9-ти роденден, принцеза Шарлот!“ гласи натписот. „Ви благодараме за сите љубезни пораки денес“. View this post on Instagram A post shared by The Prince and Princess of Wales (@princeandprincessofwales) Фотографијата е дело ...
Глобалната поп ѕвезда Тејлор Свифт (34) на 19-ти април го издаде својот 11-ти студиски албум по ред, кој го нарече „The Tortured Poets Department“. Албумот само два часа по објавувањето беше проширен во двоен албум, со поднаслов „The Anthology“, кој содржи изненадувачки втор том песни. На албумот има вкупно 31 песна, а моментално е на првото место на листата на албуми Billboard 200. Тоа е 14-ти албум број еден на пејачката, а исто толку албуми ...
Концертот на хрватската рок-група „Парни ваљак“ во Скопје, кој требаше да се одржи на 18 мај, е одложен за 30 ноември. – Ве информираме дека, поради одредени реновации кои салата СЦ Јане Сандански ќе ги преземе започнувајќи од 10-ти мај, не е загарантирано дека салата ќе биде во состојба за одржување на концертот на Парни Ваљак, првично закажан на 18-ти мај. Од таа причина, заедно со менаџментот на бендот и менаџментот на СЦ Јане Сандански, се ...
Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон вчера ја прославија 13-годишнината од бракот, а по тој повод на Инстаграм објавија досега невидена фотографија од нивната венчавка во 2011 година. Додека многу обожаватели им честитаа, некои беа преплашени бидејќи парот сподели црно-бела фотографија. View this post on Instagram A post shared by The Prince and Princess of Wales (@princeandprincessofwales) „За малку ќе се онесвестев кога ја видов црно-белата ...
Тејлор Свифт нема да присуствува на овогодинешната Мет Гала, која ќе се одржи на 6 мај, потврди магазинот People. И покрај информациите дека ќе појави на гламурозниот настан, поп-ѕвездата сака да се фокусира на својата претстојна европска турнеја. Нејзиниот фокус се пробите и подготовките за турнејата, која започнува на 9 мај во Париз, а потоа се шири во остатокот од Европа во текот на пролетта и летото. Свифт веќе шест пати присуствуваше на ...
Селин Дион позираше за насловната страница на француското издание на магазинот „Вог“ и проговори за својата болест. Имено, пејачката боледува од невролошкото пореметување Синдром на вкочанета личност, кое и беше дијагностицирано есента 2022 година. „Болеста не ја победив затоа што се уште е во мене и секогаш ќе биде. Се надевам дека ќе се случи чудо, дека ќе најдеме начин да ја излечиме преку научни истражувања, но токму сега морам да научам да ...
Водители на сите три вечери на 68. Избор за песна на Евровизија ќе бидат холивудската ѕвезда Малин Акерман и популарната шведска телевизиска водителка, комичарка и евровизиски ветеран Петра Меде. Малин Акерман е родена во Стокхолм и пораснала во Канада. Денес живее во Лос Анџелес со своето семејство. За време на нејзината актерска кариера се појавува во бројни познати ТВ серии и филмови во кои има глумено со Том Круз, Џенифер Анистон, Сандра ...
Принцот Хари за неколку дена пристигнува во Лондон, но се чини дека нема да се сретне со својот татко, кралот Чарлс. Веројатноста за подолга средба, пишуваат британските медиуми, е многу мала бидејќи распоредот на кралот Чарлс е прилично пополнет. Вчера беше потврдено дека Хари за неколку дена ќе отпатува за Лондон за да присуствува на церемонијата по повод 10-годишнината од меѓународниот спортски настан игрите „Invictus“ (Invictus Games). Тој ...
„Љубав преко мреже“ е насловот на новата песна на момците од Браво бенд, која е само продолжение на приказната што почнаа да ја испишуваат со претходната нумера „Катаклизма“. Авторскиот тим и на двете песни е ист, односно музиката ја потпишува фронтменот на Тропико бенд Сале (Александар Цветковиќ), текстот е на Драган Брајовиќ – Браја, додека аранжманот е на Јован Лазаревиќ – Тукс. Песната излегува во исто време со спот, за кој кадрите се ...
19 и 20 април се датумите резервирани за двата акустични, последователни концерти на рок-групата „Ареа“. Концертите се закажани во Филхармонија, а членовите на групата најавуваат акустична музичка магија и патување низ нивната 30-годишна музичка кариера. Вакви два концерти „Ареа“ одржа и во 2010 година во Универзалната сала, а интересно е што овој пат на сцената друштво ќе им прават четири девојки кои се членки на Филхармонија. – Со нас ќе ...
Во преполна сала и добра енергија помина концертот на Жељко Самарџиќ во Скопје. Гостинка на концертот беше Калиопи која со Самарџиќ ја пее „Знам“, која ја напиша Ромео Грил, а од лани стана доста популарна во регионот, а гостуваше и Бора Чорба. Ефективен беше стартот на концертот со песната „Бисер балкански“ од Гоце Николовски и целата сала пееше со него. Присутните во еден глас ја пееја култната песна и тоа дополнително ја загреа атмосферата ...
Кога се концертите во прашање, во Македонија постои една легенда која многу брзо прерасна во урбан мит. А, тоа е: ,,Имало кај нас концерти, ама ниту еден не бил ни приближно добар како оној на Lenny на стадион во Охрид”. – Па, за сите оние кои беа тогаш присутни, за оние кои слушале, за оние кои тогаш биле деца и во меѓувреме пораснале и го засакале, решивме да го вратиме Lenny Kravitz во Охрид, на истото место и скоро во истото време, за ...
Бомбардирани од сите маркетинг пораки за тоа како да го спречиме стареењето одлучивме да ја разработиме и таа тема, прашуваме дали староста е срамота и дали стареењето се смета за болест. Дали стареењето без брчки е благодет кој што можат да си го дозволат само богатите? Зборуваме со кого ако не со личности од јавниот свет во Македонија кои не знаат да стареат. Стојна Костовска, Драган Стојчевски, Маја Глигоровска и д-р Роберт Стојовски се ...
Илјадници свеќи ја осветлија сцената на Филхармонијата во Скопје, претворајќи ја во магична атмосфера за премиерното издание на првиот „Candlelight“ концерт. Камерниот оркестар Профундис, под диригентската палка на маестра Ѓурѓица Дашиќ, ја однесе публиката на уникатно музичко патување, а светски познатиот виолинист Марио Хосен, роден во Пловдив, Бугарија, заблеска на сцената како солист. Интимниот амбиент на концертот создаде подлабока врска ...
Овој петок илјадници свеќи ќе ја осветлат сцената на Македонската филхармонија на премиерното издание на првиот „Candlelight“ – концерт под свеќи на камерниот оркестар Профундис, кој ќе се одржи на 12 април со почеток во 20 часот. Концептот на „Candlelight“ – концерт под свеќи е светски познат тренд кој за првпат ќе биде поставен на сцена пред македонската публика. Музичките критичари го опишуваат како уникатно искуство каде традиционалниот ...
Изминатиот викенд, на 6 и 7 април, Скопје танцуваше во ритамот на латино и стандардните танци, хип-хоп, класичен балет, модерен балет, акробатски танц шоуа, хип – хоп, инклузивен и пара танц, диско и уличен танц. – Нашата голема посветеност, труд и енергија кои ги вложивме изминатиот период ни донесоа големи резултати и високи оценки од светската танцова федерација. Поставивме високи стандарди! 600 кореографии, 1500 танчери за два дена на ...
Фестивалот на грчки филм синоќа во Кинотека свечено го затвори Амбасадорката на Република Грција, Софија Филипиду, а потоа следуваше проекцијата на филмот „Жена-Убиец/Фониса“ на Ева Натена и „Поглед од балконот“ – краток филм на Арис Капланидис. Амбасадорката Филипиду се заблагодари на соработката на Фестивалот Киненова и на Кинотеката на Северна Македонија и посочи дека филмот на Ева Натена со кој се затвора годинешното издание говори за една ...