Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Кирил Пенушлиски Скопската населба Бутел, во која се и најголемите градски гробишта, се наоѓа на местото на некогашното истоимено село на брегот на реката Серава, левата притока на Вардар. Меродавен труд за етимологијата на овој ојконим напиша Љубица Станковска. Таа тврди дека на денешниот облик на името му претходело името Бутељ, што означувало некој поток, па со процес на депалатизација љ поминало во л. Во основа на името е прасловенскиот ...
Зошто современите Македонци и денес се гледаат себеси како „пиреј”? Преземено од Дојче веле Кај многу Македонци во последниве години стана омилено да се препознаваат себеси во метафората „пиреј“. Претпоставувам дека нејзината омиленост во интелектуалните кругови се должи повеќе на култното место на Петре М. Андреевски во македонската литература, отколку на сериозната анализа за значењето на оваа метафора за Македонците денес. Од друга страна, ...
Жителите на скопско најдобро ја разбираат траумата и димензијата на катастрофата во Словенија. РСМ се вклучува со помош за погодените подрачја. Осми август пред седум години беше прогласен за Ден на жалост во Република Македонија. Во таков ден го претворија последиците од страотните поплави кои на 6-ти август 2016 година го погодија скопскиот регион. Паднатите 93 литри дожд на метар квадратен се претворија во страшен порој кој однесе 22 човечки ...
Јапонија денеска им оддаде почит на жртвите од атомската бомба фрлена врз градот Нагасаки пред 78 години, повикувајќи ги земјите да се откажат од нуклеарното оружје. Градоначалникот на Нагасаки, Широ Сузуки, рече дека државите што поседуваат нуклеарно оружје треба „храбро“ да го отфрлат оружјето. „Се додека државите се зависни од нуклеарно одвраќање, не можеме да реализираме свет без нуклеарно оружје" - додаде Сузуки. Ваква порака ...
Филателистите во компанијата The Portland Stamp создаваат сосема нова генерација феноменални уметнички поштенски марки. Комбинирајќи го секвенцијалниот формат на стриповски наративни панели и безброј уметнички можности, заедно со тактилното уживање во перфорацијата на старата школа, новата серија уметници на Портланд го прават стекнувањето поштенски марки една голема арт авантура која најверојатно би го направила Френклин Делано Рузвелт ...
На почетокот на јули Асошиејтед Прес склучи договор со Open AI, креаторот на Chat GPT, за лиценцирање „дела од текстуалната архива на Асошиејтед Прес“, а за возврат ќе добие пристап до „технологијата и стручноста на Open AI“. Неколку дена подоцна, Open AI најави донација од пет милиони долари, заедно со пет милиони долари кредит за користење на софтверот, за American Journalism Project, организација која поддржува непрофитни редакции. Во ...
Платформата за фотографија, Life Framer, дизајнирана да ја зајакне заедницата на фотографи ширум светот, секоја година оргазнизира конкурси на различни теми од кои се прави избор на најдобри современи фотографии. Во воведниот текст за објавените дваесет победнички фотографии од конкурсот за 2023 година со наслов ,,Човечкото тело”, стои: „Овој месец ве замоливме да погледнете во сликата на човечкото тело. Тоа е садот што нè носи низ животното ...
Кога станува збор за повеќеслојните мурали на Синта Видал, сѐ зависи од перцепцијата. Уметницата од Барселона е позната по проекти кои ѝ пркосат на гравитацијата, кои манипулираат со архитектурата и секојдневните објекти за да создадат превртени средини, различни од секојдневниот живот. Како и нејзините превртени дела од помал обем, муралите на Видал се занимаваат со човечката субјективност и прикажуваат необично уредена архитектура и предмети ...
Се проценува дека модната индустрија е еден од најголемите светски загадувачи, одговорен за околу 20% од отпадните води на планетата и околу 10% од емисиите на стакленички гасови во светот. ЕУ тргнува да го промени ова – но дали е тоа реална можност? Во статијата на euronews.com се поставува прашањето дали ЕУ е на добар пат да стави крај на културата на брза мода и конзумеризмот. ЕУ се надева дека штетниот модел на конзумирање облека наскоро би ...
Бугарија, која е членка на ЕУ од 2007 година, во изминатите две децении изгубила 17,4 проценти од своето население. Според најновите статистичким податоци на Евростат, во периодот од 2003 до 2023 година во повеќе ЕУ-членки во Источна и Централна Европа е забележан значаен демографски пад. Во ЕУ поголем популациски крах од Бугарија е регистриран само во Литванија – 18, 1 процент. Романското население е помало за 12 проценти, а во Хрватска ...
Пред ерупцијата на социјалните мрежи и нивните неизбежни кратки трендови, за инспирација се свртуваме кон филмското платно. Очилата за сонце се составен дел од градењето на ликови уште од златната ера на Холивуд, а понекогаш, идеалниот пар очила за сонце знаат да го украдат голем дел од вниманието и да го зацврстат бесмртното место на главниот лик во филмската историја. Додека неизбежната потрага по совршениот пар очила за сонце продолжува, ...
Морав да ја украдам својата флејта од мајчиниот стан Да се прикрадам кога таа оди по виршли во киоскот зад зградата или додека спие завиена во чизми и капут на крајот од пролетта Валкана бордо ѝ капе на блузата со буби-крагна што некогаш кришум ја облекувам и танцувајќи кон ѕидот ѝ завидувам на големата сенка во облик на балетан во тесна црна облека Морав да исползам по бетонската фасада и да го земам инструментот во кој уволажите одамна си ...
Можеби се прашувате како лего коцките можат да претставуваат некаква уметничка алатка, но ако размислиме подобро, тие се основна отскочна штица за разбирање на визуелните елементи. Легото беше првата алатка која многумина од нас ја користеа за да откриваат и креираат форми, архитектура и шаблони. Додека оваа едноставна играчка продолжува да го збогатува животот на децата, и возрасните исто така можат да најдат радост во нивната употреба. Во ...
До откритието дојде речиси случајно. Почетната идеја немаше никаква врска со пластиката: целта беше разбирање на минатото запишано во архивите на мразот, и тоа со еден нов метод за мерење на концентрацијата на органските аеросоли во неговите примероци. Меѓутоа, она што го открив е дека голем удел во сингалот во примероците доаѓа од - нанопластиката. Тоа се честички пластика кои се помали од микропластиката, односно 1 микрометар. Мерењето на ...
Александар Стеванов е вистински куриозитет на денешната македонска стрип-сцена. Тој е мултиталентиран и хиперактивен автор, кој се јавува како сценарист, илустратор, летерер, графички дизајнер, уредник и хроничар на македонскиот и југословенскиот стрип. За разлика од повеќето локални играчи, кои знаат да прават подолги паузи меѓу своите дела, Стеванов со прецизност на швајцарски часовник издава по неколку наслови годишно, самостојно или во ...
На 12-ти август 2023 година, во Галичник ќе почне 34-та интернационална Ликовна колонија и ќе трае до 20 август, со учество на 10 уметници од повеќе земји. Ликовната колонија Галичник во контекст Имплементацијата на предностите на новата ера во античкиот амбиент на прекрасниот Галичник е како додавање на ново ткиво во организам со дефинирана стратиграфија. Хабитусот помеѓу старото и новото се издигнува во синтеза, синергија, надградба, ...
Кога на 18.04.2023 МПЦ беше повикана да ги искоментира ставовите на владиката Петар против родовата еднаквост, претставникот на МПЦ изјави дека „Ние како Црква не сме расправале за тоа, тоа е лично мислење, но не е далеку вистината“. (МПЦ не коментира ниту се оградува од ставот на владиката Петар против родова еднаквост). Но, веќе на 5 мај 2023 неколку медиуми го пренесоа заедничкото соопштение на лидерите на пет верски заедници во однос на ...
Малку сум разочаран од изјавата на премиерот Димитар Ковачевски дека Владата и по година и пол сѐ уште не донела одлука дали таканаречените „филмски студија на Џон Малкович“ ќе бидат прогласени за стратешка инвестиција или нема. Не знам зошто, ама некако бев убеден дека овој проект веќе е одбиен за влегување на листата „стратешки инвестиции“. Вака излегува дека Владата го одложува решението за проектот (поднесен на 27 јануари минатата година) ...
Во градот Лиџбарк Вармински, во Полска, дизајнирани се оригинални велосипедски и пешачки патеки од страна на лабораторијата TPA, со цел да се осигура безбедноста на луѓето, без разлика дали се работи за велосипедисти или пешаци. Овие фосфоресцентни патеки можат да се полнат благодарение на сончевите зраци и овозможуваат безбедни прошетки и возење велосипед со осветлен простор 24 часа на ден. Сместена меѓу руралните села оваа футуристичката ...
Европејците во 2008 година генерално заработуваа 10 проценти повеќе од Американците. Минатата година Американците заработуваа 26 проценти повеќе од Европејците. Еден текст кој неодамна беше објавен во Wall Street Journal потврдува дека Европејците се сè посиромашни, не само како колектив, туку и поединечно. Овој шокантен пресврт е последица на незамапетените мерки за штедење кои европските влади им ги наметнуваа на своите економии по избивањето ...
Кога сме зафатени со некоја работа која бара да останеме дома или во канцеларија, мечтаеме за отворени пејзажи и активности. Копнеејќи по слободата и леснотијата на движењето со велосипед, наидуваме на брилијантната колекција стари велосипедски плакати на Ричард Кулман. „Американски велосипедизам на полумесечина“ од Фредерик Винтроп Рамсдел. Околу 1899 година, Франција. Кулман е колекционер на плакати речиси триесет години, кој почнал да продава ...
Нашиот град е недоверлив спрема странците. Ништо не им зборуваме, во ништо не ги попречуваме, единствено што некој секогаш внимава што прават тие, по кои улици минуваат, во кои ресторани јадат а во кои само пијат кафе и листаат весници. И, се разбира, насекаде децата недоверливо ѕурат во нив, ѕурат сè додека странците не почнат да се вртат, мислејќи дека сите тие деца ѕурат во нешто зад нивниот грб или, дури, надвор од овој свет. Но залудно се ...
Стадионот ЈНА Во неделата, 26 јуни 1983, претпладне, кинооператорот и возач Баке Вапљанин во своето комби ИМВ нѐ собра нас шестмина учесници од штотуку завршените Сопоќански видувања и од Нов Пазар тргна кон Белград. Веднаш по поаѓањето, поетот Слободан Ракитиќ патниците во комбито ги покани на ручек кај брат му во родното село Власово. Додаде и дека во Белград ќе се стаса денски, дека таму Баке секого ќе го одведе до дома. Штом стасавме во ...
За време на стресни ситуации нашето тело активира механизми кои ни помагаат да се справиме со новиот проблем. Еве какви промени се случуваат во нашето тело. Се враќате дома доцна во ноќта и одеднаш пред вас се појавува темна фигура? Вашите зеници се шират, а мускулите се стегаат додека ве обзема нагон за бегство. Можеби допрва ве очекува јавен говор пред толпа луѓе? Вашето срце почнува да чука се побрзо како да ќе ви скокне од градите, но во ...
Појавувањето на новиот концепт на неофицијална фудбалска топка за натпревари за време на подготовките за Светското фудбалско првенство за жени за 2023 година, почнува да ги предизвикува конвенциите залагајќи се за родова еднаквост во фудбалот. Таканаречената Unplayball (Топка со која не може да се игра) замислена од креативното дуо Оливер Биниан и Вилем Слегерс, со својот неконвенционален и донекаде непрактичен дизајн, е дизајнирана да ги разбие ...
Архитектонската компанија Nudes” од Индија, неодамна претстави нов интригантен проект посветен на љубителите на книги кој изгледа нестварно како сон. Тие создадоа неверојатна библиотека, насловена како „Павилјон за книги налик на црв“, која е долга околу 36 метри, широка 12 метри и е дизајнирана за отворен простор. Оваа необична библиотека на отворено, која е наменета да биде мобилна, е замислена како тунел исполнет со полици за книги и ...
На секоја фотографија, перуанската уметница Сесилија Паредес е главниот субјект - дури и кога скулптурните креации се појавуваат како апстрактни концепти или кога таа се повлекува во наборите на обвивните материјали - нејзиното тело останува секогаш присутно. Сесилија Паредес е родена во Лима, Перу. Моментално живее и работи во Сан Хозе, а долги години живеела во Филаделфија, САД. Нејзината фотографска работа се занимава со појавноста, пејзажот ...
Ју Сугавара (1977) е роден во Саитама, Јапонија. Научил графички дизајн и класична техника со маслени бои и темпера во дизајнерско училиштe во Токио. Учествувал на многу национални и меѓународни изложби низ светот. Неговите дела се прикажани во земји како Германија, Холандија, Америка, Јапонија... „Искушение" Сликите на Ју Сугувара главно се занимаваат со анализа на трансформацијата на личноста, која уметникот ја комбинира на надреалистички, ...
Познатиот македонски поет, романсиер, книжевен преведувач и издавач Димитар Башевски е добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ што се доделува од страна на Струшките вечери на поезијата за најдобра поетска збирка помеѓу две фестивалски изданија. Башевски е добитник на наградата за неговата поетска збирка „Дни, години“ во издание на „Слово". Од Струшките вечери на поезијата соопштуваат дека жири комисијата во состав Веле Смилевски ...
Според нејзините зборови, детството на музичарката Шинед О'Конор било потешко од вообичаеното: нејзините родители се развеле рано, а таа, спротивно на својата желба, била испратена да живее со мајка си, а тоа подоцна ќе го опише како живот на физичко злоставување и поттикнување на крадење. Четиринаесетгодишната Шинед заради кражба поминала 18 месеци во центарот за превоспитување кој беше една од озлогласените магдаленски пералници за црквата во ...