Сузана В. Спасовска го започнува своето истражување на феноменологијата на слободниот стих мошне директно и храбро, без излишни заобиколувањa, со тврдењето дека оваа поетска форма воопшто не е нова појава и дека нејзината феноменологија е исто онолку стара колку и онаа на класичниот стих. Во прилог на изнесената теза говорат и поместувањата на солидната и авторитетна традиција на стихологијата, која како наука што ги проучува законитостите на ...

Грабнувачите праќаат фотографија на заложникот, исклештен, како држи вчерашен весник. Тоа го нарекуваат „доказ за живот“. Тие мали посекотини и инфекции на рацете од иверки и трње кои сведочат дека сум работел надвор неделава. Излудувачки необичното чистилиште на песната „Against the Wind“ на Боб Сигер и Silver Bullet Band која три дена непрестајно ми се вртеше во главата, додека четвртиот конечно не престана. Звукот на алишта што се вртат во ...

Уметницата Криси Луш од Флорида создава серија автопортрети кои ги изразуваат нејзините длабоки внатрешни чувства и тенденцијата цврсто да се држи до младоста наспроти минливоста на сите појави во животот. Во серијата автопортрети со наслов "Држи ме цврсто," Луш се осврнува на полнењето 40 години што официјално се смета за влегување во средна возраст, при тоа буквално држејќи се за младоста и замислувајќи се себеси на низа патувања со ...

Ако постои машина за патување низ времето која би можела да нè однесе во добата на Винсент Ван Гог и Клод Моне, веројатно би ни било многу тешко да им ги објасниме случувањата од 21 век: затоплување на планетата, сè пострашни последици од климатската криза, процес на фаќање јаглерод во индустриските постројки, обновливи извори на енергија и тенденција кон јаглеродна неутралност. Меѓутоа, без оглед што големите светски сликари не се тука да ...

Напад врз домот на демократијата, спречување мирен трансфер на власта, странски интервенции врз демократски држави, насилство, крв, трауми, партиски челници како организатори – ова се сличностите меѓу насилниот упад врз Капитол Хил, зградата на Конгресот на САД, на 6 јануари 2021 година и насилниот упад врз македонскиот Парламент на 27 април 2017 година. Домот на Конгресот на САД, Капитол Хил, на почетокот од годинава повторно се отвори за ...

Идеја за ријалити шоу од Reddit: 11 геј мажи и еден стрејт се заклучени во една куќа. Целта на гејовите е да откријат кој не е геј. Еднаш неделно некој е изгласан да си замине, сè додека не останат двајца, или не го исфрлат стрејт мажот. Доколку гејовите успеат да го откријат и изгласаат да си замине, ќе освојат милион долари. Ако стрејт мажот е меѓу двајцата последни во куќата на крајот, тој ќе го освои милионот. Е сега, тука е замката: ...

Да се сетиме на вицот за истражувачот со домородното племе. „Дали меѓу вас има канибали?“, прашува тој. „Нема“, одговараат тие. „последниот го изедовме вчера“. За да се конституира цивилизирана заедница јадејќи го последниот канибал, завршниот чин мора да се нарече поинаку. Тоа е еден вид првобитен грев кој мора да се избрише од сеќавањето. Така е остварена и транзицијата кон модерен правен поредок на американскиот „див запад“ преку брутални ...

Цената на природниот гас на берзите падна на 73 евра за мегават час. Оваа цена е пониска и од цената по која гасот се продаваше пред војната во Украина. Северна Македонија пак за јануари преку јавен оглас набави гас по цена од 115,9 евра, но и покрај бројните коментари дел од експертите велат дека кога е криза со енергенси најчесто се одбира понуда која е стабилна и сигурна, особено во најкритичниот месец во годината, но и со земја како ...

Како ќерка на стјуард и стјуардеса кои ја воделе на деловни патувања во далечни места ‒ Сингапур, Венецуела, Австралија, Индија ‒ фотографката Стефани Џенготи навикнала на живот во движење. Кога, значи, пред шест години почнала да ги следи семејните циркуски трупи ширум Европа, искуството ѝ се видело познато. „Чувствувам дека овие луѓе ми се блиски оти и самата потекнувам од семејство на патници“, вели Џенготи. „Се врзав за нив. Тоа ме ...

Пред неколку години американскиот психоаналитичар Џорџ Атвуд напиша интересен, но и многу духовит текст за психолошкиот проблем што го нарекуваме „биполарно растројство“ или „манично депресивна шизофренија“. Во својот текст, Атвуд зборува за мрачниот свет на „духовите“ и „демоните,“ често споменувани од страна на неговите пациенти во состојба на психоза. Тој се прашува, од каде доаѓаат овие „духови“ и други суштества кои плашат и прогонуваат ...

05/01/2023 09:36 - Окно

Мудроста не е ретка; никогаш и не била. Просечната полица за книги на студентот по психологија по име Џејмс на Државниот факултет Камберленд ќе ја даде целата мудрост неопходна за завршување на војната, за учење на добрината, за соочување со смртта, за вклучување на чесноста како цвет, за воспоставување правила за разбирање на еден дејствителен свет. Имаме сè што ни е потребно, немаме поим каков е тој ѓавол, не го сакаме, не сакаме да се ...

Стојче Трајанов од Чешиново има завршено музичка академија на универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип на отсек етнокореологија, а во неговото семејство е четврта генерација која се занимава со сточарство. „Со сточарство се занимавам од мали нозе, бидејќи фамилијарно и од страна на татко ми и од страна на мајка ми јас сум четврто колено што се занимава со сточарство. Сме имале секаков вид добиток, но традицијата остана само кај овците, бидејќи тоа ...

Европската агенција за безбедност на храна минатата недела објави дека Европа повеќе од една година страда од најразорната епидемија на птичји грип во историјата. Повеќе од 50 милиони животни беа усмртени на заразените фарми, а со почетокот на зимата, интензитетот на вирусот се удвои. Птичјиот грип е потврден во петокот на фарма за кокошки во заедницата Брод, во чешкиот регион Тачовск. Ова е досега најголемата епидемија на птичји грип во ...

Контроверзниот инфлуенсер Ендру Тејт, познат по своите изјави полни со потценување на жените, е уапсен во Романија поради сомневање за трговија со луѓе и силување. Извор: DW на македонски Британско-американскиот инфлуенсер Ендру Тејт е уапсен во Романија поради сомневање за силување и трговија со луѓе, потврди Специјалната единица на романското обвинителство за организиран криминал (ДИИЦОТ). Уапсени се и братот на Тејт, како и двајца Романци. ...

Да кажете не кога Фидо ви го упатува својот најдобар „кучешки поглед“, може да биде исклучително тешко. Кучињата веќе со илјадници години ги наговараат луѓето, правејќи го овој кутар, симпатичен израз - што е способност која е веројатно резултат на селективното одгледување, вели една нова студија. Ситните мускули околу очите и устата на копнените цицачи им овозможуваат обликување на безброј изрази на лицето. Тие мускули се послични кај ...

Класата во современата политика не е оперативна ни како поим ни како лост за дејствување. Организирана работничка класа политички не постои, а со самото тоа ни оние на малку повисоките класни нивоа немаат потреба експлицитно да се постават во таквиот наводно архаичен конфликт. Секако, тоа не значи дека конфликтот не се одвива, но повеќе по инерција, без присила, како што би рекол Маркс. И покрај изостанокот на видливи димензии на конфликтот, ...

Оваа година по 15 пат се одржа натпреварот за најдобар фотограф на пејзажи за 2022 година при што фокусот на натпреварот беше ставен на пејзажите од околината на Британија. Од езера со магла и големи планински панорами, до пешачки патеки покрај вода, натпреварот за најдобар фотограф на пејзажи за 2022 година го истакнува огромниот раскош на овие предели. Фотограф: Вил Дејвис. Брекон во зима - севкупен победник Фотограф: Наташа Брнс, ...

Не требаше да ја истетовирам реченицата Нека сите суштества бидат среќни и слободни на левата рака, од внатрешната страна, од лакотот до рачниот зглоб, со несерифен фонт вердана со големина 20 точки. Тој ден нивото на серотонин ми беше толку повишено што ме заведе побудувајќи во мене оптимистично чувство дека конечно сум спремен да бидам безгрешен. И порано знаев да бидам така среќен, па човек би помислил дека веќе требало да се навикнам дека ...

Изминуваат 11 години од смртта на првиот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров. „Таткото на нацијата“, како што често го нарекуваа Глигоров, беше човекот кој успешно ја извади својата земја од југословенската федерација на почетокот на 90-тите години на минатиот век. Под негово раководство, Македонија успеа да го постигне она што ниту една друга југословенска република не успеа да го направи – мирно да ја добие независноста, ...

Глаголица, најстарото сочувано словенско писмо Кирилица, словенско писмо настанато врз основа на грчкиот Кога Солунските браќа Кирил и Методија во 863 година со учениците тргнале во Великоморавското кнежевство за да ја шират писменоста на словенски јазик, чија азбука ја уредиле во Цариград, на повик на славниот кнез Растислав, најпрвин го превеле богослужбеното евангелие. Подесувајќи го народниот словенски израз според книжевниот грчки, каде ...

Триесетината највпечатливи изјави од 2022, од нашата рубрика „Боли глава“, ги поделивме во пет делови. Во првиот дел се вистинските шампиони, петте најглупави изјави од македонските политички редови. Потоа следуваат најидиотските изјави на Бугари, по повод бугарско-македонскиот спор, па неколку аспирински изјави од Македонци, за истиот спор. Во четвртиот дел има неколку гледања на војната во Украина, а во петтиот дел се главоломите и ...

Емберто Еко Многу читатели купуваат книги со намера да ги читаат, за на крајот да ги остават да стојат на полицата. Статистичарот Насим Николас Талеб верува дека опкружувањето со непрочитани книги го збогатува нашиот живот бидејќи тие нè потсетуваат на сè што не знаеме. Јапонците оваа практика ја нарекуваат цундоку, и таа може да даде трајни придобивки. Сакам книги. Ако одам влезам во книжарница само да ја проверам цената на некоја книга, ...

Огромната смрека не мечтаеше да се преобрази во педесет рисови хартија, а потоа да биде наредена, исечена и поврзана... Огромната смрека не мечтаеше да се преобрази во педесет рисови хартија, а потоа да биде наредена, исечена и поврзана во страници со формат 10х15 см, на кои се отпечатени речениците на зовриениот љубовен роман под наслов Летни негувателки. И додека се сменуваа годишните доба, а стеблото одеше во висина, додека дишеше и се ...

? Прашалник пред нашите желби или извичник зад нашите морања!? : Две точки на почетокот или три точки на крајот... ? ; Точка и запирка кога се продолжува или само Голема иницијална буква секогаш кога одново и одново и одново се почнува? „Долни и горни“ наводници кога плански се влегува и се излегува од Туѓоста или само „долни„ за случајно влегување и само “горни“ за намерно излегување? -Дивис или тире ̶̶̶ за вистински спротивставености? Смеат ...

Човек не може да му устои на искушението во деновите на истекот на годината да не се заврти наназад и погледне длабоко во минатото, со надеж дека од недогледот ќе засјаи мислата водилка што ќе ни ја осветли непроѕирната иднина. Но погледот наназад ги издвојува само трите современи јавачи на апокалипсата што го замрачуваат целиот хоризонт, и ни наближуваат во бесен кариер, небаре ќе нè прегазат со челичните коњски копита во нивниот несопирлив ...

Џереми Миранда е современ американски уметник, сликар, кој последниве години е фокусиран на сликање пејзажи кои вклучуваат празнични елементи. Уметникот со седиште во Мејн, Англија, е познат по неговите дела во кои доминираат комбинации на домашниот и надворешниот свет, и елементи на носталгија, интимност и сеќавања. Последниве години Миранда создава колекција на празнични слики кои се фокусираат на новогодишни елки и украсени домови, ...

Пределот се превртува околу своето средиште - глувчарот го гледа лизгањето на ридот странично, поле во брзо кружење. И тој глувчар се превртува околу друго средиште, невидливо, црната дупка која ги чека: и глувчарот и ридот - а која ќе го вшмука целиот волумен, до местото дури што беше пред хаосот да биде створен. Превод: П. В. Норман Макејг (Norman MacCaig, 1910-1996), шкотски поет, пошироко познат по хуморот и едноставниот и достапен јазик. ...

Извор: Дојче Веле Новата 2023 година пристигнува со прилично песимистички очекувања. Помалку од една третина (31 отсто) од испитаниците веруваат дека 2023 година ќе биде подобра од 2022 година. Спротивното мислење го делат 34 отсто, а 27 проценти веруваат дека 2023 година ќе биде иста како претходната. Ова го покажуваат наодите од истражувањето на Меѓународната асоцијација Галуп интернешнал кое традицинално се спроведува пред крајот на ...

Во четвртокот вечерта нè напушти еден од најголемите фудбалери на сите времиња, Бразилецот Едсон Арантес до Насцименто Пеле. Големиот играч беше подложен на хемотерапија откако во септември 2021 година му беше отстранет тумор на дебелото црево. Последниве недели состојбата му се влошуваше, а за жал, три дена пред крајот на оваа година стигна веста за неговата смрт. Во својата 21-годишна кариера постигна 1 283 голови станувајќи една од ...

Жолтоглаво кралче и лисесто циганче заедно живеат во поштенско сандаче! Врабица одбранила врабец од кукавица! Кукавица нападнала лавица! Кулминација во теве сапуница: врз венчаница закачиле пауница! Страчка украла прстени од венчавка! Грлица украла огрлица за препелица! Сврака растурила две брачни гнезда, два птичји брака! Грлица голтнала петлица! Трогон проголтал жетон! Трогон украл медалјон! Лисесто циганче украло ланче од нубиско страче! ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
59%
997
weather icon

Белград

12ᴼ / 11ᴼ
8.75
54%
997
weather icon

Загреб

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
91%
996
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
4.12
81%
1000
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
2.31
100%
1001
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
0.51
96%
996
weather icon

Атина

14ᴼ / 11ᴼ
4.47
87%
999
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
2.57
54%
997
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
2.06
82%
999
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
6.69
90%
1001
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 7ᴼ
5.14
84%
997
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 11ᴼ
5.14
56%
1005
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Сребро

2733.78

Родиум

339994.14

Калај

48.78

Злато

157561.16

Бакар

12.12

Алуминиум

3.09

Платина

83354.78

Иридиум

221848.72

Паладиум

55781.55

Рутениум

45750.51

Цинк

3.29

Кобалт

64.04