Уличниот уметник Бaнкси на улиците на Украина создаде голем број дела, директно спротивстваувајќи се на неоправданата и неправедна агресија на Русија. Шаблоните со потписот на "недопирливиот" уличен уметник се забележани меѓу урнатините на бомбардирани згради и барикади во Бородјанка и Горенка, и двете во регионот Буча, а други се забележани непосредно пред главниот град Киев. Секое дело се фокусира на силата и издржливоста на украинскиот народ. ...
Загинати и повредени цивили во последните руски напади врз цели во Украина. Сирените за воздушни напади се огласија во Луганската област, Харков, Киев, Одеса. Од Кабинетот на украинскиот претседател велат дека Херсон е повторно без струја. При руски гранатирања има загинати и повредени. Масовните ракетни напади се последни во серијата што руските сили ја почнаа уште во октомври со цел да ја уништат украинската електрична мрежа и инфраструктура. ...